Луѓето често судат за другите според впечатокот што го оставаат, но хороскопските знаци понекогаш криеат изненадувачки карактерни особини. На пример, Водолиите делуваат ладни бидејќи го контролираат своето емоционално изразување, но имаат способност да сакаат искрено и длабоко. Водолиите оставаат впечаток на ладна личност бидејќи одлично ги контролираат емоциите. Но, вистината е дека сакаат длабоко и искрено – само не чувствуваат потреба ...

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт. Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на ...

Речиси 3000 лица биле убиени за време на неодамнешните протести во Иран. Оваа информација беше објавена денес на официјалната владина листа. Медиумите блиски до државата ги истакнаа имињата на насловните страници, претставувајќи ја објавата како доказ за „храбрата транспарентност“ на владата. Сепак, организациите за човекови права и активистите ја обвинуваат Исламската Република дека се обидува да „преземе контрола врз наративот“ и ...

Еден хектар обработливо земјиште во ЕУ, се проценува на 15.224 евра во 2024 година. Канцеларијата на ЕУ наведува дека ова претставува зголемување од 6,1 процент во споредба со претходната година, кога цената на хектар изнесувала 14.343 евра. Од друга страна, просечната годишна цена за изнајмување обработливо земјиште и трајни тревници во ЕУ беше проценета на 295 евра по хектар. Највисока просечна цена по хектар обработливо земјиште е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави намалување на царините за индиската стока, откако Индија се обврзала да го намали купувањето руска нафта и да го зголеми увозот на енергенси од САД, а можно и од Венецуела. Во објава на социјалната мрежа „Тру соушал“, Трамп соопшти дека по разговор со индискиот премиер Нарендра Моди е постигнат трговски договор со кој реципрочната царина за Индија се намалува од 25 на 18 проценти. Договорот ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска ги отфрли повиците за создавање европска армија, предупредувајќи дека тоа може да биде „екстремно опасно“. Таа истакна дека за членките на НАТО создавањето посебна армија не е практично, бидејќи најважниот ресурс за време на криза е „синџирот на команда“ и надзорот на воените операции, кој го врши највисокиот сојузнички командант моментално ...

Унгарија покрена постапка пред Европскиот суд на правдата против одлуката на Европската Унија за забрана на увоз на руски природен гас, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. Намера да ја тужи ЕУ најави и Словачка. Сијарто тврди дека Унгарија и Словачка не смееле да бидат прегласани при донесувањето на одлуката кон крајот на јануари и дека таа има карактеристики на санкција, што според него барало едногласно ...

Франција ќе ги забрани социјалните медиуми за лица под 15 години, најави претседателот Емануел Макрон. Законот, кој веќе го усвои долниот дом на парламентот, треба да стапи на сила од 1 септември, откако ќе го изгласа Сенатот. Мерката има за цел да ги заштити децата од негативното влијание на апликации како Snapchat, TikTok, Instagram и X (порано Twitter) врз менталното здравје. Одлуката за тоа кои платформи ќе бидат забранети ќе ја ...

Турција во 2025 година ја посетиле 64 милиони туристи, со што земјата остварила приходи од 65,2 милијарди долари, што претставува историски рекорд, соопшти министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој. Турција ја забележа најголемата посетеност од Русија (6,9 милиони туристи), Германија (6,75 милиони) и Обединетото Кралство (4,27 милиони). Ерсој најави цел од 68 милијарди долари приходи за 2026 година. Министерот нагласи дека ...

Продажбата на пиво во Германија бележи значителен пад, покажуваат најновите податоци од пиварската индустрија. Иако земјата со децении важи за пивска традиција, интересот за пиво постепено опаѓа, особено меѓу помладите генерации. Експертите како главни причини наведуваат промени во животниот стил, зголемена грижа за здравјето, популарност на безалкохолни и нискоалкохолни пијалаци, како и влијанието на инфлацијата и стареењето на ...

Приближно 1.000 луѓе можеби загинале или исчезнале во морето по бурите предизвикани од циклонот Хари во јужна Италија, соопшти невладината организација „Медитеранеа сејвинг хјуманс“. Проценката се базира на информации од бегалци во Либија и Тунис за бродови што исчезнале за време на лошите временски услови. Претседателката на организацијата, Лаура Марморале, ја опиша трагедијата како „една од најголемите во последните години на ...

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се согласи да сведочи пред американскиот Конгрес во истрагата предводена од републиканците за починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин, јавија американските медиуми. Телевизијата Си-Ен-Ен и весникот „Њујорк Тајмс“ објавија дека Клинтон попуштил за да ја избегне заканата од постапка за непочитување на Конгресот, пренесе ДПА. Клинтон претходно одбиваше да сведочи. Поранешниот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација наскоро би можела да има добри вести за своите напори за завршување на речиси четиригодишната војна во Украина. „Мислам дека се справуваме многу добро со Украина и Русија. Ова е прв пат да го кажам тоа. Мислам дека можеби имаме добри вести“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на Белата куќа. Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф ќе ...

Обилните снежни врнежи однесоа 30 животи во Јапонија во последните две недели, вклучувајќи и 91-годишна жена пронајдена затрупана пред нејзиниот дом, соопштија властите. Јапонската влада ја распореди војската за да им помогне на жителите на најтешко погодената префектура Аомори, каде што во изолирани области се насобрале до 4,5 метри снег. Премиерката Санае Такаичи денеска одржа итен состанок на кабинетот, барајќи од министрите да сторат ...

