Белград
9ᴼ /
9ᴼ
Литванија ја затвори границата со Белорусија, откако синоќа го затвори својот аеродром во Вилнус по четврти пат за една недела откако неколку објекти, за кои се верува дека се балони со хелиум, влегоа во нејзиниот воздушен простор. Литванската премиерка Инга Ругињене изјави дека никаков хибриден напад нема да се толерира и најави дека ќе ги собори балоните откако 66 објекти беа забележани од радарот преку ноќ. Се верува дека балоните ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 73,5 денари за ...
СВР Скопје Единицата за Економски криминал попладнево одзема дополнителна документација и лиши од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во град Скопје, пренесе Канал 5. Сабахaдин Рустеми за директор на Комунална хигиена беше поставен на 29.01.2025. Рустеми претходно ја извршуваше функцијата директор на Јавното комунално претпријатие „Сарај“од 2017 до 2021 година, а потоа од 2023 до 2024 ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко, изјави дека се апсолутни неточни. – Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат ...
Во текот на ноќта и утре претпадне ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи, информира УХМР. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (локално над 30 литри на метар квадратен) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови. Според податоците од УХМР, најмногу дожд има наврнато на Попова Шапка, 55 литри на метар квадратен, а од градовите до 19 часот во Тетово е ...
Ракометната репрезентација на Македонија почнува со подготовките за Европското првенство во јануари, каде Македонија е во група со домаќинот Данска, Португалија и Романија. Како „загревање“ за континенталниот собир нашата најискусна селекција ќе одигра двомеч пријателски натпревари против репрезентацијата на Јапонија. Селекторот Кирил Лазаров ги собра ракометарите, а од претходно предвидените, го нема Дејан Манасков кој го одби повикот од ...
Нормализиран е сообраќајот на автопатот Скопје – Велес откако тој беше прекинат поради одрон на левата коловозна лента од оваа делница по патарината „Сопот“, а пред тунелите на Башино Село, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Сега сообраќајот се одвива по двете коловозни ленти. Во меѓувреме, како што информира АМСМ, на истото место се случија и две сообраќајни несреќи, во кои нема повредени, туку е причинета само материјална ...
Европол денеска повика на координиран европски одговор за борба против проблемот со лажирање на идентификацијата на повикувачот, алатка што криминалците сè повеќе ја користат за извршување онлајн измами. Со криење на својот вистински идентитет и локација, криминалците ги лажат жртвите да откријат лични информации, да префрлаат средства или да дозволат пристап до уреди и сметки, што им отежнува на органите за спроведување на законот да ги следат ...
Русија побара од САД одговор на предлозите за враќање на воздушниот сообраќај меѓу двете земји, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Тој рече дека Русија бара одговори и на голем број други прашања, вклучително и одмрзнувањето на руските средства во странство, објави новинската агенција РИА. „Бараме јасен одговор од Американците на нашите идеи и предлози за враќање на директниот воздушен сообраќај. Бараме ...
Австрија воведува забрана за автомобили и други моторни возила што влегуваат и возат низ центарот на Виена и другите поголеми австриски градови. Измената на австрискиот Закон за патен сообраќај (StVO) и неговото стапување во сила се очекува во мај 2026 година, изјави на прес-конференција австрискиот министер за транспорт Петер Ханке, социјалдемократ (SPÖ). Измената на гореспоменатиот Закон ќе овозможи контрола на пристапот на возилата до ...
Винисиус Жуниор повторно предизвика хаос во Мадрид. Незадоволен од замената, направи сцена, а потоа се обиде да влезе во конфликт со фудбалерите на Барселона. За легендата на клубот, Фернандо Мориентес, ваквото однесување на еден играч е недозволиво. Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Мориентес, остро го критикуваше Бразилецот Винисиус Жуниор поради неговото однесување на теренот за време на „Ел Класико“. Мориентес бил навреден од начинот на кој ...
Најтрофејниот италијански фудбалски клуб Јувентус ќе ја продолжи сезоната со нов тренер, бидејќи сегашниот Игор Тудор доби отказ. Хрватскиот стратег кој дојде минатата сезона како заменско решение ја доби довербата да остане на клупата во новата сезона. Сепак, моментално „Cтарата Дама“ е на три порази во низа и осум натпревари без победа. Последен пат Јувентус славеше во дербито против Интер на 13 септември, а оттогаш имаа пет нерешени и сега ...
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи. На новинарско прашање Мицкоски потенцираше дека и при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот не останавме без гас, односно топланите работеа. – Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го ...
Единаесет месеци затвор доби 43-годишниот родител што физички нападна двајца малолетни фудбалери на натпреварот меѓу младинските екипи на фудбалските клубови Шкупи и Брегалница што се одржа на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип. Сашко Георгиев, портпарол на Основниот суд Штип, вели дека пресудата не е правосилна и оти следи период на жалби до штипска Апелација. „Кривичниот судски совет, чиј претседател е судијата Невена Перица ја има ...
Во Европа се зголемува влијанието на политичките инфлуенсери — креатори на содржина кои преку социјалните мрежи промовираат партии, кандидати или идеологии и на тој начин влијаат врз јавното мислење. Според новата студија на германскиот Медиумски регулатор на Северна Рајна-Вестфалија (LfM), оваа појава го отвора прашањето: како да се регулира политичката пропаганда на интернет? Европската Унија неодамна воведе нови правила за политичко ...
Одреден е 30-дневен притвор за скопјанецот што призна дека ограбил филијали за брзи кредити, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР). Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишија од слобода Б.А. на возраст од 25 години, осомничен дека на 15 и 18 август годинава извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва во Центар и Бит-пазар. „Тој е осомничен дека со закана со пиштол одзел пари. Откако е приведен, ...
