Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Аеродромот во германскиот град Минхен денес повторно беше отворен откако беше затворен претходната ноќ поради прелет на дронови, што предизвика откажување или пренасочување на десетици летови пред националниот празник и покрена загриженост за ранливоста на клучната инфраструктура во Европа. Додека операциите продолжија рано утрово, сведок на Ројтерс видел патници како се пријавуваат за лет до Варна, Бугарија, а на таблата за заминувања се ...
Грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје официјално почнува на 15 октомври, информира Владата. Согласно постојните прописи, испораката на топлинска енергија може да почне и порано – конкретно, од 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. ...
Државната изборна комисија денеска на 139. седница ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче за претстојните локални избори. Како што појасни претседателот на ДИК, Борис Кондарко гласачкото ливче за градоначалник содржи назив на гласачкото ливче, број на гласачкото ливче, место и општина, име и симбол, доколку го има од подносителот на листата, реден број, име и презиме на кандидатите врз основа на податоците од матичната ...
Финскиот окружен суд пресуди дека нема надлежност да ги гони капетанот и двајцата офицери на танкерот за нафта „Игл С“, кои се обвинети за прекинување на подводните енергетски и интернет кабли во Балтичкото Море минатата година. Финска соопшти дека „Игл С“ е дел од руската флота во сенка составена од танкери што ги користи Русија за да ги заобиколи санкциите за нејзиниот извоз на нафта. Инцидентот од 25 декември беше еден од низата прекини ...
Новиот сој на коронавирус, означен како XFG и со прекар „Франкенштајн“, стана доминантен во Европа, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), овој сој учествувал со повеќе од 80 проценти од регистрираните инфекции на почетокот на септември. Како што објаснува специјалистот за заразни болести Алесандро Дијана, експерт на платформата InfoVac, станува збор за варијанта што претставува комбинација од ...
Американскиот Сенат денес повторно ќе гласа за конкурентските планови од демократите и републиканците за прекин на блокадата на владата, која влегува во својот трет ден, иако нема индикации дека ќе биде усвоен ниту еден од плановите, објави Ројтерс. Демократите велат дека секој пакет за финансирање мора да ги продолжи субвенциите за здравствена заштита воведени за време на пандемијата, кои истекуваат на крајот на декември, додека ...
Во моментот од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44, а недостигаат 52. Тоа значи дека имаме помалку од 50 отсто исполнетост на руралните амбуланти. Неопходни се мерки кои треба да ги охрабрат младите доктори да започнат да работат во руралните подрачја, односно измени на правилникот кој тоа го регулира, да обезбедиме натамошна либерализација на условите за рурални матични доктори и да видиме кои се пречките кои ...
Мајките и новороденчињата во Газа се соочуваат со исклучително тешки услови, соопшти УНИЦЕФ. Болницата „Насер“ во јужната енклава е преполна со пациенти кои бегаат од север, додека медицинските ресурси се исцрпуваат, објави Ројтерс. „Ситуацијата за мајките и новороденчињата во Газа никогаш не била полоша. Во болницата „Насер“ гледаме ходници полни со жени кои штотуку се породиле“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, преку видео врска ...
Денес низ цела Велика Британија се издадени временски предупредувања за приближувањето на бурата Ејми, првата именувана бура во сезоната, која може да предизвика сериозни нарушувања на сообраќајот и да ја оштети инфраструктурата со силни ветрови и обилни врнежи од дожд. Бурата Ејми се развива над Северниот Атлантик и се очекува да се развие во форма на длабок циклон со ненадеен пад на притисокот од најмалку 24 милибари во рок од 24 часа, ...
Врховниот суд на Холандија денес објави дека одлуката за извоз на делови од борбените авиони Ф-35 во Израел останува во надлежност на техничката холандска влада, а не на судовите, и ѝ наложи на владата да ја преиспита својата одлука за извоз на оружје и компоненти во Израел, објави холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС. Според одлуката на судот, министерот за надворешна трговија и развојна помош мора повторно да ги разгледа дозволите за ...
