Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, се наведува во соопштението од ВЛЕН. Во текстот се додава: „Ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислија дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари. Иако се обидуваат да најдат ...

Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС, историски дебакл на некогаш големата СДС. Дебаклот што се случи на локалните избори е знак дека СДС тоне во нивната ароганција, аздисаност и водење политики спротивно на интересите на народот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „На локалните избори СДС освои околу 126 илјади гласови на советничките листи, што претставува убедливо најлош резултат во историјата. Или во број на ...

Белата куќа се обидува да го зачува договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и покрај загриженоста дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би можел да започне целосен напад врз окупираната палестинска енклава и со тоа да го поништи договорот постигнат со посредство на САД, изјавија денес неименувани американски претставници. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, треба да отпатува во Израел денес за да им ...

Најмалку едно лице загина, а десетина се повредени откако силно торнадо синоќа ја погоди општината Ермон во францускиот департман Вал-д’Оаз. Невремето остави зад себе сцени на пустош, предизвикувајќи голема материјална штета и целосен прекин на сообраќајот, јавува BFMTV. Силниот ветер корнеше дрвја, креваше покриви од куќи и превртуваше автомобили. Особено драматични беа сцените од три срушени градежни кранови кои паднаа врз ...

Надежите на американскиот претседател Доналд Трамп за средба со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта бледнеат откако беше одложен подготвителниот состанок меѓу министрите за надворешни работи на двете земји оваа недела, објави Си-ен-ен. Повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање, Си-ен-ен објави дека причината за одложувањето на состанокот меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни ...

Променливо облачно со сончеви периоди – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во крајните јужни и источни делови од земјава ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 19 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од ...

На државава и се потребни 56 години за да го стигне европскиот просек во однос на стандардот и условите на живеење, покажува извештајот подготвен од страна на осум организации од Западен Балкан којшто е фокусиран на приближување на земјите од регионот кон Европската унија. Сепак, постојат многу фактори кои можат да го забрзаат овој процес, но за тоа е потребно да се завршат работите дома, односно да се спроведат клучните реформи коишто ќе дадат ...

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првите официјални резултати, според кои во 43 општини градоначалници се избрани во првиот круг, додека Градот Скопјe и уште 33 општини одат во вториот круг. Цензус не е постигнат во општина Гостивар, каде што гласале само 33,31 процент од гласачите. Цензус не е постигнат ниту во општините Маврово Ростуше, Центар Жупа и Врапчиште. Во овие 4 општини, изборите мора да се повторат во рок од 60 дена по ...

Меѓу земјите-членки на ЕУ не постои волја за укинување на правото на вето во процесот на проширување. Дури и идејата што неодамна им ја изнесе претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, пред лидерите на ЕУ, за укинување на правото на вето барем при одлучувањето за отворање на поглавјата во преговорите, не наиде на поддршка. Според дипломатски извори, неколку земји-членки се изјаснија против идејата. Во различните тела на ЕУ каде што беше ...

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, имал средба со Изет Меџити и Башким Бакиу од Коалицијата ВРЕДИ од кои, како што објави на Фејсбук, добил искрена и силна поддршка за вториот круг од локалните избори. -Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. Од нив добив искрена и силна поддршка за вториот ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, по победата во Остин изјави дека сега постои шанса да се освои петто едноподруго првенство во Формула 1. Холандскиот возач ја намали разликата со водечкиот тандем на Мекларен. Оскар Пјастри (кој ја заврши трката во Остин на петтото место) го предводи генералниот пласман со 346 поени, второпласираниот Норис е 14 бода зад него, додека Верстапен е трет со 306 бода. „Ова е неверојатен викенд за нас. Знаев дека ...

