Со завршни зборови денеска пред Основниот кривичен суд Скопје беше заокружено судењето против тројцата обвинети полицајци од Кочани – Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков. Во завршните обраќања, Обвинителството побара осудителна пресуда поради неизвршување на службена должност, додека одбраната побара ослободување на обвинетите, оценувајќи дека вината не е докажана. Пресудата, како што соопшти судот, ќе биде изречена на 5 ...

Дете паднало од тераса на напуштен објект од Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера околу 21:20 часот во СВР Куманово, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди било донесено малолетно дете. – Според пријавеното, тоа со повредите се здобило при пад од тераса во запуштен објект на улицата „Кирил и Методиј“ во Куманово-соопшти полицијата. Увид извршила екипа од СВР Куманово која презема мерки за расчистување на ...

Во посета на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска беа студенти на Правниот факултет “Јустинијан Први”, од студиската група – Односи со јавност, предводени од раководителот на Катедрата, професорката Јасна Бачовска – Недиќ. Јавниот обвинител на РСМ Ненад Савески ги запозна студентите до плановите за зголемување на транспарентноста и за јакнење на довербата во Јавното обвинителство. Тој преку лични искуства им ...

Светското училишно првенство во ракомет кое беше во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за спорт, официјално е затворено. Скопје и Македонија за првпат беа домаќини на историски настан на кој учествуваа 21 делегација од различни делови во светот. Нашиот главен град беше центарот на младинскиот спорт, фер-плејот и позитивната енергија што ги обедини младите од сите страни на ...

Утре со почеток во 11.00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест на 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот. Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С. Македонија ...

Во Србија во март се регистрирани 297.705 туристи, што е за 10,1 процент повеќе во споредба со истиот период лани и според српскиот Завод за статистика, најмногу странски туристи биле од Русија (15.136), по што следуваат туристи од Северна Македонија (15.064). Регистрирани се 853.043 ноќевања, или 8,5 проценти повеќе во споредба со март 2025 година, соопшти денеска српскиот Завод за статистика. Бројот на странски гости (156.009) е за 9,8 ...

Денеска, во рамки на работната посета на Хрватска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман. Оваа средба претставува потврда на интензивниот политички дијалог и конструктивната соработка што двете земји ја негуваат повеќе од три децении, а се реализира во пресрет на потпишувањето на меѓувладиниот Договор за ...

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија за време на телефонскиот разговор вчера да продолжат со медијациските напори за решавање на конфликтот во Украина, но сè уште не се одредени конкретни датуми за нови разговори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков им рече на новинарите дека Путин и Трамп се согласиле да продолжат со контактите меѓу руската и американската страна ...

Миле Цеков ја напушта ПГ на ЗНАМ која е дел од владејчкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ од денеска ќе дејствува како независен пратеник “По две години како дел од власта, сакам јасно да соопштам дека од овој момент ќе делувам како независен пратеник кој не е дел од власта. Станав пратеник пред две години за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата, да се борам за промена на системот, но и да ...

По повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд од 1 до 3 мај автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје. На 01.05.2026 година (петок) и 03.05.2026 година (недела), дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот. Во сабота (02.05.2026 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното ...

Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Во јавниот дискурс сè почесто се споменува „швајцарскиот модел“ како решение за усогласување на пензиите. Се претставува како формула што може лесно да се примени и кај нас — како гаранција за праведност и стабилност. Но тука мора да се постави едно основно прашање: дали нашиот систем воопшто ги исполнува предусловите за таков модел? Одговорот е јасен — не. И тоа не е формален, туку ...

На 30.04.2026 во 00:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.В.(36) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 65-годишна мајка, дека на 29.04.2026 околу 21:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неа, како и кон својата сопруга, при што им упатил закани и ги избркал од домот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 30.04.2026 во 00:30 часот ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека никој во оваа држава нема против користењето на албанскиот јазик, како и тоа дека оваа влада нема да им дозволи на ДУИ да играат на ситен популизам на етнички теми, сите граѓани се ценат подеднакво, а не по етничка линија, ова е нова Македонија на проекти и реформи. „Никој нема против користењето на јазиците во Македонија кои ги ...

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски се осврна на обвинувањата на опозицијата за евроинтегративниот процес. „Изјавите кои доаѓаат од дел од опозицијата, во случајот СДСМ, без разлика кој ги испраќа од актуелното раководство, се навистина збунувачки. Би рекол чудни изјави кои немаат за цел да ја кажат вистината, туку имаат за цел да направат што поголема сензација ...

На 29.04.2026 во 11:20 часот во СВР Скопје 73-годишен скопјанец пријави дека околу 10:15 часот на Плоштад Македонија во Скопје, бил измамен од две машки лица, при што бил оштетен за сума од 4.000 денари. Според пријавеното, двете лица му пришле, а едниот од нив му рекол да му даде пари затоа што наводно неговата сопруга се лекувала во болница и итно им биле потребни пари, а како залог му оставил предмет за кој му рекол дека е дијамант. ...

На 30.04.2026 во 06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека на ул. „Леце Котевски” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К..(62) од Прилеп и мотоцикл „хонда” без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(19) од с.Големо Коњари, прилепско. По несреќата, В.Б. бил пренесен во Градска болница- Прилеп, каде од страна на доктор била констатирана смрт. Увидот го извршила увидната ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со греење и во следните два дена, на 1 и 2 мај, иако грејната сезона завршува на 30 април. Како што се наведува во соопштението од РКЕ, одлуката следува по добиените пет дневни податоци за среднодневната температура на воздухот од ...