Променливо облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, а на некои од повисоките места од дожд и снег. На планините ќе врне повремен снег. Утринската температура ќе биде од -3 до 7 Целзиусови степени, а дневната од 0 до 11 степени. И во Скопје денеска ќе има облачно и студено време со врнежи од дожд, а на ...
За по два сантиметра се зголемени водостоите на Дојранското и на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското Езеро е повисоко за еден снатиметар во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Дојранското Езеро е за 54 сантиметри повисок од просекот за октомври, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се пониски од просечните ...
Бројот на жртви од тајфунот Буалои во Виетнам се искачи на 51, објави владата. Централната банка ги повика банките да им помогнат на бизнисите погодени од катастрофата. Во понеделникот, Буалои предизвика лизгање на земјиштето во покраината Нге Ан. Државната агенција за управување со катастрофи соопшти дека најмалку 14 лица се водат како исчезнати, а 164 се повредени додека тајфунот ја погоди земјата со обилни дождови и силни ветрови. Според ...
Четири противпожарни возила и 15 пожарникари го гаснеа големиот пожар кој избувнал вчера околу 17:25 часот во објекти кои се користат како магацини на ЈПКД „Комуналец“, информираа од ТППЕ Струмица. -Пожарот беше во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. Беше побарано од ЕВН да се исклучи струјата поради голема опасност за животите на пожарникарите-спасители кои беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гасеа пожарот. Друг ...
СДС и Филипче пак се пазарат со Бугарија, еднаш веќе подметнаа француски предлог, сега повторно се пазарат на штета на македонските интереси. СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија, и испраќаат сигнали до Софија дека се спремни да направат се, само да дојдат до власт и Филипче да си ја задржи фотелјата на Бихачка, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „СДС и Филипче овој пат како параван за ...
ЕУ ги поддржува принципите од Планот за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп за разоружување на Хамас, без негова улога во идното управување со Појасот, за елиминирање на каква било закана кон Израел и неговиот народ и дека Газа нема да биде окупирана и Палестинците нема да бидат раселени. Ова се наведува во изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас во име на Европската Унија ...
Францускиот премиер Себастијан Ле Корнеј во понеделник изјави дека неговата влада нема да го користи членот 49.3 од францускиот Устав за да наметне буџет без гласање во парламентот, но дека пратениците мора да најдат компромис. „Одлучив да се откажам од употребата на членот 49.3 од Уставот“, изјави Ле Корнеј пред новинарите во Париз, додавајќи дека во функционален парламент кој го одразува лицето на Франција, не е можно да се наметнуваат ...
Продолжува претставувањето на програмите на кандидатите за локалните избори низ државата и денеска, на петтиот ден од кампањата. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Новаци од 17 часот, Могила од 18:30 и во Битола од 20:30 часот. Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде во Дебарца и Вевчани во 17:30 часот, Струга во 18:30, а митингот во Охрид ќе почне од 20 часот. Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар на коалицијата АКИ, Валбон Лимани ќе ...
Четири лица загинаа во страшна сообраќајна несреќа на делница од државниот пат број 8, во Буница во близина на Сењ. Како што соопшти Полициската управа на жупанијата Лика-Сењ, возило со загрепски регистарски таблички се движело од Риека кон Сењ кога, од засега непознати причини, возачот ја изгубил контролата при мало свртување налево. Автомобилот удрил во два заштитни камени столба, паднал од патот во клисура длабока 70 метри и завршил во ...
Гласачите во Чешка се упатуваат кон избирачките места почнувајќи од денеска на долгоочекуваните дводневни парламентарни избори во земјата. Гласачките места ќе бидат отворени од 14:00 до 22:00 часот денеска, а ќе се затворат во 14:00 часот утре. Повеќе од осум милиони луѓе имаат право да гласаат. Најновите анкети на јавното мислење предвидуваат победа за десничарскиот популист и поранешен премиер Андреј Бабиш. Партијата на милијардерот – АНО ...
