Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Единаесет градски противпожарни служби биле испратени на местото на настанот. На тројца работници им била укажана медицинска помош, еден бил однесен во болница со скршена нога, додека други двајца претрпеле полесни повреди Зграда во изградба денеска се урнала во самиот центар на Мадрид. Според првичните информации, најмалку тројца работници се повредени, а службите за итни случаи трагаат по уште двајца за кои се сомнева дека се заробени под ...
Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердек, социјалдемократката Ирис Шталцер, е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми. Според полицијата, Шталцер претрпела повеќекратни убодни рани, а во градот во Северна Рајна-Вестфалија е во тек голема полициска операција, пишува германскиот „Шпигел“. Деталите за нападот и идентитетот на сторителот засега се непознати. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази длабока ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува -0.2 отсто, соопшти Државниот завод за статситика. Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3.3 %, Ресторани и хотели за 1.3 %, Рекреација и култура за 0.7 %, Облека и обувки за 0.3 %, ...
Кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир Изет Меџити, денеска на прес-конференција го претстави, како што рече, првиот основен столб на неговата изборна програма, детален план за целосна модернизација на патната инфраструктура и конечното решавање на проблемот со паркирањето во Чаир. Меџити во своето обраќање истакна дека Чаир ќе биде модерна, уредена и функционална општина каде што, како што рече, секојдневниот живот на граѓаните ...
Помали давачки и побрзи приливи за плаќања во евра добиваат од денес граѓаните и компаниите со започнувањето на СЕПА-системот. Девет банки во земјава се целосно подготвени да започнат со извршување плаќања во рамките на шемата за кредитни трансфери СЕПА, со што трансакциите стануваат повеќекратно поевтини од досегашните. Така, граѓаните ќе плаќаат околу 260 денари за електронско плаќање од 500 евра, наместо 1.600 денари преку кореспондентното ...
Кандидатот на ВЛЕН за општина Чаир, Изет Меџити, има предност од 3,3% во однос на кандидатот на АКИ, Бујар Османи. Ова го покажуваат податоците од анкетата на ИПИС спроведена за РТВМ во текот на октомври со 1.004 испитаници преку телефон со жителите на Чаир. Анкетата се фокусира на мислењето на граѓаните на Чаир за различни теми, додека на прашањето за кого би гласале на локалните избори, 27,5% од испитаниците одговориле за Меџити, додека ...
Се вршат контроли и надзори кај извозникот, откупувачите и индивидуалните земјоделски производители по нотификациите од RASFF системот и официјалното известување од Хрватска за утврдено присуство на пестицидот метомил во свежа црвена пиперка увезена од Македонија, информира Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ). Станува збор за пратка од околу 15 000 килограм пипер. Извозникот не е производител, пиперот го купил од други правни ...
Гувернерот на Народната банка попладнево соопшти дека се направени првите трансакции преку СЕПА системот. – Историски ден за нашата држава! Денес се направени првите трансакции преку СЕПА – системот што ја приближува Македонија кон европското платежно подрачје. До 6 пати пониски трошоци за граѓаните. До 8 пати пониски трошоци за компаниите, објави гувернерот Трајко Славески на платформата Х. Од денеска практично во државава почна примената ...
Францускиот премиер во заминување, Себастијан Лекорну, во вторник започнува последен дводневен обид за разговори со другите партии, еден ден откако поднесе оставка во рекордно време. Лекорну, чија влада беше именувана во недела навечер, беше премиер до понеделник, кога беше отфрлена и од сојузниците и од опозицијата. Тоа стана владата со најкраток мандат во модерната француска историја. Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник му ...
Кампањата на овие избори се претвори во борба за заштита на Охридскиот договор од страна на ДУИ, и покрај фактот што за неа, нормативниот дел и имплементацијата завршија откако го смени својот карактер во зелена партија, пишува Алсат. Лидерот на оваа партија, во низа јавни настапи, артикулира ставови дека е загрозен Охридскиот договор, иако за сите чувствителни прашања за Албанците, самата оваа партија даде зелено светло. „Договорот е ...
Легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ почина денес, 7 октомври, на 72-годишна возраст по кратка борба со тешка болест. Кон крајот на август, Халид Бешлиќ беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. Со своите безвременски хитови одбележа неколку децении на музичката сцена на поранешна Југославија и регионот. Неговите песни како што се „Милјацка“, „Романи“, „Не можам да ...
Медицинските сестри реагираат дека не се вклучени во носењето закони во здравствениот сектор, иако како што велат давале предлози и биле дел од работните групи во кабинетите на сите министри за здравство досега. Најавуваат и меѓународен притисок врз здравствените власти за како што велат да не се дозволи да бидат маргинализирани. „Ова е преседан кој не можеме да го надминеме. Да не бидете во процес на сопствен закон, да не бидете на јавна ...
Ракетите „Томахавк“ можат да носат нуклеарно оружје, а испораката на овие ракети во Киев би можела да доведе до сериозна ескалација, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Претседателот Путин јасно го искажа ставот на Русија во врска со испораката на „Томахавките“. Ова би била сериозна ескалација, но нема да ја промени ситуацијата на двата фронта за режимот во Киев“, рече тој. Песков нагласи дека е потребно да се почекаат ...
Папата Лав XIV ќе патува во Турција и Либан во шестдневно патување кое ќе започне кон крајот на ноември, што е негово прво патување откако стана поглавар на Католичката црква, соопшти официјален Ватикан на 7 октомври. Седумдесетгодишниот Американец се очекува во Турција од 27 до 30 ноември, посета која „ќе вклучува поклонение во градот Изник по повод 1700-годишнината од Првиот Никејски собор“, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. ...
Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство-Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од ...
Двајца осуденици на отпуст вчеравечер се лишени од слобода, откако се обиделе да избегаат од полициска патрола, по што излетале од патот кај населбата Нова Колонија, во близина на скопско Идризово, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 06.10.2025 година во близина на населбата Нова Колонија, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ...
Екипата на Пелистер ќе добие нов тренер по репрезентативната пауза, затоа што се разделија актуелниот предводник Димитар Капинковски и раководството на клубот. Разделбата доаѓа по лошата серија на битолчани, кои немаат победа пет натпревари по ред во лигата. Последниот триумф на клубот е на крајот на август со Шкупи, а оттогаш Пелистер нанижа четири порази и едно реми, што го стави клубот во опасната зона. Така, двете страни нема повеќе да ...
Три лица се во критична состојба откако медицински хеликоптер се урна на автопат во Сакраменто во понеделник вечерта, потврдија пожарникарите, објави Си-Ен-Ен. Според противпожарната служба на Сакраменто, повредените биле во хеликоптерот што се урна на коловозот на автопатот 50 во правец исток, во близина на 59-та улица. OMG! A REACH medical helicopter crashed on eastbound Highway 50 in Sacramento, California, reports of multiple victims. – ...
Нобеловата награда за физика денес им беше доделена на научниците од Универзитетот во Калифорнија, Џон Кларк, Мајкл Деворет и Џон Мартинис, за „откривањето на макроскопското квантно-механичко тунелирање и квантизацијата на енергијата во електрично коло“, објави Кралската шведска академија на науките. Сите тројца се од Универзитетот во Калифорнија – Кларк од Беркли, Деворет од Јеил и Мартинис од Санта Барбара. Се вели дека тие спровеле ...
Експлозии се слушнаа денеска во Париз и се запали комбе во близина на канцеларијата на францускиот премиер во заминување, само еден ден по неговата оставка. Сведоци пријавиле дека слушнале три експлозии во близина на хотелот Матињон, каде што Себастијан Лекорну требало да одржи состаноци по неговата оставка, објави Ле Парисиен. Сликите од местото на настанот го покажуваат комбето во пламен додека службите за итни случаи се обидуваат да го ...
