Ако одите на Клинички центар, за влез и паркирање ќе треба да резервирате преку апликација или, ако не ја користите, на рампата да го скенирате QR-кодот од упатот, најави денес министерот за здравство Азир Алиу за новиот „паметен“ паркинг-систем во кампусот „Мајка Тереза“ во Скопје, кој треба да се надополни со три катни гаражи до јуни. Проектот, според најавите, треба да донесе повеќе ред и предвидливост во просторот каде што секојдневно се ...
Скопје, 12 февруари 2026 (МИА) - Со одлуката на Владата донесена во вторникот се овозможи конечно решавање на деценискиот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ - рече денеска министерот за здравство Азир Алиу. Се создаде правна основа за потпишување договор со Град Скопје. Договорот ќе биде склучен на 15 години, со закупнина во висина од 10 отсто од вкупно остварениот промет, а Град Скопје ќе почне со проектирање и ...
Откако Владата на последната седница даде „зелено светло“ за изградба на три монтажни катни гаражи во комплексот клиники „Мајка Тереза“, министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека услугата ќе биде модернизирана и дека резервирање и наплата на паркинг ќе се врши преку апликација или со скенирање на Кјуар кодот од упатот, додека пак паркирањето ќе биде бесплатно за пациентите на Клиниката за онкологија. Во Клинички центар ќе ...
„Ќе има неколку видови на плаќање на паркинг местата. Онколошки пациенти и сега имаат бесплатно паркинг место, тоа ќе продолжи да биде така. Пациенти кои се лекуваат тука ќе плаќаат цена што ќе биде достапна за нив и нема да биде комерцијална. Вработените во Клиничкиот центар ќе имаат цена што е достапна за администрација. На крај, ќе имаме цена што ќе биде комерцијална, како на сите паркинг места што има комерцијални цени. Тоа ќе биде за ...
Скопје, 12 февруари 2026 (МИА) - Министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција за решавање на проблемот со паркирање во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ најави дека во план е да има четири вида за плаќање паркинг во иднина. - Ќе има неколку вида за плаќање на паркинг-местата. Онколошките пациенти и сега имаат бесплатно паркинг-место, тоа ќе продолжи да биде така. Пациентите што се лекуваат тука ќе плаќаат цена што ќе биде ...