Поради загриженост од прекумерна понуда, цените на нафтата денеска паднаа четврти пат по ред, на најниско ниво во последните четири месеци, и тоа Брент на 64,6 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) на околу 61 долар за барел. Се очекува дека Организацијата на земјите извознички нафта ОПЕК+ би можела да одобри зголемување на производството во ноември до 500.000 барели дневно, што е трипати повеќе од ...
Нема лекови, се одложуваат операции, нема доктори, се затвараат клиники во интерес на приватни болници, кои му диктираат на министерот за здравство како да работи. Се оди дотаму да доктори од приватни болници му се советници на министерот. Ова вчера во рамки на кампањата за локалните избори од Општина Аеродом го кажа лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, коментирајќи го ресорот здравство со кој раководеше во минатата ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп размислува за укинување на „илјадници“ федерални работни места пред средбата со директорот за буџет Расел Воут, во обид Белата куќа да изврши дополнителен притисок врз демократите за да се стави крај на блокадата на владата, која влезе во својот втор ден. „Најверојатно ќе биде збор за илјадници отпуштања“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит нагласувајќи дека „целиот тим во Белата куќа“ работи ...
Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Скопје, на 15 септември годинава поднесоа кривична пријава против Л.Г. (57) од Струмица, за сторено кривично дело „измама во службата “ член 355 став 1 во врска со став 2 од Кривичниот законик. – Пријавената Л.Г., како службено лице – член на Судски совет на Република Северна ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани”, во рамки на Седмиот состанок на Европската политичка заедница којшто се одржува во Копенхаген, Данска. Споменувајќи ги војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и транснационалните закани, односно организираниот криминал, нелегалната миграција, сајбер нападите и злоупотребата на вештачката ...
Поради врнежи од снег, од ноќеска, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец, соопшти Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Како што информираат од ЦУК, сообраќајот е во прекин од вчера од 23:30 часот. На коловозот освен снег има и паднати дрва, а од ЦУК велат дека се работи на негово расчистување. Вчера, поради задржување снег на коловозот од ...
Судски совет го разреши Енвер Беџети, судијата кој чуваше предмети на Сашо Мијалков во фиока за да застарат. Тој повеќе нема да биде судија во Апелациониот суд. Беџети заедно со Артан Груби се најдоа на црната листа на САД поради забошотување на предметите во кои беше обвинет Сашо Мијалков. Ова стои во решението за негово разрешување кое го донел Судскиот совет. – Е.Б. се разрешува од вршење на судиската функција, поради сторена потешка ...
Сообраќајот на аеродромот во Минхен во текот на ноќта бил прекинат поради прелет на дрон, чие потекло е под истрага, вели портпарол на германската полиција во изјава за агенцијата Франс прес (АФП). Според соопштението на аеродромските власти, 17 летови што тргнувале од Минхен биле откажани во текот на ноќта, а со нив требало да патуваат речиси 3 000 патници. Петнаесет летови што требало да слетаат во Минхен биле пренасочени кон Штутгарт, ...
Есента носи нова енергија, а со промената на сезоната се отвораат и нови можности за љубов. Според астрологијата, токму три хороскопски знаци оваа есен имаат најголема шанса да се заљубат и да доживеат романтични моменти: Вага Вагите ја обожаваат хармонијата и убавината, а есента е нивна сезона. Ѕвездите им носат нови познанства преку социјални настани или неочекувани средби. Голема е веројатноста да сретнат личност која ќе им ја врати ...
За нас ќе биде победа на овие избори, ако имаме минимум една општина повеќе од ДУИ, изјави вечерва Азир Алиу, кој е дел од Коалицијата ВЛЕН. Околу тоа дека најинтересна битка се очекува да биде во Чаир, каде ќе има директен судир меѓу првиот вицепремиер Изет Меџити и потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, Алиу во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“, кажа дека партијата чиј кандидат ќе изгуби, како што вели, „е во ...