Во последните години, радиотерапијата направи огромен чекор во развојот благодарение на најсовремените технологии, и тоа конкретно со подобрување на прецизноста и квалитетот, како и со намалување на несаканите ефекти од неа. Овој напредок овозможи персонализиран пристап со значително подобрени резултати, што, пак, позитивно влијае врз квалитетот на живот на онколошките пациенти, објаснува д-р Даниела Попоска, специјалист по онкологија и ...

По успешната сезона во Лигата Ц од Лигата на нации, македонската фудбалска селекција се сели еден ранг погоре и ќе се натпреварува во Б сегментот од ова натпреварување. Тоа значи дека ја очекуваат посериозни натпревари, а со оглед на објавените шешири, Македонија ќе се натпреварува во квалитетна група. Нашата селекција ждрепката за новата сезона во Лигата на нации, која треба да се одржи на почетокот на следната година, ќе ја пречека од ...

Мета ја исклучува својата апликација Messenger за macOS и Windows и ги пренасочува корисниците кон мрежата. Мета потврди за Engadget дека апликацијата ќе биде целосно исклучена на 15 декември, по што најлесните начини за пристап до разговорите на Messenger кога не се користи мобилен телефон ќе бидат апликацијата Facebook на Windows или веб-страниците на Facebook и Messenger. Компанијата не даде објаснување зошто ги напушта своите десктоп ...

Граѓаните на Скопје на 19 октомври да гласаат за визија, знаење и резултати, порача денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова. Шукова на прес-конференција пред утрешниот изборен молк повтори дека зад неа стои чесен и професионален тим кој знае како да го направи Скопје модерен, среден и урбан град. Таа напомена дека целата нејзина кампања изминатите денови се водела со фокус на конкретни решенија што го враќаат ...

Сите ние во Скопје се сложуваме дека работите не ги бива. Не ни требаат студии, експерти или проценки, сите живееме тука и состојбата е крајно лоша, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ, кој денеска пешачеше од општина „Ѓорче Петров“ до Ново Лисиче, каде граѓаните ги споделувале секојдневните проблеми со кои се соочуваат. Мециновиќ нагласи дека е време политичките чинители да покажат дека промените се ...

Од Њујорк до Сан Франциско и од Чикаго до Атланта, се очекува милиони демонстранти повторно да излезат на улиците низ САД утре, во сабота, за да протестираат против политиките на Доналд Трамп и да „ја бранат демократијата“ на повик од движењето „Без кралеви“, објави Фокс Њуз. Претходниот национален ден на мобилизација на оваа коалиција, која се спротивставува на Доналд Трамп и обединува околу 300 организации, веќе мобилизираше милиони луѓе низ ...

Франција и Обединетото Кралство, во координација со САД, работат на финализирање на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, која треба да ги постави темелите за идна меѓународна мисија во Газа во наредните денови, соопшти Франција. Во изјава за новинарите во Париз, портпаролот на француското Министерство за надворешни работи, Паскал Конфавро, рече дека таквата сила ќе мора да има мандат од ОН за да се обезбеди солидна ...

„’Алкалоид’ е присутен во ЕУ веќе 18 години, но фактот дека доаѓаме од земја која не е членка на Унијата секогаш носи дополнителни специфичности. Со домашен пазар од само 2 милиони жители, наспроти европскиот пазар со 448 милиони чинители, растот и развојот се возможни само доколку деловните видици се насочени надвор од границите.“ Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, за првпат зеде учество на водечката ...

Двајца тинејџери, еден со потекло од Македонија и еден од Чеченија, кои летото 2023 година беа осудени во регионалниот суд во Леобен за планирање напад врз средно училиште, повторно се во притвор под сомнение за тероризам, пишува австрискиот портал „Хојте“. Првично, тие беа осудени на делумно условни казни од 15 и 16 години за нивните намери да „воспостават калифат“ во Австрија и плановите целено да убиваат христијани. Едниот, кој сега има 17 ...

