По подолг период кога не бевме во можност да вклучиме нови земји во нашето европско семејство, време е да ја искористиме шансата и да ја прошириме Европската Унија во текот на овој мандат на Европскиот парламент – истакна австрискиот европратеник, Рајнхолд Лопатка во изјава за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и агенцијата МИА. „Мислам дека е позитивно она што се случува во Црна Гора, во Албанија, а исто така сум оптимист и ...

Хрватскиот парламент денес, со 84 гласа „за“, 30 воздржани и 11 „против“, го измени Законот за одбрана, со што се потврдува повторното воведување на задолжителна основна воена обука. Основната воена обука ќе трае два месеци, првите повици ќе започнат до крајот на годината, а првите регрути во касарните во Книн, Слуњ и Пожега се очекуваат на почетокот на следната година. Како што објави Министерството за одбрана, планирано е годишно да се ...

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром кон Куманово од 13:30 часот е нормализиран. Од 9 часот денеска сообраќајот на клучката кај Хиподром беше во прекин поради сообраќајка каде товарно моторно возило марка „Мерцедес“ удрило во банкина. Според информациите од СВР Скопје, во несреќата е повреден возачот на товарното возило, кој веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на ...

Вицепремиерот Александар Николоски во гостувањето на радио Лидер објасни каков ќе биде новиот градски воз којшто ќе се користи за сообраќај.Веќе почнавме со изградба на градски воз. Многу едноставно решение е градскиот воз. Што е идејата? Ги следиме поголем дел на модерните европски градови. Ја реконструираме постојната железничка инфраструктура на едно друго ниво и ќе ја користиме за градски сообраќај, рече Александар Николоски во гостување ...

Пред викендот, споделуваме нова доза среќни вести. Го имаме најновиот среќен добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 5.533.942 денари! Г.П. од Куманово на 17.10.2025, на видеолотариските терминали во Делта бет Моцарт ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка. „40 Лаки Кингс“ е среќната игра, која му овозможи да освои 5.533.942 денари. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува радост, исполнети соништа и ...

Сенатот не успеа да ја усвои мерката предложена од републиканците за исплата на федералните работници за време на 24-дневното затворање на владата, објави денес Си-Би-Ес. Законот, познат како Закон за праведност при затворање, предложен од републиканскиот сенатор Рон Џонсон од Висконсин, имаше потреба од поддршка од демократите за да се усвои. Републиканците предложија мерка до Сенатот со која ќе им се исплаќаат федералните вработени, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама против царини на владата во Онтарио, во која се прикажани коментари од 1987 година од поранешниот републикански претседател Роналд Реган. „Фондацијата ‘Роналд Реган’ штотуку објави дека Канада измамнички користела реклама, која е лажна, во која Роналд Реган зборува негативно за царините. Тие го направија ова само за да се мешаат во ...

Kинеските државни нафтени компании привремено го суспендираа купувањето руска нафта што се испорачува по море. Ова доаѓа по потегот на САД да воведат санкции врз руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“. Ројтерс, повикувајќи се на различни извори, информира дека одлуката на Пекинг доаѓа во време кога индиските рафинерии, најголемите купувачи на руска нафта што се транспортира со танкери, планираат значително да го намалат увозот од ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека САД и другите мора да сторат повеќе за да извршат притисок врз Израел да престане да го крши договорот за прекин на огнот во Газа. Ердоган им рече на новинарите по враќањето од турнејата низ Персискиот Залив дека притисокот врз Израел може да вклучува евентуално користење санкции или прекин на продажбата на оружје, според соопштението од кабинетот на Ердоган, објави Ројтерс. Според Ердоган, ...

Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул објави дека градоначалникот Екрем Имамоглу и градоначалникот Неџати Озкан се обвинети за шпионажа, а дека новинарот Мердан Џанардаг е приведен како дел од истата истрага. Обвинителството објави дека испитува дигитални материјали поврзани со Хусеин Ѓин, осомничен за шпионажа во име на странски земји, објави „Тртабер“. Гин, кој беше уапсен на 4 јули, наводно собирал доверливи информации за ...

Регионалната влада на Њу Делхи за прв пат предизвика вештачки дожд над Њу Делхи за да го растера токсичниот смог што веќе неколку дена го обвива индискиот главен град. Владата на Њу Делхи, во соработка со Индискиот институт за технологија Канпур, го спроведе првиот тест со едномоторен авион Цесна во четврток над Бурари, град кој се наоѓа на север од Унијата на територијата на Делхи. Министерот за животна средина на Делхи, Манџиндер Синг ...

Притвор и куќен притвор одреди денеска Основниот кривичен суд – Скопје за 12 осомничените за за лихварство и перење пари. Како што информираа од Кривичниот суд, за осум лица е одреден притвор, за три куќен притвор, додека за лицето по кое се уште се трага исто така е одредена мерка притвор. Министерството за внатрешни работи претходно денеска соопшти дека се лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, додека по едно лице се уште ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 км/ч). Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени, а маскималната од 14 до 24 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува ...

Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за ...

Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот ...

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија и дека е на пат да освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, стои во соопштението на СДСМ. Во текстот се додава: „Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија. Факт е дека изгубија 140.000 гласови, факт е дека доколку утре би имало парламентарни избори би освоиле 7 пратеници ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи, соопшти УХМР. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Од вторник температурите ќе бидат во ...

