Белград
10ᴼ /
8ᴼ
Западниот Балкан е дел од европското семејство, изјави денес германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пред состанокот на министрите за надворешни работи на Западен Балкан во Белфаст. „Треба да се конкретизираме во процесот на проширување на ЕУ. Ние отсекогаш сме биле неопходен катализатор во ова, а фактот што овој процес сега се реактивира тука, верувам, е непроценлив. Исклучително сум благодарен што Обединетото Кралство ја ...
Членовите на Европскиот парламент денеска, на последниот ден од овонеделната пленарна сесија во Стразбур, во одвоени гласања, ќе се изјаснат по двете инцијативи за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. Гласањето следи откако во понеделникот европратениците одржаа дебата по иницијативите за недоверба предложени од десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ) и од екстремно левичарската Левица. Образложувајќи ја ...
За малите пратки, кои ги нарачуваме преку „Тему“, „Шеин“, „Алиекпсрес“, „Амазон“ и од други интернет продавници од странство, наскоро ќе треба да плаќаме ДДВ од 18%, но за мали пратки кои ги добиваме од роднини од странство нема да се плаќа данок, под услов нивната вредност да не надминува 22 евра. Ова го предвидуваат измените на Законот за данок на додадена вредност кои се во собраниска процедура и ќе се разгледуваат по локалните избори. Со ...
Цариската управа поднесе кривична пријава против две лица за сторено кривично дело „криумчарење“ мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 355 илјади денари. Делото е откриено на влез на граничен премин Ново Село, кога при извршен детален преглед на возилото со кое патувале осомничените, во багажниот простор се откриени вкупно пет нови „iPhone 16“, од кои три „iPhone 16 Pro Max“, како и еден употребуван „iPhone 16 Pro Max“. Случајот е предаден во ...
По нашето официјално обраќање до Европската обединета левица (The Left) во Европскиот парламент, добивме потврда дека случајот со медиумската цензура и дискриминаторските упатства на АВМУ против Левица веќе е проследен до европските институции и ќе биде разгледан од страна на соодветните членови, се наведува во партиското соопштение. Во својата официјална порака до Левица, кабинетот на ко-претседавачите на левицата порача: „Ви благодариме што ...
Создавачите на „Чет-ГПТ“ открија кои професии се најзагрозени од развојот на вештачката интелигенција. Денес, со причина сѐ повеќе луѓе се загрижени за растечките можности на вештачката интелигенција, и тоа со право. Иако никој не може точно да предвиди колку брзо ќе се развива во наредните години, факт е дека таа веќе го менува светот во кој живееме и значително влијае врз пазарот на трудот. Компанијата „Опен АИ“ објави труд под наслов „Мерење ...
Израел и Хамас соопштија дека се согласиле на долгоочекуваниот договор за прекин на огнот и размена на заложници, првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Газа во која загинаа повеќе од 67.000 луѓе и се преобликува Блискиот Исток. Само еден ден по втората годишнина од прекуграничниот напад на милитантите на Хамас што го предизвика разорниот напад на Израел врз Газа, индиректните разговори во ...
Менаџерскиот тим на М-НАВ во денешното соопштение до јавноста реагира околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20 и 24 октомври. – М-НАВ како институција е дел од критичната инфраструктура која директно ги штити животите и безбедноста на патниците, екипажот и воздушниот сообраќај што пристига, полетува и прелетува над Република Македонија. Работата на контролата на летање не смее и не може да запре под никакви околности поради ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа. Во спроведената претходна постапка, како што наведуваат од Обвинителството, обезбедени се докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) го осудува вандалскиот чин што се случил синоќа, кога беа искршени стаклата на изборниот штаб на партијата во Градско. Од СДСМ порачуваат дека овој насилнички инцидент е директен показател за „уплашеноста и нервозата“ на власта и нивниот страв од изборен пораз во општината. „Кампањата и изборниот процес секојдневно се нарушува со некакви инциденти, провокации или злоупотреби на институциите кои ...
