Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
По тридневните интензивни врнежи што ја зафатија земјата и предизвикаа проблеми на повеќе места, синоптичарите велат следува подобрување. Марија Цветковска Атанасова од Управата за Хидрометеролошки работи, вели дека уште утре ќе има локални врнежи и облачност, а веќе од задутре времето значително ќе се стабилизира. „Врнежи како што имавме во претходната ноќ каде што имаше скоро 90литри на Попова Шапка не не очекуваат деновиве, типично ...
Само мал број деца на возраст од 6 месеци до 5 години биле вакцинирани против сезонскиот грип минатата година, и покрај фактот што лекарите ја препорачуваат вакцината, која е бесплатна и за оваа категорија, со цел да се заштитат од грип и други настинки. Како резултат на тоа, амбулантите и детските клиники низ целата земја секоја година се преполнуваат, а голем број деца завршуваат во болница поради тежок грип или компликации од грипот. ...
Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини поединечно на 19 октомври во првиот круг на Локалните избори, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко на денешната 150. седница на Комисијата. -ДИК ја информира јавноста дека ние за денеска планиравме конечно да ги објавиме конечните резултати во сите општини врз основа на спроведените постапки по приговори и поднесени тужби до ...
Нова варијанта на коронавирусот, наречена XFG или „Франкенштајн“, стана доминантна во Германија и делови од Европа од средината на 2025 година. Поради својата генетска сложеност и необично име, варијантата привлече внимание од јавноста, но здравствените експерти ги повикуваат луѓето да се смират. XFG е рекомбинација на две претходни вирусни под-лози, LF.7 и LP.8.1.2, што значи дека комбинира генетски елементи од различни вирусни лози, слично ...
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио во понеделник изјави дека се надева оти Кина и САД ќе можат да се сретнат на половина пат за да се подготват за разговори на високо ниво. „Кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп имаат големо почитување еден кон друг, а нивниот однос е највредната стратешка лост во односите меѓу двете земји“, ...
Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик. – По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за Загрозување ...
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имаомоглу, вчера беше сослушан околу три часа во Палатата на правдата во Чаглајан во рамки на нова истрага за наводна шпионажа, додека денес турскиот суд издаде дополнителен притворски налог по истите наводи. Опозицискиот лидер, кој се смета за клучен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, ги отфрли обвинувањата како политички мотивирани. Обвинителството поднесе нови точки на обвинение поврзани со ...
Литванија ја затвори границата со Белорусија, откако синоќа го затвори својот аеродром во Вилнус по четврти пат за една недела откако неколку објекти, за кои се верува дека се балони со хелиум, влегоа во нејзиниот воздушен простор. Литванската премиерка Инга Ругињене изјави дека никаков хибриден напад нема да се толерира и најави дека ќе ги собори балоните откако 66 објекти беа забележани од радарот преку ноќ. Се верува дека балоните ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 73,5 денари за ...
СВР Скопје Единицата за Економски криминал попладнево одзема дополнителна документација и лиши од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во град Скопје, пренесе Канал 5. Сабахaдин Рустеми за директор на Комунална хигиена беше поставен на 29.01.2025. Рустеми претходно ја извршуваше функцијата директор на Јавното комунално претпријатие „Сарај“од 2017 до 2021 година, а потоа од 2023 до 2024 ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко, изјави дека се апсолутни неточни. – Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат ...
Во текот на ноќта и утре претпадне ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи, информира УХМР. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (локално над 30 литри на метар квадратен) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови. Според податоците од УХМР, најмногу дожд има наврнато на Попова Шапка, 55 литри на метар квадратен, а од градовите до 19 часот во ...
Ракометната репрезентација на Македонија почнува со подготовките за Европското првенство во јануари, каде Македонија е во група со домаќинот Данска, Португалија и Романија. Како „загревање“ за континенталниот собир нашата најискусна селекција ќе одигра двомеч пријателски натпревари против репрезентацијата на Јапонија. Селекторот Кирил Лазаров ги собра ракометарите, а од претходно предвидените, го нема Дејан Манасков кој го одби повикот од ...
Нормализиран е сообраќајот на автопатот Скопје – Велес откако тој беше прекинат поради одрон на левата коловозна лента од оваа делница по патарината „Сопот“, а пред тунелите на Башино Село, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Сега сообраќајот се одвива по двете коловозни ленти. Во меѓувреме, како што информира АМСМ, на истото место се случија и две сообраќајни несреќи, во кои нема повредени, туку е причинета само ...
Европол денеска повика на координиран европски одговор за борба против проблемот со лажирање на идентификацијата на повикувачот, алатка што криминалците сè повеќе ја користат за извршување онлајн измами. Со криење на својот вистински идентитет и локација, криминалците ги лажат жртвите да откријат лични информации, да префрлаат средства или да дозволат пристап до уреди и сметки, што им отежнува на органите за спроведување на законот да ги ...
Русија побара од САД одговор на предлозите за враќање на воздушниот сообраќај меѓу двете земји, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Тој рече дека Русија бара одговори и на голем број други прашања, вклучително и одмрзнувањето на руските средства во странство, објави новинската агенција РИА. „Бараме јасен одговор од Американците на нашите идеи и предлози за враќање на директниот воздушен сообраќај. Бараме ...
Австрија воведува забрана за автомобили и други моторни возила што влегуваат и возат низ центарот на Виена и другите поголеми австриски градови. Измената на австрискиот Закон за патен сообраќај (StVO) и неговото стапување во сила се очекува во мај 2026 година, изјави на прес-конференција австрискиот министер за транспорт Петер Ханке, социјалдемократ (SPÖ). Измената на гореспоменатиот Закон ќе овозможи контрола на пристапот на возилата до ...