На 29.04.2026 во 21:30 часот во с. Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с.Црнилиште. Претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на с.Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како бесправно сечат огревни дрва. Лицата агресивно се однесувале кон полициските службеници, а Џ.Т. со моторна ...

Туризмот базиран на можностите за автентично доживување на културното и историското наследство на одредена дестинација, се развива сѐ побрзо во последниве години. Тоа е поттикнато од зголемената побарувачка за вакви патувања, како и од глобалните напори за зачувување на историската оставина, каде што влегуваат не само античките урнатини и спомениците, туку и живите традиции. Глобалниот пазар на културно-историски туризам минатата година ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Додека цената на нафтата повторно расте и граѓаните плаќаат сè поскапи сметки, Мицкоски и неговата влада објавуваат дека „буџетот е во одлична кондиција” и веднаш бараат ново задолжување. Економската политика на криминална група ВМРО е класичен пример на популизам, неодговорно трошење и отсуство на вистински реформи. Наместо фискална консолидација, продолжуваат со огромни буџетски дефицити од над 3,5%, ...

Соопштение за јавност на Левица: Застапувајќи ги интересите на сопствените спонзори, десничарската влада целосно заборави на работникот и третирајќи го како орудје за остварување профит, доведува до социјално-економска криза, структурната експлоатација и континуираното дерогирање на работничките права. Пред само неколку дена сведочевме за тоа како животот на работникот нема никаква вредност за државните институции кога се во прашање ...

На седницата за пратенички прашања во Собранието, пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска упати прашање до министерот за одбрана Владо Мисајловски во однос на нов колективен договор. Петровска рече дека буџетот на одбраната расте само на хартија а минатата година со одлуката за прераспределба на буџетски средства на МО му биле одземени 12 милиони евра од ставката за модернизација. „Објектот на Армијата во Ѓорче Петров, каде се чуваат и ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Д., во својство на поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија, К.П. во својство на претседател и Л.Е., К.З., А.Д. и Г.Ќ.Ч. во својство на членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 ...

На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска на говорница извади фотографии од апсењето на директорот на Инспекторатот за земјоделство. Според фотографиите што Петровска ги прикажа, директорот бил уапсен на подземниот паркинг во Џевахир, каде стан според Петровска имал и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Петровска кажа дека тој податок околу локацијата на апсење никогаш не била ...

„Народната банка спроведува сеопфатен и комплементарен сет на мерки насочени кон одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс”, истакна вицегувернерката Ана Митреска на гостувањето во поткастот „Финсајт” со Наташа Мерсовска на порталот „Банкарство.мк”. Таа нагласи дека монетарната политика и натаму се води претпазливо, при што главните инструменти ќе придонесат за постепено стабилизирање на инфлацијата. „Монетарната ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Демократската Унија за Интеграција бара итна истрага против Бурим Латифи, Генерален директор на МЕПСО и прв братучед на Изет Меџити, по меѓународната одлука која ја обврзува државата да плати 6 милиони евра штета директна последица на неговите одлуки. Латифи ја раскинал постојната договорна обврска со компанијата Енергоинвест од Сараево и ја заменил со ЕЛНОС БЛ ДООЕЛ од Бања Лука, компанија тесно поврзана со ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најде да говори за слободата на медиумите и извештајот на Репортери без граници. Филипче се најде за кредибилен и легитимен да говори за слободата на медиумите, кога нема медиум, портал и новинар со кого не се скара. Односот на Филипче и СДС, по насока на ПР шефот на куќниот пријател на Заев, Зоран Башановиќ, кон медиумите е крајно арогантен, срамен и во одредени случаеви и безобразен. Филипче ...

Војната во Иран веќе го чинеше Пентагон 25 милијарди долари, изјави во средата висок функционер на Министерството за одбрана, со што се обезбеди првата официјална цена за американската воена кампања со мала јавна поддршка што трае два месеци. Вршителот на должноста контролор на Пентагон, Џулс Херст, ја даде бројката за време на сослушувањето на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, заедно со секретарот за одбрана Пит Хегсет ...

Иако први мај е на праг, на планините во Србија утрово се забележани врнежи од снег. Златибор и Копаоник осамнаа утрово под снегот што сè уште вее. На Копаоник, во 7 часот, температурата беше измерена на минус 3 степени. Во моментот во Златибор е нула степени . Невообичаено студено време за ова време од годината е забележано во сите делови на Србија, во пресрет на Први мај, па на некои места очигледно ќе биде потребна лопата за снег за да ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Заврши времето кога албанската политика беше третирана како приватна сопственост на една корумпирана клика. Заврши времето кога неколкумина одлучуваа во име на сите Албанци, додека народот ја плаќаше цената на нивната ароганција, алчност и безобразна потреба за власт Тој модел падна. И не падна случајно. Падна затоа што Албанците повеќе не прифаќаат да бидат заложници на истрошени структури, лажен ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
29%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
34%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
64%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
29%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.23
44%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
91%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
37%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
68%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
52%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
5.14
36%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
41%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Сребро

2840.84

Паладиум

48883.97

Злато

166450.52

Цинк

3.35

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Алуминиум

3.57