Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Министерството за внатрешни работи информира дека в недела, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки ќе има полициско присуство со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. „Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално-технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и ...
Диего Симеоне ја следи ситуацијата со Роберт Левандовски многу внимателно и е подготвен да го доведе искусниот напаѓач во Атлетико Мадрид како слободен агент во текот на летото, тврдат полските медиуми. Договорот на Левандовски со Барселона истекува по завршувањето на оваа сезона, а според информациите од Шпанија, каталонскиот клуб веќе донел одлука дека нема да му понуди нов и веќе бара друга „деветка“. Во минатото, на сличен начин, Атлетико ...
Италијанскиот медиум „Тутоспорт“ ги објави дваесетмината кои што ќе се борат за престижната фудбалска награда „Златно момче“. Во конечната листа има неколку добропознати имиња во фудбалската јавност, како што се Дин Хујсен, Арда Гулер и Франко Мастантуоно од Реал Мадрид, Дезире Дуе од ПСЖ, Хато и Еставио од Челзи, Јоро од Манчестер Јунајтед… За многумина изненадување е што на овој список го нема Ламине Јамал од Барселона, кој е еден од ...
Доналд Трамп синоќа изјави дека САД не можат да ги „осиромашат“ сопствените резерви од ракети „Томахавк“, кои Украина бара од САД да ги обезбедат за да одговорат на руските напади. – Не можеме да ги осиромашиме (резервите) на нашата земја. Ни требаат, па не знам што можеме да направиме – рече американскиот претседател како одговор на новинарско прашање за тие крстосувачки ракети. Трамп денеска ќе го прими украинскиот претседател Володимир ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека се во тек подготовки за средба меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина. „Тукушто завршив телефонски разговор со претседателот Доналд Трамп. Подготовките за мировниот самит меѓу САД и Русија се во тек. Унгарија е остров на мирот!“, напиша Орбан на платформата X. Во интервју за Радио Кошут утрово, ...
Со хаштагот „#HakanTosunNerede“ – „Каде е Хакан Тосун?“, пријателите, колегите и групите за човекови права почнаа да го бараат независниот турски новинар откако тој исчезна вечерта на 10 октомври. 20 часа подоцна, неговото семејство дозна дека Тосун бил примен во болница во несвест откако бил тешко претепан во главата во населбата Есенјурт во Истанбул додека се враќал дома. Во понеделник, 13 октомври, лекарите ја објавија неговата смрт. „Го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на војната во Украина, еден ден откако американскиот претседател најави нов самит со Владимир Путин во Будимпешта во наредните недели. Зеленски рече дека пред средбата со Трамп во Овалната соба, ќе се сретне со претставници на одбранбени и енергетски компании. „Очекуваме дека моментумот во сузбивањето ...
Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, се изјасни за невин по обвиненијата за неовластено споделување на класифицирани информации, вклучително и информации со „строго доверлива“ содржина, и нелегално задржување документи од неговиот дом. Во изјава, Болтон го нарече обвинението „политички мотивирано“ и дел од кампањата за „одмазда“ на американскиот претседател Доналд Трамп, објави NBC News. „Одмаздата на Доналд Трамп ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР. Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 12 степени, а максималните од 7 до 15 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната ...
Европратениците во четврток ја поддржаа брзата имплементација на Законот за дигитални услуги и забраната за штетни и зависност предизвикувачки практики за заштита на малолетниците, вклучително и забрана за социјалните медиуми за лица под 13 години. Пратениците во Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент во четврток усвоија извештај со 32 гласа „за“, 5 „против“ и 9 „воздржани“, изразувајќи загриженост за ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека постои можност за американско вклучување во конфликтот против палестинската милитантна група Хамас доколку групата продолжи да убива луѓе во Појасот Газа. „Доколку Хамас продолжи да убива луѓе во Газа, што не беше договорено, нема да имаме друг избор освен да влеземе и да ги убиваме. Ви благодариме за вниманието кон ова прашање“, рече Трамп во објава на социјалната ...
Унгарија е подготвена за планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Планираната средба е одлична вест за сите во светот кои го сакаат мирот. Ние сме подготвени“, напиша Орбан на својот профил X.com. Порано денес, Трамп и Путин се договорија за средба на високо ниво на нивните делегации за време на телефонски разговор, по што ...
УСБ-Ц конекторот не го добил своето име поради брзината на пренос на податоци или можностите за полнење. Буквата „Ц“ едноставно ја претставува следната ознака во серијата типови „УСБ“ (на латиница USB). Претходниците биле УСБ-A, правоаголен конектор кој најчесто се наоѓа на постари флеш-драјвови, и УСБ-Б, квадратен конектор кој се користи на постари печатачи и надворешни дискови. Подоцна се појавија варијанти мини-Б и микро-Б, кои денес речиси ...
Можни се доцнења и измени во возниот ред на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП Скопје“ поради прекин на снабдувањето со гас. Од Дистрибутивниот центар за гас во Скопско соопштија дека добиле известување од снабдувачот „НОМАГАС“ за прекин на снабдувањето со природен гас до 17 октомври, што може да предизвика отстапувања во распоредот на сообраќајот. НОМАГАС претходно објави дека, поради ремонт на гасоводот во Бугарија преку кој ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека партијата чиј лидер е води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои, како што рече, до денес не се реализирани. -Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува избор за еден дел од кампањата во којшто ...