Полицијата на Косово, во тесна соработка со Агенцијата за разузнавање (АКИ) и Јавното обвинителство, денес го уапси Фатмир Шехоли под основано сомнение за вмешаност во шпионажа. Министерот за внатрешни работи, Џелал Свечла, изјави дека случајот ќе се третира со највисок институционален сериозитет, бидејќи претставува едно од најтешките дела против безбедноста и уставниот поредок на Република Косово. „Очекувам сериозен институционален третман на ...
Македонскиот автомобилски ас Игор Стефановски – Иџе продолжува да ја пишува историјата на македонскиот автоспорт! Трикратниот европски шампион во ридски патеки овој викенд ќе дебитира во ЕУРО НАСКАР ПРО, како дел од тимот Speed House S20 Team, во финалето на шампионатот што ќе се вози на легендарната патека Золдер во Белгија. Иџе станува првиот Македонец кој ќе настапи во оваа престижна серија под лиценца на американскиот Наскар, најпопуларниот ...
Припадници на СВР Куманово ја лишиле од слобода сопругата на лекарот во кој вчера беше пукано во Куманово. Како што соопшти МВР, на ден 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско. „Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во ...
Владејачката коалиција ВЛЕН го оцени како особено загрижувачки обидот на ДУИ да му даде политичка димензија на случајот со доктор Зекирија Шаини, кој пред два дена беше ранет во пукање во Куманово. Дополнително ја обвинија опозициската партија оти манипулира со семеен конфликт среде изборна кампања, поттикнувајќи тензии. „ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа ...
Во Кривичниот суд продолжува судењето против поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, обвинети за злоупотреба на службената положба, измама и проневера. На денешното рочиште се очекува да сведочат вработени од Клиниката кои ќе ги дадат своите искази за наводните неправилности. На претходното рочиште сведочеше медицинска сестра од Клиниката за онкологија која изјави дека во три случаи, кога имало недостиг на ...
Министерство за енергетика поднесе Иницијатива за заштита на македонскиот рубин. Како што информира денеска министерката Сања Божиновска, целта е рубинот да добие официјален статус како национално минерално наследство и правна заштита на потеклото. Овој рубин од цела Европа го има само кај нас. Нус производ е од мермерот и засега се продава како дел од накит. -Сметаме дека рубинот треба да се заштити, од него да направиме бренд по кој ќе бидеме ...
Обединетите нации ќе го намалат бројот на мировници во 11 операции низ целиот свет за една четвртина во наредните месеци поради недостаток на средства, изјави во среда висок функционер на ОН. Намалувањето за една четвртина значи дека бројот на „сини шлемови“ ќе се намали за 13.000 на 14.000 војници и полицајци. „Ќе мора да се повлечеме, да го намалиме за околу 25 проценти бројот на нашите воени и полициски мировници, како и нивната опрема, а ...
Францускиот вршител на должноста премиер Себастијан Лекорну во средата изјави дека гледа пат кон формирање нова влада, додавајќи дека е можно Франција да има нов премиер во следните 48 часа и да избегне предвремени избори. Себастијан Лекорну, петтиот премиер на Франција за две години, поднесе оставка во понеделник, само неколку часа откако го објави составот на својата влада, што ја прави најкратковечната администрација во поновата француска ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе Упатство за гласање на Локалните избори 2025. Гласањето е лично, а избирачите на гласање ќе можат да одат само еднаш, ќе се идентификуваат со лична карта или со пасош. Ќе можат да гласаат и лица чија важност на документите им истеклa од денот на распишување на изборите до 19 октомври. Пред да го добијат гласачкото ливче избирачите ќе биат проверувани со апаратите за биометриска ...
Доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше ранет при оружен инцидент во центарот на Куманово, денеска е пуштен на домашно лекување од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје. Директорката на Клиниката Јасмина Ѓоргиевска – Павловска, во изјава за МИА потврдила дека пациентот се чувствувал добро. „Пациентот е во добра општа состојба. По санирање на раните е пуштен на домашно лекување“, изјави Ѓоргиевска – Павловска. ...
Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер ги пречека шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан во замокот Хилсборо во близина на Белфаст. На Самитот за Западен Балкан, кој е дел од Берлинскиот процес, со кој Обединетото Кралство претседава оваа година, ќе се разговара за безбедноста и стабилноста во регионот, економскиот просперитет и миграцијата, најави Купер. „Тука сме заедно да ја поддржиме стабилноста и безбедноста ...
Над 45 концесии се раскинати од кои 34 еднострано, а за 11 договорите се истечени и не се продолжени, информира министерката за енергетика Сања Божиновска. На денешниот брифинг со новинарите, Божиновска рече дека причините за ова се непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел. Според министерката, сите концесии ќе ...
Потпишувањето на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа е закажано за денес во 12:00 часот по локално време (08:00 GMT), изјави извор запознаен со деталите од договорот. Изворот за Ројтерс изјави дека прекинот на огнот ќе стапи на сила веднаш по потпишувањето. Израел и Хамас претходно соопштија дека се согласиле на договор за прекин на огнот и размена на заложници, што е првиот чекор во планот на Трамп за прекин ...
Максимална казна од три години затвор добија денеска тројцата обвинети Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи за создавање диви депонии на дел од локацијата во Вардариште. Како што беше посочено на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд, тројцата обвинети се виновни затоа што создале депонија спротивно од прописите, иако знаеле дека немаат дозвола согласно Законот за управување со отпад и немале основано правно лице за таква ...
Околу 200 припадници на Националната гарда на Тексас се распоредени во областа на Чикаго за да го заштитат федералниот имот, вклучувајќи ги зградите на Службата за имиграција и царина (ICE) и други федерални објекти, соопшти Северната команда на САД. Портпаролот на командата изјави за АП дека војниците пристигнале во Резервниот центар на американската армија во Елвуд, околу 55 милји југозападно од градот, каде што им се придружиле околу 300 ...
Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер ќе биде домаќин на европските сојузници кои ќе разговараат за криминалот поврзан со миграции и безбедност во Западен Балкан, додека британската влада бара начини да го ограничи порастот на илегалните премини со мали чамци преку Ламанш. Како што пренесе ДПА, Велика Британија ќе вети финансиска поддршка за зајакнување на граничната безбедност и обуката на безбедносните сили во Косово, како и ...
Бирото на Националното собрание на Франција денес го отфрли предлогот за импичмент на претседателот Емануел Макрон, сметајќи го предлогот за „неприфатлив“, јави францускиот сервис БФМТВ. Предлогот, поднесен од пратениците од крајно левичарската партија Непокорена Франција и неколку пратеници на Зелените, го товари Макрон дека е одговорен за тековната политичка криза во земјата. Сепак, иницијативата не ја помина првата процедурална фаза во ...
Светските лидери го поздравија мировниот договор меѓу Израел и Хамас постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „историски чекор кон завршување на двегодишната војна во Газа“. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави објавувањето на договорот, кој предвидува прекин на огнот, ослободување на заложниците и отворање на хуманитарна помош за Газа. „Ги повикувам сите страни целосно ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 10 Целзиусови степени, а максималните од 14 до 21 Целзиусов степен. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен ...
Американскиот Сенат денеска повторно не успеа да усвои закон за финансирање на владата до 21 ноември, а прекинот на работата на владата влезе во осмиот ден. Сенатот го отфрли законот на Претставничкиот дом со 54 гласови „за“ и 45 „против“, со што не го достигна прагот од 60 гласови потребен за усвојување на законот, објави Си-ен-ен. Ова беше шести обид за усвојување на закон за финансирање. Сенатот, исто така, ја отфрли верзијата на демократите ...