Товарен авион од Дубаи се лизна од пистата во морето при слетувањето на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг рано во понеделник, соопшти аеродромот, а локалните медиуми објавија дека две лица загинале. Фотографиите направени по несреќата, што се случи во 3:50 часот по локално време, го покажаа товарниот авион Боинг 747 со ознаки AirACT полупотопен во морето во близина на аеродромот. Четири члена на екипажот беа спасени, соопшти аеродромот во ...

За Делегацијата од Европскиот Парламент што ги следеше локалните избори, гласањето на денот на изборите поминало во мирна атмосфера, но со одредени процедурални забелешки и помали неправилности во однос на пребројувањето, евидентирањето на гласачите и слуаи на семејното гласање. Марта Темидо, од Делегацијата за набљудување на избори од Европскиот Парламент рече дека повеќе од препораките од претходните набљудувања на изборите се уште не се ...

Поранешниот шеф на надворешната политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека не верува во најновото примирје во Газа, велејќи дека е исто толку кревко како и претходните два, објавија денес шпанските медиуми. „Ова е трет пат договорот за примирје да биде прекршен, а во претходните два случаи Израел го прекрши еднострано“, рече Борел, кој учествува на форумот „Свет во напредок“ во Мадрид. Тој додаде дека е тешко да се зборува за примирје кога „само ...

Детективот за истраги поврзани со кражба на уметнички дела, Артур Бренд, денес го нарече грабежот во музејот Лувр „кражба на деценијата“ и додаде дека полицијата има само една недела да ги пронајде виновниците за да ги врати „непроценливите“ предмети. Тој за Скај њуз изјави дека крунските скапоцености се толку познати што едноставно не можат да се продадат и дека единственото нешто што може да се направи е да се стопи среброто и златото, да се ...

Научниците утврдија дека нивото на морето се зголемило со побрзо темпо помеѓу 1900 и 2020 година отколку во кое било време во претходните 4.000 години, објави денес „Шпигел“. Користејќи податоци од студии за корални гребени и тропска вегетација во плитки, крајбрежни води, истражувачите го реконструираа нивото на морето од крајот на последното ледено доба во нова студија, заклучувајќи дека тие сега растат особено брзо и дека топењето на ...

Шампионот на Македонија Алкалоид, стартуваше со победа во првото коло од Европскиот клупски куп во шах. За овој настап на Родос, Грција, екипата имаше две промени во однос на тимот од 2024 година и тоа на петтата и на шестата табла, каде што настапија ВМ Абиманју Пураник и ИМ Тони Лазов, при што обајцата имаа успешно деби со освојување цел поен. Очите на македонската шаховска јавност го следеа последниот македонски државен шампион Тони Лазов ...

Германскиот канцелар и лидер на Христијанско-демократскиот сојуз на Германија (CDU), Фридрих Мерц, денес изјави дека на изборите што ќе се одржат во пет германски покраини следната година, Алтернатива за Германија (AfD) ќе биде нивниот главен противник. Тој на прес-конференција во Берлин, по дводневната седница на претседателството на партијата, изјави дека CDU јасно и недвосмислено ќе покаже каде стои AfD и јасно ќе се одвои од нив, објавува ...

Повеќето земји од Европската Унија денес се согласија да го забранат увозот на руски природен гас во ЕУ до крајот на 2027 година. Мерката беше усвоена на состанокот на министрите за енергија на ЕУ во Луксембург, а сега треба да се дебатира во Европскиот парламент. Забраната првпат беше предложена оваа пролет од Европската комисија (ЕК). Со прекинувањето на увозот на руски гас, ЕУ сака да прекине еден од главните извори на руски пари за својата ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба со септември, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Според пресметките на ССМ, синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 65.544 денари и во споредба со септември изнесуваше 65.077 денари е зголемена за 467 денари. Најзначаен пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври ...

Англискиот фудбалски тренер Греам Потер не остана долго без работа по неодамнешниот отказ во Вест Хем. Сега и официјално ја презема шведската репрезентација. Фудбалската асоцијација на оваа скандинавска земја официјално потврди дека 50-годишниот Потер е новиот селектор на репрезентацијата на „трите круни“. Тој ќе го наследи Јон-Дал Томасон на таа позиција, кој неодамна беше отпуштен поради лоши резултати. Шведска моментално е последна во ...

