Од Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин оддадоа почит и испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите. Со една од групите на велосипед беше кочанскиот градоначалник Влатко Грозданов. Од Паркот на ...

Деветнаесетгодишниот Италијанец, Кими Антонели ја освои Големата награда на Кина. Возачот на Мерцедес, утрово во Шангај ја оствари својата прва победа во шампионатот во Формула 1. Неговиот колега од Мерцедес, Џорџ Расел заврши втор, додека возачот на Ферари, Луис Хамилтон го освои третото место. Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри се откажаа од трката уште пред стартот, додека четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен ...

Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Шпанецот Карлос Алкараз во полуфиналето на турнирот Индијан Велс. Мечот траеше 1 час и 38 минути игра и заврши со резултат 6:3 и 7:6 (7:3). Триесетгодишниот Русин (рангиран 11-ти во светот) сервираше четири аса, не направи двојна грешка и реализираше две од две брејк топки. Од друга страна, првиот светски рекет, 22-годишниот Алкараз, сервираше два аса, направи две двојни грешки и реализираше една ...

Шкендија од Тетово ја продолжува борбата за шампионската титула во домашниот фудбал, откако пред своите навивачи забележа минимална, но исклучително важна победа против соседите од Арсими со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Ибрахими во 17. минута. По оваа победа, Шкендија останува во трката за шампионската титула и се наоѓа на –3 бода зад Вардар, додека Арсими е позициониран на 8. место со 26 бодови. ...

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави откажување на Финалисима 2026. Натпреварот меѓу победниците на Европското првенство и Копа Америка во 2026 година е откажан поради неможноста да се договори датум и место. Средбата Аргентина – Шпанија првично беше закажана да се одржи во Катар, но беше одложена поради ескалацијата на воениот конфликт на Блискиот Исток. Според УЕФА, Аргентина ја отфрли опцијата натпреварот да се одржи на ...

„Дваесет и четиричасовниот пост во последните години стана популарен здравствен тренд, особено во форма на повремен пост, кој многумина го практикуваат со цел да ослабат, да го подобрат метаболизмот или едноставно да воспостават поголема контрола врз своите навики во исхраната“, пренесува онлајн порталот Индекс. Симулација објавена на Јутјуб прикажува како телото во текот на 24 часа постепено ги менува изворите на енергија и се адаптира ...

Денешниот ден носи различни енергии за сите хороскопски знаци. Кај некои ќе се појават нови можности на работното место, кај други ќе се отворат прашања во љубовните односи, а дел од знаците ќе почувствуваат потреба за одмор и грижа за здравјето. Погледнете што ви носат ѕвездите на полето на работата, љубовта и здравјето. Овен Работа: Денес може да се појави можност за нов проект или задача која ќе бара брза реакција. Ќе имате доволно ...

Во тек е широка акција за темелно чистење на коритото на реката Вардар на територијата на Скопје, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на социјалните мрежи. „Во тек е широка и координирана акција за темелно чистење на коритото на реката Вардар, симболот на нашето убаво Скопје. Ова е чекор кој со години недостасуваше за нашето најпрепознатливо природно обележје“, наведува Ѓорѓиевски. Акцијата опфаќа ...

Поради планирана интервенција во водоводната мрежа, утре, без вода ќе останат дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата Железничка 66. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности. Поради планирана интервенција во ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа утре без електрична енергија ќе останат: – од 08:30 до 12:30 часот, корисниците на Ул.1506 Скупи и дел од ул. Никола Карев 9 кај река Лепенец и Стоп Енд Го (општина Карпош), – од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. 31 Волково (општина Ѓорче Петров). Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа утре ...

Француските избирачи денеска излегуваат на гласачките места на локални избори кои се сметаат за последен голем тест за политичкото расположение пред претседателските избори следната година, јави ДПА. Речиси 49 милиони луѓе имаат право да учествуваат во првиот круг од општинските избори, што ќе одреди илјадници локални советници, кои, пак, ќе избираат градоначалници во своите заедници. Во трките каде што нема да се постигне апсолутно ...

