Белград
9ᴼ /
7ᴼ
Глобалниот пазар на кафе поминува низ нестабилен период обележан со комбинација од климатски, економски и логистички притисоци. Аналитичарите очекуваат најголеми прекини во снабдувањето во последните десет години. Меѓународната организација за кафе (ICO) oснована е во 1963 година во Лондон под покровителство на Обединетите нации поради економската важност на кафето. Таа го администрира Меѓународниот договор за кафе, кој е важен инструмент за ...
Судот смета дека не се контрадикторни вештачењата на одбраната и Обвинителството за психичката состојба на обвинетиот Раде Трајковски Штикли и ги одби наводите на одбраната дека тој не е способен да го следи судењето на главна расправа за случајот за трговија со дрога „Штекли“. Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, пред почетокот на денешното рочиште информираше дека се одбива приговорот на одбраната дека обвинениетиот не е ...
Доктор Јован Божиновски е именуван за нов вд директор на Универзитетската клиника за неврологија, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу. Назначувањето следи по разрешувањето на проф. д-р Игор Кузмановски. Тој беше разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство по објавувањето на компромитирачкото видео на социјалните мрежи. – Во врска со објавениот видеоматеријал на 10 октомври со компромитирачка ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73 денари за литар, ...
Кабинетот на францускиот претседател го објави составот на новата влада, предводена од стариот-нов премиер Себастиен Лекорни, во која за министер за финансии е именуван Ролан Лескјур, близок сојузник на претседателот Емануел Макрон. Владата на Лекорни претходно траеше само 14 часа. Лескјур го презема Министерството за финансии во момент кога владата е под огромен притисок да го протурка буџетот за 2025 година низ длабоко поделениот парламент. ...
Меџити знаеше дека имам потврдено две дебати за следните денови, па сега се обидува да создаде конфузија и да изгледа како да го избегнувам. Ова попладнево во објава на Фејсбук го напиша кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, откако неговиот противкандидат Изет Меџити од ВЛЕН го обвини дека одбил да прифати телевизиски дуел и да се соочи со него. Во своја одбрана, Османи вели дека неговиот противник Меџити петпати ...
Во отсуство на идеи и визија, ЗНАМ и Никола Мемов тргнаа во брутална црна кампања – толку очајна, што дури и чистењето на ѓубрето им пречи, се наведува во соопштението од СДСМ. Во текстот се додава: ЗНАМ и Мемов сега ги напаѓаат акциите за чистење на депониите и уредување на јавниот простор во Центар, нешто што директно ги подобрува условите за живот на сите граѓани. Најновата лага од нивната кујна е дека чистењето на дивата депонија во Крњево ...
Заев и Филипче беа тие кои дозволуваа преку РЕК и ЕСМ, ним омилената фирма Марковски компани да добива тендери со големи суми, а за возврат се богатеа и полнеа џебови од парите на граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: Дека има голем број на сомнителни тендери, говори и фактот што Марковски компани, за сличен тендер, една година земал околу 1500 денари саатница, додека пак другата година – 4000 денари. Сето ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на владејачката ВЛЕН, Изет Меџити, денеска во објава на Фејсбук соопшти дека ја прифатил поканата за телевизиски дуел со неговиот противкандидат од ДУИ, Бујар Османи. Но, како што вели, Османи не се одѕвал на повикот и ја одбил поканата. Меџити, сепак, го повика Османи на соочување, додавајќи дека граѓаните заслужуваат вистинска дебата. Демократијата, додава тој, значи да се соочиш пред ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го дочека Казахстан во натпревар од огромна важност во квалификациите за следниот Мундијал. Победата е императив, а ова ќе биде последен натпревар во Скопје и се очекува солидна поддршка од трибините. За натпреварот важеа истите цени како во цел циклус, па билетите се продаваа од 300 до 500 денари. Според информациите од ФФМ, до утрово се продадени речиси 17.000 билети, меѓутоа се очекува зголемување ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изјави дека топло го поздравува ослободувањето на израелските заложници држени во Газа. „Длабоко ми е олеснето што тие ја вратија својата слобода и наскоро ќе се соединат со своите најблиски по огромното страдање што го претрпеа. Го повторувам мојот повик за ослободување на останките од починатите заложници“, рече Гутереш во објава на социјалните медиуми. Гутереш ги повика сите ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска од Тирана ја почнува својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки в среда ќе допатува во Скопје. Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лајен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, ...
Европската Унија ќе ја продолжи својата мисија за набљудување на граничниот премин Газа-Египет, изјави во понеделник шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. „Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително сложено“, рече Калас во објава на социјалните мрежи. „ЕУ е подготвена да ја одигра својата улога. Во среда ќе ја продолжи својата мисија за цивилно набљудување на граничниот премин Газа-Египет.“ Today marks a rare moment of hope in ...
Најави масовно чистење на општината, формирање механизам за бескомпромисна борба против корупцијата и итно решавање на сите предмети и барања за легализации на објекти од граѓаните, се наведува во соопштението на Бујар Османи. „Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму“, рече Османи, додавајќи дека тоа е најлесната, но најважната работа која им го отежнува животот на луѓето. Османи јасно го дефинираше и вториот ...
