Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно се соочува со проблем, затоа што предвреме ја заврши сезоната заради повреда. 21-годишниот ас нема да може да продолжи и ќе мора да мирува во следните месеци, за на терените во 2026 година да се врати подготвен. „Ќе го пропуштам остатокот од сезоната поради повреда. Фокусиран сум на заздравување и да се вратам посилен. Благодарност до сите за поддршката“, изјави Калин Ивановски. ...
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,2 процента, додека во однос на декември 2024 година за 1,9 отсто. Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4,7 отсто во однос на истиот месец претходната година. Цените во ...
Бројот на жртви од катастрофите поврзани со обилните дождови во Непал достигна 51, соопштија локалните власти во понеделник. Меѓу загинатите, 38 загинаа во лизгање на земјиштето, 10 во поплави и тројца во удари од гром, соопшти Националната агенција за намалување и управување со ризици од катастрофи, објави Синхуа. Шест лица, меѓу кои пет погодени од поплавите, сè уште се водат како исчезнати, а 47 други се повредени, се вели во ...
Активистите депортирани од Израел поради учество во хуманитарната флотила кон Појасот Газа, меѓу кои и шведската екоактивистка Грета Тунберг, денеска слетаа на аеродромот во Атина. Депортирани се 160 лица – државјани на Грција, Италија, Франција, Ирска, Шведска, Полска, Германија, Бугарија, Литванија, Австрија, Луксембург, Финска, Данска, Словачка, Швајцарија, Норвешка, Велика Британија, Србија и САД. Активистите се пречекани на ...
Здружението на судии на Република Северна Македонија со најдлабоко жалење и искрено сочувство реагира на трагичниот настан што се случи во соседна Република Албанија, каде што судија беше смртно застрелан при вршење на својата службена должност. – Овој чин претставува сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција и е потсетник дека судиите мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно, професионално и без ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води хибридна војна против Германија. Според него, кампањата на Москва се протега надвор од Украина и е насочена кон цела Европа. Оваа изјава Мерц јададе за германската телевизија НТВ, посочувајќи дека војната што ја води Путин против Украина, всушност е насочена и против Европа. „Путин има за цел да го поткопа политичкиот поредок на Европа. Поддршката на ...
Реален раст на БДП од 3,1 отсто во 2025 година, од 3 проценти во 2026-та и од 3 отсто во 2027 година се проценките на Светска банка за земјава. Според последниот извештај, разликата во процентни поени од проекциите во пролетниот извештај за 2025 година е во нагорна линија и изнесува 0,4, 0,3 и 0,2 за овие три години. Проценките и прогнозите ги отсликуваат податоците достапни до 20 септември 2025 година. Според Светска банка, економскиот раст ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја заврши трката за Големата награда на Сингапур на седмата позиција, ама доби казна. Причината за казната беше фактот дека повеќе пати излегуваше надвор од границите на патеката. Хамилтон имаше проблеми со сопирачките и тоа го чинеше губење на една позиција. Нему му се скрши предниот диск на два круга пред крајот, па тоа го натера да крати свиоци и си ја заработи казната од пет секунди. Иако имаше преку 40 ...
Франција се соочува со уште една политичка криза откако новата влада на Себастијан Ле Корнеј падна помалку од 24 часа по преземањето на функцијата, предизвикувајќи немири на пазарите и отворајќи ја можноста за нови избори што би можеле да ја зајакнат крајната десница. Овој развој на настаните доаѓа во време кога Европа веќе се соочува со низа предизвици, од војната во Украина, притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп врз ...
Приватните автобуски превозници во Скопје од денеска ќе сообраќаат по редовен возен ред. Сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски, за МИА потврди дека ЈСП Скопје вчера попладне им уплатило по 6 милиони денари на трите компании. – Добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари и по кординацијата со превозниците се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума ...
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе дува и со брзина од над 60 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе се движи во интервал од еден до девет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од четири до 13 степени. Во Скопје, според синоптичарите, се очекува ...
