Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на ...

МВР информира дека денеска ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради одржување атлетска трка. Се работи за траса на движење од паркот „Жена борец“ преку Камени мост, улица „Иљо Војвода“, тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар и обратно, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Иљо Војвода“, пешачките површини и делот од кејот по кој ќе се движат учесниците во трката. Единицата за безбедност на патниот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа планираниот самит со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, велејќи дека не верува оти разговорите ќе ги дадат посакуваните резултати. Трамп го објави ова за време на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа во четврток, велејќи дека планираниот самит во Унгарија „не ми се чинеше како што треба“. „Не чувствував дека ќе стигнеме таму каде што требаше да ...

Соединетите Американски Држави воведоа санкции врз руските нафтени гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“. Американскиот претседател Доналд Трамп за првпат воведува санкции врз Русија откако се врати во Белата куќа и има за цел да ги намали клучните приходи од нафта што ја финансираат воената машина на Русија. Овој потег го означува најновиот пресврт на администрацијата на Трамп, од притисок врз Киев да се согласи на мировен договор до растечко ...

Основниот суд во Прилеп им определи мерка притвор на шестмина осомничени во случајот со злоупотреби во локалната болница „Борка Талески“, за кој прилепското Основно јавно обвинителство денеска отвори истрага. На 19 осомничени, како што потврдила претседателката на прилепскиот Основен суд Јасмина Шишовска за МИА, им се одредени мерки на претпазливост, додека на седум фирми опфатени во истрагата судот им забранил да учествуваат во постапки за ...

Вчеравечер, во присуство на бројни гости, претставници од медицинската фела, јавниот живот, соработници и пациенти, свечено беше отворена Првата регионална очна болница во Битола – Систина Очна Болница by Промедика Офталмологија. Со ова, жителите на Битола и целиот Пелагониски регион добиваат пристап до врвна офталмолошка хирургија и нега, блиску до својот дом. Оваа нова болница е резултат на речиси една деценија посветена работа, искуство и ...

Микроскопските фрагменти од таканаречената темна страна на Месечината открија материјал од вонземско потекло што никогаш порано не бил забележан на природниот сателит на Земјата. Научниците кои анализирале примероци вратени од мисијата Чанг’е-6 на Кинеската национална вселенска агенција откриле честички кои доаѓаат од метеорит богат со вода, но се толку кршливи што ретко би го преживеале преминувањето низ атмосферата на Земјата. Ова е прво ...

Многу се зборува за важноста на здравјето на мозокот и како можеме да го зачуваме. Експертите предупредуваат дека секојдневните навики, дури и оние што ни изгледаат безопасни, можат да имаат долгорочно влијание врз меморијата, концентрацијата и расположението. Неврохирургот д-р Ричард Вења во видео истакна четири вообичаени навики што можат да му „штетат“ на мозокот, како и едноставни начини да го одржите здрав. 1. Недостаток на сон ...

Доколку до 28 октомври не им биде исплатена платата за септември и додатоците на плата, вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ најавија дека ќе ја активираат одлуката за шрајк. Тие денеска повторно протестираа на булеварот „Илинден“ во Скопје и побараа исплата на платата за септември и почитувањето на одредбите од колективниот договор. На раководството на претпријатието му дадоа рок до 28 ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Кралството Шведска Ола Солстром. Осврнувајќи се на, како што рече, одличните билатерални односи меѓу двете земји, Солстром истакна дека во текот на неговиот мандат ќе се фокусира на политичките односи, односно на продолжување на поддршката за интеграција на Македонија во ЕУ, на соработката во НАТО, како и на унапредување на економската соработка. Шведскиот ...