Винисиус Жуниор повторно предизвика хаос во Мадрид. Незадоволен од замената, направи сцена, а потоа се обиде да влезе во конфликт со фудбалерите на Барселона. За легендата на клубот, Фернандо Мориентес, ваквото однесување на еден играч е недозволиво. Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Мориентес, остро го критикуваше Бразилецот Винисиус Жуниор поради неговото однесување на теренот за време на „Ел Класико“. Мориентес бил навреден од начинот на ...
Најтрофејниот италијански фудбалски клуб Јувентус ќе ја продолжи сезоната со нов тренер, бидејќи сегашниот Игор Тудор доби отказ. Хрватскиот стратег кој дојде минатата сезона како заменско решение ја доби довербата да остане на клупата во новата сезона. Сепак, моментално „Cтарата Дама“ е на три порази во низа и осум натпревари без победа. Последен пат Јувентус славеше во дербито против Интер на 13 септември, а оттогаш имаа пет нерешени и ...
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи. На новинарско прашање Мицкоски потенцираше дека и при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот не останавме без гас, односно топланите работеа. – Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го ...
Единаесет месеци затвор доби 43-годишниот родител што физички нападна двајца малолетни фудбалери на натпреварот меѓу младинските екипи на фудбалските клубови Шкупи и Брегалница што се одржа на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип. Сашко Георгиев, портпарол на Основниот суд Штип, вели дека пресудата не е правосилна и оти следи период на жалби до штипска Апелација. „Кривичниот судски совет, чиј претседател е судијата Невена Перица ја има ...
Во Европа се зголемува влијанието на политичките инфлуенсери — креатори на содржина кои преку социјалните мрежи промовираат партии, кандидати или идеологии и на тој начин влијаат врз јавното мислење. Според новата студија на германскиот Медиумски регулатор на Северна Рајна-Вестфалија (LfM), оваа појава го отвора прашањето: како да се регулира политичката пропаганда на интернет? Европската Унија неодамна воведе нови правила за политичко ...
Одреден е 30-дневен притвор за скопјанецот што призна дека ограбил филијали за брзи кредити, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР). Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишија од слобода Б.А. на возраст од 25 години, осомничен дека на 15 и 18 август годинава извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва во Центар и Бит-пазар. „Тој е осомничен дека со закана со пиштол одзел пари. Откако е ...
По години молчење, францускиот претседателски пар Макрон одлучи да го прекине бранот лажни информации и клевети што се шират за родовиот идентитет на првата дама, објавија денес француските медиуми, наведувајќи дека 10 лица ќе бидат изведени пред суд по такви обвиненија. Дневниот весник „Фигаро“ објавува дека десет лица обвинети за клевета и ширење лажни информации денес ќе се појават пред суд во Париз поради објавување шеги, навреди и ...
Литванските власти синоќа, по четврти пат за една една недела, го затворија аеродромот во главниот град на земјата, Вилнус, откако неколку летечки објекти, за кои се верува дека се балони со хелиум, навлегле во нејзиниот воздушен простор, пренесе „Гардијан“. И во претходните случаи аеродромот беше затворен поради сомнителни балони, за кои првично се веруваше дека ги користат шверцери на цигари од Белорусија, но властите во Вилнус ги обвинија ...
Владата на Црна Гора ќе го укине безвизниот режим за граѓаните на Турција во понеделник – по итна постапка, објави премиерот Милојко Спајиќ доцна вечерта во неделата на социјалната мрежа X. „Ќе започнеме интензивни разговори со Турција со цел да го пронајдеме најдобриот модел во заеднички интерес, во духот на добрата соработка и сојузништвото“, изјави премиерот. Тој не ги објасни причините за укинување на безвизниот режим. Во меѓувреме, во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се фокусира на завршување на војната во Украина, наместо на тестирање ракети, објавија денес американските медиуми. Коментирајќи ги извештаите за тестирање на нова руска нуклеарна ракета, Трамп рече дека САД имаат и нуклеарни подморници позиционирани во близина на Русија, објави Си-Ен-Ен. „Тие знаат дека имаме нуклеарна подморница, најдобрата ...
САД и Кина се согласија за рамката на потенцијален трговски договор што ќе биде дискутиран кога нивните соодветни лидери ќе се сретнат подоцна оваа недела, изјави американскиот секретар за финансии Скот Бесент. Тој изјави за американскиот партнер на Би-Би-Си-Ес дека ова вклучува конечен договор за американските операции на ТикТок и одложување на зајакнатата контрола на Кина врз ретките минерали. Тој исто така рече дека не очекува да стапи на ...
Истрагата за спектакуларниот грабеж на накит во музејот Лувр во Париз доби драматичен пресврт – според упатените, крадците имале соучесник во музејот. Како што објави британскиот Телеграф, дигиталните форензички докази укажуваат на соработка помеѓу член на обезбедувањето и сторителите. „Постојат записи што покажуваат дека вработениот комуницирал со лица осомничени за учество во кражбата пред грабежот. Тој открил чувствителни информации за ...
Земјите од Европската Унија преговараат за предлози што ќе им дадат флексибилност на бизнисите во исполнувањето на климатските цели, покажа нацрт-документ на ЕУ, додека политичкиот блок се обидува да ја добие поддршката од владите за нова цел за намалување на емисиите до 2040 година. ЕУ преговара за правно обврзувачка цел за намалување на нето емисиите на стакленички гасови за 90 проценти до 2040 година и се обидува да ја одобри пред да се ...