Воената база Али ал Салем во Кувајт, каде се стационирани припадници на американската и италијанската армија утрово беше нападната од ирански дрон. Беспилотното летало погоди магацин и уништи дрон на италијанските воздушни сили. Министерството за одбрана на Италија соопшти дека во нападот нема повредени војници. – Нема никаков ризик ниту проблем за нашите војници. Кувајт е иранска воена мета поради присутноста на американски бази. Нема да ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ги обвини европските сојузници дека го уценуваат Киев за повторно да го отвори нафтоводот Дружба, преку кој се транспортира руска нафта во Унгарија и во Словачка. Киев тврди дека нафтоводот Дружба, што поминува низ Украина, е оштетен при руски напад во јануари и уште не е поправен. – Повторното доставување руска нафта преку Украина во Европска Унија е еднакво на укинување на економските ...

Четири члена на палестинско семејство, вклучувајќи две деца, беа убиени кога израелските војници отворија оган врз нивното возило на север од окупираниот Западен Брег, објави денеска палестинското Министерство за здравство, пренесе ДПА. Министерството соопшти дека меѓу жртвите се 37-годишниот татко, неговата 35-годишна сопруга и две деца на возраст од пет и седум години. Две други деца се повредени. Неколку членови на семејството ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за „Фајненшл тајмс“ истакна дека преговорите за Украина се на пауза бидејќи САД имаат други приоритети поврзани со конфликтот на Блиски Исток. – Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо, изјави Песков. Тој оцени дека европските држави прават грешка со тоа што го охрабруваат Киев да продолжи со воените дејствија против Москва. – За жал, ...

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, наводно бил префрлен во Москва со руски воен авион во строго тајна операција, поради неговата здравствена и безбедносна состојба. Според пишувањето на британскиот весник The Sun, Хамнеи бил однесен во Москва на операција на ногата, откако наводно претрпел сериозни повреди за време на воздушни напади. Медиумот наведува дека повредите, според неофицијални информации, биле последица на напади ...

Пет ракети денеска го погодија реонот околу меѓународниот аеродром во Багдад. Засега не е познато кој ги истрелал проектилите. Една ракета го погодил објектот за воздушна навигација во цивилниот дел на аеродромот, а четири ракети паднале врз Центарот за дипломатска поддршка во Багдад, што го користи Амбасадата на САД во Ирак. Од почетокот на американско-израелските напади врз Иран, во Ирак често мета се објекти поврзани со САД, ...

Портпаролот на израелската армија, Ефи Дефрин денеска изјави дека Израел планира да ги продолжи нападите врз Иран најмалку уште три недели. – Подготвени сме, во координација со нашиот американски сојузник, а нашите планови се најмалку до Пасха, за околу три недели. Исто така имаме детални планови за следните три седмици, посочи Дефрин. Toj додаде дека Израел сака да ги постигне своите цели, во голема мера да го ослаби иранскиот режим. ...

Повеќе од 3.000 луѓе се убиени во израелско-американските напади врз Иран, при што е потврдено дека има повеќе убиени цивили отколку воен персонал, според најновите бројки од американската мрежа за човекови права – HRANA. Меѓу загинатите има најмалку 1.319 цивили, вклучувајќи 206 деца, објави активистичката група HRANA, која ги доби податоците од активистичка мрежа во Иран, повикувајќи се на извештаи од здравствениот сектор, службите за ...

Доналд Трамп упати остро предупредување до НАТО, велејќи дека алијансата се соочува со „многу лоша“ иднина ако американските сојузници не помогнат во деблокирањето на Ормутскиот теснец. Во интервју објавено во неделата, американскиот претседател директно ги повика европските земји да се приклучат на неговите воени напори во Иран и најави дека може да го одложи самитот со кинескиот претседател Си Џинпинг додека не добие помош од Пекинг, ...