Силни бури предизвикаа хаос низ Мексико, при што најмалку 47 лица загинаа, а 38 се водат како исчезнати во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од обилните дождови, соопштија вчера тамошните власти. Околу 260 градови, особено во планинските региони, се отсечени од надворешниот свет. Десетици илјади домови се исполнети со урнатини и кал. Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум се соочи со протести од локалното население за време ...
Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад, се наведува во сопштението на ВЛЕН. Во текстот се додава: Едниот бара „политички договор“ и се обидува да го копира Али Ахмети, кого со право треба да го праша: што се случи со писмата што ги испраќаше низ светот и каде исчезна ...
Ураганот што го погоди источниот брег на САД доведе до прогласување вонредна состојба во американската држава Њу Џерси денес, додека доцнења и откажувања на летови беа пријавени на бројни аеродроми поради поплави и силни ветрови. „Најголемото влијание на ураганот ќе биде можноста за поплави, особено во областите од североисточна Северна Каролина кон север до поголемиот дел од брегот на Њу Џерси“, рече метеорологот Боб Оравек од Националната ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија синоќа ги почна подготовките за стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година кое ќе се игра во Полска, Романија, Словачка и Турција. На стартот избраничките на Грчевски ќе одиграат два натпревари во месец октомври, прво на гостински терен против Германија во четврток, а потоа на домашен терен во Битола ќе ја пречакаат Словенија. За потсетување првите две од секоја група ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс денес изјави дека САД нема да ја финансираат реконструкцијата на Појасот Газа по двегодишната војна со Израел, туку дека најголемиот дел од трошоците ќе ги сносат земјите од Заливот. „Мислам дека ќе соработуваме со нашите партнери во земјите од Заливот. Поголемиот дел од парите ќе дојдат од нашите пријатели во регионот, а сигурен сум дека Израел ќе обезбеди дел“, изјави Венс за американската телевизиска ...
Хамас денеска го започна ослободувањето на преостанатите заложници во Газа, јавија израелските медиуми, според кои седум лица утрово биле предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Вкупно 20 заложници се очекува да бидат ослободени во текот на денот. Според медиумите, тројца од четворицата германско-израелски државјани биле ослободени во првата група. Заложниците прво ќе бидат пренесени во израелската воена база Реим, каде ќе им бидат ...
Променливо облачно време со сончеви периоди – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Облачноста ќе се намали кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 14 до 22 степени. Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека би можел да дозволи на Киев да му се испорачаат ракети со долг дострел „Томахавк“, ако Русија не ја заврши војната против Украина. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, претходно рече дека ракетите нема да претставуваат голема закана за неговата земја, но предупреди дека потегот би бил нова фаза на ескалација на односите меѓу Вашингтон и Москва. „Украина би сакала да има ракети ‘Томахавк’. ...
Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска пред граѓаните ќе продолжуваат со претставување на своите програми и кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Росоман, во Градско, Лозово и во Велес, додека СДСМ има најавено активности во Богданци, ...
По најавите на неколку Европски држави кои размислуваатза укинување на дел од државните празници, со цел да сезголеми бројот на работни денови и да се поттикнеекономски раст. Властите во Македонија велат дека во моментов нема никакви предлози за укинување на истите кај нас, а доколку има јавноста ќе биде навремено известена. „Како Влада Ве информираме дека државните празници остануваат непроменети, истите се дел од годишниот календар на ...
Од денес, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“. Блокадите ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15:15 до 16:15 часот, се додека не започне судењето. Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 март, од 26. „Марш за ангелите“ одржан денеска пред Основниот суд во Кочани, испровоцирани од тоа што, според нив, адвокати на осомничените изјавиле дека ...
Албанците се нервозни од големиот одзив на Србите на изборите на Косово, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. „Насекаде, до 10 часот, излезноста беше поголема во српските области отколку во албанските. Се надевам дека српската листа ќе победи, се надевам дека ќе можат да го вратат дел од владата во свои раце“, изјави Вучиќ пред новинарите во Белград. Според него, Албанците од сите области – од Тирана, преку Приштина, до Прешево и ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, станува збор за осомничени кои се дел од претходно разоткриената шема на дејствија за криумчарење луксузни автомобили од странство преку фалсификување службени и други исправи. Дел од учесниците во оваа шема се претходно обвинети, против дел се веќе изречени пресуди, а за дел, ...
Албанија оствари голема победа на гостувањето во Лесковац против Србија со 0-1, приближувајќи се до второто место во групата, кое води во баражите за Светското првенство. Единствениот гол на натпреварот го постигна Манај во судиското продолжение од првиот дел, обезбедувајќи три важни бода за „орлите“. Србија одигра подпросечно и не успеа да се врати во играта. Она што можеше да се предвиди, се случи на прес-конференцијата по натпреварот – ...
Претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен. ...
Осумнаесет килограми злато вредно околу 1,8 милиони евра украле четворица маскирани и вооружени разбојници синоќа во „филмскиот грабеж“ на златарница која се наоѓа во центарот на Гостивар. Министерството за внатрешни работи информира дека вооружени со автоматско оружје, тие влегле во златарницата во близина на малиот пазар околу 18:45 часот и со закана по живот ја принудиле личноста да им го предаде златниот накит. По извршувањето на грабежот, ...