Македонската ракометна репрезентација, по вчерашното реми (29-29) со домаќинот Швајцарија на „Жолтиот куп“ во Винтертур, од денеска се сели во Данска каде ќе бидат реализирани завршните подготовки пред стартот на Европското првенство на 16 јануари. Македонската експедиција денеска преку Цирих и Франкфурт ќе се пресели во својата подготвителна база во Силкеборг каде, според информациите од нашиот табор, се очекува да пристигне околу 16 часот. ...

По крајот на турнирот националниот тим замина од Винтертур уште утрово, а отпатува кон Данска со три промени на лет. Поради итноста на патувањето и слабата поврзаност ракометарите летаат од Цирих до Франкфурт, па до Билунд и на крај до Силкеборг. Токму Силкеборг ќе биде нашата база во следните неколку денови, поточно до 13 јануари, а дури потоа ќе се пресели во соседен Хернинг. Доколку нема доцнење Кирил Лазаров ќе одржи тренинг попладнево во ...

Македонската ракометна репрезентација ги одигра пријателските натпревари преку кои имаше можност селекторот Кирил Лазаров заедно со стручниот штаб да ја провери формата, да се пробаат некои комбинации, формации и тактики. Македонија сега ќе биде во Силкеборг каде ќе се подготвуваме пред натпреварите од групната фаза кој ќе ги играме во Хернинг, град кој е во близина на Силкеборг на околу 40-тина километри. Македонија ги одигра трите ...

Поради напорниот пат селекторот Кирил Лазаров им даде на ракометарите слободно попладне, откажувајќи го закажаниот прв тренинг. Сепак, веќе денес на програмата се дури два. Репрезентативците утрово работеа во фитнес центар во Силкеборг и се вратија во ритам. За вечерва е планиран и тренинг в сала, а во следните денови ќе се одигра пријателски натпревар против екипата на Мидтјиланд. Првиот натпревар на Европското првенство нашата селекција го ...

Ракометната репрезентација на Македонија од денеска се сели во Хернинг, градот каде што нашите ракометари ќе бидат сместени и ќе ги играат натпреврите од првата групна фаза од ЕП 2026. По првата фаза подготовки во Скопје и во Пореч, нашиот национален тим на почетокот од годинава тренираше во главниот град, потоа замина за Швајцарија, каде по настапот на „Жолтиот куп“ во Винтертур отпатува директно за Данска, тренираше неколку дена во ...

Македонската ракометна репрезентација не губи ниту минута во Силкеборг. Избраниците на Кирил Лазаров утрово го одработија првиот претпладневен фитнес-тренинг на данско тло, фокусирајќи се на физичката издржливост која ќе биде клучна за претстојниот старт на ЕП 2026. Силкеборг како база за „челичен“ успех Сместени во мирниот Силкеборг, нашите ракометари ги користат максималните капацитети за да ја достигнат врвната форма. Првиот дел од денот ...