Министерството за надворешни работи на Кина изрази загриженост поради напнатата ситуација во Ормутскиот теснец по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Пекинг да испрати свои бродови за да го обезбедат клучниот воден пат. Реакцијата дојде само неколку часа по повикот на Трамп. Портпаролот на министерството Лин Џиан ја опиша ситуацијата како „напната“ и штетна за глобалната стабилност. „Кина уште еднаш ги повикува сите ...

Израелските воздухопловни сили извршиле целен напад во текот на ноќта, уништувајќи го авионот што го користел врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, на аеродромот Мехрабад во Техеран, изјави портпарол на Израелските одбранбени сили. Израелските одбранбени сили изјавија дека авионот го користеле Хамнеи, високи ирански функционери и воен персонал за операции за набавки и управување со односите со сојузничките држави, објавија регионалните ...

Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ коментираше за новото вооружување на Србија. „Набавка на ракети? Тоа е нивна суверена одлука. Морам да признаам дека не знам што сакаат да постигнат со овој вид вооружување. Трошат многу. Господ знае од каде доаѓаат сите овие средства и дали сè е платено.“ „Факт е дека Кина им продаде нешто. Зошто Србија го прави ова – до одреден степен разбирам дека сакаат да имаат силна одбранбена ...

Со приближувањето на летната туристичка сезона, хотелите на црногорското приморје повторно се соочуваат со истиот проблем – недостиг на работна сила. Во Будва, еден од најважните туристички центри на Јадранот, работодавците веќе почнаа интензивна потрага по сезонски работници, но интересот од домашното население е сè помал, што ги принудува компаниите да бараат кадар во странство. Најголемата хотелска компанија во Црна Гора, хотелската ...

Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер го погоди Источниот Медитеран утрово, соопштија сеизмичките служби за мониторинг. Земјотресот се случил во 08:46 часот наутро по локално време (GMT+2) и бил лоциран на околу 169 км јужно од Ираклион, голем град на грчкиот остров Крит, објави GFZ . Според прелиминарните сеизмички податоци, земјотресот имал релативно мала длабочина од околу 12 км, што често може да ги зголеми шансите тресењето да ...

Во текот на изминатото деноноќие на подрачја на повеќе градови во државата евидентирани се седум пријави за семејно насилство, при што три лица се лишени од слобода. На 14.03.2026 година, во село во струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 34-годишен жител и 29-годишна жителка на селото. Претходно, 29-годишната жена пријавила дека во нивниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг, додека подоцна и сопругот ...

На 14.03.2026г во 23:00 часот во СВР Скопје И.Т.(37) од Скопје пријави дека околу 19:00 часот на подрачјето на Центар во подземна гаража од зграда тој и неговата сопруга биле пресретнати од четири лица од кои едниот бил вооружен со огнено оружје и тројца од нив физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР. На 14.03.2026г во 23:00 часот во СВР Скопје И.Т.(37) од Скопје ...

На 15.03.2026 година во 03.48 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат 1105, пред Граничен премин „Дојран” патничко возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(55) од Нов Дојран, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредите биле констатирани во Медицински центар Гевгелија. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...

Кочани денеска се заблагодари на лекарите, медицински тимови од земјата и странство, волонтери, хумани луѓе, амбасадите во земјата, државните институции и на министерствата кои учествуваа во спасување и хоспитализација на повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, кој се случи пред една година. Градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов во емотивниот говор на денешниот централен настан во рамките на одбележување на ...

Македонската Амбасада во Обединетите Арапски Емирати ги известува сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје. -Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
49%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
61%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.75
79%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.45
65%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
69%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
81%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
54%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Родиум

353658.21

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Бакар

10.65

Кобалт

3.86

Калај

43.91

Рутениум

56199.51

Паладиум

44753.84

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Платина

61858.04

Иридиум

258288.78