Парламентот на Шпанија изгласа закон со кој се забранува испораката на оружје на Израел, со цел да запре израелскиот геноцид врз Палестинците во Појасот Газа. Законот е усвоен со 178 гласови „за“ и 169 „против“. Законот предвидува итни мерки за поддршка на Палестинците, забранува секаков извоз на воена опрема, производи или технологии во Израел, нивниот увоз во Шпанија, го отфрла транзитот на авионско гориво со потенцијална воена примена и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека постои можност да го посети Блискиот Исток во текот на претстојниот викенд и дека е многу блиску до договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Тој им изјави на новинарите во Белата куќа дека преговорите напредуваат добро и дека постои голема шанса да се постигне договор за прекин на војната во Појасот Газа врз основа на неговиот план. Трамп нагласи дека постои можност да го посети ...

На единаесеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода, додека СДСМ ќе најавија ...

Американскиот претседател Доналд Трамп даде најјасен сигнал досега дека размислува за испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина, што би можело драматично да ја промени динамиката на војната меѓу Русија и Украина. Трамп рече дека „некако донел одлука“ да го стори тоа, но нагласи дека сака да ги знае плановите на Украина да го користи оружјето пред конечната потврда, плашејќи се од ескалација. Изјавата доаѓа во услови на зголемени ...

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Појасот Газа, и покрај тоа што е општ, во моментов е најдобрата опција на маса, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Во интервју за проектот „Мостови кон Истокот“, тој нагласи дека Русија го смета планот на Трамп за позитивен чекор, бидејќи главната цел е „брз крај на крвопролевањето, спасување животи и обнова на Појасот Газа, градот Газа или ...

Војната во Украина не само што одзеде десетици илјади животи и принуди милиони луѓе да ги напуштат своите домови, туку предизвика и огромна штета врз климата, пренесе ДПА. Според студија на Иницијативата за пресметка на стакленички гасови во војна (IGGAW), објавена денеска(8 октомври), од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, војната има емитувано онолку штетни стакленички гасови колку што заедно испуштаат Австрија, Унгарија, ...

Возраста за пензионирање во Германија ќе мора да се зголеми од сегашните 67 на 70 години, изјави лидерот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Јенс Шпан. Гостувајќи во емисијата „Мајшбергер“ на јавниот сервис АРД, Шпан рече дека сегашниот систем за пензионирање на 67 години ќе биде целосно воведен до 2030/31 година, но дека нема да застане тука, бидејќи, како што изјави, со подолгиот животен век на населението, мора да се продолжи и работниот век. ...

Владата треба да ја води државата или да си оди, изјави денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче. Според него, премиерот Христијан Мицкоски, треба да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми во државата. – Премиерот треба да престане да спинува. Има сериозни проблеми и прашања на кои треба да одговори. Кога човек нема што да каже, кога нема со што да се пофали – ниту проект, ниту добра прогноза за земјата – па ...

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, и поранешниот премиер на ентитетот, Радован Вишковиќ, како и актуелниот претседател на Парламентот, Ненад Стевандиќ, остануваат под истрага поради сомнение за сторено кривично дело обид за соборување на уставниот поредок, а Судот на БиХ затоа ги продолжи нивните мерки за забрана. Државниот суд во среда потврди дека Додик, Вишковиќ и Стевандиќ сè уште мора да се пријавуваат во полиција ...

Во 91 кујна во градинки и во 23 во училишта, минатиот месец, бил спроведен вонреден надзор за проверка на условите во кои се подготвува и служи храната. Инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство издале девет решенија со наредби за отстранување на утврдените неправилности. При контролите било утврдено дека во две градинки, во кујните хигиената не била задоволителна, а во една градинка вработениот персонал во кујните немал направено ...

