Денес се навршуваат три години откако ученикот во основното училиште „Владимир Рибникар“ Коста Кецмановиќ уби девет свои учениици и еден чувар во училиштето. Комеморативни програми ќе бидат организирани во спомен на загинатите почнувајќи од 2024 година. Оваа година, Министерството за образование им препорача на основните и средните училишта да не ги оценуваат учениците од 4 до 8 мај, кога се одбележува Неделата на сеќавањето и единството. ...

Соопштение за јавност на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) ја зацврстува својата позиција за итна модернизација на изборниот процес. Потребна е вистинска дебата со реални решенија од 21-от век. Виолета Здравковска, со своето долгогодишно искуство со телекомуникациите и дигитализацијата, упати јасна поддршка на тезата на претседателката Моника Зајкова – дека времето на технички влади и партиско манипулирање со изборниот процес е ...

Јапонскиот весник „Никеи“ , посветен на економски прашања, објавува дека најголемиот домашен и светски производител на автомобили, Тојота, одлучил да инвестира околу две милијарди долари во изградба на три нови фабрики во Индија со цел понатамошен раст. Автомобилскиот гигант веќе има три фабрики на потконтинентот, кои произведуваат за домашниот индиски и, во помала мера, за јапонскиот пазар. Сега, меѓутоа, конгломератот со седиште во ...

Сите документи потребни за екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски се доставени до Министерство за правда, потврдиле за Телма од Основен кривичен суд Скопје. Од Министерството побарале од Судот да ги достави сите промени кои би можеле да влијаат на постапката за екстрадиција, по што биле испратени потребните одговори и документација. Во моментов против Груевски сè уште се водат и активни, но и веќе завршени судски процеси. ...

Во заедничка акција на полицијата од Нови Пазар и Бујановац, уапсен е 66-годишниот М.З., државјанин на Северна Македонија, кој се сомничи дека во период од три дена извршил кражби во четири верски објекти на територијата на Србија. Според информациите, кражбите биле извршени во периодот од 29 април до 1 мај, а мета биле џамии во Нови Пазар, Тутин и Сјеница. Осомничениот, според истрагата, ги кршел касите во верските објекти и ги одземал ...

Во зајакната акциска контрола што денеска ја спроведе СВР Скопје, санкционирани се вкупно 113 возачи на мотоцикли, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли. Контролата се реализирала во периодот од 12:00 до 20:00 часот на подрачјето на главниот град. Според информациите од полицијата, најголем дел од прекршоците се однесуваат на неносење заштитна кацига, при што биле изречени 45 мерки. Дополнително, 17 санкции се изречени за ...

На самиот почеток на туристичката сезона во Охрид започнаа градежни активности за реконструкција на дел од Старата чаршија и плоштадот кај Чинаро, што предизвика реакции кај граѓаните и туристичките работници. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Наместо уреден и подготвен центар за пречек на домашните и странските посетители, еден од најфреквентните делови на градот деновиве е претворен во ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Дали тоа е Али Ахмети, Бујар Османи, или двајцата заедно со нивниот круг на луѓе, сопственици на фирми подизведувачи? Затоа што фактите веќе не можат да се сокријат. Еве ви уште еден кадар на ДУИ, Билен Салији, поранешен министер за правда од ДУИ, кој подоцна станува директор на правниот сектор во МЕПСО. Токму во тоа време, луѓе од ДУИ во МЕПСО ја започнуваат постапката за раскинување на договорот со ...

Унгарскиот мандатор за премиер Петер Маѓар вчера ја бранеше својата одлука да го назначи својот зет Мартон Мелетеј-Барна за министер за правда, велејќи дека професионалната компетентност на адвокатот е „несомнена“. Маѓар призна дека одлуката, со оглед на тоа што идниот министер е сопруг на неговата сестра, „создала сериозна дилема“ за него и дека јавната загриженост е „разбирлива“. Унгарскиот мандатор за премиер Петер Маѓар вчера ја ...

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, модернизирана и функционално реорганизирана преку стратешки проект вреден 4,56 милијарди денари, односно околу 74 милиони евра, вели министерот за здравство, Азир Алиу во објава на социјалната мрежа Фејсбук. Според министерот Алиу, станува збор за проект кој треба трајно да го промени начинот на обезбедување здравствени услуги во Полошкиот регион. Министерот Алиу посочува дека ...

