Покрај тоа што дознавме дека ни е доволен и бод за да останеме на второто место, добра вест за нас е и тоа што Велс остана без својот капитен. Фудбалерот на Лидс и капитен на Велс, Ампаду доби жолт картон во финишот од натпреварот, а тоа значи дека ќе биде суспендиран за натпреварот против Македонија. Покрај Ампаду, поради жолти картони против Македонија нема да игра и стрелецот на денешниот меч, играчот од средниот ред, Џордан Џејмс. ...
Со гол од пенал во 18-тата минута, Велс поведе против Македонија во натпреватот од квалификациите за Светското првенство 2026 година Само една минута подоцна напаѓот од средниот ред Брукс го зголеми резултатот на 2:0. Македонија ја врати во игра Бојан Миовски кој во одлично проигрување се најде во позиција да постигне гол за Македонија Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се обидат да останат непоразени и со тоа да изборат бараж за ...
Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа пред пораз во Велс, откако на полувремето избраниците на Милевски губат со 1-3. Препорачано Уште од почетокот на натпреварот, Велс доминираше и поведе со 1-0 преку пенал по фаул на Стојчевски. Само две минути подоцна, Велс удвои на 2-0, но Македонија веднаш одговори – Бојан Миовски погоди за 2-1. Во 35. минута, Столе Димитриевски ја спаси Македонија од третиот гол, но само две минути подоцна, ...
Македонската фудбалска репрезентација во моментов во Кардиф го игра последниот квалификациски дуел од оваа Мундијалска кампања против домаќинот Велс. Засега домашните имаат предност, односно нештата за нас не одат во посакуваниот правец. Резултатот е 3:1 за домаќинот во дуел за кој може слободно да се каже дека ретко кој вака не надиграл во изминативе години. Првата ситуација домашните ја имаа уште во третата минута кога Брукс шутираше но преку ...
Репрезентацијата на Велс води со 2:1 против Македонија и тоа по неполни 22 минути игра во Кардиф. Домашниот тим уште од стартот започна офанзивно и покажа дека е решен да победи. Се играше 18 минута кога домаќините беа во напад, а Андреј Стојчевски несмасно реагираше и направи прекршок за пенал. Капитенот на Велс, Вилсон беше прецизен и донесе голема радост Само три минути подоцна Брукс зголеми на 2:0, но овие погодоци на Велс не ги разнишаа ...
Вечерва фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра еден од најважните натпревари во својата историја. Црвено-жолтите гостуваат на Велс во Кардиф, во рамки на квалификациите за Светското првенство 2026. Овој меч е пресуден за двете репрезентации, Македонија со победа или реми ќе обезбеди пласман во баражот, што е голема шанса за оваа генерација репрезентативци. Од друга страна Велс само со победа може да обезбеди бараж. Селекторот ...
Македонија и Велс во минатото имаат одиграно три натпревари. На трите меча беа постигнати трите можни исходи, па Македонија и Велс имаат по една победа, а еден меч заврши нерешено. Во март оваа година во Скопје беше 1-1, а Македонија и Велс играа и во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство 2014. Двата меча се одиграа во 2013 година, во септември беше 2-1 за Македонија во Скопје, со головите на Тричковски и Трајковски, додека ...
Вечерва со мечевите од последното коло, завршуваат квалификациите за пласман на СП 2026 во нашата Ј група. Македонија на табелата засега е втора, без пораз, со 13 бодови, два помалку од првопласираната Белгија, а Велс е трет со ист број бодови како и ние ама со послаба гол разлика. Убаво ќе биде уште еднаш, како многупати досега во изминатите неколку денови, да ги “разгледаме“ сите математики во врска со Македонија во пресрет на вечерашниот ...
Велс и Македонија утре од 20 часот и 45 минути ќе го одиграат одлучувачкиот натпревар за втората позиција во групата која носи бараж за пласман на Светското првенство. Пред натпреварот за медиумите говореше Хари Вилсон за кој дополнителен мотив ќе биде носењето на капитенската лента. „Тоа е голема чест за мене. Се чувствувам како еден од поискусните играчи и можноста утре да ја предводам мојата земја е нешто кон што со нетрпение гледам. ...
Во пресрет на клучниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026, репрезентацијата на Велс добива дополнителен импулс со враќањето на Хари Вилсон, кој по одслужената суспензија ќе го предводи тимот како капитен во дуелот со Македонија во Кардиф. На прес-конференцијата, Вилсон ја сподели својата мотивација, очекувања и лидерски пристап пред утрешната пресметка од која Велс бара второ место во групата и можност за домашен бараж. Вилсон ...
Фудбалската јавност во Ирска во вторник ќе навива за Македонија на натпреварот против Велс во завршницата на квалификациите за Светското првенство. Иако Велшаните им се соседи, сепак Ирците имаат причина зошто да ја поддржат Македонија, а таа е проста. Имено, доколку Македонија не загуби против Велс би била втора во квалификациската група. Тоа би значело дека ќе бидеме во третиот шешир, а ако се случи тоа Ирците можат да скокнат во вториот. ...
Македонската фудбалска репрезентација отпатува кон Велс, каде в вторник ќе го игра послдниот меч од квалификациите за пласман на Сп 2026 година. Македонија игра одлично во квалификациите и досега нема ниту еден пораз. Ако остане непоразена на гости кај Велс, Македонија ќе го задржи второто место, а тоа значи и директен пласман во баражот за Мундијалот. Доколку загуби Македонија ќе биде трета во квалификациите, па во баражот ќе игра преку Лига на ...
Велс го победи Лихтенштајн со минимални 0-1 во претпоследното коло од квалификациите за Светското првенство. Овој резултат ѝ одговара на Македонија, бидејќи сега во клучниот меч во Кардиф ќе биде доволно и реми за пласман на второто место во групата. Олеснителна околност за нашата репрезентација пред овој натпревар во Велс ќе биде фактот дека домаќинот ќе биде без две ѕвезди. Станува збор за Итан Ампаду и Џордан Џејмс. Двајцата Велшани добија ...
Велс со минимални 0-1 славеше над Лихтенштајн во пресрет на последното коло од европските квалификации за пласман на Светското првенство, па во последното коло против Македонија ќе решава за втората позиција на табелата. Сепак, Крег Белами, се соочува со проблеми околу составот, бидејќи двајца фудбалери кои играа против Лихтенштајн се суспендирани поради жолти картони. Се работи за стрелецот на победничкиот гол против Лихтенштајн, Џордан Џејмс, ...
Велс го победи Лихтенштајн со минимални 0-1 во претпоследното коло од квалификациите за Светското првенство. Овој резултат ѝ одговара на Македонија, бидејќи сега во клучниот меч во Кардиф ќе биде доволно и реми за пласман на второто место во групата. Олеснителна околност за нашата репрезентација пред овој натпревар во Велс ќе биде фактот дека домаќинот ќе биде без две ѕвезди. Станува збор за Итан Ампаду и Џордан Џејмс. Двајцата Велшани добија ...
Фудбалерите на Велс иако беа големи фаворити на гостувањето кај Лихтенштај во меч од 7. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада, на крајот успеаја да слават со минимални 0-1 што е одлична вест за Македонија. Eдна од првите ѕвезди на Велс, Ампаду е суспендиран за дуелот против Македонија во Кардиф, кој ќе биде решавачки во борбата за втората позиција во групата од квалификациите, но капитенот ...

