Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот на Бугарија, Румен Радев, на „Икс“, по телефонскиот разговор со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова. „Благодарност до претседателката Гордан Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на РСМ да обезбеди ...
Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди борбени авиони поради опасноста по својот воздушен простор, јавуваат локалните медиуми. Украина објави дека во рускиот напад врз Запорожје едно лице било убиено, а шест други ранети, меѓу кои и 16-годишно девојче. Шефот на југоисточниот украински регион, Иван Федоров, објави дека во рускиот „комбиниран напад“ (напад со ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
Утрово времето е студено, преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе ...
Портпаролот на Локалниот штаб на ВЛЕН во Чаир, Сабри Азири, на денешната прес конференција го обвини кандидатот на ДУИ за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, за директна одговорност на неговата партија за мизерната состојба со хигиената во Скопје, особено во Чаир, се наведува во соопштението од ВЛЕН, што МИА го објавува интегрално. Според него, наместо да се грижат за општината, кадрите на ДУИ со години го саботирале функционирањето ...
Алта Банка АД Белград ги известува сите акционери на Стопанска Банка АД Битола кои сè уште немаат запишано акции во рамки на јавната понуда, дека јавната понуда за запишување акции завршува на 10.10.2025 година. Сите заинтересирани акционери, согласно јавниот повик, можат да ги запишат, односно да ги продадат своите акции по цена од 3.777 денари за една акција. Запишувањето на акциите се врши преку овластените банки и брокерски куќи, ...
З.В. од Струмица ја надополни нашата среќна низа ВЛТ добитници. На 30.09.2025 тој ја освои најпосакуваната добивка. СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот во вредност од 7.291.946 денари. Неговата среќна игра е 40 Супер хот. СУПЕР МИЛИОНЕР џекпотот е освоен на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Спортлајф Треид во Струмица. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува уште повеќе радост, исполнети соништа и ...
Хамас се согласи да ги ослободи сите заложници во замена за палестинските затвореници што се држат во израелските затвори, како и да се откаже од власта во Појасот Газа. Палестинската милитантна група побара понатамошни преговори за другите делови од планот и не кажа дали ќе го положи оружјето – клучен дел од предлогот на американскиот претседател. Трамп го поздрави чекорот на Хамас како сигнал дека е подготвен за траен мир на Блискиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Израел „мора веднаш“ да го прекине бомбардирањето на Појасот Газа, откако радикалната палестинска група Хамас соопшти дека ќе се согласи со некои аспекти од неговиот план за завршување на војната, вклучително и ослободување на заложниците и предавање на контролата врз крајбрежната енклава. Но, како што наведе Хамас, ќе бара преговори за многу други услови. Агенцијата Ројтерс, која имала увид ...
Додека сечел дрва во шума, 54-годишен маж бил нападнат од стршлени. И покрај брзата лекарска интервенција, починал на самото место. Во Хрватска, во шумско подрачје близу Крижевци, 54-годишен маж бил смртно нападнат од стршлени, соопшти полицијата од Копривничко-крижевечката жупанија. Вчера, додека сечел дрва за огрев, мажот бил нападнат од стршлени, по што му се слошило, јавува Хина. И покрај тоа што брзо му била укажана лекарска помош, ...
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ за денеска најавува нов, 25. протестен „Марш за ангелите“ во Кочани кој ќе започне во 16:05 часот. Родителите и граѓаните ќе маршираат од „Паркот на Револуцијата“ преку Трговскиот центар и зградата на Управата за јавни приходи до Полициската станица. Оттаму маршот ќе продолжи кон Основниот суд и Обвинителство во Кочани. -Овој марш е симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност. ...
Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по обвинението К-ООА бр.155/25, поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по исполнување на сите законски предвидени услови, донесе Решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост. Од Кривичниот суд денеска информираат дека како што е наведено во сите претходни соопштенија и медиумски одговори, со цел доследно, точно и навремено известување ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Што се случува кога ќе се соберат тимови од пет различни држави, секој со своја култура, пазар и искуство? Ако ги слушате разговорите, погледнете насмевките и идеите што се разменуваат ќе сфатите дека не зборуваме само за конференција, туку за создавање на заедничка визија. Третата годишна продажна конференција на Flex Credit Босна и Херцеговина не беше класичен собир за презентација на резултати. Беше доказ дека кога ќе се обединат ...
Доколку до понеделник, 6 октомври, не биде исплатен долгот кон приватните превозници во Град Скопје, нивниот возен ред ќе биде намален за 70 проценти и тие ќе возат само прва смена од 5 до 10 часот, предупреди денеска сопственикот на „Јофи бус“, Јовица Зафировски. Приватните превозници „Јофи бус“, „Вестор транс“, „Радос компани“ кои сообраќаат во Скопје, денеска побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари, од кој, ...
Октомври 2025 година започнува под светлината на моќна полна Месечина во Овен, која пристигнува на 7 октомври. Оваа лунација носи не само вообичаено емоционално одвивање, туку нè води кон пресвртница во личниот развој, односите и внатрешната сила. Овенот е првиот знак во Зодијакот, симбол на нови почетоци, лидерство, индивидуалност и храброст. Кога полната месечина се појавува во овој знак, чувствуваме силна потреба да застанеме, да ...
Сообраќајот на регионалниот патен правец Бунец – Леуново од 17 часот е нормализиран, додека на регионалниот пат Никфорово – Леуново и натаму е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловозот. Како што соопшти АМСМ, се интервенира за негово расчистување. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од ...
