Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Кинескиот народен конгрес денеска го усвои новиот петгодишен план за периодот 2026-2030 година, што предвидува забрзување на развојот на клучните технологии, вклучувајќи ги полупроводниците и вештачката интелигенција (ВИ). Планот, усвоен на последната сесија на годишниот конгрес, ги приоритизира секторите како што се роботиката и биотехнологијата како дел од напорите на Кина за зајакнување на своите технолошки капацитети, јави ДПА. ...
Иранската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска соопшти дека стратегијата на затворање на Ормускиот Теснец ќе продолжи и во наредните денови, истакнувајќи дека споменатиот план е во согласност со упатствата на новиот ирански ајатолах, Моџтаба Хамнеи. Командантот на иранските морнарички сили на Револуционерната гарда, адмирал Али Реза Тенгисири, на Х објави дека „нападите врз непријателот ќе продолжат и дека, по налог на новиот врховен ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го „дроби“ иранскиот режим, како и неговиот сојузник Хезболах, во својата прва прес-конференција откако пред 13 дена почна војната со Иран. – Го дробиме терористичкиот режим во Иран. Ги удираме и ги поразуваме неговите сојузници – Хезболах во Либан – им изјави тој на израелските новинари на Зум конференција, пренесе Тајмс оф Израел. – Хезболах ја чувствува силата на нашата рака, а ...
Оштетен танкер за течен гас од Русија неконтролирано се движи кон италијанскиот остров Лампедуза без екипаж, соопштија денеска властите на Малта. Управата за поморство на Малта соопшти дека 277 метри долгиот Arctic Metagaz може да претставува опасност за другите бродови и веројатно не е во состојба да маневрира. Бродовите се информирани да го избегнуваат оштетениот танкер, за кој се верува дека носи товар од илјадници тони гас. Според ...
Руското Министерство за надворешни работи им препорача на граѓаните да избегнуваат непотребни патувања во Германија, наведувајќи го растечкото сомневање и непријателство со кое се соочуваат Русите таму, објавува „Киев пост“. Портпаролката на министерството, Марија Захарова, изјави дека Русите треба внимателно да проценат дали патувањето во Германија е неопходно и да се придржуваат до официјалните упатства. Таа изјави дека германските ...
Околу 3,2 милиони Иранци се внатрешно раселени од почетокот на војната меѓу Иран и Израел и САД, објави денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР). „Според прелиминарните проценки, помеѓу 600.000 и еден милион ирански домаќинства моментално се привремено раселени во земјата поради тековниот конфликт, што претставува до 3,2 милиони луѓе“, рече Ајаки Ито, директор на Одделот за вонредни состојби и поддршка на програми на УНХЦР. ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Маџид Тахт-Раванчи, негираше дека Техеран поставува мини во Ормускиот Теснец, неколку дена откако САД соопштија дека погодиле пловила опремени за таква намена кои оперирале во близина на поморскиот канал. – Некои земји веќе разговараа со нас за минување низ Теснецот и ние соработувавме со нив – изјави Тахт-Раванчи за АФП, пренесе Би-Би-Си. Но, земјите кои се „приклучија на агресијата“ ...
Доналд Трамп најави нови американски напади врз Иран, предупредувајќи „внимавајте што се случува со овие пореметени гадови“. Трамп постојано нагласува дека САД ја добиваат војната и дека воените ресурси на Иран се значително намалени од почетокот на конфликтот. Објави на социјалните медиуми Тој го повтори својот став во објава на платформата Truth Social, каде што напиша дека е „голема чест“ да се „убијат“, осврнувајќи се на членовите на ...
САД издадоа нова општа лиценца со која привремено се дозволува продажба на руска сурова нафта и нафтени деривати натоварени на бродови до 11 април, соопшти Министерството за финансии на САД на својата веб-страница. Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави за IX дека мерката има за цел зачувување на стабилноста на глобалниот пазар на енергија и одржување на пониските цени на енергијата во време на зголемена нестабилност. ...
