Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Портпаролот на германската влада, Стефан Корнелиус, денес изјави, откако францускиот премиер Себастијан Ле Корнеј поднесе оставка, дека законот не го попречува функционирањето на Европа или Германија. Тој рече дека стабилна Франција е важна за стабилноста на Европа, но дека нема причина да се сомневаме дека има стабилност во Франција, објави Ројтерс. „Стабилна Франција е важен придонес за Европа. Формирањето влада сепак ќе потрае“, рече тој, ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска повторно ќе се соочи со Европскиот парламент, вторпат за помалку од три месеци, за да се брани од предлозите за изгласување недоверба што ги поднесоа опозициските пратеници, обвинувајќи ја за низа пропусти – од недостиг на транспарентност до неуспех во преговорите за трансатлантскиот трговски договор. Процедурата започнува денеска во парламентот, а гласањето за двата ...
Нобеловиот комитет на Каролинскиот институт во Стокхолм најрано во 11:30 часот ќе ги открие добитниците на престижната награда. Нобеловата награда за физиологија или медицина може да биде доделена на еден научник или поделена меѓу двајца или тројца научници кои работеле во истото поле. Минатата година, наградата ја освоја американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкин за откритие на микроРНК и нејзината улога во регулирање на гените. ...
Француските политички лидери реагираа луто на оставката на премиерот Себастијан Ле Корни, кој поднесе оставка само еден ден откако ја именуваше новата влада. Лидерот на крајната десница, Марин Ле Пен, го повика францускиот претседател Емануел Макрон „веднаш да го распушти Националното собрание“, велејќи за телевизијата BFM: „На крајот сме од шегата, фарсата траеше доволно долго“. Таа, исто така, рече дека оставката на Макрон би била „мудра“ ...
Научниците Мери Бранкоу, Фред Рамсдел и Шимон Сакагучи ја освоија овогодинешната Нобелова награда за медицина за нивните откритија во областа на периферната имунолошка толеранција, објави Нобеловото собрание во шведскиот институт Каролинска. „Нивните откритија ги поставија темелите за нова област на истражување и го стимулираа развојот на нови третмани, вклучително и за рак и автоимуни болести“, се вели во соопштението, објави Ројтерс. ...
Денеска, од 11:44 часот, товарниот сообраќај кон граничен премин Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Францускиот премиер во заминување, Себастијан Ле Корнеј, кој поднесе оставка порано денес, изјави дека е „подготвен за компромис“, но исто така ја критикуваше непопустливоста на политичките партии за време на формирањето на владата. „Бев подготвен за компромис, но секоја политичка партија сакаше другата да ја усвои целата нејзина програма“, рече Ле Корнеј во говорот пред палатата Матињон по поднесувањето на оставката. Тој изрази жалење за ...
Тело на маж било пронајдено во центарот на Љубљана во четвртокот наутро, а како што информира портпаролката на Полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц, станува збор за 38-годишен државјанин на Северна Македонија, објави словенечкиот портал „24ur.com“. Неговото тело било пронајдено во четвртокот во раните утрински часови, а според неофицијални информации на порталот, тој бил претепан до смрт, што полицијата не го потврдила. „Полицијата ...
Есента е одлично време за зајакнување на вашиот имунолошки систем бидејќи одреден сет на бактерии почнува да циркулира. За среќа, постојат и некои одлични сезонски намирници кои го поддржуваат здравјето на имунолошкиот систем. Јадете ги овие плодови за поддршка на вашиот имунолошки систем. Јаболка Искористете ја сезоната на јаболка оваа година и снабдете се со овие бисери за зајакнување на имунитетот! Полни со влакна и витамин Ц, ...
Биткоинот достигна нов максимум. Водечката криптовалута преку ноќ достигна рекорд, достигнувајќи рекордни максимуми од околу 125.400 долари, надминувајќи ја старата максимална граница од околу 124.480 долари, поставена во август. Биткоинот неодамна се тргуваше поблиску до 123.000 долари. Најновите движења ја покажуваат вкупната пазарна вредност на биткоинот на околу 2,45 трилиони долари, според CoinMarketCap, а вкупната вредност на ...
