Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Иако пешкирите немаат јасно дефиниран рок на траење, експертите предупредуваат дека со текот на времето ја губат апсорпцијата и стануваат погодна средина за бактерии, особено ако остануваат влажни подолго време. Општата препорака е бањарки да се менуваат на секои две до три години, додека поквалитетните материјали можат да траат и до пет години со правилна нега. Пешкирите за раце, кои се користат и перат почесто, најчесто треба да се ...
Непријатните мириси во домот често не доаѓаат однадвор, туку се резултат на секојдневни навики на кои ретко им обрнуваме внимание. Оставањето валкани садови во мијалникот подолго време создава идеални услови за развој на бактерии и брзо ширење на непријатни мириси во кујната. Истото важи и за готвењето без соодветна вентилација – мирисите од храната лесно се задржуваат на ѕидовите, мебелот и ткаенините. Чест проблем се и влажните пешкири. ...
Месечината во Девица денеска, 3 февруари, носи прилика за искрена и подлабока љубов. Три хороскопски знаци ќе почувствуваат особена среќа и блискост со партнерите. Близнаци Љубовта за вас се манифестира преку доследност и автентичност. Денес е идеален момент за важни разговори и за тоа да се покаже вистинската емоционална реалност. Подлабоките врски се привлекуваат кога ќе дозволите да ве запознаат под површината. Девица Со Месечината во ...
Популарните смирувачки звуци, познати како „розов шум“, како дожд, бранови или ветер, всушност може да го намалат квалитетот на сонот, покажува студија на Универзитетот во Пенсилванија. Истражувањето спроведено на 25 млади возрасни покажало дека умереното изложување на „розов шум“ го скратува длабокиот сон за просечно 19 минути фазата важна за меморијата, емоционалната регулација и развојот на мозокот. Експертите предупредуваат дека ...
Битолската премиера на филмот „Приказна за Силјан“ ќе се одржи утре во Големата сала на НУ Центар за култура – Битола, со почеток во 19:30 часот. На премиерната проекција ќе присуствуваат и дел од филмската екипа – Тамара Котевска, Мартин Иванов и Јорданчо Петковски. По проекцијата е предвидена и дискусија со авторите, при што публиката ќе има можност да поставува прашања. Филмот ќе се прикажува и во наредните денови според следниот ...
По извршените стручни анализи, донесена е одлука двете недовршени згради во близина на кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да му припаднат на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). За Факултетот за физичка култура ќе се реализира доградба на објектот што веќе го користи кај ДИФ. Експертската комисија утврдила дека објектите се конструктивно стабилни, но не ги исполнуваат просторните и ...
Скопје ќе добие 100 нови, модерни и целосно еколошки автобуси. Со одлука на Владата, ова е чекор што ќе го промени секојдневниот живот на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, истакна скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Со голема одговорност ви ја објавувам веста што ќе значи нов почеток за нашиот град. Како што нагласи премиерот Христијан Мицкоски, Градот Скопјe ќе добие 100 автобуси и 50 полначи. Ова значи безбеден, ...
23 – годишна странска државјанка во Русија ги фрлила своите бебиња од тераса на 16 – кат. Потоа скокнала и сама, извршувајќи самоубиство. Како што соопшти Истражниот комитет на Русија, децата за чудо го преживеале падот од огромната височина благодарение на брзата и квалификувана медицинска помош која им била укажана на лице место. Мајката починала веднаш, додека лекарите во моментов се борат за стабилизирање на состојбата на бебињата. ...
Марк Руте генералниот секретар на НАТО испрати силна порака до Украина за време на неговата посета во Киев. Тој вели дека е уверен дека сојузниците ќе ги обезбедат потребните 15,5 милијарди долари за програмата PURL, преку која Украина набавува софистицирано оружје од САД. „Апсолутно сум уверен дека парите ќе се најдат бидејќи сите знаеме дека ова е клучно“, истакна Руте. Сепак, тој отворено го посочи проблемот со „нееднаквата распределба ...
