Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски информираше на својот фејсбук профил дека се одржала средба со претставници на големите маркети. Тој истакна дека активно ја следат состојбата, и нема да дозволат отстапувања и профитерство. ,,Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа. Со преставниците на маркетите заеднички ...
Вицепремиерот Александар Николовски истакна дека главна тема на разговор со претставниците на Светската банка во Вашингтон била инвестициите во инфраструктурата, транспортот и јакнење на економијата во државата. ,,Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата. Согласни сме дека заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски информираше дека успешно е реализирана евакуацијата на третата група македонски државјани од Блискиот Исток. Како што соопшти Муцунски преку објава на социјалните мрежи, вечерва на Меѓународниот аеродром во Приштина пристигнал третиот организиран лет со патници кои претходно биле евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Патниците ...
Актерот Кирил Поп Христов – Кили почина вчера во Еквадор на 58-годишна возраст, потврдија за sdk.mk блиски пријатели на семејството. Поп Христов се пресели да живее во Еквадор во 2014 година. Иако во изминатите години често престојуваше во Скопје, последната година и пол ја поминал во оваа јужноамериканска држава. Тажната вест за неговата смрт на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата, кореографката Гордана Деан Поп-Христова. ...
Метео анализа на Славчо Попоски: На ден петок 13-ти март 2026 и за време на викендот (14/15 март 2026) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висински или плиток циклонски систем кој ќе биде присутен над нашиот дел од Европскиот Континент. Токму поради ова атмосферата нема да ни биде во целост стабилна па така по претежно сончевото и стабилно утро и претпладне, во попладневните часови ќе имаме повеќе облачност кога ќе се ...
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи комеморативна седница по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. Комеморацијата е дел од активностите за одбележување на годишнината од трагедијата, која длабоко ја потресе јавноста и отвори прашања за безбедносните стандарди и институционалната одговорност. Во рамки на ...
Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Со години наназад во јавниот простор се провлекува една навидум „научна“ теза: дека македонскиот народ има низок коефициент на интелигенција. Таа бројка кружи по портали, социјални мрежи, анализи и коментари, секогаш сервирана како конечна вистина. Но ретко кој се прашува: од каде доаѓа таа бројка, кој ја пласира и кому му служи? Затоа ова не е текст за суета. Ова е текст за ...
Објекти за складирање нафта во Оман беа погодени од ирански беспилотни летала. Компанијата Амбреј соопшти дека нема информации за штети на трговски бродови. Иран продолжува да ги напаѓа постројките за производство и складирање на нафта и енергија низ Персискиот Залив како одговор на континуираните напади на САД и Израел врз земјата. Објекти за складирање нафта во Оман беа погодени од ирански беспилотни летала. Компанијата Амбреј ...
Претставници на Синдикатот на културата денеска на прес-конференција пред Основното јавно обвинителство соопштија дека поднеле кривична пријава против министерот за култура Зоран Љутков, обвинувајќи го за злоупотреба на службената положба и овластување, како и за повреда на права од работен однос. Од Синдикатот посочија дека пријавата ја поднесуваат со жалење, нагласувајќи дека Љутков до неодамна бил нивен колега и дел од синдикалната ...
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предлага најголемо активирање на нафта од стратешките резерви во историјата, со цел да се ограничат цените на суровата нафта. „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори објави дека на вчерашниот состанок на ИЕА било договорено да се активираат итните резерви. Но, секоја од 32 земји-членки на ИАЕ денеска треба да донесе одлука. Одлуката за активирање на стратешки резерви може да биде ...
Безживотно женско тело денеска претпладне било извадено од водите на реката Вардар во близина на мостот кај Стадионот. Од МВР соопштија дека телото било извлечено од полициски службеници од СВР Скопје. Телото е предадено на обдукција, додека увидот на местото на настанот е во тек. Се очекуваат повеќе дедали за случајот од надлежните институции подоцна во денот. Безживотно женско тело денеска претпладне било извадено од водите на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница, регионалната организација која го поврзува енергетскиот пазар на Европската Унија со земјите од Југоисточна Европа и го следи спроведувањето на европското енергетско законодавство. На средбата присуствуваа и Зоран Ѓоргиевски, управителот на Националниот оператор на пазар ...
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го најави новиот голем работнички протест за зголемување на работничките плати и упатувајќи повик за присуство на сите работници и на сите граѓани. “Почитувани претставници на медиумите, почитувани работници…. На 14-ти март во 12 часот и пет минути од пред Работничкиот дом го започнуваме новиот голем работнички протест за зголемување на вашите плати, а за вашите плати треба да излезете заедно со ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање зошто се одлучивте Ненад Савевски, да биде ваш избор за државен јавен обвинител во Македонија, изјави:„Ги анализиравме сите кандидати, ги анализиравме нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на јавни обвинители, и како Влада, во една конструктивна дебата, донесовме заклучок дека Ненад Савевски, може да биде ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање-какви се вашите коментари во однос на наодите од опозицијата по однос на темата за мигрантите дека Венко Филипче алудира на тоа дека ќе дојдат економски работници, изјави:„Видете, јас се обидувам некако во моите последни изјави да не ги коментирам изјавите коишто доаѓаат од СДСМ, бидејќи се изјави коишто се стихијни, ...