Естонската премиерка и кандидатка за нов шеф на европската надворешна политика, Каја Калас, изјави дека САД сакаат да ја поделат Европа за да ја спречат да стане нејзин конкурент. Во интервју објавено во четврток, Калас ги обвини САД дека се обидуваат да „направат раздор“ меѓу европските сојузници по прашања како што се трговијата и односите со Кина, објави Ројтерс. „Соединетите Американски Држави сакаат да ја поделат Европа“, рече Калас. ...
Коментаријаќи го воениот сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Косово, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека верува дека се подготвуваат за напад на Србија во иднина. „Се подготвуваме за нивниот напад. Тие чекаат моментот што ќе се случи во иднина да избувне поголем конфликт меѓу Европејците и Русите и уште поголем на Блискиот Исток. Сè што правиме, го правиме за да ја одбраниме нашата земја. Не можеме да ги напаѓаме ...
Вчера во 14:00 часот во Полициската станица Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.Б.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во нејзиниот дом физички ја нападнала 13-годишната ќерка на Ѓ.Ш.(45) од Скопје, која е соученичка на нејзината ќерка – стои во полицискиот билтен. Од МВР информираат дека со мајката е извршен службен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следува ...
Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга попречена е постапката за продажба на службениот автомобил ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 овој месец, а средствата да бидат наманети за набавка на комбе кое ќе го користат спортските клубови и центарот за деца со посебни потреби. Општина Струга информира дека градоначалникот Менди Ќура е во комуникација со засегнатите страни со цел процесот да се заврши во ...
Во рамки на стратешката иницијатива за зајакнување на административните капацитети, Управата за јавни приходи започнува имплементација на зајакнат системски пристап во управувањето со долговите на даночните обврзници, насочен кон јасен фокус, поголема ефикасност и реални резултати. Клучен чекор во овој процес е донесувањето на Стратегија за реална и наплатлива Листа на должници, http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/80, со која ...
Состојбата со енергенсите будно се следи и доколку има потреба Владата ќе интервенира. Сега, во моментот, не сметам дека состојбата е надвор од контрола. Да не ги драматизираме работите и да не додаваме повеќе од тоа што е. Имаме доволно резерви на енергенси, а со маркетите е договорено ако забележат зголемување на влезните цени на производите да го информираат Пазарниот инспекторат, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска – ...
Цените на нафтата денеска нагло пораснаа при што нафтата од типот „Брент“ (Brent Crude) се стабилизираше на над 100 долари за барел за првпат од август 2022 година, откако новиот врховен водач на Иран изјави дека Ормускиот Теснец мора да остане затворен. Цената на нафтата „Брент“ скокна за 9,2 отсто на 100,46 долари по барел, додека нејзиниот американски еквивалент, „Вест Тексас Интермедиат“ (West Texas Intermediate), се искачи за 9,7 ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, одржа работна средба со директорот и претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и со претставници на инфлуенсерите и креаторите на дигитални содржини, со цел отворање дијалог околу состојбите со регулирањето на работењето во овој сектор, а во врска со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На средбата беше нагласено дека Министерството ...
Согласно законските рокови, ТИТАН Усје ја поднесе апликацијата за продолжување на А -интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање. При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции. Грижата за животната средина е основна вредност за ...
Во Европската унија во 2024 година се родени 3,55 милиони бебиња, што е намалување од 3,3% во споредба со 2023 година, додека вкупната стапка на фертилитет за 2024 година изнесува 1,34 живородени деца по жена во ЕУ, што е намалување во споредба со 1,38 во 2023 година. Во Македонија стапката на фертилитет во последните десет години, исто така, се намалува и се движи од 1,52 во 2004 и 2014, на 1,49 во 2023 и 1,44 живородени деца по жена во ...
Вечерва во име на Владата, имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност, објави премиерот, Христијан Мицкоски. „Во духот на овие вредности, вечерта ја поминавме во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи пријателства и потврдувајќи дека почитта и соживотот се темел на нашето општество. Ваквите средби нè потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна ...