Официјална Софија ја оцени за разочарувачка изјавата што претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, ја даде за време на посетата на Скопје пред два дена, а со која остро ја критикуваше Европската Унија велејќи дека си игра со напорите на Македонија во поглед на евроинтеграциите. Во официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи на Бугарија се наведува дека словачкиот амбасадор во Софија, Васил Гривна, вчера бил повикан на ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје. Предметот, кој се води под број К.бр. 1872/25, првично беше поднесен од Основното јавно обвинителство Кочани, а потоа со решение на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, префрлен во надлежност на Скопското ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп напиша на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека разговорот бил „многу продуктивен“. „Претседателот Путин ми честиташе мене, како и на Соединетите Американски Држави, за големото достигнување – мир на Блискиот Исток – нешто за кое, како што рече, се ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски останува на прогнозата дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на локалните избори ќе освојат од 45 до 50 градоначалници, а опозициската СДСМ најмногу шест. Мицкоски вечерва во „Само интервју“ на ТВ Канал 5 рече дека очекува убедливо најголем резултат на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, меѓу 350 000 и 360 000 гласови на советничките листи. – Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на сите анкети ...
Фјучерсите за Брент и американската сурова нафта паднаа за повеќе од 2 долари за барел, или повеќе од 3%, во петокот, бидејќи заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе зголемени тарифи за Кина фрли сенка врз изгледите за побарувачката на пазарот кој се смета за немирен. „Продажбата беше поттикната од поместувањето кон пазари без ризик по најавата на Трамп за закани за тарифи за кинески стоки“, рече Џовани Стауново, аналитичар ...
Италија ќе игра водечка улога во дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа, како и во следните фази на реконструкција и безбедносни мерки, изјави шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани, објавено денес од италијанските медиуми. „Проектот „Храна за Газа“ расте. Одлучивме да ја испратиме првата значајна пратка помош од 100 тони“, изјави Тајани на маргините на настанот по повод 80-годишнината од Организацијата за храна и земјоделство ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје. Предметот, кој се води под број К.бр. 1872/25, првично беше поднесен од Основното јавно обвинителство Кочани, а потоа со решение на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, префрлен во надлежност на Скопското ...
Црвените пиперки извезени во Хрватска кај кои беше утврдено присуство на пестицидот метомил, не се вратени во Македонија, а дали се македонски оставам да проверат службите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Трипуновски е дециден дека нашите фитосанитарни служби заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), прават контроли во текот на целата година. Државата, како што напомена, има ...
Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности во пресрет на претстојните локални избори. Иако официјалната изборна кампања завршува за неколку дена, на социјалните мрежи може да се забележат бројни фотографии и видеа каде децата се злоупотребени за политички цели од страна на кандидати и нивните поддржувачи. Со загриженост констатираме дека во континуитет ...
Повеќе од четвртина век помина во тишина во полскиот град Свјетохловице, додека 15-годишната Мирела исчезна без трага. Дури неодамна излезе на виделина шокантната приказна за нејзиното долгогодишно злоставување. Во јули, соседите слушнале звуци што доаѓале од станот на двојката и ја повикале полицијата. Кога полицајците влегле во станот, ги пронашле нејзините родители, кои биле во своите 80-ти години, и 42-годишната Мирела, која била во ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека изборната кампања за првиот круг од Локалните избори трае до 24:00 часот на 17 октомври 2025 година. Од 18 октомври заклучно со 19:00 часот на 19 октомври важат правилата за изборен молк. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната ...
Македонската женска ракометна репрезентација денеска гостува кај Германија во „Швалбе Арена“ во Гумерсбах и тоа ќе биде нивниот прв натпревар во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2026 година. Селекторот Кристијан Грчевски и неговите избранички ќе имаат тежок предизвик на стартот на квалификациите затоа што од 19.30 часот играат против фаворитот во групата. Македонија последниот меч против Германија го одигра пред повеќе од една ...
Со соопштение до јавноста се обратија роодителите и семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „ПУЛС“ – Кочани, веднаш откако Основниот кривичен суд од Скопје денеска објави дека судењето започнува на 19 ноември во судница во КПУ „Идризово“. Во, пожарот во кочанската дискотека загинаа 63 лица, а над двеста завршија со тешки телесни повреди. Во врска со кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со трагичната несреќа ...
Во првото тримесечје од 2025 година, 92.1 % од вкупното население во земјава на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, а 91.2 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, објави Државниот завод за статистика. Во истото тримесечје, 79.1 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет неколкупати во текот на денот, а 60.3 % направиле онлајн нарачка или купопородажба во последните 12 месеци. При ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека индискиот премиер Нарендра Моди го уверил дека Индија ќе престане да купува руска нафта откако Соединетите Држави објавија двојно зголемување на царините за индиската стока поради купувањата. „Значи, не бев задоволен што Индија купуваше нафта, а тој (Моди) денеска ме увери дека нема да купуваат нафта од Русија. Тоа е голем чекор. Сега ќе ја натераме Кина да го стори истото“, изјави Трамп пред ...