Грузиското обвинителство денес објави дека официјално е подигнато обвинение против петмина членови на опозицијата за повикување на државен удар и соборување на владата на денот на локалните избори на 4 октомври. Претставникот на обвинителството, Давид Гумбериѕе, на прес-конференција изјави дека обвиненијата се однесуваат на повикување на насилна промена на уставниот поредок на Грузија или соборување на државната власт, како и организирање, ...
Од утре земјава и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија. – Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи! Плаќање од 500 € кое досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе чини околу 260 денари. #СЕПА ...
Филипче и СДС, по теркот на нивниот гуру Заев, се спремни за ново предавство за спас на кариерите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „Заев со Бугарија, освен фирмите и бизнисите, го спојува и црвената жица, онаа македонската која ја продаде за куферчиња полни пари, а сега Филипче сака истото да го направи. Се е исто и прочитано. Филипче за спас на неговата кариера и спас на неговиот гуру е спремен да го продаде ...
Гувернерот на Илиноис, Џ. Б. Прикер, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп бара распоредување на 400 припадници на Националната гарда на Тексас во Илиноис, Орегон и други делови од САД. Прикер го критикуваше потегот во објава на социјалните мрежи, повикувајќи го гувернерот на Тексас, Грег Абот, „веднаш да ја повлече целата поддршка за оваа одлука и да одбие координација“ со федералните власти, објави Ројтерс. Федерален судија ...
Само неколку часа по претставувањето на новиот владин кабинет, премиерот на Франција, Себастијан Лекорни, поднесе оставка, пренесува Си-Ен-Ен. Како што се наведува во соопштението од Елисејската палата, претседателот Макрон ја прифатил оставката. Лекорни беше на премиерската функција само 27 дена. Тој беше седмиот премиер за време на власта на претседателот Емануел Макрон и петти назначен во последниве две години. Неговата ненадејна оставка ...
Откако беа забележани беспилотни летала над германските аеродроми, министерот за одбрана на земјата Борис Писториус (СПД) повика на „смиреност и трезвена проценка на ситуацијата“, велејќи дека досега не е потврдена конкретна безбедносна закана. Во интервју за Ханделсблат, Писториус рече дека ги разбира загриженостите на јавноста, бидејќи ваквите инциденти никогаш порано не биле јавно дискутирани на ова ниво. „Затоа е уште поважно трезвено да ...
Брод со 11 патници синоќа се преврте во Дунав кај српскиот град Бачка Паланка, а медиумите во Србија пренесуваат дека има и жртви. Според првите неофицијални информации, на бродот имало 10 кинески и еден српски државјанин, за кој се претпоставува дека го управувал бродот. Повеќе лица по превртувањето завршиле во вода, а спасувачите сè уште бараат неколку исчезнати лица, додека екипи на брза помош, полиција и противпожарна заштита се на ...
Војната во Газа го наруши јавниот имиџ на Израел, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Според Ројтерс, американскиот државен секретар го дал коментарот откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ќе ги прекинат офанзивните операции во градот Газа, по договорот за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас, предложен од американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела. „Без разлика дали ни се допаѓа или не, ...
Маж рани 20 лица во пукање на прометна улица во Сиднеј, соопшти полицијата во најнаселениот град во Австралија. Напаѓачот вчера наводно случајно ги таргетирал автомобилите што минувале, вклучително и полициски автомобили. Тој истрелал помеѓу 50 и 100 куршуми, предизвикувајќи паника во областа. Еден маж е во сериозна состојба. Неколку други се однесени во болница. Повеќето од другите жртви се повредени од скршено стакло. Напаѓачот бил уапсен ...
Манчестер Сити славеше со минимални 0-1 на гостувањето против Брентфорд, меч што ќе остане запаметен како јубилејна 250. победа на Пеп Гвардиола во Премиер-Лигата. Каталонскиот стратег освои се што можеше да се освои со Сити, а со овој триумф го урна рекордот на легендарниот Сер Алекс Фергусон за најбрзи 250 победи во елитното англиско фудбалско друштво. Имено, Гвардиола стига до оваа бројка за само 349 натпревари, значително побрзо од ...