Во дебатата за зачестените случаи на насилство и фемициди, адвокатката Марта Гусар вечерва во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV упати остра критика кон начинот на кој во Македонија се дефинира институционалната одговорност. Според неа, честото користење на фразата „системот е виновен“ станало параван зад кој се кријат конкретни лица кои не ја извршуваат својата работа. „Навикнати сме да велиме дека системот е крив, но никој не сака да се ...
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија одржа седница на Централниот одбор во проширен состав, на која присуствуваа претседателот на Градската организација, членовите на Пратеничката група, како и претседателите и секретарите на општинските организации. На седницата беше усвоен Акцискиот план за оперативно делување, стратешки документ кој го означува следниот чекор во политичкото и организациското јакнење на движењето, се наведува во ...
Адвокатката Марта Гусар во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV отворено говореше за влијанието на политиката и моќните познанства врз работата на институциите, особено во случаи кога постојат повеќе пријави за насилство, а тие остануваат без соодветна реакција. Осврнувајќи се на случајот со семејното насилство врз Ивана и малата Катја, кој ја бранува јавноста, Гусар посочи дека постоела јасна хронологија на аларми – пријави во декември, ...
Трагедијата во која мајка и дете го загубија животот по пад од зграда отвори сериозни прашања за тоа како институциите дозволиле жртва на семејно насилство да се чувствува целосно незаштитена. Адвокатката Марта Гусар во својата анализа во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV посочува на, како што вели, „целосно непостапување“ на сите служби кои биле присутни на терен. Гусар открива дека и покрај присуството на полицијата и лекарите, клучниот ...
Иако статистиките на глобално ниво покажуваат дека жените се најчести жртви на семејно насилство, адвокатката Марта Гусар предупредува на една друга, често занемарена реалност во општеството – мажите кои трпат насилство, а кои системот ретко ги препознава и штити. Во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV, Гусар сподели искуство од својата адвокатска пракса, опишувајќи случај во кој маж, жртва на насилство, живеел во постојан страв во ...
Соседите со месеци слушале расправии, викање и насилство во станот каде што живееле мајката и ќерката кои трагично настрадаа во скопската населба Тафталиџе. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV го сведочи нивната сосетка Тања Спировска. Таа раскажува дека неколку пати лично пријавувала во полиција поради галама и сомнеж за семејно насилство, пренесе 4news.mk. „Јас сум на трети кат, тие беа на шести. Неколку пати имам пријавено на 112 и ...
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, вечерва во емисијата „24 Анализа“ изјави дека на денешната комеморација за загинатите во Кочани недостасувале фотографии од жртвите, оценувајќи дека тоа било сериозен пропуст, но не и намерен чин за навреда кон семејствата. „Јас во животот сум присуствувала на многу комеморации и првото што недостигаше денеска во собраниската сала беа фотографиите на загинатите. Не сакам да навлегувам во детали, ...
Министерот за социјална политика во владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, Фатмир Лимани, присуствуваше на ифтарот организиран од албанскиот премиер Еди Рама во Тирана. Иако истиот ден Владата на Северна Македонија, заедно со премиерот Мицкоски, организираше ифтар за членовите на владата и за новинарите во Скопје, Лимани сепак одлучил да присуствува на настанот во Албанија, објави 4news.mk. По ифтарот, Лимани се фотографирал ...
Израелската војска (ИДФ) тврди дека го погодила иранскиот нуклеарен комплекс Талеган во близина на Техеран, за кој наведуваат дека бил користен за развој на технологии потребни за производство на нуклеарно оружје. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека станува збор за комплексот Талеган, што бил погоден за време на воздушните напади на израелските воздухопловни сили во текот на изминатите неколку дена. Според израелската војска, ...
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Турција нема да дозволи никакви планови насочени кон поттикнување граѓанска војна во Иран. „Ние сме против плановите насочени кон започнување граѓанска војна во Иран и поттикнување конфликти по етнички и религиозни поделби“, рече Фидан на прес-конференција со својот германски колега Јохан Вадефул, објави Ројтерс. Тој истакна дека никој не треба да се препушта на такви ...