Европската комисија се подготвува да побара делење на авионското гориво во рамки на Европската унија поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток. Еврокомесарот за енергетика, Дан Јоргенсен, изјави дека Брисел ќе продолжи да ја следи состојбата со залихите на гориво и рафинериските капацитети, ќе ја координира испораката и, доколку е потребно, ќе изврши прераспределба на горивото меѓу земјите членки – слично на механизмите користени за ...
Приближно 40 отсто од авионското гориво што го користи Европската Унија доаѓа од увоз, а половина од тие количини поминуваат низ Ормускиот Теснец. Европската комисија планира во среда да претстави предлог врз основа на кој веќе во мај би можеле да бидат активирани мерки за ублажување на ризикот од нарушувања во снабдувањето со авионско гориво, се наведува во нацрт-документот во кој увид имал „Блумберг“. Брисел планира и насоки кои би ...

