Белград
9ᴼ /
9ᴼ
Како што информираат од полицијата, лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес. Биле во дворот од училиштето и одбиле да се легитимираат Две лица се приведени во двор на основно училиште во скопски Чаир поради непочитување наредба на овластени службени лица кога од нив било побарано да се легитимираат, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека приведени се ...
Според податоците на ДИК, до 17 часот, најмала излезеност има во Центар Жупа со 19,15 проценти, Врапчиште со 20,94 отсто, Маврово-Ростуше со 25,89 проценти, Гостивар 28,02 проценти Според податоците на Државната изборна комисија за излезеноста на локалните избори до 17 часот, во некои општини може да се забележи многу низок процент на излезеност поради што постои опасност во овие општини да не биде избран градоначалник. Имено, согласно член 132 ...
На ниво на Град Скопје, најголема излезеност има во Сарај со 48,01 отсто, Чаир со 45,66 проценти, Карпош со 42,86 отсто, Центар со 42,48 проценти и Бутел со 42,29 проценти Излезеноста на гласачите на локалните избори до 17 часот на ниво на државата е 39,87 проценти, информира Државната изборна комисија (ДИК). Процентот е изведен од обработени 3 445 избирачки места, што е 99,17 отсто од нивниот вкупен број. Од вкупно 1 832 415 запишани избирачи ...
Според него, наместо бесконечно да испраќа оружје во Украина, Вашингтон мора да се грижи за сопствената безбедност и приоритети Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека решението за украинскиот конфликт е можно само преку политички договор што би отворил простор за економска соработка со Русија, а не преку понатамошно вооружување на Киев. Во интервју за Фокс њуз, водено од Марио Бартиморо, тој рече дека нема да ја доведе во прашање ...
Зеленски истакна дека разговарал за зајакнување на капацитетите за долг дострел со Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев подготвува нови воени дејствија на фронтовската линија и решително одговара на секој руски напад. „Денеска добив извештаи од армијата и Службата за безбедност на Украина. Ситуацијата на фронтот, особено во секторот Покровск и соседните ...
Нетанјаху се нарекува себеси единствената личност способна да ја зачува безбедноста на Израел и честопати ги истакнува своите блиски врски со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој зазеде цврст став кон Хамас и во јуни започна 12-дневна војна со Иран Бенџамин Нетанјаху, премиерот со најдолг стаж во Израел, изјави дека планира повторно да се кандидира на парламентарните избори што треба да се одржат во 2026 година. Неговиот последен мандат ...
Според нив, ова претставува „флагрантна дискриминација, ставање во нерамноправна положба и поништување на еднаквоста на избирачкото право“, што може да биде основа за поништување на изборите во општината На избирачките места во Општина Центар е констатирана изборна нерегуларност, бидејќи на избирачкиот материјал не е испечатено логото на кандидати од една независна граѓанска иницијатива. Оваа неправилност, како што соопштуваат оттаму, се ...
Во меѓувреме, како што рекоа оттаму, на избирачко место во општина Карпош е преминато на идентификација на гласачите со УВ-лампоа и спреј, бидејчи се заглавила сим-картичката во уредот за биометриска идентификација Излезеноста на гласачите на локалните избори до 15 часот на ниво на државата изнесува 31,34 отсто, информира Државната изборна комисија (ДИК). Процентот е изведен од обработени 3 444 избирачки места, што е 99,14 отсто од вкупниот ...
Од Здружението велат дека пријави стигнале од Скопје, Охрид и Тетово каде што имало попречување на работата на новинарски екипи Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) упати апел до Државната изборна комисија (ДИК) и Министерството за внатрешни работи (МВР) да обезбедат непречен пристап и услови за работа на медиумските работници на сите избирачки места откако утрово беа пријавени неколку случаи на попречување. Од Здружението велат дека ...
Како што соопшти АВМУ, одлуката е донесена врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско претставување Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) поведе прекршочни постапки против телевизиите ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од локалните избори. Како што соопшти АВМУ, одлуката е донесена врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско ...
МВР регистрирало и неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент наводите од пријавите не се потврдени Локалните избори се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава и досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на Министерството за внатрешни работи (МВР), Гоце Андреевски. Сепак, како што рече, ...
Мекачи додаде дека нивните активности се почнати подолг период пред денот на изборите, со распоредување на 24 долгорочни набљудувачи на територијата на целата држава, што го набљудуваат целокупниот процес Не е важен само денот на изборите, туку и предизборните процеси, како и оние по самиот ден на изборите. Ова денеска го изјави Матео Мекачи, шефот на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР наведувајќи, во тој контекст, дека нејзините набљудувачи ги следат сите ...
Излезеноста во Град Скопје до 13 часот, како што информираа од ДИК, изнесува 20,07 отсто Излезноста на гласачите на локалните избори до 13 часот на ниво на државата изнесува 20,17 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Процентот е изведен од обработени 3 407 избирачки места, што е 97,70 отсто од вкупниот број. Како што може да се види на веб-страницата на ДИК каде сукцесивно се објавуваат податоците, од 1 790 267запишани избирачи на ...
Во врска со погрешно испечатените гласачки ливчиња во Општина Ново Село, според Јавното обвинителство, не се утврдени елементи на кривично дело Изборниот ден на кој граѓаните избираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје досега поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на гласачкиот процес. Ова попладнево го соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија повикувајќи се на информациите добиени од ...