По години молчење, францускиот претседателски пар Макрон одлучи да го прекине бранот лажни информации и клевети што се шират за родовиот идентитет на првата дама, објавија денес француските медиуми, наведувајќи дека 10 лица ќе бидат изведени пред суд по такви обвиненија. Дневниот весник „Фигаро“ објавува дека десет лица обвинети за клевета и ширење лажни информации денес ќе се појават пред суд во Париз поради објавување шеги, навреди и ...
Литванските власти синоќа, по четврти пат за една една недела, го затворија аеродромот во главниот град на земјата, Вилнус, откако неколку летечки објекти, за кои се верува дека се балони со хелиум, навлегле во нејзиниот воздушен простор, пренесе „Гардијан“. И во претходните случаи аеродромот беше затворен поради сомнителни балони, за кои првично се веруваше дека ги користат шверцери на цигари од Белорусија, но властите во Вилнус ги обвинија ...
Владата на Црна Гора ќе го укине безвизниот режим за граѓаните на Турција во понеделник – по итна постапка, објави премиерот Милојко Спајиќ доцна вечерта во неделата на социјалната мрежа X. „Ќе започнеме интензивни разговори со Турција со цел да го пронајдеме најдобриот модел во заеднички интерес, во духот на добрата соработка и сојузништвото“, изјави премиерот. Тој не ги објасни причините за укинување на безвизниот режим. Во меѓувреме, во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се фокусира на завршување на војната во Украина, наместо на тестирање ракети, објавија денес американските медиуми. Коментирајќи ги извештаите за тестирање на нова руска нуклеарна ракета, Трамп рече дека САД имаат и нуклеарни подморници позиционирани во близина на Русија, објави Си-Ен-Ен. „Тие знаат дека имаме нуклеарна подморница, најдобрата на ...
САД и Кина се согласија за рамката на потенцијален трговски договор што ќе биде дискутиран кога нивните соодветни лидери ќе се сретнат подоцна оваа недела, изјави американскиот секретар за финансии Скот Бесент. Тој изјави за американскиот партнер на Би-Би-Си-Ес дека ова вклучува конечен договор за американските операции на ТикТок и одложување на зајакнатата контрола на Кина врз ретките минерали. Тој исто така рече дека не очекува да стапи на ...
Истрагата за спектакуларниот грабеж на накит во музејот Лувр во Париз доби драматичен пресврт – според упатените, крадците имале соучесник во музејот. Како што објави британскиот Телеграф, дигиталните форензички докази укажуваат на соработка помеѓу член на обезбедувањето и сторителите. „Постојат записи што покажуваат дека вработениот комуницирал со лица осомничени за учество во кражбата пред грабежот. Тој открил чувствителни информации за ...
Земјите од Европската Унија преговараат за предлози што ќе им дадат флексибилност на бизнисите во исполнувањето на климатските цели, покажа нацрт-документ на ЕУ, додека политичкиот блок се обидува да ја добие поддршката од владите за нова цел за намалување на емисиите до 2040 година. ЕУ преговара за правно обврзувачка цел за намалување на нето емисиите на стакленички гасови за 90 проценти до 2040 година и се обидува да ја одобри пред да се ...
Наредните седум дена ќе бидат клучни за националниот енергетски сектор, по што ќе се одржат дискусии со “руски, американски и европски партнери” со цел изнаоѓање решение за набавка на гас и нафта. Во случај да не се постигне договор, државата самостојно ќе преземе чекори во текот на следната седмица. Оваа информација ја сподели претседателот на Србија, Александар Вучиќ, преку својот Инстаграм профил синоќа. “Следната недела е исклучително важна ...
Изборната кампања ги засени жалбите на граѓаните за високите цени на основните продукти кои според граѓаните се до плафон.Тие велат едвај врзуваат крај со крај – додаваат дека цените само растат и доведени се на питачки стап. „Лажат! Се лажат, се се покачува… лажат! Лажат! Нема ништо од тоа. Како изборите беа пред 2 дена три за два дена чекај може ќе ги намалт пред нова година, оти за намалување е многу тешко, а за качување ноќе бам и утре ...
На автопатот Скопје – Велес, по патарина Сопот, пред тунелите на Башино село, поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се. АМСМ информира дека во меѓу време на истото место се случиле две сообраќајни несреќи со материјална штета. Повредени нема, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На терен е испратена служба од ПС за БПС Велес. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по ...
Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори. Се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември. Првиот круг од локалните избори се одржа на 19 октомври и завршени се во 43 општини, додека постапката ќе се повтори во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде немаше доволна ...
Викендов стапува во сила зимскиот распоред на летови за 2025/26 година. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании, информираа за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми. ...
Зимското сметање на времето се менува секој последен викенд во октомври, ноќта помеѓу сабота и недела. Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март 2026 година. Иако Брисел предложи укинување на сезонските промени на времето во 2018 година, седум години подоцна – сите сè уште ги менуваат своите часовници во март и октомври. Шпанија одлучи повторно да покрене иницијатива за укинување на летното и зимското сметање на времето ...
Вториот круг на локални избори ќе се одржи точно за една недела, на 2 ноември. Според податоците на Државната изборна комисија, вториот круг ќе се одржи во 32 општини и Градот Скопје. Противкандидатите за градоначалничките места се очекува оваа недела да ја интензивираат својата кампања со митинзи и средби со граѓаните. Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на маалски митинзи во Брвеница, каде ќе се обрати и ...