Белград
9ᴼ /
8ᴼ
ВМРО – ДПМНЕ во првиот круг од изборите ќе победат и ќе добијат градоначалници во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Охрид, Ресен, Градско, Василево, Радовиш, Штип, во Струмица, Босилово, Ново Село и Вевчани и Прилеп, најави вечерва членот на Извршниот комитет на партијата Антонио Милошоски повикувајќи се на прелиминарни резултати од Аналитичкиот центар на партијата. Милошоски истакна дека првпат по 20 години ВМРО-ДПМНЕ ќе добие ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по остварувањето на своето гласачко право на локалните избори рече дека верува оти тоа ќе го сторат и другите граѓани. Очекува триесетгодишното изборно искуство да се повтори, а тоа се пристојни, фер и демократски избори. „Очекувам демократски избори. Малку е покомплицирано на прв поглед, има повеќе листи, но според мене тоа им дава поголем демократски легитимитет на изборите“, рече таа. Посакува она ...
Арбр Адеми од Коалицијата Националната алијанса за интеграција (НАИ) попладнево на прес конференција истакна голема благодарност до граѓаните кои учествувале на гласањето. „Овие избори за нас беа повеќе од локални избори, досега е завршен еден многу важен дел од демократскиот процес, но сега започнува другата подеднакво важна фаза на броење, администрирање и зачувување на интегритетот на гласот“, вели Адеми. Тој упати повик до изборната ...
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Тимчо Муцунски изборниот ден го оцени како мирен и демократски, изразувајќи очекување дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат победници во најголемиот број од општините. „На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел во општините од државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес. За тоа ...
Во 19 часот се затвораат избирачките места, а неофицијалните резултати од Локалните избори што се одржаа денеска се очекува да бидат познати во следните неколку часа. Државната изборна комисија најдоцна за 12 часа по завршувањето на изборите треба да ги објави првичните резултати од гласањето. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од Изборниот ...
На прес конференцијата по затворањето на гласачките места, ВЛЕН го оцени дека изборниот ден поминал во мирна и демократска атмосфера и им се заблагодари на граѓаните за покажаната демократска и граѓанска свест. „Процесот на гласање на Локалните избори се одвиваше мирно и уредно во сите општини на земјата. Според информациите од теренот процесот беше реализиран без поголеми неправилности. ВЛЕН им се заблагодарува на сите граѓани кои денеска ...
Новинарката Фатлуме Дервиши известува од ДИК дека се очекува сите гласачки места да се затворат на време и дека нема да има продолжување на гласањето на ниту едно гласачко место, бидејќи во текот на денот не се пријавени прекини на гласањето. Останува да се види дали сите општини го исполниле прагот утврден со Изборниот законик, или можеби во некои од нив, особено во западниот дел од земјата, каде што излезноста беше многу мала, целиот процес ...
Новинарката на Алсат, Мелихате Рустеми, извести дека во Сарај бил мирен ден и дека гласањето таму поминало без никакви инциденти. „Ставаме крај на еден прилично долг ден. Во општина Сарај сè беше во ред, беше многу мирен процес. Пред неколку моменти, последните гласачи го остварија своето право на глас, во 19 часот беа затворени гласачките места во училиштето Дитурија. Во текот на денот и до крајот, беа забележани и полициски сили… И во Сарај ...
Новинарот на Алсат, Зекирија Хаџиу, известува за процесот на гласање во Чаир, кој веќе е затворен. „Интересот на граѓаните наутро беше мал, додека попладне беше забележан поголем прилив на граѓани. Исто така, имаше промена на кутиите откако беа наполнети со гласачки ливчиња. Во Чаир беа приведени две лица за кои се вели дека лажно се претставиле како набљудувачи на изборниот процес. Друго лице беше приведено пред 20 минути и во моментов е ...
Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на oсмите локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1 832 415 лица запишани во Избирачки список. Тие на ...
Шефот на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР за локалните избори во земјава, Матео Мекачи денеска изјави дека набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите и истакна дека не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси, како и процесите по самиот ден на изборите. Мекачи кој денеска беше на избирачкото место во Основото училиште „Лирија”, во општина Чаир истакна дека Мисијата се состои од 250 меѓународни ...
Бенџамин Нетанјаху, премиерот со најдолг стаж во Израел, изјави дека планира повторно да се кандидира на парламентарните избори што треба да се одржат во 2026 година. Неговиот последен мандат беше обележан со контроверзна судска реформа, заложничката криза на Хамас и војната во Газа – прашања што предизвикаа и остри критики и пофалби за него. Во интервју за израелскиот Канал 14, Нетанјаху ја потврди својата намера да се кандидира за уште еден ...
Според податоците на Државната изборна комисија за излезеноста на локалните избори до 17 часот, во некои општини може да се забележи многу низок процент на излезеност поради што постои опасност во овие општини да не биде избран градоначалник. Имено, согласно член 132 од Изборниот законик, за да има победник денеска или за да има втор круг гласање по две недели, денеска мора минимум да гласаат 33,33% од избирачите запишани во соодветната ...
Во врска со веста за апсење во Чаир, полицијата ги соопшти следниве детали: „Поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на идентитет приведени се две лица во двор од основно училиште на подрачје на Чаир во Скопје. Станува збор за Ф.Е. (35) и Н.Е. (44). Имено, лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес, биле во дворот од училиштето и одбиле да се легитимираат. Се ...