Политиката градена 20 години со самозадоволство, измама и ароганција се урна на 19 октомври како кула од карти. Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се јасниот одговор на Албанците на ПР-трикот „референдум“ што го трубеше мачното трио Ахмети-Таравари-Села со месеци, се вели во соопштението од ВЛЕН. Во текстот се додава: Во Кичево се виде ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ќе се сретне со кралот Чарлс во замокот Виндзор, пред да се упати кон Даунинг стрит на разговори со британскиот премиер Кир Стармер. Ова е трет пат оваа година Зеленски да се сретне со британскиот монарх, а вчерашната средба беше обележана со кралски поздрав и свирење на украинската химна по неговото пристигнување во дворот на замокот, објави Скај њуз. По посетата на Првиот баталјон на ...

„Не е лесно за колегите политичари од Северна Македонија. Тие дури и не сакаат да слушнат за вклучување на Бугарите во Уставот, а половина од нивните семејства веќе имаат бугарско државјанство“. Ова го напиша на својот Фејсбук профил, бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Андреј Ковачев. „Најважно е што ова државјанство е добиено врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарски идентитет – во која сите напишале дека ...

Во 2024 година, 17,4% од населението на ЕУ се сметало за субјективно сиромашно, што е подобрување во однос на 19,1% регистрирани во 2023 година, обајави Евростат. Меѓу земјите на ЕУ, Грција има највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни (66,8%), по што следуваат Бугарија (37,4%) и Словачка (28,7%). На другиот крај од скалата, најниски стапки се пријавени во Холандија и Германија (и двете 7,3%) и Луксембург (8,5%). ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг следната недела во рамките на неговата турнеја низ Азија, објави синоќа Белата куќа. Според портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, средбата со Си е закажана за следниот четврток на маргините на Самитот за азиско-пацифичка економска соработка во Јужна Кореја. Таа не даде детали за содржината на разговорот, објавува ...

Кога американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела имаше телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, тој беше толку уверен во напредокот што најави нскоро патување во Будимпешта за да се одржи самит со руската страна. Но, само пет дена подоцна, самитот беше откажан, а наместо тоа беа воведени нови санкции врз Москва – први од втората администрација на Трамп, пишува CNN во својата анализа. Пресвртот дојде откако ...

Во скопскиот Кривичен суд денеска беше одложено рочиштето на кое требаше да се донесе пресуда против 25-годишниот Фатон Нури кој на 1 јули годинава со мотоцикл на пешачка патека на кејот на реката Вардар во близина на Паркот на франкофонијата во Скопје го прегази 68-годишниот Југослав Николовски. Од Кривичен информираа дека рочиштето е одложено поради тоа што обвинетиот имал стомачен вирус и пред почетокот на судењето завршил на инфузија. На ...

Ѓубре, смрдеа, опасност од ширење заразни болести. Главниот град се дави во смет. Телевизија Алсат направи обиколка во повеќе скопски опшини, видовме дека речиси сите се дават во смет, меѓутоа најаларматно е во урбаните граски средини со поголем број на жители. Дел од граѓаните велат дека сами се организирале за чистење на своите маала, додека останатие додаваат дека ситуацијата е алармантна и дека овој еколошки хаос настанал кога започнале ...

Во рок од 12 часа речиси 10 илјади македонски граѓани одлучија државниот празник „Денот на македонската револуционерна борба“ да го поминат надвор од земјава. Од Министерството за внатрешни работи велат дека на граничниот премин Табановце излез оствариле 3071 македонски граѓани и 3963 странски. „На граничниот премин „Табановце“ од вчера од 12 часот до денеска до 12 часот, влез во државата оствариле 1352 македонски државјани, а излез ...

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп е сè уште можна, но треба да произведе опиплив позитивен резултат, соопшти Белата куќа. Самитот не е целосно отстранет од агендата и би можел да се одржи во одреден момент, се вели во соопштението. „Средбата меѓу овие двајца лидери е сè уште на агендата. Претседателот и целата администрација се надеваат дека тоа ќе се случи еден ден. Но, мора да бидеме ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Израел ќе ја изгуби „целата поддршка“ од САД ако се обиде да продолжи со анексијата на окупираниот Западен Брег. „Тоа нема да се случи. Нема да се случи. Нема да се случи затоа што им дадов збор на арапските земји. И тоа не можете да го направите сега. Имавме голема арапска поддршка. Нема да се случи затоа што им дадов збор на арапските земји. Нема да се случи. Израел ќе ја изгуби ...

Организацијата на Обединетите нации утре одбележува осум децении постоење, денот кога стапи во сила Повелбата на ОН. Во 1947 година беше донесена одлука датумот на стапување во сила на Повелбата на ОН, 24 октомври, кој беше потпишан на 26 јуни 1945 година, на Конференцијата во Сан Франциско, да се одбележи како Ден на ОН. По повод годишнината, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, истакна дека организацијата, чија цел е светскиот мир, ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, додека по едно лице се уште се трага. -МВР до ОЈО за ГОКК поднесена кривична пријава против Б.К.(35) кој во моментов е недостапен за органите на прогонот и против веќе лишените од слобода Љ.Љ.(29), Д.В.(29), А.Т. (29), Д.Љ.(32), М.В.(25), М.Н.(36), А.Т.(32), З.А.(42) за кои постои основано сомневање дека како соизвршители или ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
84%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
94%
993
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
77%
1000
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.2
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
993
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
0.45
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
81%
999
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
998
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
95%
1001
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
82%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Алуминиум

3.07

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Сребро

2457.28

Паладиум

53434.54

Бакар

11.66

Цинк

3.33

Злато

157055.75

Кобалт

64.04

Калај

48.47

Родиум

336779.07