Максимална казна од три години затвор добија денеска тројцата обвинети Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи за создавање диви депонии на дел од локацијата во Вардариште. Како што беше посочено на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд, тројцата обвинети се виновни затоа што создале депонија спротивно од прописите, иако знаеле дека немаат дозвола согласно Законот за управување со отпад и немале основано правно лице за таква ...

Околу 200 припадници на Националната гарда на Тексас се распоредени во областа на Чикаго за да го заштитат федералниот имот, вклучувајќи ги зградите на Службата за имиграција и царина (ICE) и други федерални објекти, соопшти Северната команда на САД. Портпаролот на командата изјави за АП дека војниците пристигнале во Резервниот центар на американската армија во Елвуд, околу 55 милји југозападно од градот, каде што им се придружиле околу 300 ...

Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер ќе биде домаќин на европските сојузници кои ќе разговараат за криминалот поврзан со миграции и безбедност во Западен Балкан, додека британската влада бара начини да го ограничи порастот на илегалните премини со мали чамци преку Ламанш. Како што пренесе ДПА, Велика Британија ќе вети финансиска поддршка за зајакнување на граничната безбедност и обуката на безбедносните сили во Косово, како ...

Бирото на Националното собрание на Франција денес го отфрли предлогот за импичмент на претседателот Емануел Макрон, сметајќи го предлогот за „неприфатлив“, јави францускиот сервис БФМТВ. Предлогот, поднесен од пратениците од крајно левичарската партија Непокорена Франција и неколку пратеници на Зелените, го товари Макрон дека е одговорен за тековната политичка криза во земјата. Сепак, иницијативата не ја помина првата процедурална фаза во ...

Светските лидери го поздравија мировниот договор меѓу Израел и Хамас постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „историски чекор кон завршување на двегодишната војна во Газа“. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави објавувањето на договорот, кој предвидува прекин на огнот, ослободување на заложниците и отворање на хуманитарна помош за Газа. „Ги повикувам сите страни ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 10 Целзиусови степени, а максималните од 14 до 21 Целзиусов степен. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од ...

Американскиот Сенат денеска повторно не успеа да усвои закон за финансирање на владата до 21 ноември, а прекинот на работата на владата влезе во осмиот ден. Сенатот го отфрли законот на Претставничкиот дом со 54 гласови „за“ и 45 „против“, со што не го достигна прагот од 60 гласови потребен за усвојување на законот, објави Си-ен-ен. Ова беше шести обид за усвојување на закон за финансирање. Сенатот, исто така, ја отфрли верзијата на ...

Парламентот на Шпанија изгласа закон со кој се забранува испораката на оружје на Израел, со цел да запре израелскиот геноцид врз Палестинците во Појасот Газа. Законот е усвоен со 178 гласови „за“ и 169 „против“. Законот предвидува итни мерки за поддршка на Палестинците, забранува секаков извоз на воена опрема, производи или технологии во Израел, нивниот увоз во Шпанија, го отфрла транзитот на авионско гориво со потенцијална воена примена и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека постои можност да го посети Блискиот Исток во текот на претстојниот викенд и дека е многу блиску до договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Тој им изјави на новинарите во Белата куќа дека преговорите напредуваат добро и дека постои голема шанса да се постигне договор за прекин на војната во Појасот Газа врз основа на неговиот план. Трамп нагласи дека постои можност да го посети ...

На единаесеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода, додека СДСМ ќе најавија ...

Американскиот претседател Доналд Трамп даде најјасен сигнал досега дека размислува за испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина, што би можело драматично да ја промени динамиката на војната меѓу Русија и Украина. Трамп рече дека „некако донел одлука“ да го стори тоа, но нагласи дека сака да ги знае плановите на Украина да го користи оружјето пред конечната потврда, плашејќи се од ескалација. Изјавата доаѓа во услови на зголемени ...

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Појасот Газа, и покрај тоа што е општ, во моментов е најдобрата опција на маса, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Во интервју за проектот „Мостови кон Истокот“, тој нагласи дека Русија го смета планот на Трамп за позитивен чекор, бидејќи главната цел е „брз крај на крвопролевањето, спасување животи и обнова на Појасот Газа, градот Газа ...

Војната во Украина не само што одзеде десетици илјади животи и принуди милиони луѓе да ги напуштат своите домови, туку предизвика и огромна штета врз климата, пренесе ДПА. Според студија на Иницијативата за пресметка на стакленички гасови во војна (IGGAW), објавена денеска(8 октомври), од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, војната има емитувано онолку штетни стакленички гасови колку што заедно испуштаат Австрија, ...

Возраста за пензионирање во Германија ќе мора да се зголеми од сегашните 67 на 70 години, изјави лидерот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Јенс Шпан. Гостувајќи во емисијата „Мајшбергер“ на јавниот сервис АРД, Шпан рече дека сегашниот систем за пензионирање на 67 години ќе биде целосно воведен до 2030/31 година, но дека нема да застане тука, бидејќи, како што изјави, со подолгиот животен век на населението, мора да се продолжи и работниот ...

Владата треба да ја води државата или да си оди, изјави денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче. Според него, премиерот Христијан Мицкоски, треба да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми во државата. – Премиерот треба да престане да спинува. Има сериозни проблеми и прашања на кои треба да одговори. Кога човек нема што да каже, кога нема со што да се пофали – ниту проект, ниту добра прогноза за земјата – па ...

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, и поранешниот премиер на ентитетот, Радован Вишковиќ, како и актуелниот претседател на Парламентот, Ненад Стевандиќ, остануваат под истрага поради сомнение за сторено кривично дело обид за соборување на уставниот поредок, а Судот на БиХ затоа ги продолжи нивните мерки за забрана. Државниот суд во среда потврди дека Додик, Вишковиќ и Стевандиќ сè уште мора да се пријавуваат во ...

