Поранешниот фудбалер на Вардар, Владица Брдаровски се одлучи на еден убав гест и пред денешниот натпревар против Црвена звезда подарува 250 билети. Препорачано Брдаровски на двапати во кариерата го носеше дресот на Вардар прво од 2015 до 2020, а потоа и од 2023 година до минатата полусезона. На социјалните мрежи Брдаровски информираше дека билетите ќе бидат оставени во кафе барот „Паладиум“ и секој кој ќе сака ќе може да си подигне влезница од ...
Хуманитарниот натпревар меѓу Вардар и Црвена Звезда, одигран на Арената „Тодор Проески“, привлече големо внимание, но изостанувањето на една од најзаслужните личности за неговата реализација, Дарко Панчев, не остана незабележано. Панчев, заедно со Илија Најдоски, ја иницираше идејата за одигрување на мечот во чест на настраданите во трагедијата во Кочани. Тие беа главната врска меѓу двата клуба и одиграа клучна улога во организацијата на ...
Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје беше сведок на емотивна вечер во која фудбалот и хуманоста се споија во едно. Најтрофејниот македонски клуб Вардар и поранешниот европски шампион Црвена Звезда одиграа хуманитарен натпревар во чест на настраданите од трагедијата во Кочани. Пред повеќе од 25.000 гледачи, арената блескаше во посебно светло. Атмосферата беше исполнета со емоции, солидарност и искрена поддршка за сите кои беа погодени од ...
Вардар – Ц.Звезда 1:3. Тоа е епилогот од вечерашниот пријателски и воедно хуманитарен меч за Кочани. Секако дека на вакви мечеви резултатот е во втор план, а факт е дека Вардар беше добар, имаше и водствод од 1:0 со голот на Маневски во 28.минута, за да потоа гостите од Белград со головите на Илиќ и Катаи во последните мигови од првиот дел успеа да дојде до победа. На крајот Слепчевиќ стрелаше за конечни 1:3 за Ц. Звезда тоа на асистенција на ...
Вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одржи хуманитарен фудбалски натпревар помеѓу легендарните клубови Вардар и Црвена Звезда. Овој значаен спортски настан има за цел да оддаде почит на жртвите од трагичниот пожар во Кочани и да обезбеди финансиска поддршка за нивните семејства. Меѓу присутните ќе бидат бројни фудбалски легенди кои ги обележаа историите на двата клуба. Еден од нив е Илија Најдоски, симбол и на Вардар и ...