По постигнувањето на евентуално примирје, ќе бидат потребни 52 милијарди долари за обнова на опустошениот Појас Газа, изјави денес директорот на Канцеларијата на Обединетите нации за услуги и проекти (УНОПС), Хорхе Мореира да Силва, во интервју за Ал Џезира. „Ни требаат 52 милијарди долари за обнова на Појасот Газа. Околу 80 проценти од инфраструктурата во Газа е целосно уништена“, рече претставникот на ОН. Во исто време, да Силва нагласи дека ...

Во рамките на претставувањето на вториот столб од неговата изборна програма “Образование“, кандидатот за градоначалник на општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, соопшти дека започнува изградбата на кампусот на универзитетот “Маjка Тереза“, капитален проект во вредност од 40 милиони евра, поддржан од Владата, се вели во соопштението од ПР тимот на Меџити. Во текстот се додава: “За ваша информација, вчера Министерството за транспорт ја ...

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, денеска, во полн состав во Уставниот суд ја одржа втората седница. Комисијата со која претседава претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски изврши административна проверка на апликациите во однос на критериумите за пријавување и по проверката, врз основа на фактичката состојба ја утврди листата на апликанти кои ќе бидат ...

Кралската шведска академија на науките одлучи Нобеловата награда за хемија за 2025 година да ја додели на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар М. Јаги „за развој на метално-органски рамки“ Лауреатите на Нобеловата награда за хемија за 2025 година создадоа молекуларни конструкции со големи простори низ кои можат да течат гасови и други соединенија. Овие конструкции, метално-органски рамки, можат да се користат за собирање вода од пустинскиот ...

Со сослушување на сведок предложен од Основното јавно обвинителство, денеска продолжи судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, којшто заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Сведокот Александар Гаќев, сопруг на сега веќе почината пациентка пред Судот кажа дека по предлог на Васев, неговата сопруга примала терапија според експериментална програма. Лекувањето, посочи ...

Нешто ново и опасно се случува на нашето небо, при што само во последните две недели борбени авиони МиГ го нарушија воздушниот простор на Естонија, а дронови прелетаа над критични локации во Белгија, Полска, Романија, Данска и Германија, изјави претпладнево претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во Стразбур за време на дебатата посветена на одговорот на ЕУ на неодамнешните руски нарушувања ...

Длабоко сме загрижени и потресени од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на советничката листа во Општина Липково, д-р Зеќирија Шахини, кој беше застрелан од маскирано лице и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност, но самиот факт што во сред изборна кампања се случува ваков атентат претставува сериозен аларм за демократијата, јавниот ред и безбедноста во државата. Ова не е обичен инцидент, туку тежок, намерен и морбиден ...

Ако почине кандидат за советник, според Изборниот законик се предлага нов кандидат во период до десет дена пред денот на одржувањето на изборите, изјави денеска Емилија Петровска, претседател на Општинската изборна комисија во Кавадарци, за МИА по информацијата за смртта на Панчо Минов, носител на листа кандидати за советници на претстојните локални избори што ќе се одржат на 19 октомври. – Според член 67-а од Изборниот законик, ако некој од ...

Патувањето од Атина до Истанбул за само четири часа или скокањето од Мадрид до Милано со брз воз звучи како футуристички сон, но токму тоа ветува амбициозниот план за Европската мрежа за брзи железници. Заедницата на европски железнички и инфраструктурни компании (CER) најавува проект што треба да ги поврзе сите поголеми градови во Европската Унија со мрежа од повеќе од 49.400 километри пруга, со возови што сообраќаат со брзина од 250 до 350 ...

На десеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со своите активности на терен – со митинзи и директни средби со граѓаните во повеќе градови и општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе ги претстават своите кандидати во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош, додека СДСМ продолжува со кампањата во Долнени, ...

Основното јавно обвинителство Скопје покрена истрага против две лица, сопственички на приватни домови за стари лица во Скопје, поради сериозни злоупотреби и нехуман третман на корисниците. Според обвинението, установите работеле над дозволениот капацитет, без соодветен стручен кадар, со сериозни пропусти во хигиената, исхраната и документацијата. -Со дејствијата што ги координираше јавниот обвинител во изминатите два дена, обезбедени се докази ...