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот. Македонија се наоѓа на 65-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од две места. Фудбалската репрезентација на Македонија, минатата недела одигра два натпревари во квалификациите за пласман на СП. Двете средби со Белгија и Казахстан завршија 1:1. Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓу друготе се Албанија, ...

Чаир е општина со најголема густина на население во Европа и не може да успее со сопствен буџет. Секако, треба поддршка од Град Скопје и од Владата. Од моментот кога дојдовме на власт почнавме нова ера на инвестиции. Градиме нови улици, современо осветлување, нови канализации и безбедни тротоари во секоја населба, од Сераво, Гази Баба, Топанско Поле и Дижонска до центарот на градот, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник ...

Многу нешта што биле затрупани со слоеви мраз со текот на годините биле ископани: древни алатки, остатоци од животни, авиони од Втората светска војна, па дури и вулкани. Во 2024 година над Гренландскиот леден покрив, Чад Грин, научник од НАСА открил нешто што никој не го очекувал – тајна воена база. Откако со радар ја снимил ледената површина, Грин забележал нешто што подоцна било потврдено како „Камп Сенчри“, воена база од Студената војна, ...

Економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хасет, во понеделник изјави дека од претседателот Доналд Трамп може да се очекува да „засили“ доколку блокадата на федералната влада продолжи и по овој викенд. Хасет не кажа какви мерки би можел да преземе републиканскиот претседател доколку пратениците не успеат да постигнат договор, објави Ројтерс. Белата куќа минатата недела соопшти дека започнала со отпуштање на работници низ целата влада на САД, ...

Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Делчево се меѓу 21 општина со по двајца кандидати за градоначалник и најверојатно таму граѓаните прв човек на локалната самоуправа ќе добијат уште следната недела. Локалните избори за 80 општини и Градот Скопје се закажани за в недела на 19 октомври. По двајца кандидати за градоначалници има во Богданци каде изборно соочување ќе имаат Блаже Шапов поддржан од коалицијата на СДСМ и Мајран Пеев ВМРО-ДПМНЕ, ...

Мировната мисија на НАТО во Косово (КФОР) го поздрави почитувањето на договорот од страна на косовските власти во врска со распоредувањето на припадници на косовските безбедносни сили (КБС) на север, каде што живее мнозинско српско население. Овој став на КФОР доаѓа откако возилата на Косовските безбедносни сили (КБС) останаа во Северна Митровица неколку минути на 16 октомври. Министерството за одбрана и косовската полиција потврдија дека ...

Црна Гора доби уште една пофалба за напредокот што го има на патот кон ЕУ. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, вчера по средбата со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, објави дека следниот самит на ЕУ со Западен балкан ќе се одржи во Црна Гора. „На денешниот состанок со @JakovMilatovic, се согласивме самитот ЕУ-Западен Балкан во 2026 година да се одржи на 1 јуни во Црна Гора. Ќе биде прекрасно самитот да се одржи во ...

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе биде официјален ФИФА амбасадор за подрачјето на Лос Анџелес воочи Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржува во САД, Мексико и Канада. Дончиќ ќе биде задолжен за областа за која во моментов живее и игра. „Многу сум горд. Светското првенство во фудбал е најголемото случување на светот и многу сум возбуден. Секогаш сум гледал фудбал, а го гледам и сега. Тоа е голем дел од мојот живот. Лос Анџелес е ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека разговарал телефонски со рускиот претседател Владимир Путин и дека подготовките за средбата на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта се во полн ек. „Разговорот со рускиот претседател е одржан. Подготовките се во полн ек“, напиша Орбан на Фејсбук. Откако Трамп во четврток објави дека ќе се сретне со Путин во унгарската престолнина за да разговара за прекинување на војната ...

Средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп би можела да се одржи во рок од две недели или малку подоцна, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Навистина би можела да се одржи во рок од две недели или малку подоцна“, рече Песков, одговарајќи на новинарски прашања за евентуален руско-американски самит во Унгарија, објави РИА Новости. Претседателите на Русија и САД разбираат дека нивната ...

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние ...