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ги отфрли обвинувањата дека Владата дејствувала неуставно при организацијата на приемот на бронзените хрватски ракометари во Загреб, на кој ќе настапи контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон. Пленковиќ рече дека Владата постапила во согласност со Уставот и законите, и ги обвини партиите од левицата за „идеолошки и ексклузивен пристап“. Тој појасни дека Владата презела организација на приемот ...

Директорката на УЈП, Елена Петрова, по денешната средба во Сојузот на стопански комори, појасни дека оданочувањето на доходите на граѓаните кои работеле во странство е законска обврска уште од 2020 година и не станува збор за ретроактивно оданочување. Петрова истакна дека многумина се соочуваат со потешкотии при обезбедување докази за платен данок во странство, па УЈП воведува мерки за олеснување на процесот, вклучувајќи прифаќање на сите ...

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, во гостување на емисијата „Став на регионот“ на регионалната телевизија Нјузмакс Балканс (Newsmax Balkans) јасно порача дека Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски одржливи решенија. – Како Влада остануваме ...

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, вечерва истакна дека зголемувањето на минималната плата е прашање што треба да го решат работниците и работодавачите, а Владата ќе го прифати нивниот договор. „-Нека седнат да се договрат меѓусебе колку можат да носат товар работодавачите, зашто тие треба да ги исплатат платите. Кажете ми каде во светот државата ги покрива платите на приватниот сектор? Владата може да ги покрива ...

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во декември лани, пак, споредено со декември 2024 година, нивниот број е намален за 2,8 проценти. Бројот на работниците во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6 проценти, ...

Поради магла намалена е видливоста до 50 метри на планинскиот премин Плетвар. Од претпријатието „Македонијапат“ информират дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловоз, а слаби врнежи од снег има на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир со задржување на коловоз. Сите патни правци во државата се проодни, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни ...

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против А.Ј., полициски службеник во ПС ОН Ѓорче Петров, поради сомнение за оддавање на службена тајна, според член 360 од Кривичниот законик. На 20.12.2025, управител на угостителски објект пријавил кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“. Полицискиот службеник доби видео запис од безбедносни камери во врска со пријавата и преку „Инстаграм“ го направи достапен ...

Претседателот на Турска демократска партија, Зулфикар Зејнула, денеска оствари официјална средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на која беа отворени повеќе клучни прашања од интерес за турската заедница во земјава. Како што информира Зејнула преку објава на социјалните мрежи, на средбата било разговарано за повторно актуелизираните намери за носење Изборен закон со една изборна единица. ...

Во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма повторно беше отворено прашањето за контроверзниот проект за извоз на мозочно ткиво од починати пациенти од Македонија во Соединетите Американски Држави, проект поврзан со името на професорот Горазд Росоклија, долгогодишен медицински експерт на Универзитет Колумбија. Професорот Росоклија, специјалист по неврологија, невропатологија и психијатрија, дипломиран на Медицинскиот факултет во Скопје, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 9 степени. Според УХМР, од среда времето ќе биде променливо ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 60 метри поради магла има на патниот има на правец Гевгелија – граничен премин Богородица. -Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија. АМСМ ...

Министри од шесте земји од Западниот Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе одржат состанок во онлајн формат посветен на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од регионот при патување и престој во Шенген зоната. Според најавите, на состанокот ќе присуствуваа министри за внатрешни работи, за транспорт и за европски прашања од земјите од Западниот Балкан и претставници на генералните директорати на Европската ...

Метео анализа на Славчо Попоски: На врнежите во Македонија им нема никаков крај, тоа значи дека кај нас и понатаму продолжува многу променливото време со чести врнежи од дожд и снег на планините а повремено врнежите во следниот период повторно ќе бидат многу обилни и поројни па така до крајот на седмицава во Македонија повторно постои опасност од нови излевања на реките и нови поплавувања. Територијата на Македонија до крајот на седмицава ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата на САД во областа на сајбер безбедноста и управуваат со повеќе FFRDC центри (Federally Funded Research and Development Centers). На средбата се разговараше за теми од клучно значење за современата ...

Млад човек е во животна опасност на скопската Клиника за инфективни болести. Семејството, пријателите и роднините се организираат на социјалните мрежи бидејќи е потребна крв од ретката крва група 0- Од семејството упатуваат апел сите што се во можност да донираат крв да го сторат тоа со назнака за Виктор Димов. Подетални информации можат да добијат на телефонскиот број 071 297 987 Млад човек е во животна опасност на скопската Клиника ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка -5 степени, во Крива Паланка се измерени -4, во Скопје-Петровец -3. Над нулата е само во Гевгелија со два степена, информира УХМР. На Попова Шапка има и најмногу снег 34 сантиметри, во Крушево снежната покривка е 18, а во Маврови Анови 11 сантиметри. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
9.77
58%
1008
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
93%
1004
weather icon

Софија

8ᴼ / 3ᴼ
3.09
81%
1014
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.78
91%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
97%
1003
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.2
70%
1015
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
45%
1006
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1006
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
81%
1016
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
97%
1008
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
66%
1018
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Бакар

12.10

Сребро

3663.67

Калај

49.78

Паладиум

56617.46

Алуминиум

3.06

Платина

83354.78

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Злато

159322.70

Цинк

3.37

Иридиум

221848.72