Бројот на жртви од уривањето на исламскиот интернат „Ал Хосини“ во индонезискиот град Сидоарџо се искачи на најмалку 50, а 13 лица сè уште се водат како исчезнати, соопштија спасувачките екипи во понеделник. Спасувачите до синоќа отстранија околу 80 проценти од урнатините користејќи тешка механизација и извлекоа тела, соопшти индонезиската агенција за ублажување на катастрофи, објави Ројтерс. Заменик-шефот на агенцијата, Буди Ираван, потврди ...
Делегација на Хамас, предводена од високиот функционер Калил ал-Хаја, пристигна во Египет на разговори за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Газа. Израелски претставници изјавија дека нивната делегација денес ќе пристигне во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик, објави Ал Џезира. Трамп го опиша викендот како „многу позитивен“ во разговорите со Хамас и арапските земји, додавајќи дека „првата фаза“ од ...
На светските пазари, цените на нафтата минатата недела паднаа за повеќе од 7 отсто, бидејќи трговците се плашеа дека Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) ќе најави значително зголемување на производството во ноември. Цената на барел на лондонскиот пазар падна за околу 8 отсто, на 64,53 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 7,4 отсто, на 60,88 долари. Сепак, по остриот пад минатата недела, во понеделникот ...
Европската унија остро ги критикуваше локалните избори одржани во Грузија за време на викендот. „Гласањето се одржа во саботата по период на сеопфатно задушување на неистомислениците“, се наведува во заедничката изјава на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, и еврокомесарката за проширување, Марта Кос. „Голем дел од опозицијата ги бојкотираше овие избори, а излезноста беше релативно ниска“, оценија тие. Денот на изборите во ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера изрази поддршка за забраната за мобилни телефони во основните училишта во земјата, јави ДПА. Во интервју за јавниот радиодифузен сервис ARD, Мерц рече дека се согласува со ваквата идеја што веќе почна да се спроведува во неколку европски земји. Канцеларот, сепак, додаде дека ограничувањето на пристапот на децата до социјалните медиуми до 16-годишна возраст ќе биде многу потешко да се спроведе. Тој рече ...
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој локално ќе достигне брзина од над 60 километри на час. Утринската температура ќе биде од 4 до 11 Целзиусови степени, а дневната од 6 до 16 степени. И во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со умерен, во ...
Околу 1 000 луѓе се заглавени во камповите на источната падина на Монт Еверест во Тибет поради снежна бура што ги блокираше патиштата и во тек е акција за нивно спасување. Стотици локални селани и спасувачки екипи се распоредени за да го расчистат снегот што го блокира пристапот до областа, која се наоѓа на надморска височина од над 4 900 метри. Според локалните медиуми, околу 350 луѓе се спасени и упатени на безбедно место во малото гратче ...
Дефектот во мрежата што синоќа остави половина Скопје со серизно намален капацитет и притисок на водата настанал поради пукање на цевка ф-600 (широчина од 60 сантиметри), соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. До пукањето дошло поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец. Проблемите со водоснабдувањето беа забележани во Влае, Ѓроче Петров, Карпош, ...
Втората недела од кампањата за локалните избори 2025 започнува денеска. Претставувањата на кандидатите за градоначалници и советници продолжува, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Долнени, Македонски Брод и во Кичево. Караванот на СДСМ е во Илинден, Петровец, Карпош и Центар. Левица ќе одржи средби со граѓани на градски плоштад ...
Цената на огревното дрво оваа година достигна до 4.800 денари за просторен метар со вклучен превоз, што е зголемување во однос на ланската цена, кога дрвата се продавале од 4.000 до 4.500 денари. Сопствениците на депоата велат дека побарувачката постојано расте, особено во пресрет на грејната сезона. Покрај тоа, се соочуваат и со недостиг на работна сила, бидејќи, како што велат, ретко кој сака да ја работи оваа тешка физичка работа. Наим ...