Водата за пиење во Скопје поскапе за три денари по кубик. Поскапувањето е во просек околу 40 денари, што значи ако едно домаќинство плаќало 1000 денари вода сега ќе плаќа 1040. Граѓаните веќе ги добиле покачените сметки за вода, дел од нив сметаат дека требало да има покачување – додека дел велат дека покачувањето е многу. Прашање: Ги добивте ли новите покачени сметки за вода? -„Да“ Прашање: Големо ли е покачувањето? -„20-30 денари.“ „Дома ...
Русија во текот на изминатата ноќ го започна „најголемиот напад“ врз постројките за производство на гас во Украина од почетокот на инвазијата во 2022 година, користејќи 35 ракети и 60 дронови, објави денеска украинскиот државен оператор Нафтогас. Руската војска објави дека извршила „масовни напади со високопрецизно оружје“ врз воено-индустриските компании во Украина, „гасната и енергетската инфраструктура што го поддржува нивното ...
Вработените во „Флораком“ и „Луна“, кои се фирми ќерки на „Паркови и зеленило“ од понеделник повторно ќе излезат на протест доколку денеска не ја добијат августовската плата. Вработените денеска повторно беа на двочасовен протест на булеварот „Илинден“, а доколку нивните барања денеска не бидат исполнети најавите се дека од понеделник размислуваат за радикализирање на протестите. Стојанче Кашиковски, претседател на Синдикатот на работниците ...
Некои европски земји веќе сериозно се подготвуваат за мрачно сценарио и дури им изготвија водичи за преживување на своите граѓани во случај на конфликт. Во услови на зголемени тензии меѓу Западот и Русија, во медиумите повторно се појави темата за комплетите за преживување во екстремни итни ситуации. Европската Унија покрена иницијатива со која ги повикува граѓаните на земјите членки да подготват сетови за преживување за 72 часа во случај на ...
Група нуркачи пронајдоа над 1.000 монети од бродолом покрај источниот брег на Флорида. Монетите се откриени летово, во остатоци од брод што бил дел од историската „Флота со богатство“, во чиј состав влегувале шпански бродови што потонале во јули 1715 година, кога стотици морнари, заедно со скапоцениот товар, во вредност од над 400 милиони долари, исчезнале во океанот. Во соопштението, претставниците на „1715 Fleet – Queens Jewels“, овластена ...
„Нови сојузи на автократиите се формираат против нас и ја напаѓаат либералната демократија како начин на живот“, рече Мерц пред публиката во Сарбрикен, на француската граница, каде што беше присутен францускиот претседател Емануел Макрон. „Глобалниот економски поредок се рекреира. Се креваат царински бариери, а себичноста расте“, рече тој. „Ова исто така нè ослабува економски.“ „Години нерегулирана, ненасочена миграција во Германија ја ...
Русија изврши големи воздушни напади врз некои од главните украински постројки за производство на гас, предизвикувајќи критична штета во некои случаи додека Украина се подготвува за зима. „Во текот на ноќта, Русија лансираше 35 ракети и 60 беспилотни летала врз инфраструктурата на државната компанија ‘Нафтогаз’ во регионите Харков и Полтава“, изјави главниот директор на компанијата Сергеј Коретски, додавајќи дека тоа е најголемиот напад врз ...
Филмот „Сите го викаат Реџо“, во режија на Ибер Деари, ја освои наградата за најдобра режија на престижниот Меѓународен фестивал во Тирана (TIFF). Во образложението на жирито стои дека во уметноста на филмот, режисерот мајсторски ги обединува креаторите и гледачите, водејќи ансамбл актери за да создадат живописни ликови, надополнети со префинета визуелна композиција. -Во комплексниот жанр на комедијата, неговата острина открива длабочини зад ...
Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопштија денеска од Основниот кривичен суд Скопје. -Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни. Станува збор за судија со 19 – годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник. За сите ...
Во Фондот за здравствено осигурување се пристигнати 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиохируршки интервенции, кои ги препраќаме до Министерството за здравство за натамошно постапување. Пет се индивидуални претставки, а десет се поднесени од установа. Ова денеска го истакна генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, кој рече дека досега се пристигнати вкупно 25 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции. ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на прес-конференција вети итни мерки за решавање на проблемот со дивоградбите, нагласувајќи дека граѓаните кои биле измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија. Како што појасни Османи, работа на кризниот штаб, што ќе биде формиран за таа намена, ќе биде мапирање на дивоградбите и нивна темелна проверка за да се утврди дали ги исполнуваат стандардите за безбедно домување, стои во ...
Половина од министрите на премиерот Христијан Мицкоски имаат бугарски пасоши, а тој и неговите соработници се заплеткани во бугарски бизнис интереси, обвинија денеска од опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) откако вчера пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски рече дека токму лидерот на опозицијата е синоним за милионски шеми со бизниси и фирми кај источниот сосед. „Водат фирми во Бугарија, прават зделки за лична корист и додека се ...
Хип-хоп могулот Шон Диди Комбс напиша писмо до судијата помалку од 24 часа пред да му биде изречена пресудата, извинувајќи се и преземајќи целосна одговорност за секоја болка и страдање што ги предизвикал. Раперот призна дека направил грешки во минатото во писмото, вклучително и инцидентот од 2016 година во кој физички ја нападнал поранешната девојка Кеси Вентура, и рече дека се променил од тогаш, објави Скај њуз. Комбс беше прогласен за ...