Светот со право се прашува дали, по две години од најбруталната и најтрагична војна во историјата на Блискиот Исток, меѓу Израел и Хамас, конечно ќе има крај на повидок. Иако работите се чини дека одат според планот, сè уште сме далеку од целосен прекин на огнот. Сепак, охрабрувачки вести доаѓаат од Египет. Првата рунда разговори меѓу медијаторите и Хамас во Шарм ел Шеик заврши во понеделник вечерта во, како што објавија египетските медиуми, ...
Се докажа дека поранешниот лидер на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Зоран Заев ја води партијата, додека актуелниот Венко Филипче е само статист во целата приказна. Ова е денешната реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера поранешниот претседател на СДСМ и експремиер, Зоран Заев, вчера во ретка објава на социјалните мрежи остро и категорично ги негираше тврдењата на актуелниот премиер Христијан Мицкоски за наводните „куферчиња пари ...
Уапсен е жител на скопско Мирковци, откако вчеравечер е затекнат како од резервоарот на основно училиште во селото Сандево одзема нафта, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 06.10.2025 година во 21:25 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје го лишија од слобода А. Ш. (41) од Скопје, поточно од скопското село Мирковци“, се вели во соопштението од полицијата. Полицијата го затекна во дворот ...
Уште три дена остануваат за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите, треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање – 10 октомври на полноќ. За да се овозможи лицето да гласа во ...
Дури 1.158 парчиња часовници со потпис на заштитени трговски марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит на граничен премин Богородица. Случајот е откриен од мобилен царински тим, кој поради сомневање изврши детален преглед, при што се пронајдени часовници чија пријавена вредност согласно фактура издадена од фирма од Кина изнесува 60.852 денари. Поради основано сомневање за повреда ...
Клучната океанска струја во Северноатлантскиот Океан слабее и се приближува кон точката на целосен колапс поради климатските промени, предупредува нова студија, објави Дејли Меил. Научниците велат дека Северноатлантскиот субполарен вртлог, масивен систем на ротирачки океански струи јужно од Гренланд, ја губи стабилноста од 1950-тите. Сега се приближува кон пресвртна точка – критичен праг во системот кој, доколку се премине, може да ...
Секоја одлука на Европската Унија (ЕУ) да користи замрзнати руски државни средства за да ѝ помогне на Украина мора да биде во согласност со меѓународното право, а Европската централна банка (ЕЦБ) е „многу внимателна“ во врска со процесот, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, цитирана од Ројтерс. ЕУ бара начин да ја финансира одбраната и обновата на Украина со дел од руските државни средства во вредност од 210 милијарди евра ...
Предлог за промена на процесот на одлучување при пристапувањето на земјите кандидатки за членство во Европската Унија е на маса во извршното тело на ЕУ, Европската комисија. Неговата цел е да се забрза процесот на пристапување, преку употреба на гласање со квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори, наместо со консензус на сите земји членки. Гласањето со консензус останува при одлучувањето за почеток и завршување на преговорите со ...
Струшките основни училишта се без нафта и дрва. Поради лошата финансиска состојба во која се наоѓаат и празните жиро сметки, тие сами неможат да распишуваат тендери за нивна набавка. Првите денови од октомври, учениците во поголем дел од училиштата следат настава во ладни училници, а од денес во некои од училиштата часовите се скратени за 5 минути. „Проблемот е во тоа што што секое училиште на ниво на Општина Струга во своите жиро сметки ...
Семејствата и пријателите на жртвите од нападот на радикалната палестинска група Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година, утринава им оддадоа почит на втората годишнина од крвопролевањето со што започна војната во Појасот Газа, јавија западните агенции. Според израелските податоци, во нападот беа убиени 370 лица, а 251 лице се земени како заложници. Хамас сè уште држи 48 Израелци, од кои се верува дека 23 се живи. Според ...