Мануел Нојер ја прекина репрезентативната пензија, се врати во националниот тим за да помогне на овој светски шампионат, а искусниот чувар на мрежата синоќа испиша нови страници во мундијалската историја. Имено, дуелот против Брегот на Слоновата Коска беше вкупно 21. за Нојер на светските првенства, со што Германецот стана голман со најмногу настапи на СП. На врвот на оваа листа во пресрет на СП 2026 беше Французинот Хуго Љорис со 20 ...
Фудбалерите на Египет заседнаа на врвот на мундијалската група Г. Египќаните во натпреварот од второто коло одигран во Ванкувер, по пресврт, ја совладаа селекцијата на Нов Зеланд со 3-1. Херои на првиот триумф на Египет во историјата на Мундијалите беа Мохамед Салах, Мостафа Зико и Трезеге, кои ги постигнаа головите кои речиси сигурно вредат пласман во нокаут-фазата, бидејќи пред последното коло Египќаните имаат четири, Белгија и Иран по ...
По победите во првото коло, фудбалските репрезентации на Аргентина и Австрија вечерва во 19 часот во Далас ќе го одиграат вториот натпревар од Групата Ј на Светското првенство. Аргентинците го победија Алжир со 3:0 во првиот натпревар, со три гола на Лионел Меси, додека Австрија го победи Јордан со 3:1. Аргентинската репрезентација се смета за фаворит во групата, а за Австријците, квалификацијата за Светското првенство по 28 години чекање е ...
Лионел Меси испиша нова страница во историјата на светскиот фудбал, откако стана најдобар стрелец на Светските првенства на сите времиња. Аргентинската ѕвезда погоди во 38. минута од натпреварот против Австрија во второто коло од групата И, кој се игра во Далас, и ѝ донесе водство од 1:0 на својата репрезентација. Со овој погодок, Меси стигна до вкупно 17 гола на мундијалите и се искачи сам на врвот на вечната листа на стрелци, оставајќи го ...
Мексиканката Катја Гарсија ќе испише историја на Светското првенство, откако беше делегирана за главен судија на натпреварот од групата Ф меѓу Тунис и Холандија, кој ќе се одигра во четврток во Канзас Сити. Со тоа, 33-годишната арбитерка од Мексико Сити ќе стане само третата жена која делела правда на натпревар од машките Светски првенства. Гарсија го продолжува патот што на Мундијалот во Катар во 2022 година го отвори Французинката Стефани ...

