Македонскиот ракомет доби уште еден европски шампион. ГРК Охрид го освои трофејот во ЕХФ Европскиот Куп, откако во реваншот од големото финале на домашен терен ја совлада Татабања со 31-25 и со две победи во финалната серија заслужено се искачи на европскиот врв. Во преполната сала „Билјанини Извори“, избраниците на Борис Ројевиќ покажаа карактер, квалитет и шампионски менталитет. По минималната предност стекната на првиот натпревар во ...

Охрид го додаде своето име во листата на македонски клубови кои освоиле европски трофеј, откако вечерва на домашен терен ја доврши работата која ја започна пред една недела. Избраниците на Борис Ројевиќ испишаа историја и донесоа прва титула за Охрид, а фактот што истата доаѓа на меѓународна сцена прави успехот да биде навистина посебен. Ројевиќ пристигна пред една година во Охрид и успеа да направи шампионски тим во неполни 12 месеци, а по ...

По историскиот успех на ГРК Охрид и освојувањето на ЕХФ Европскиот Куп, утре на Градскиот плоштад ќе биде организирана шампионска прослава за ракометарите, стручниот штаб и навивачите. Охрид денес живее во знакот на најголемиот успех во клупската историја. „Гладијаторите“ ја израдуваа цела Македонија со европскиот трофеј, а утрешната прослава ќе биде можност навивачите одблиску да ги поздрават своите херои и заедно да го одбележат историскиот ...