Вработен во министерството за национална одбрана во Полска е приведен под сомнение дека соработувал со руските и белоруските разузнавачки служби. Според полските медиуми, осомничениот бил приведен од работното место. Тој имал позиција на средно ниво во Одделот за стратегија и планирање на одбраната. Приведувањето е реализирано по долга истрага на полската Воено контраразузнавачка служба. Приведениот (60) во полското Министерство за ...
Поради обилните врнежи од снег, летовите на аеродромот во Франкфурт беа суспендирани повеќе од еден час. Околу 15 часот немаше ни полетувања ни слетувања поради насобраниот снег на пистите. Според податоците на Fraport AG, најмалку 67 од вкупно 922 закажани летови за тој ден беа откажани, додека десетина авиони беа пренасочени кон аеродромот во Штутгарт. Пистите беа повторно отворени околу 16:15 часот, но Фрапорт предупреди дека сè уште ...
Шпанија ќе забрани употреба на социјални мрежи за малолетни лица под 16 години. Платформите ќе воведат системи за проверка на возраста. „Нашите деца се изложени на простор каде што никогаш не требало да се движат сами. Повеќе нема да го прифатиме тоа. Ќе ги заштитиме од дигиталниот див запад“, рече премиерот на Шпанија. Австралија во декември стана првата земја која воведе слична забрана за деца под 16 години, а други земји како Велика ...
Повеќе од 1.100 станбени згради во Киев и околината останаа без греење по руски напад врз енергетската инфраструктура, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Нападот се случува во услови на екстремен студ, при што температурите се движат од минус девет, а се очекува да паднат и до минус 17 степени Целзиусови. Според Кличко, оштетен е градскиот систем за централно греење, што сериозно ги погодува жителите на украинската престолнина. ...
Грција е чекор до воведување забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години, додека Шпанија најави слична мерка за лица под 16 години, со поостар пристап кон одговорноста на онлајн платформите, јавуваат светските агенции. Во Португалија, во парламентот веќе е поднесен предлог-закон со кој би се ограничил пристапот до социјалните мрежи за лица под 16 години без родителска согласност. Овие иницијативи се дел од поширокиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон и венецуелското раководство се сложуваат многу добро и дека приближно 50 милиони барели венецуелска нафта се на пат кон Хјустон, Тексас. На прашањето на новинарите во Овалната соба дали планира да соработува со колумбискиот претседател Густаво Петро за борба против терористичките организации во Венецуела, Трамп рече дека ќе го стори тоа затоа што тоа е она што тие го сакаат. „Се ...
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека е јасно кој ќе ја добие војната во Украина и дека е сосема непотребно Европската Унија, како што рече, да „го продолжува убивањето“ со испраќање милијарди евра и оружје во Киев. По средбата со тајландскиот министер за надворешни работи Сихасак Фуангкетке, Сијарто истакна дека Тајланд е еден од клучните партнери на Унгарија во Југоисточна Азија и нагласи дека двете земји го ...
Албанскиот претседател Бајрам Бегај истакна дека Албанија е пример на верска хармонија, наследени од нивните предци како дел од скапоценото богатство на нивната земја. Бегај денеска беше домаќин на претставници на Центарот за меѓуверска соработка, организација составена од свештеници од пет верски заедници, муслиманска, православна, бекташка, католичка и заедницата на евангелистичкото братство, кои се признати со Уставот на земјата. На ...
Здравко Чолиќ и неговото семејство се во добра здравствена состојба. Тие чекаат полициски извештај по бомбата која што беше фрлена врз нивната куќа. Чолиќ нагласи дека во моментов е надвор од Србија -Јас сум во Загреб, каде што ги завршувам последните песни за новиот албум. Сè е во ред во Белград, фала му на бога што сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во текстовите на медиумите беа ...
Забрана за увоз на овци и кози од Македонија воведе косовската агенција за храна и ветеринарство. Забраната е воведена како резултат на заразно заболување на ситниот добиток во регионот на Липково. Од Агенцијата информираат дека одлуката е заснована на официјални извештаи од ADIS и Светската организација за здравје на животните (WOAH), со кои е потврдена присутност на болеста кај овците и козите во овој дел од земјата. Забраната не се ...
