Тренерот на Еурофарм Пелистер, Лино Червар, очекува тежок предизвик за битолчани во пресрет на дуелот со Вибжеже Гдањск во Европската лига на ЕХФ. Натпреварот има големо значење за македонскиот претставник, кој со победа ќе ги зачува шансите за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Червар посочува дека згуснатиот распоред и трите дерби-натпревари во краток временски период претставуваат дополнителен проблем, но верува дека неговите ...
Утре од 18.45 часот во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, во меч од 5.коло во групата Г ЕХФ Европската Лига, Пелистер го пречекува тимот на Вибжеже Гдањск. Јасно е дека на биролчани нема да им биде лесно, тимот од Полска важи за квалитетен состав, но ако можеше еден Гумерсбах да падне во Битола, тогаш се е можно. Во пресрет на утрешниот меч свој коментар има Лино Червар, стратегот на Пелистер: “Пред нас е голема битка, но ние ќе се обидеме ...
Тимот на Еурофарм Пелистер е во нова акција во Европската лига на ЕХФ, предизвик во името на полскиот претстваник Вибжеже Гдањск. Првата средба во Полска заврши без победник 31-31 и ова дефинитивно му дава надеж на македонскиот претставник за добар резултат, победа против екипата која е лидер во групата Г по четири одиграни кола. Меѓутоа „зелено-белите“ во претходната рунда му зема мерка на бундеслигашот Гумерзсбах, па ова остава простор за ...
Во пресрет на утрешниот натпревар на Еурофарм Пелистер со полски Вибжеже Гдањск, тренерот на битолчани, Лино Червар, се пожали на распоредот и заморот. Червар кој има 76 години и во животот видел сè и сешто, тврди дека ова му е првпат негов тим да игра три дерби дуели за само четири дена. Не се баш четири дена туку седум (со Гумерсбах играа минатиот вторник), но и тоа е напорен ритам. „За нас овој меч е голем предизвик. Во четири дена да се ...
Ракометарите на Е. Пелистер ги очекува нов европски испит, откако пред својата публика во Битола ќе го пречекаат полскиот претставник Вибжеже Гдањск во рамки на петтото коло од Европската лига на ЕХФ. Тренерот на битолчани, Лино Червар, очекува исклучително тежок предизвик, особено поради згуснатиот натпреварувачки ритам и серијата од три дерби-дуели во само неколку дена. Сепак, искусниот стратег верува дека неговите избраници можат да го ...

