Трамп целосно се „ослободи“ кога станува збор за јавни настапи Американскиот претседател Доналд Трамп целосно се „ослободи“ кога станува збор за јавни настапи, објавувајќи порака од неговиот француски колега Емануел Макрон. „Пријателе мој, ние сме целосно на иста страна за Сирија. Можеме да направиме големи работи за Иран – но не разбирам што правиш со Гренланд? Ајде да се обидеме да направиме нешто заедно. Можам да го свикам самитот на Г7 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна францускиот лидер Емануел Макрон за одбивањето на поканата да ја поддржи неговата најнова мировна иницијатива и посочи дека може да воведе огромна царина на шампањското како одмазда. „Никој не го сака затоа што многу наскоро ќе биде надвор од функцијата“, им рече Трамп на новинарите во понеделникот по локално време, откако беше информиран дека Макрон ќе ја одбие неговата покана. „Ќе ставам ...

Заканата со царини од 200 проценти за француското вино и шампањ ја отвори новата дипломатска фронта меѓу Вашингтон и Париз, откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно реагираше на најавата дека Франција нема намера да се приклучи на неговиот т.н. „Одбор за мир“. Наместо дипломатски тон, Трамп избра економски притисок, јасно ставајќи до знаење дека одбивањето нема да помине без последици. Говорејќи пред новинарите во понеделникот, ...

Уште не пристигнат, американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги разбранува страстите на глобалните лидери на официјалниот старт на Светскиот економски форум во Давос. Елитниот собир со рекорден број на шефови на држави и извршни директори на најголемите светски компании кој годинава е под мотото „Дух на дијалог“ засенет од Трамп и вербалните војни, закани за царини и санкции околу Гренланд. Трамп сега го нападна францускиот лидер ...

Францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот изјави дека Европската унија нема да им попушти на „насилниците“, ниту ќе дозволи да биде заплашена, остро критикувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп и неговата одлука да воведе тарифи на европските земји кои демонстрираа воена поддршка за Данска поради барањето на САД за Гренланд. За разлика од другите европски челници кои се обидуваат да одржат умерен тон за да избегнат ...

Интензивни дипломатски реакции по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД би можеле да преземат контрола врз Гренланд, потег што отвори сериозни безбедносни и економски прашања на меѓународната сцена. На новинарско прашање во Белата куќа колку далеку е подготвен да оди за да го „преземе“ Гренланд, Трамп одговори кратко: „Ќе дознаете“. Кога беше соочен со фактот дека мнозинството жители на Гренланд не сакаат да станат дел ...