Центрите за јавно здравје низ државава обезбедија 2.400 комерцијални вакцини. Од нив 1.000 дози има во Центарот за јавно здравје-Скопје. Примањето комерцијална вакцина ќе чини 700 денари, информираа за МИА од Министерството за здравство. Министерството за здравство вчера соопшти дека почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да се размислува за можноста за предвремени парламентарни избори и нов четиргодишен мандат, но, како што посочи, за таа одлука ќе се водат не од политичкиот туку од интересот на државата. – Очекувам по овие локални избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран и оној кој ја следи политиката ќе ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека таа и уште двајца министри се обвинети од Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради поддршката на Рим за Израел. „Јас, министерот Крочето (Гвидо, министер за одбрана), министерот Тајани (Антонио, министер за надворешни работи) и верувам дека извршниот директор на Леонардо, Роберто Чинголани, станавме предмет на тужба од МКС за соучество во геноцид“, рече таа во телевизиска емисија на 7 октомври. ...

Европската комисија(ЕК) предлага двојно да се зголемат царините за увоз на челик – на 50 отсто, за да се заштитат производителите од Европската унија (ЕУ) од евтина конкуренција од земји како Кина, објави комесарот за индустрија на ЕУ, Стефан Сежурне. Покрај тоа, обемот на увоз без царина треба да се намали речиси за половина, јави агенцијата ДПА. Целта е да се спасат европските производители на челик и работните места. „Ова е ...

Британскиот премиер Кир Стармер повика на построг полициски одговор на она што тој го нарече навредливи слогани слушнати за време на пропалестинските протести по повод годишнината од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. „Мислам дека треба да се откажеме од некои од слоганите што се слушаат на овие протести. Полицијата треба да го преиспита начинот на кој се следат овие собири“, им рече Стармер на новинарите во авионот на пат ...

Бидејќи водата сочинува околу 60 проценти од нашите тела, јасно е зошто редовното пиење е клучно за здравјето. Експертите особено нагласуваат дека пиењето вода наутро, веднаш по будењето, има бројни придобивки за телото и умот, објавува „Индекс“. Нутриционистката Еими Шапиро истакнува дека утринската чаша вода помага во рехидрираноста по спиењето, го подобрува варењето, ги стимулира когнитивните и метаболичките функции и го поддржува ...

Лекарите развија стетоскоп управуван од вештачка интелигенција кој може да открие три сериозни срцеви заболувања за само 15 секунди, револуционизирајќи ја дијагностиката. Оваа надградена медицинска алатка има способност да препознава срцева слабост, заболувања на срцевите залистоци и неправилни срцеви ритми, пишува The Guardian. Традиционалниот стетоскоп, измислен во далечната 1816 година, е клучен дел од опремата на секој лекар повеќе од два ...

82-годишна Кинескиња е хоспитализирана откако проголтала осум живи жаби во обид да ги ублажи болките во долниот дел од грбот. Постарата жена, позната само по презимето Жанг, изјавила дека се водела од народното верување дека јадењето живи жаби може да помогне во лекувањето на болката предизвикана од дискус хернија, објави денес британскиот Телеграф. Се наведува дека во септември побарала од членовите на семејството да ѝ помогнат да ги фати ...

Германија ќе ѝ дозволи на полицијата да соборува беспилотни летала што претставуваат закана по безбедноста, по серијата инциденти во кои „ловци на беспилотни летала“ го нарушија воздушниот сообраќај низ Европа, соопшти владата во понеделник. Новиот закон, кој беше одобрен од кабинетот и чека парламентарно одобрување, ѝ овластува на полицијата да соборува беспилотни летала во случаи на „акутна закана“ или можност за „сериозна штета“, објави ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
70%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.52
92%
1016
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
96%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
65%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1006
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.26
86%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
89%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
52%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Злато

135056.24

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Никел

473339.37

Паладиум

46425.68

Платина

52952.77

Родиум

255598.44

Калај

40.48

Сребро

1878.05

Цинк

3.23

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88