Притвор од 72 часа за српски и македонски државјанин кои се осомничени за серија тешки кражби во Подгорица. Мерката ја одреди основното државно обвинителство во Подгорица за сомнеж дека овие лица краделе во угостителски,комерцијални и други деловни објекти во Подгорица. Според обвинителството, Е.Х. влегувал во објектите и земал пари, додека Б.С. ја обезбедувал околината. По кражбите, двајцата ја делеле противправно стекнатата имотна корист. ...

Илјадници луѓе синоќа се собраа во Софија и во неколку други градови протестирајќи против буџетскиот план за 2026 година, првиот изготвен во евра пред земјата-членка на Европската унија да ја усвои заедничката валута на 1 јануари. Според бугарските медиуми, организатори на протестот биле од „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), а причината била одбивањето на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, да го повлече од парламентот ...

На 30.11.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе. При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на алкохол. ...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Делчево поради „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против С.С. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“. Пријавениот, во ...

Управата за јавни приходи создаде водич за пријавување и одданочување на доходи од странство. Физичките лица, резиденти на државата, кои остваруваат доход од странство имаат обврска да го пријават преку системот е-Даночни услуги. Обврска за пријавување на доходот имаа сите физички лица кои оствариле приливи од странство по основ на доход од работа (плата, хонорари, интелектуални услуги, фриленс), доход од закуп (вклучително и преку платформи ...

Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) спроведоа вонредна контрола во девет основни училишта во општина Карпош на 27 ноември 2025 година. Од секое училиште беа земени мостри од храна и брисеви од работните површини во кујните. Анализите покажаа дека во повеќето примероци не се пронајдени патогени бактерии. Сепак, во едно од училиштата беа откриени ентеробактерии на две површини, што укажува на недоволна ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека, покрај формалната, потребна е реална заштита на жените од насилство, на јавната расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција. Таа истакна дека извештајот на Државниот завод за ревизија открива системски недостатоци и препорача итно донесување на Националната стратегија 2026–2033, проширување на мрежата на засолништа, обезбедување долгорочна финансиска поддршка, воведување ...

Пејачката Џејла Рамовиќ се огласи по инцидентот во Кичево, каде што беше приведена заедно со нејзиниот бенд поради наводен настап без работна дозвола, и објави дека веќе во петок се враќа во Скопје на нов настап. Рамовиќ во својата изјава тврди дека целата документација за настапот била уредна и дека проблемот настанал по вина на организаторот, поради што полицијата ја прекинала вечерта неколку минути пред крајот. Таа им се извини на ...

Иако попладнево од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши информираа дека до Собранието е пристигнат предлогот за новите министри од ВРЕДИ, сепак како што дознава 24Инфо тој не е пристигнат до пратениците. Засега не е познато ниту кога предкогот ќе биде ставен на дневен ред за гласање во Собранието. Новите министри треба да дојдат на местото на Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и ...

Бранко Аџигогов од крајот на минатата недела повеќе не е генераен директор на Фондот за здравствено осигурување, откако се донесе одлума ФЗО да има само еден, наместо два генерални директори, објави Фактор. Во случајов, Сашо Клековски останува и натаму да раководи со Фондот како единствен генерален директор. Фондот за здравствено осогурување се враќа на стариот концепт и со него нема да раководат двајца директори, туку еден, како што најави ...

На конгресот во Кавадарци ќе бидат донесени неколку стратешки документи, со коишто ќе треба да ја моделираме иднината на партијата и нормално како најголема политичка партија во државата, тоа секако ќе има и ефект врз работењето на Владата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата ,,360 Степени“ на МТВ. Претседателот Мицкоски истакна дека ова е негов трет мандат, потсетувајќи се дека официјално ја ...

Во сабота (6 декември) во Кавадарци владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи редовен изборен конгрес. На конресот се очекува реизбор на Христијан Мицкоски за лидер на партијата, што е една од темите во интервјуто за „360 степени“ на МРТ 1. Мицкоски: Немам информација дека ќе има и втор кандидат, така што до моментот ценам дека информациите што стигнуваат се дека ќе биде само еден кандидат, односно ќе бидам кандидат јас. „360 степени“: И вие, ...

Под дејство на алкохол, возач од Куманово направил сообраќајка. Околу полноќ, во првиот ден од месец декември било пријавено во СВР Куманово дека на крстосницата од бул. ,,Октомвриска Револуција”, ул. ,,Иво Лола Рибар” и ул. ,,Ѓорче Петров” се случила несреќа помеѓу фолксваген поло со кумановски регистрации управувано од 22-годишниот Н.Т и возило фолксваген поло со штипски регистрации од 48- годишниот Д.К. Во несреќата со тешки телесни ...

Министерството за внатрешни работи набрзо ќе ги пушти во употреба новите патролни возила опремени со 360 степени камери, кои ќе служат за мобилно мерење на брзината, санкционирање на непрописно паркирање и казнување на возачи кои не пропуштаат пешаци. Според информации на 24Инфо, белите „Форд Фокус“ модели се снабдени со интегриран радарски систем, камери со висока резолуција и напреден софтвер кој во момент го лоцира и документира прекршок. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Според Управата за хидрометеоролошки работи, претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје, исто така, се очекува претежно облачно ...