Српските туристи летово најверојатно ќе добијат полесен третман на грчките граници во шпицот на сезоната, додека македонските граѓани засега остануваат без јасна потврда дека за нив ќе важи истото олеснување од новиот европски систем за влез и излез. Иако нема официјална одлука за целосно суспендирање на EES-системот, српските туристички претставници тврдат дека од грчка страна добиле уверувања оти контролите за српските граѓани ќе се ...

Вчера околу 17:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Борис Крајгер“ и ул.„Анте Банина“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(64) од Штип и мотоцикл „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди неговиот малолетен сопатник ...

На 01.05.2026 во 21:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(35) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговата 31 годишна сопруга и двете малолетни деца. На 01.05.2026 во 23:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(57) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 28-годишна ќерка. На 01.05.2026 во 20:40 часот, на булеварот ,,Македонски Просветители“, во Охрид лишен ...

На 01.05.2026 во 17:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Р.(37) од Велес. Според пријавеното, тој на регионален пат Чашка-Велес, управувајќи патничко возило „опел” со кумановски регистарски ознаки, при претекнување со патничко возило „форд” со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(28) од Велес, од возилото му упатил закани, при што го следел и кога А.Ѓ. застанал со возилото, Т.Р. удрил во ...

Мај носи полесна, потопла и пооптимистична енергија, а многумина ќе почувствуваат дека работите конечно се движат напред овој месец. Љубовта, работата, парите и личниот развој ќе бидат во фокусот во мај, но секој хороскопски знак ќе има свое посебно „златно време“. Ако се прашувавте кога да направите важен потег, да закажете интервју, да одите на состанок или едноставно да ја испробате среќата, астрологијата го има одговорот. Ви ги носиме ...

Во Финска денеска почнуваат артилериските вежби „Северен удар 26“, недалеку од границата со Русија. Во рамките на оваа вежба, како и на повеќе маневри кои ќе се одржуваат до крајот на мај, сојузничките трупи од десет различни земји ќе вежбаат одбрана на Финска под команда на финската војска. Маневрите кои започнуваат денеска се одржуваат на полигонот „Вуосанка“ во општината Кухмо, која се наоѓа на околу 70 километри од руската граница, и ...

ФИФА објави дека ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на билети за Светското првенство во 2030 година откако се соочи со критики поради вртоглавото зголемување на цените на билетите за претстојниот мундијалски турнир во САД, Канада и Мексико. Генералниот секретар Матијас Графстром им изјави синоќа на новинарите по конгресот на ФИФА во Ванкувер дека високите цени на билетите за Светското првенство 2026 ја одразуваат „реалноста на ...

На 02.05.2026 во 00:10 часот, во ОВР Кичево, лишен од слобода е Г.Р.(24) од кичевското село Преглово кој претходно, пред угостителски објект лоциран на улицата „Рудничка” во Кичево, со нож ги нападнал Н.Ш.(20) и Д.Ш., двајцата од Кичево по што се оддалечил од местото. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 02.05.2026 во 00:10 часот, во ОВР Кичево, лишен од слобода е Г.Р.(24) од ...

На 01.05.2026 во СВР Велес било пријавено дека во планински предел во близина на с.Страмашево, демиркаписко, В.Б.(46) од Република Чешка, поради дефект на мотоциклот кој го управувал, побарал помош за негово извлекување од местото. Од полициски службеници од ОВР Неготино и Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Територијална противпожарна единица Неготино, било извршено пребарување на теренот, каде лицето било пронајдено и ...

Најмалку две лица се убиени, а седум повредени во напад со руски дрон врз минибус во градот Херсон, соопштија локалните власти. Според шефот на регионалната администрација, Олександр Прокудин, нападот се случил во областа Дњепар, а меѓу загинатите има жена и комунален работник, чиј идентитет сè уште не е официјално потврден. „Уште седум лица се повредени – шест мажи и една жена, вклучувајќи комунални работници. Сите се хоспитализирани“, ...

Вооружените сили на Иран се целосно подготвени „решително да одговорат на секоја закана“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, додавајќи дека Техеран останува подготвен за дипломатија доколку САД го променат својот пристап. „Иран не започнал наметната војна и Техеран е подготвен да го продолжи дипломатскиот процес доколку САД се откажат од своите прекумерни барања, заканувачка реторика и провокативни дејствија. ...