Мексико распореди речиси 13.000 војници за да им помогнат на луѓето погодени од обилните дождови во кои загинаа 70 лица во централните и источните делови на земјата. Во Шочикоатлан, во планинскиот централен регион на државата Идалго, Националната гарда достави пакети со туна, млеко, овесна каша, тоалетна хартија и сапун со хеликоптер, објавува „Ле Фигаро“. „Немаме што да купиме во продавниците“, вели 37-годишната жителка Мерилин Кортес, ...

Светската здравствена организациај (СЗО) денеска предупреди дека ситуацијата со заразни болести во Газа излегува од контрола, додека од 36 болници на територијата, само 13 функционираат и тоа само делумно, пренесуваат светските агенции. Според регионалниот директор на здравствената организација на Обединетите нации (ОН), Ханан Балки, здраствените работници се соочуваат со огромни предизвици. „Без разлика дали станува збор за менингитис…дијареа, ...

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај на телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител ...

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ – подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје ќе ја почитува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје кој на 16 овој месец донесе решение со кое го усвои предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување привремена мерка – забрана на најавениот штрајк. Од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ изјавија дека ќе ја почитуваат одлуката на ...

Доцна синоќа во белградската населба Белград на Вода е застрелан маж на возраст од 35 години. Жителите на населбата пријавиле дека се случила пукотница, а доктор Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи изјави за РТС дека синоќа во 23:13 часот екипата ја потврдила смртта. „Нашиот тим можеше само да ја потврди смртта на 35-годишен маж“, рече Николиќ. Според српските медиуми, убиениот човек тој бил вооружен. До сега полицијата уапси еден ...

Пожар избувна во продавница за скијачка опрема во Лондон, а околу 100 пожарникари се борат со него, соопшти Лондонската противпожарна бригада (LVB), додавајќи дека на пожарникарите им биле потребни повеќе од три часа за да го стават пламенот под контрола во продавницата и работилницата зад неа. Околу 15 лица се евакуирани од областа, а на жителите им е кажано да ги држат вратите и прозорците затворени поради чад, објави денес Скај њуз. Во ...

Министерството за внатрешни работи во недела, кога ќе се одржи првиот круг на локалните избори најави полициско присуство во близина на локациите на избирачките места, како и на клучни сообраќајни точки, а најави дека ќе се користи и современа технологија, дронови. Како што потенцираат од МВР, целта е навремено да се откријат можните нарушувања на јавниот ред и мир и да се гарантира безбедноста на граѓаните кои ќе излезат на гласање. ...

Струга полека, но сигурно, останува без своето културно и архитектонско наследство, кое го губи секој ден. При изведба на градежни работи на индивидуален објект, во стариот дел на градот, беше урнат дел од една стара спомен-куќа. Општината требаше да се погрижи за овој објект. „Куќата што се урна вчера овде, во стариот дел на Струга, е под државна заштита. Тоа е куќата на авторот на македонската химна, Владо Малески и во неа со години беше ...

Рускиот претседател Владимир Путин ги информираше постојаните членови на Советот за безбедност на Русија за содржината на разговорот со неговиот американски колега Доналд Трамп во четврток, изјави денес помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. „Вчера вечерта, веднаш по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Владимирович Путин ги собра постојаните членови на Советот за безбедност во ...

На 19-ти октомври, граѓаните со едно гласање, ќе и дадат нов правец на историјата. Ова, во интервју за ТВ Шења, го изјави кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, и уште еднаш направи паралела помеѓу денот на гласањето со 13-ти август, стои во соопштението на кандидатот на НАИ за Чаир. Во текстот се додава: „Затоа реков, 19-ти октомври е ‘вториот 13-ти август’. Како што денес сите прашуваат ‘каде беше на 13-ти август’, ќе прашуваат ...

weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
73%
1013
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
5.21
90%
1016
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.34
89%
1005
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1006
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
85%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1015
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
76%
1010
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1009
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Бакар

10.95

Сребро

1878.05

Паладиум

46425.68

Платина

52952.77

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Калај

40.48

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Злато

135056.24