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната. Денешното рочиште од судењето може да се следи во живо на МИА Youtube и на МИА Facebook На минатото рочиште Судот ги прифати приговорите на дел од бранителите дека обвинението интегрирано со листата ...

Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ во партнерство со МЦГО организира завршна конференција – „Инклузија во движење: чекори кон промена“ од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, финансиран од Детската фондација „Песталоци“. На денешната конференција предвидени се три панели: „Национални инициjативи за подобрување на инклузивноста во образованието“, „Инклузивно образование во пракса: ...

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години продолжи со одличните настапи на квалификацискиот турнир за Европското првенство на УЕФА, забележувајќи две убедливи победи. Во првото коло од групата Б5, нашите фудбалерки ја совладаа Грузија со 3-0. Емили Митковска во 32. минута го отвори резултатот, а Меланија Грозданова ја удвои предноста само пет минути по почетокот на второто полувреме. Калина Попоески во 82. минута го постави ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека по американско-украинските разговори на Флорида „има некои тешки прашања кои сè уште треба да се решат“. Тој отпатува во Европа да бара поддршка, додека специјалниот пратеник на САД заминува во Москва за да го информира Кремљ за преговорите. Разговорите во САД се одржаа во голф-одморалиштето на специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф. Зеленски денеска е во Париз на средба со ...

Американците потрошија 11,8 милијарди долари на „Црн петок“, што е пораст од 9,2% според Adobe Analytics. Од 1 до 28 ноември онлајн продажбата достигна 111,4 милијарди долари, 7,1% повеќе од лани, а за целата празнична сезона се прогнозираат над 253,4 милијарди. Мобилното купување доминира со 58,7 милијарди долари – раст од 6,8% – и 2025 година станува прва во која мобилните уреди го надминуваат десктопот, со 70% од сите посети на ...

Полицијата во Хонг Конг приведе 13 лица во рамки на истрагата за катастрофалниот пожар во станбен комплекс, во кој загинаа најмалку 151 лице, пренесува државната агенција „Ксинхуа“ повикувајќи се на локалните власти. Според извештајот, седум од 20-те земени примероци од материјалите на зградата собрани од изгорените облакодери не ги исполнувале стандардите за противпожарна отпорност. „Ксинхуа“ исто така информира дека полицијата продолжува ...

Спасувачките екипи од Индонезија, Тајланд, Малезија и Шри Ланка се обидуваат да ги расчистат патиштата и да достават хуманитарна помош до населението погодено од тропската бура што однесе повеќе од 1.000 животи во Југоисточна и Јужна Азија. Индонезија, Малезија и Тајланд беа погодени од ретка тропска бура формирана во Малачкиот Проток, која една недела предизвикуваше обилни дождови и силни ветришта. Најмалку 176 лица загинаа во Тајланд, ...

Лишено е од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник, и е спроведено во притвор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Во саботата во 18:20 часот во ОВР Кавадарци e задржан Н.Ј.(32) од Кавадарци, кој во 14:25 часот е лишен од слобода на подрачје на СВР Битола, а бил баран по централен распис од ОВР Кавадарци поради основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ казниво ...

На 30.11.2025 околу 20:00 часот во атар на село Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 15 години од Кочани. Претходно, на автопатот од наплатна рампа Романовце кон Граничен премин Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на возило „фолксваген пасат“ со делчевски регистарски ознаки, во кое се ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град” (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за снимање – се сметаат за ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија. На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти. Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни ...

Градежна механизација на компанијата „Бехтел и Енка“ додека вршела ископи го оштетила главниот цевковод на водоводната мрежа во Гостивар, поради што градот и околните населби остана без вода за пиење. Од јавното претпријатие „Комуналец“ соопштија дека се работи за голем дефект, во кој оштетни се две главни доводни цевки близу селото Здуње и засега не знаат кога ќе биде саниран дефектот. Првично, станува збор за оштетување на едната главна ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта. Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомибите а Мицкоски само го спроведува ...

Двајца малолетници од Кочани се уапсени вечерва, откако полицијата ги затекнала во обид да превезат пет мигранти во возило „Фолксваген Пасат“. Инцидентот се случил на 30 ноември околу 20:00 часот, во атарот на село Речица, Кумановско. Полицијата претходно дала знак за запирање на возилото на автопатот од Романовце кон Граничниот премин Табановце, но возилото продолжило со движење. Во возилото биле пет мигранти три од Мароко и по еден од ...

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат ниту откажан. -Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
69%
1009
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
5.66
81%
1009
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
6.82
82%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
90%
998
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1002
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1004
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
83%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
85%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Злато

135322.28

Платина

53106.37

Калај

40.11

Бакар

10.76

Алуминиум

2.89

Цинк

3.24

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Паладиум

45879.12

Никел

471972.96

Сребро

1837.41