Пишува: Проф.Др. Иван Анастасовски Гледајќи дома за празникот на трудот 1 Мај филм кој е снимен за работничка класа во Лондон во доцните 50 години се вика “Mrs. Harris Goes to Paris” а се однесува на тоа дека во Лондон во 1957 година, г-ѓа Ада Харис, вдовица, работи како чистачка. Иако е вредна и дарежлива, клиентите на г-ѓа Ада и покажуваат многу малку внимание и почит за возврат, па затоа се решава да оди во Париз. Што ми е поентава, ...

На 01.05.2026 во 19:00 часот, во кичевското село Челопеци, лишен од слобода е Ѓ.Р.(48) од истото село по претходна пријава дека во семејниот дом, бил агресивен кон членови на неговото семејство. Тој откако ги забележал полициските службеници кои пристигнале и отпочнале со преземање службени дејствија, се обидел со лопата а потоа и со нож да ги нападне. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

Дваесет и седумгодишен жител на Гостивар се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од четирицикл додека се движел по шумски пат. Случајот бил пријавен вчера околу 14 часот, кога повредениот бил пренесен во Ургентниот центар. „Во ОВР Гостивар е пријавено дека кај нив е донесено повредено лице по пад од возило. По извршените проверки утврдено е дека се работи за Е.К.(27) од Гостивар. Имено тој, управувајќи четирицикл без регистарски ...

Претседателот Доналд Трамп рече дека американската морнарица дејствува „како пирати“, спроведувајќи поморска блокада на иранските пристаништа наметната од Вашингтон за време на американско-израелската војна против Иран. Трамп ги даде коментарите додека го опишуваше запленувањето на брод од страна на американските сили пред неколку дена. „Ја презедовме контролата врз бродот, го зедовме товарот, ја зедовме нафтата. Тоа е многу профитабилен ...

Европејците мора да преземат поголема одговорност за својата безбедност, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус, коментирајќи ја намерата на САД да повлечат 5.000 свои војници стационирани во Германија. „Германија е на вистинскиот пат“ во овој поглед, рече Писториус, истакнувајќи дека се преземени мерки за зголемување на персоналот на Бундесверот, олеснување и забрзување на јавните набавки за набавка на одбранбена опрема и ...

Соопштение на ВЛЕН: Една недела нè дели од големото обединување на Албанците во земјата. На 9 Мај, на Денот на Европа, ВЛЕН повеќе нема да биде само сојуз на политички субјекти. ВЛЕН ќе стане една единствена сила, со едно име, еден правец и една мисија. Ова е момент што ја затвора ерата на политичка расцепканост кај Албанците. Со години поделбите им се продаваа како плурализам, а личниот интерес се пакуваше како патриотизам. Тоа време ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се прошируваат санкциите против кубанската влада, со цел да се зголеми притисокот врз Хавана. Новите мерки се насочени кон лица и компании поврзани со безбедносниот апарат на кубанската влада, како и кон оние обвинети за корупција и сериозни прекршувања на човековите права. Санкциите може да опфатат и странски субјекти што работат во клучни сектори на кубанската ...

Телемедицината ќе биде една од клучните столбови за подобрување на здравствениот систем и справување со недостигот на лекари во земјата, наведува министерот за здравство Азир Алиу во денешното соопштение. Говорејќи за предизвикот со заминувањето на здравствените професионалци од земјата, тој нагласува дека дел од решението лежи во вклучувањето на лекарите од дијаспората преку технологијата. – Денес имаме голем број лекари во дијаспората ...

Научно докажани трикови за подобра концентрација и помалку заборавање. Меморијата е ментална способност што често ја земаме здраво за готово, сè додека не почнеме да забораваме важни информации. Науката покажува дека таа зависи не само од интелигенцијата, туку и од навиките и начинот на кој го користиме мозокот. Според истражувањето, меморијата се одвива низ три фази: сензорна, работна и долгорочна. Сензорната меморија накратко ги ...

Мвр билтен

8 минути - МИА
weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
34%
1013
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.6
31%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
56%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
27%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.83
36%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
45%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1017
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
56%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
37%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
7.2
37%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
45%
1016
Currency

61.635

Currency

52.685

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Калај

50.03

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Цинк

3.35

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Платина

64172.89