Во 91 кујна во градинки и во 23 во училишта, минатиот месец, бил спроведен вонреден надзор за проверка на условите во кои се подготвува и служи храната. Инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство издале девет решенија со наредби за отстранување на утврдените неправилности. При контролите било утврдено дека во две градинки, во кујните хигиената не била задоволителна, а во една градинка вработениот персонал во кујните немал направено ...

По постигнувањето на евентуално примирје, ќе бидат потребни 52 милијарди долари за обнова на опустошениот Појас Газа, изјави денес директорот на Канцеларијата на Обединетите нации за услуги и проекти (УНОПС), Хорхе Мореира да Силва, во интервју за Ал Џезира. „Ни требаат 52 милијарди долари за обнова на Појасот Газа. Околу 80 проценти од инфраструктурата во Газа е целосно уништена“, рече претставникот на ОН. Во исто време, да Силва нагласи ...

Во рамките на претставувањето на вториот столб од неговата изборна програма “Образование“, кандидатот за градоначалник на општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, соопшти дека започнува изградбата на кампусот на универзитетот “Маjка Тереза“, капитален проект во вредност од 40 милиони евра, поддржан од Владата, се вели во соопштението од ПР тимот на Меџити. Во текстот се додава: “За ваша информација, вчера Министерството за транспорт ја ...

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, денеска, во полн состав во Уставниот суд ја одржа втората седница. Комисијата со која претседава претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски изврши административна проверка на апликациите во однос на критериумите за пријавување и по проверката, врз основа на фактичката состојба ја утврди листата на апликанти кои ќе бидат ...

Кралската шведска академија на науките одлучи Нобеловата награда за хемија за 2025 година да ја додели на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар М. Јаги „за развој на метално-органски рамки“ Лауреатите на Нобеловата награда за хемија за 2025 година создадоа молекуларни конструкции со големи простори низ кои можат да течат гасови и други соединенија. Овие конструкции, метално-органски рамки, можат да се користат за собирање вода од пустинскиот ...

Со сослушување на сведок предложен од Основното јавно обвинителство, денеска продолжи судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, којшто заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Сведокот Александар Гаќев, сопруг на сега веќе почината пациентка пред Судот кажа дека по предлог на Васев, неговата сопруга примала терапија според експериментална програма. Лекувањето, посочи ...

Нешто ново и опасно се случува на нашето небо, при што само во последните две недели борбени авиони МиГ го нарушија воздушниот простор на Естонија, а дронови прелетаа над критични локации во Белгија, Полска, Романија, Данска и Германија, изјави претпладнево претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во Стразбур за време на дебатата посветена на одговорот на ЕУ на неодамнешните руски ...

Длабоко сме загрижени и потресени од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на советничката листа во Општина Липково, д-р Зеќирија Шахини, кој беше застрелан од маскирано лице и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност, но самиот факт што во сред изборна кампања се случува ваков атентат претставува сериозен аларм за демократијата, јавниот ред и безбедноста во државата. Ова не е обичен инцидент, туку тежок, намерен и ...

Ако почине кандидат за советник, според Изборниот законик се предлага нов кандидат во период до десет дена пред денот на одржувањето на изборите, изјави денеска Емилија Петровска, претседател на Општинската изборна комисија во Кавадарци, за МИА по информацијата за смртта на Панчо Минов, носител на листа кандидати за советници на претстојните локални избори што ќе се одржат на 19 октомври. – Според член 67-а од Изборниот законик, ако некој од ...

Патувањето од Атина до Истанбул за само четири часа или скокањето од Мадрид до Милано со брз воз звучи како футуристички сон, но токму тоа ветува амбициозниот план за Европската мрежа за брзи железници. Заедницата на европски железнички и инфраструктурни компании (CER) најавува проект што треба да ги поврзе сите поголеми градови во Европската Унија со мрежа од повеќе од 49.400 километри пруга, со возови што сообраќаат со брзина од 250 до 350 ...

На десеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со своите активности на терен – со митинзи и директни средби со граѓаните во повеќе градови и општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе ги претстават своите кандидати во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош, додека СДСМ продолжува со кампањата во Долнени, ...

Основното јавно обвинителство Скопје покрена истрага против две лица, сопственички на приватни домови за стари лица во Скопје, поради сериозни злоупотреби и нехуман третман на корисниците. Според обвинението, установите работеле над дозволениот капацитет, без соодветен стручен кадар, со сериозни пропусти во хигиената, исхраната и документацијата. -Со дејствијата што ги координираше јавниот обвинител во изминатите два дена, обезбедени се ...

Центрите за јавно здравје низ државава обезбедија 2.400 комерцијални вакцини. Од нив 1.000 дози има во Центарот за јавно здравје-Скопје. Примањето комерцијална вакцина ќе чини 700 денари, информираа за МИА од Министерството за здравство. Министерството за здравство вчера соопшти дека почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да се размислува за можноста за предвремени парламентарни избори и нов четиргодишен мандат, но, како што посочи, за таа одлука ќе се водат не од политичкиот туку од интересот на државата. – Очекувам по овие локални избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран и оној кој ја следи политиката ќе ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
97%
1000
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
83%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
999
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
94%
999
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
998
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
68%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

46.91

Платина

67162.91

Алуминиум

3.03

Родиум

336779.07

Бакар

11.69

Сребро

2460.50

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Цинк

3.25

Злато

159231.39

Паладиум

546.56