Од српското Министерство за внатрешни работи за РТС изјавија дека се случил директен судир на двете возила. Според неофицијални информации, по судирот, автобусот излетал од патот и удрил во електричен столб Едно лице загина, а две се повредени при судир на автобус и патничко возило на патот Чачак-Крагуевац во Србија, јавуваат српските медиуми. Несреќата се случила денеска околу 6:40 часот кај Бечањ, во Општина Чачак. Од српското Министерство за ...
Во контекст на изборите, т. е. на излегувањето на гласање, може да се зборува само за излезеност на граѓаните (по општини), а не за нивна излезност. Прочитајте зошто авторка: Љупка Евроска, лекторка Едно од главните прашања што поттикнуваат полемика меѓу луѓето што професионално се занимаваат со македонскиот јазик, во политичката и во новинарската фела – особено во периоди на избори, како актуелниов – но и меѓу корисниците на јазикот воопшто, се ...
Најголема излезеност до 11 часот има во Општина Чашка – 22,6 отсто, а најмала во Врапчиште – 2,54 проценти Излезеноста на локалните избори до 11 часот на ниво на државата изнесува 9,44 отсто од вкупно запишаните гласачи, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Како што може да се види на веб-страницата на ДИК, овој процент е изведен врз основа на обработени 3 456 избирачки места, на кои од вкупно 1 645 583 запишани гласачи своето право ...
Триесет и тригодишниот И.Л. е задржан во полициската станица во Дебар за понатамошна постапка Државјани на Република Албанија, кој се барал со меѓународна потерница, вчера попладне бил лишен од слобода на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, соопшти Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид. Како што информираат оттаму, станува збор за 33-годишно лице со иницијали И.Л. кое било уапсено на влез во државава. „На 18.10.2025 во ...
„Регистрирани се 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк што се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови“, објави МВР Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека за време на предизборниот молк, до отворањето на гласачките места, добиени се пријави за нарушување на изборниот молк. Полицијата регистрирала и објави на социјалните мрежи што се ...
Главната цел на оваа мерка, како што рече Кондарко, е да се зголеми транспарентноста и ефикасноста во работата на избирачките одбори, а со тоа да се забрза составувањето на записниците и побрзото тековно објавување на изборните резултати Државната изборна комисија (ДИК) донесе одлука со која им наложи на сите Избирачки одбори да присуствуваат во полн состав, односно петте членови и петмината заменици, на процесот на броење на гласовите по 19 ...
Станува збор за бројки и проценти добиени врз основа на податоците кои пристигнале од 76,91 отсто од избирачките места, односно од 2 672, каде се запишани вкупно 1 394 158 граѓани со право на глас, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко Според овие податоци, најголема излезеност има во Пробиштип – 6,64 проценти, а најмала во Врапчиште – 0,87 проценти Излезеноста на граѓаните на денешните локални избори до 9:15 часот изнесува точно три ...
„Тоа значи дека одлуката на Државната изборна комисија останува во сила и сите евентуални гласови за Совет на Град Скопје што би биле дадени за оваа листа, за оваа политичка партија, според нашата одлука, ќе се сметаат за неважечки“, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко Државната изборна комисија (ДИК) вчера донесе одлука за поништување на потврдена листа за членови на Советот на Град Скопје поднесена од Движењето за национално единство ...
Кондарко вели дека до овој момент, гласањето се одвива без никакви потешкотии и проблеми Гласањето на две избирачки места, едно во Куманово и едно во Штип, се одвива без користење на уредите за биометриска идентификација поради објективни и технички причини, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, на денешната прес-конференција. Во Куманово, на избирачкото место број 1133 со 12 запишани гласачи, гласањето ...
Конечните резултати од изборите Државната изборна комисија ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. Овие резултати, ДИК ги објавува за секоја општина одделно Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, додека оние врз основа на податоците од записниците на оптинските комисии ДИК треба да ги соопшти ...
Тошковски беше прашан и за зголеменото присуство на полиција во Крива Паланка и дали е тоа затоа што постои некаков ризик, на што одговори дека и на територија на СВР Скопје има активирано полициски службеници од Единицата за брзо распоредување. Такви екипи, рече Тошковски, има распоредено и на останатите Сектори за внатрешни работи и оти не може да се издвои Општина Крива Паланка од која било друга општина Министерството за внатрешни работи ...
Првите согледувања за текот на гласањето и за излезеноста Државната изборна комисија најави дека ќе ги објави на прес-конференција во 9:30 часот Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање на локалните избори што денеска се одржуваат во земјава се одвива без проблеми, соопшти утрово Државната изборна комисија (ДИК), пренесе МИА. Гласачките места беа отворени во 7 часот, а граѓаните кои имаат право на глас ќе можат да го ...
Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите надлежни институции За време на денешниот прв круг од локалните избори граѓаните ќе можат да пријават било каква повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800-54321 која за таа намена е отворена во канцеларијата на Народниот правобранител. Телефонскиот број ...
Конечните резултати од изборите Државната изборна комисија ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. Овие резултати, ДИК ги објавува за секоја општина одделно Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, додека оние врз основа на податоците од записниците на оптинските комисии ДИК треба да ги соопшти ...
Првичните резултати од локалните избори, Државната изборна комисија има обврска да ги соопшти во рок од 12 часа по затворањето на гласачките места Во 7 часот изутринава започна гласањето на осмите локални избори, а од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека се отворени сите избирачки места. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани, кои до 19 часот можат да го искористат своето право на глас на вкупно 3 474 избирачки места низ земјата. На ...
За кандидат за градоначалник да биде избран во првиот круг, тој мора да добие мнозинство гласови од гласачите кои гласале, но само доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список за соодветната општина Во Република Северна Македонија денеска се одржуваат осмите локални избори, четврти по ред на кои граѓаните избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Гласањето ...