Уставниот суд ги отфрли иницијативите за оценување на уставноста на измените во Законот за прекршоци поврзани со системот „Сејф сити“, кои беа поднесени од пратениците Зијадин Села и Арбен Таравари. Во иницијативите беше наведено дека новиот систем за електронско евидентирање на сообраќајни прекршоци создава нееднаквост, бидејќи моментално се применува само во Скопје, Тетово и Куманово. Исто така, беше посочено дека известувањата за ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата останува силно фокусирана на економијата и на подобрување на бизнис-климата, нагласувајќи дека странските и домашните инвеститори се подеднакво важни за развојот на државата. По средбата со Советот на странски инвеститори во Стопанската комора, Мицкоски оцени дека дискусијата била плодна и успешна, додавајќи дека ваквите средби се значајни за подобро разбирање на предизвиците со кои се ...
Од исхраната и физичката активност до начинот на живот, бројни фактори влијаат на тоа како старее човечкото тело. Но ново истражување укажува дека и луѓето со кои сме опкружени може да имаат значајно влијание врз биолошкото стареење. Според извештај објавен во списанието Psychology Today, хроничниот стрес предизвикан од таканаречени „токсични“ и проблематични луѓе може да доведе до побрзо биолошко стареење. Биолошкото стареење се однесува ...
Некои луѓе кога стануваат шефови, веднаш покажуваат дека очекуваат совршенство. Астрологијата ни дава интересен поглед зошто одредени знаци се познати по тоа. Девица Перфекционисти кои забележуваат дури и најситните грешки. Контролата и ретките пофалби понекогаш го прават тимот да се чувствува притиснат. Јарец Фокусирани на резултати и амбициозни. Очекуваат истото од сите околу себе, а прекувремената работа и викендите се „нормални“. Лав ...
Во врска со изнесените обвинувања од страна на политичката партија Левица, Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека станува збор за уште една манипулација со факти и обид за креирање политички наратив кој не соодветствува со реалната состојба. Тендерската постапка за која Левица пласира обвинувања во јавноста е потпишана во периодот на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска. Станува збор за постапка ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека војната против Иран ќе продолжи „без временско ограничување“, нагласувајќи дека израелските операции ќе траат сè додека не се постигнат поставените цели. Во меѓувреме, двајца израелски функционери изјавија за „Ројтерс“ дека израелската влада не верува дека американскиот претседател Доналд Трамп е блиску до донесување одлука за прекин на воените дејствија. Сепак, тие признаваат дека не ...
Инцидент се случил утрово во близина на Белата куќа во Вашингтон, кога автомобил удрил во една од заштитните капии на претседателскиот комплекс, по што околните улици биле привремено затворени. Според информациите на американските медиуми, возилото се забило во портата на раскрсницата меѓу авенијата „Конектикат“ и улицата „Ејч“, на северната страна од Белата куќа. По инцидентот, возачот бил приведен од припадници на Тајната служба на САД, ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ф.(37) и Ќ.Б.(33), двајцата од с.Желино, општина Желино, С.И.(46) од с.Требош, тетовско и И.К.(38) од с.Прељубиште, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 07.12.2025 во угостителски објект, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што подоцна на паркинг простор оштетиле такси возило и физички го ...
На 10.03.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода П.Д.(66) од Република Грција. Тој се сомничи дека околу 12:00 часот во просторија за тушеви во бања во Штип допирал по телото 14-годишник од Штип. Според пријавеното, малолетникот со родителите отишле во бањата и откако се разделиле со неговиот татко во машкиот дел, П.Д. тргнал по него и го извршил делото. Лицето е задржано во полициски станица и по ...
Полицијата во текот на вчерашниот ден евидентирала шест пријавени случаи на семејно насилство во повеќе градови низ државата, при што пет лица биле лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во 22:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.З. (27) од селото Долна Бањица, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга. Според пријавата, поради меѓусебно ...
Два одделни инциденти во здравствени установи во Скопје биле пријавени вчера во полиција, при што пациент агресивно се однесувал и упатувал закани кон вработени, а во друг случај медицинска работничка била физички нападната. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 10 март во 13:30 часот во СВР Скопје од здравствена установа на подрачјето на Карпош било пријавено дека на 9 март околу 22:50 часот пациентот Б.Ш. (40) од ...
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски денеска присуствуваше на настан насловен: „Застапување за дигитална инклузија” во организација на ЗЕТА – Здружение за попреченост и правда и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците”. Истиот се организира како дел од проект поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас. Настанот ги обедини претставниците на институциите, ...
Судскиот совет на денешната 538. седница констатира сериозни сомнежи за нестручно и несовесно постапување на судии од Апелациониот суд Скопје поради неразумно одолжување на судските постапки, што резултирало со апсолутна застареност на предмети. На седницата беа разгледани и усвоени извештаите од работните групи по извршените увиди во Основниот суд Тетово и Апелационите судови во Гостивар и Скопје. Притоа беше посочено и на системски ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го осуди, како што го нарече, „стратешкото молчење“ на Обединетите нации по американско-израелскиот напад врз основно училиште за девојчиња во Иран. -Погледнете како светската заедница, вклучително и ОН, вешто успева да ја сврти главата дури и кога фактите буквално бодат во очи и ја погодуваат свеста. Но тоа може да се „задуши“. Може да се пушти бел шум. Како што ...
Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи бил повреден во нападот на 28 февруари во кој загинале шест членови од неговото семејство, меѓу кои и неговиот татко, поранешниот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи. Ова го потврдил иранскиот амбасадор на Кипар, Алиреза Саларијан, во разговор во амбасадата во Никозија, пренесува „Гардијан“. Според неговите зборови, 56-годишниот Хамнеи се здобил со повреди во нападот кој целосно ја уништил ...