Европскиот парламент во средата усвои резолуција за поларизацијата и репресијата во Србија, со која се поддржува правото на студентите и граѓаните на мирни протести, остро се осудува бранoт на насилство под покровителство на државата, застрашувањата и неселективните апсења. Во резолуцијата под наслов „Поларизација и зголемена репресија во Србија, една година по трагедијата во Нови Сад“, се оценува дека српското раководство е политички одговорно ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред средбата со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Израел не е протекторат на САД. – Ние не сме протекторат на САД. Израел е тој што одлучува за својата безбедност, наведе Нетанјаху. Претходно, Венс изјави дека разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа ќе бидат „многу тешки задачи“. – Пред нас е многу, многу тешка задача, да го разоружаме Хамас и да ја обновиме Газа, да го ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Лондон се сретна со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Страмер. – Во рамките на посетата на Самитот за Западен Балкан, остварив средба со британскиот премиер, г. Кир Стармер. На средбата разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на Обединетото Кралство на земјите од регионот. Главата цел е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои се ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп побара притвор за шест лица и мерки за претпазливост за 15-тина приведени за случајот со злоупотреби во работата на прилепската болница. „Поднесени се предлози за притвор за шест лица, за 15-ина мерка за претпазливост. За шест до седум фирми од Прилеп, Битола и Скопје поднесен е предлог за изрекување забрана за учество во постапки за јавни набавки“, изјави Јасмина Шишковска, претседателка на Основниот ...

Во август годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45 310 денари, а просечната бруто-плата била 68 180 денари што во однос на истиот месец лани е згоелмување од 10,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.6 %, Образование за 14.5 % ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска го оцени како добар компромис предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, преговорите со Русија да почнат врз основа на актуелната линија на фронтот. „Американскиот претседател предложи двете страни да останат таму каде што се и да почнат преговори. Мислам дека тоа беше добар компромис, но не сум сигурен дека (рускиот претседател Владимир) Путин ќе го поддржи и тоа му го кажав на ...

Новиот генерален секретар на Обединетите нации ќе биде избран следната година за петгодишен мандат почнувајќи од 1 јануари 2027 година, а меѓу потенцијалните кандидати веќе се појавија три имиња од Латинска Америка, од кои две се жени, во согласност со резолуцијата што ги охрабрува и стимулира жените да се кандидираат. Официјалната трка за наследување на сегашниот генерален секретар Антонио Гутереш ќе започне кога Советот за безбедност на ОН, ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, а темата на разговорот ќе биде поддршката на Алијансата за Украина и напорите на Вашингтон за постигнување прекин на огнот, изјави портпаролката на НАТО, Алисон Харт. На веб-страницата на Алијансата не е наведено времето ниту темите на состанокот, а по состанокот нема да биде планирана прес-конференција, според соопштението. ...

Меѓународниот суд на правдата (МСП) денес изјави дека нема докази дека Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) го прекршила принципот на неутралност или дискриминирала во дистрибуцијата на хуманитарна помош и пресуди дека Израел бил должен да го олесни преминувањето на итно потребната хуманитарна помош до Појасот Газа. Судот нагласи дека, во сегашните околности, ниедна друга организација не може да ја преземе улогата ...

Кандидатот за градоначалник на Куманово од Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој се бори за трет мандат во оваа општина, објави дека добил поддршка од коалицискиот партнер ВЛЕН за вториот круг од изборите каде што ќе се соочи со независниот кандидат Горан Стојковски-Диро. Димитриевски објави фотографија од средбата со новоизбраниот градоначалник на Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, на која симболично си подаваат рака во знак на договорената поддршка ...

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс предупреди дека претстојат предизвици и во однос на разоружувањето на Хамас (која САД и ЕУ ја означија како терористичка организација) и во однос на обновата на Газа, како дел од прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, постигнат со посредство на Соединетите Држави. „Имаме многу, многу тешка задача пред нас, а тоа е да го разоружаме Хамас, но да ја обновиме Газа, да го направиме животот подобар за луѓето во ...

Британската влада објави дека британските вооружени сили ќе продолжат да ја поддржуваат мисијата КФОР во Косово и Метохија најмалку уште три години. Како што е наведено, обврската се фокусира на резервна сила од стотици британски војници кои би можеле да бидат распоредени во Косово и Метохија за да му помогнат на КФОР во краток рок доколку е потребно. „Продолжувањето на поддршката на Велика Британија за КФОР барем до декември 2028 година е дел ...