Кремљ објави дека Будимпешта е избрана за место за средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи унгарскиот премиер Виктор Орбан има добри односи со двајцата лидери. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на новинарите: – Орбан има доста топли односи со претседателот Трамп и многу конструктивни односи со претседателот Путин. – И тоа, секако, во голема мера придонесе за разбирањето ...

Европскиот парламент во вторник ќе ги потврди новите правила за возачките дозволи, кои веќе се одобрени од Советот на Европската унија. Промените носат значајни новини за новите возачи, но и модернизација на системот преку воведување дигитална возачка дозвола, достапна преку паметни телефони. Поголем фокус на безбедноста и технологијата Според новите правила, кандидатите за возачи ќе мора, при полагањето на теоретскиот и практичниот испит, да ...

Охриѓанецот С.Б. е најновиот среќен добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 6.127.129 денари! На 12.10.2025, токму на видеолотариските терминали во Клуб спорт 77 Евротип, неговата среќна игра „40 Burning Hot“ му ја донесе најпосакуваната добивка! Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува радост, исполнети соништа и незаборавни моменти! Во периодот од 06.10.2025 до 12.10.2025 Видеолотарија Касинос Австрија ...

За да се постигне цензусот за Општина Гостивар недостасуваат околу 25 гласа, дознава Алсат. Излезноста на гласачите според податоците на Државната изборна комисија е 31,31%, додека според Изборниот законик, за да се постигне условот, мора да излезе една третина од списокот на гласачи, односно над 33,33%. Сепак, во текот на денот, во ДИК пристигнуваат официјалните записници преку кои се очекува да се потврдат конечните резултати од гласачките ...

Бројот на посети на глобалната онлајн енциклопедија Википедија се намали за осум проценти на годишно ниво, според блог пост на Маршал Милер, виш директор за производи и основни искуства во Фондацијата Викимедија. Падот на посетите на Википедија доаѓа откако ажурирањето на нејзиниот систем за откривање ботови откри дека дел од претходно „многу високиот“ сообраќај всушност доаѓал од ботови кои се обидувале да избегнат контрола, додека посетите од ...

Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. – Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа. Во вториот круг очекуваме уште една победа и работа, рече Николоски на партиска прес-конференција. Убеден е дека Скопје ќе го направи вистинскиот избор и оти кандидатот за ...

Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК), владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови за советници на вчерашните локални избори. Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, обработени се 3.471 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува 99,91 отсто од вкупниот број. ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка од 301.919 гласачи, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови. На третото место е ...

Кандидадот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и актуелниот пратеник на Левица во Собранието, Амар Мециновиќ одат во вториот круг за избор на градоначалник на Град Скопје, што ќе се одржи на 2 ноември. Кандидатката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за градоначалник на Скопје, Каја Шукова не успеа да влезе во трката за престижната функција и, според првичните резултати во првиот круг заврши четврта, меѓу 16 кандидати кои се тркаа за ...

Европската комисија го заврши скрининг процесот со Украина и Молдавија и веќе во ноември Советот на ЕУ би можел да донесе одлука за почеток на преговорите со двете земји по шесте преговарачки кластери, изјави денеска во Луксембург еврокомесарката за проширување Марта Кос при пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи на Унијата. Според неа, двете земји го забрзаа спроведувањето на реформите, се справуваат со корупцијата, ги ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
71%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
74%
1013
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
6.19
86%
1015
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
86%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1005
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1006
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.45
94%
1014
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Паладиум

46425.68

Иридиум

145787.60

Калај

40.48

Цинк

3.23

Злато

135056.24

Сребро

1878.05

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Платина

52952.77

Бакар

10.95

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91