ЕК закажа нов состанок за втората недела од февруари каде ќе биде презентирано решение за проблемотт со професионалните возачи во патниот сообраќај во западен балкан. „Поради итност на ситуацијата и протестите што се случија, Европската комисија закажува состанок на работната група за втората недела од февруари, на кој ќе се даде предлог за привремено решение. Покрај државниот претставник, во работната група ќе бидат вклучени и по еден ...
Според податоците на онлајн-платформата „Нумбео“, Приштина е најевтината европска престолнина кога се во прашање трошоците за живот, кириите, храната и цените во рестораните, пренесува Радио Слободна Европа. И покрај ниските трошоци, куповната моќ во градот е меѓу најниските во Европа. По Приштина следуваат Атина, Скопје, Белград, Лисабон, Киев, Кишињев и Тирана. Според „Нумбео“, индексот на трошоци за живот во Њујорк е 100, додека во ...
На граничнот премин „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар, албанската полиција уапсила македонски државјанин, кој откако одбил да биде контролиран, се обидел да избега, загрозувајќи ги животите на полицајците. „Вчера околу 17:20 часот, лицето Г.К. (42) жител на Република Северна Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“, бил замолен да премине на втората линија за детална проверка, заедно ...
Најмалку 15 лица го загубија животот, а 24 се повредени во тешка поморска несреќа што се случи во близина на грчкиот остров Хиос, соопштија грчките власти. Меѓу повредените има 11 деца, како и двајца припадници на грчката крајбрежна служба. Потрагата по евентуални исчезнати лица продолжува и денеска. Според официјалните информации, од морето биле извлечени телата на 14 мигранти, додека една жена починала подоцна во болница како последица ...
Годишната инфлација во Турција во јануари изнесува 30,65 проценти, што претставува благо намалување во однос на декември и четврти последователен месечен пад, покажуваат официјалните податоци на Турскиот институт за статистика. Според анализите, станува збор за најниско годишно зголемување на потрошувачките цени од ноември 2021 година, а трендот на опаѓање трае речиси две години, со краток прекин во еден месец. Најголем раст на цените во ...
Министерството за здравство информираше дека немаат директни надлежности во спроведувањето на научно – истражувачка дејност во врска со научната студија за мозочни примерови меѓу институтот за судска медицина и МАНУ. – Од Медицинскиот факултет сме информирани дека научно-истражувачката работа што е поврзана со биолошки материјал што во себе содржи генетски карактеристики е предмет на ригорозно нормативно регулирање, како што е Закон за ...
Околу 200 граѓани од ромска националност денеска го блокираа патот Ресен–Битола, кај месноста позната како Ромска населба, во знак на протест поради измените во Законот за сообраќај и одземањето на неколку моторни возила. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Сообраќајот на оваа делница е целосно прекинат, откако демонстрантите запалија повеќе гуми и ги поставија на коловозот. На местото на настанот ...
Македонски државјанин бил уапсен од албанската полиција на граничниот премин ,,Блато”. Одбил да биде контролиран, па се обидел да избега со што го загрозил животот на полицајците. „Вчера околу 17:20 часот, лицето Г.К. (42) жител на Република Северна Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“, бил замолен да премине на втората линија за детална проверка, заедно со возилото. Тој го одбил барањето на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на ...
Попладнево се одржаа два одделни протести во различни делови од земјава, кои предизвикаа нарушувања на јавниот ред и сериозни проблеми во сообраќајот. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Во кочанската населба Трајаново Трло, во Кочани, граѓани излегоа на протест поради новиот закон за одземање возила управувани без возачка дозвола. За време на собирот беа запалени гуми на улицата „Цветан Димов“, ...
Проф. д-р Оливер Зафировски упати апел до граѓаните да се откажат од пушењето, посочувајќи дека бројот на пушачи во земјава останува висок, а особено загрижува фактот што децата сè почесто почнуваат да пушат на многу рана возраст. Според неговите сознанија, првиот контакт со тутун кај дел од младите се случува уште меѓу 12 и 14 години, што сериозно го зголемува ризикот од развој на никотинска зависност и трајни здравствени последици. Како ...