Украина и нејзините европски партнери го финализираат мировниот план од 12 точки што би ги исклучил територијалните отстапки кон Русија, објави „Блумберг“, повикувајќи се на луѓе запознаени со планот. Предлогот наводно би формирал „мировен комитет“ со кој ќе претседава американскиот претседател Доналд Трамп за да го надгледува неговото спроведување. Европските претставници би можеле да патуваат во Соединетите Држави оваа недела за да му го ...

Земјата штотуку доби нов придружник во вселената – мал астероид наречен 2025 PN7. Астероидот беше откриен оваа година, но патува со нас од 1960-тите години. НАСА потврди оваа недела дека карпата, откриена од Универзитетот на Хаваи, е официјално квази-месечина, редок вид небесно тело кое патува речиси точно синхронизирано со Земјата. Значи, не е вистинска Месечина, но ја следи истата патека околу Сонцето, па се чини дека ја следи нашата планета ...

Од 1 јануари 2026 година започнува примената на европските правила за декарбонизација – процес на намалување на емисиите на јаглерод диоксид (CO₂) што ги создаваат индустриските капацитети. Целта е постепено намалување на загадувањето и премин кон почиста, „зелена“ економија во согласност со европските стандарди. Во првата фаза, обврските ќе се однесуваат на челичната и цементната индустрија, два сектора кои се меѓу најголемите извори на ...

На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, во Основниот кривичен суд Скопје, сведочеше Татјана Соколова Ристова, законски застапник на пациентка која 13 години се лекувала на Клиниката за онкологија. Соколова Ристова пред судот изјави дека лекувањето на нејзината мајка започнало кај друг доктор, но поради лошиот однос, пациентката одбивала да продолжи со терапијата. Особено се противела на хемотерапија, стравувајќи од губење на косата. По ...

Самитот на Берлинскиот процес ги собра лидерите од Западен Балкан и Европската Унија во Лондон. Непосредно пред почетокот на самитот, регионалните лидери, вклучувајќи го и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, се сретнаа со Кралот Чарлс Трети. Делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија учествуваат на денешниот самит. Берлинскиот процес, започнат во 2014 година, има за цел да ги одржи земјите од ...

Наводите во решението на Граѓанскиот суд за забрана на штрајкот што на 20. месецов го најави Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) се апсолутно вистинити и законски основани. Решението е донесено од искусен судија кој има оставено белег во судот, оцени денеска Горан Николоски, овластен застапник на М-НАВ А.Д. Барањето за забрана на штрајк, како што посочи тој, се однесува за точно најавен штрајк, со точно определени датуми и ...

ВМРО-ДПМНЕ со 550 советници низ Македонија и градот Скопје, како и со над 300.000 гласови, е апсолутен победник на локалните избори. Кога утре би имало парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ по Донтовиот модел, со овие гласови ќе има над 60 пратеници, додека пак СДС во некои ИЕ би била трета партија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „Народот го казни СДС и направи да биде на некои места низ државата, како и градот ...

Од сè уште непознати причини, автобус се забил во училишен ѕид во унгарскиот град Солнок. Се движел според распоредот, а потоа удрил во ѕидот, соборувајќи неколку дрвја по патот на раскрсницата на улиците Кошут Лајош и Дамјанич, објавува унгарскиот портал Индекс. Во несреќата учествувале 28 лица, од кои 27 биле патници и еден пешак кој за малку го избегнал возилото. 22 лица, вклучувајќи го и пешакот, се полесно повредени, додека едно лице е во ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
68%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1012
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
7.47
84%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
2.24
88%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1004
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
1006
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.8
91%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
93%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
72%
1009
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Кобалт

58.42

Калај

40.48

Платина

52952.77

Никел

473339.37

Злато

135056.24

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Сребро

1878.05

Родиум

255598.44

Цинк

3.23

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60