Со жолт картон во рацете, стотици граѓани на денешниот протест пред цементарница Усје предупредија дека доколку не се дислоцира фабриката, не се постави 24 часовен мониторинг и нема институционална реакција, ќе ги радикализираат блокадите. Ги блокираат улиците, бидејќи долги години како што велат им е блокиран воздухот. Не им веруваат на мерните станици кои ги има фабриката Усје бидејќи ниту еден загадувач нема самиот за себе да каже дека ...

Стотици граѓани предводени од иницијативата „Стоп за Усје“ попладнево повторно ја блокираа крстосницата пред фабриката ТИТАН Усје во знак на протест за како што велат загадувањето што оваа фабрика му го прави на Скопје. Со пораки „Жолт картон за Усје и МЖСПП“ „Ваши тајни деловни за наши бели гробови“ „Скопје во одбрана на живот“ беа дел од пораки што граѓаните ги носеа на протестот. Во обраќањата пак, неколку од граѓаните посочија дека ...

Со „жолти картони“ синоќа се протестираше пред Цементарница УСЈЕ во Скопје. Насобраните граѓани тврдат дека фабриката загадува и го загрозува здравјето на скопјани. Тие немаат доверба во мерните уреди на фабриката УСЈЕ, истакнувајќи дека ниту еден загадувач не може сам да признае колку загадува. Доколку фабриката не се дислоцира, не се воспостави 24-часовен мониторинг и нема институционална реакција, демонстрантите најавија дека ќе ги ...

Активистите се незадоволни од тоа што државата дозволува недоволна контрола врз потенцијалните загадувачи. За нив моделот на мониторинг на емисиите, според кој индустриските капацитети сами ги мерат и пријавуваат податоците за загадувањето, е лесно манипулативен. Барањата на граѓаните се да се воведе независен и континуиран мониторинг на квалитетот на воздухот, со мерни станици кои ќе работат постојано и ќе бидат под институционална или ...

Цементарница Усје не е причина за загадувањето во Скопје и нема основ за дислокација на фабриката – смета менаџментот на компанијата. Од таму велат дека работат по највисоките европски стандарди и се под 24-часовен мониторинг, кој покажува дека тие не се причинител за загадувањето. Велат и во период кога фабриката не работи поради ремонт на печките, загадувањето во Скопје е енормно. Денеска со поддршка на најголемата комора во земјава и ...