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на МВР, Гоце Андреевски. Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп за време на состанокот во Белата куќа на 17 октомври дека е подготвен да му се придружи на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта. „Ако навистина сакаме праведен и траен мир, ни се потребни двете страни од оваа трагедија. Како може да има какви било договори без нас за нас?“, праша Зеленски во интервју за NBS ...
На гласачкото место број 2607 во општина Карпош, употребата на биометрискиот уред за идентификација на гласачи е прекината, поради технички проблем поврзан со SIM-картичката на уредот, пишува Алсат. Како резултат на тоа, гласањето продолжува преку традиционалниот метод – со УВ ламба и спреј, како што се правеше на претходните избори во слични случаи. Државната изборна комисија (ДИК) потврдува дека ситуацијата не претставува никаков ризик за ...
Член на изборниот совет е уапсен денес на гласачкото место бр. 2938, во просториите на основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир. Според информациите од терен, апсењето се случило за време на паузата, кога лицето излегло надвор да пуши цигара. Претседателот на изборната комисија на ова гласачко место изјави дека засега нема официјални информации за причините за апсењето, додека процесот на гласање продолжил нормално. Се очекува надлежните ...
Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа на терен. На медиумските работници од Македонија не им е потребна акредитација од ДИК за да ги следат изборите, туку тие се идентификуваат едноставно со беџот издаден од нивната новинарска куќа или од новинарските здруженија во државата, апелира портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани. Тој напомена дека ДИК неколку ...
Новинарката на Алсат, Фатлуме Дервиши, денес извести за опструкцијата на екипата на Алсат на гласачкото место 2918 во Чаир. Таа на прес-конференцијата ја праша и ДИК дали сите Изборни совети се информирани да не ја попречуваат работата на новинарите? Во својот одговор, Адмир Шабан од ДИК апелираше да не се попречуваат новинарите во својата работа. „Апелирам до органите да не ја попречуваат работата на новинарите“, рече Шабани. Дервиши во пренос ...
Во Општина Кичево е утврдено кршење на изборните процедури, бидејќи кандидат за советник од една од конкурентските листи во исто време бил и член на изборен совет на гласачко место, пишува Алсат. Општинската изборна комисија (ОИК) на Кичево реагираше веднаш по констатирањето на оваа ситуација и ги презеде потребните мерки, отстранувајќи го лицето од составот на гласачкото место. Оваа акција е во согласност со изборните правила, кои забрануваат ...
Министерството за внатрешни работи за време на Локалните избори континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. -Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање ...
Израелските воздухопловни сили извршија напади врз цели на Хамас во Појасот Газа, а првичните извештаи сугерираат дека ескалацијата се случила кратко откако Хамас го прекршил прекинот на огнот со испукување противтенковска ракета кон Израелските одбранбени сили (ИДФ), објави „Ерусалим пост“. Според извештаите од терен, нападот на Хамас бил директен повод за брзиот одговор на израелската војска. Терористичката организација прва испалила ...
Грабеж се случил во музејот Лувр во Париз утрово за време на неговото отворање, објави француската министерка за култура Рашида Дати денес на својот Инстаграм профил. „Поради грабежот, донесена е одлука музејот Лувр да се затвори за посетители од вонредни причини“, се вели во соопштението на музејот објавено на социјалната мрежа, според дневниот весник „Фигаро“. Инцидентот наводно се случил кога првите посетители почнале да влегуваат во ...
На својата втора прес конференција денеска, Државната изборна комисија информираше дека излезеноста до 11:15 часот на територијата на државата, според податоците од 3.139 избирачки места, изнесува 9,3%. На денешните избори се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети ...
Државната изборна комисија (ДИК) донесе одлука со која им наложи на сите Избирачки одбори да присуствуваат во полн состав, односно петте членови и петмината заменици, на процесот на броење на гласовите по 19 часот. Ова го соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на денешната прес-конференција. Главната цел на оваа мерка, како што рече Кондарко, е да се зголеми транспарентноста и ефикасноста во работата на избирачките одбори, а со тоа да се ...
За време на предизборниот молк, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Покрај ...
Гласањето на две избирачки места, едно во Куманово и едно во Штип, се одвива без користење на уредите за биометриска идентификација поради објективни и технички причини, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, на денешната прес-конференција. Во Куманово, на избирачкото место број 1133 со 12 запишани гласачи, гласањето продолжило со УВ-спреј и УВ-ламба, откако поради недостаток на електрична енергија од страна ...
На својата прва прес конференција денеска, Државната изборна комисија информираше дека излезеноста до 9:15 часот на територијата на државата, според податоците од 76,91 проценти од вкупниот број на избирачки места, изнесува 3%. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, рече дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без проблеми. – Досега во ДИК немаме јавување за текот на гласањето за ниту едно избирачко место и од ниту ...
Во еден од најсериозните безбедносни пробиви во последниве години, руските хакери украле стотици чувствителни воени документи што содржат информации за осум бази на Британските кралски воздухопловни сили (RAF) и Кралската морнарица, како и имињата и е-пошта адресите на вработените во Министерството за одбрана. Украдените материјали завршиле на темната мрежа, објавува „Дејли меил“. Пробивот се случил откако хакери, наводно поврзани со руската ...