Индиректните разговори насочени кон постигнување конечен договор за мировниот план на САД за ставање крај на војната во Газа треба да продолжат денеска во египетскиот град Шарм Ел Шеик. Палестински и египетски претставници за Би-би-си изјавиле дека сесиите се фокусирани на „создавање теренски услови“ што би овозможиле ослободување на сите израелски заложници во замена за голем број палестински затвореници, што се држат од затворите во Израел. ...
Починатиот македонски државјанин пронајден во Љубљана е од Кочани, потврди македонското Министерство за надворешни работи. Како што додаваат оттаму, блиските на починатиот веќе се известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. „Ве информираме дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски ...
Со претседателите на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони”, денеска во Драч ќе размениме мислења за најважните прашања поврзани со европската интеграција: Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци, регионалната соработка и безбедност, објави на фејсбук претседателката Гордана Сиљановска – Давкова. Процесот Брдо Бриони, како што посочува претседателката, е инспириран од солидарноста и пријателството меѓу државите од ...
Честите дефекти повторно ги оставија жителите на Скопје без вода за пиење. Вчера околу десет часот пукна вововодна цевка во населбата Влае, денес состојбата е стабилизирана, но во делови од Скопје снабдувањето е со намален притисок. Граѓаните велат дека слушнале силен звук по кој излегле надвор и биле шокирани од големата сила на водата и притисокот. Додаваат дека поплавени објекти нема, а глетката била страшна. „Околу часот експлозија ...
Во Апелациониот суд во Тирана денеска се случи трагичен инцидент кога судијата Астрит Калаја беше смртно застрелан додека ја извршуваше својата работа. Тој беше пренесен во клиниката за трауматологија во Тирана, но кратко потоа подлегна на повредите. Напаѓачот, Ѓан Шкемби, испукал три куршуми во судијата веднаш штом почнал да ја чита одлуката во својот случај. Во инцидентот биле ранети и две други лица, татко и син, кои се надвор од животна ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и конфликтот во Појасот Газа. „Владимир Путин имаше телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху“, објави веб-страницата на Кремљ. Путин и Нетанјаху разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и во контекст на предложениот план на американскиот претседател Доналд Трамп за ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува државните институции во изборната кампања. Злоупотребата, како што рече, е најизразена кај Министерството за внатрешни работи. Филипче побара од ресорниот министер Панче Тошковски јавно да каже дали лично стои зад ова, но апелира и до меѓународните институции да реагираат. Одговорајќи на новинарски прашања, лидерот на СДСМ ги квалификува ...
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го воведе напредниот линеарен акцелератор кој е целосно интегриран за изведување на радиотерапија и радиохирургија. TrueBeam од реномираниот производител Varian Medical Systems овозможува извонредна прецизност и ефикасност при третманот на дури и најсложените видови карцином, како што се: тумори на белите дробови, абдоменот, главата и вратот, мозокот и дојката. Проф. д-р Дева Петрова, специјалист по ...
Македонската репрезентација до 19 години на 9. и 12. октомври против Црна Гора ќе одигра два контролни натпревари. Селекторот на нашите надежи до 19 години, Ерхан Селими за пријателските натпревари во Даниловград и Подгорица ќе смета на следните фудбалери: Голмани: Давид Илиоски (АП Брера), Павел Трајковски (Партизан, Србија); Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Абдулах Аслани (Лунгби, Данска), Горазд Ристовски (Црвена Звезда, Србија), Давид ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука за поевтинување на бензините и дезелот. Така, за денар и пол поевтинуваат бензините и екстра лесното масло за домаќинство, а дизелот поевтинува за еден денар. Новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 74 денари за литар, а еуросупер БС-98 ќе се продава за цена од 76 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 68 денари за литар. ...
Кандидатот на ВЛЕН за градоначлник на Општина Чаир, Изет Меџити на денешната прес-конференција најави инсталирање на модерни лифтови во постарите станбени згради со четири и пет спратови во Чаир. Меџити потенцира дека првичната анализа говори дека постојат технички услови, нагласувајќи дека без никакви поголеми интервенции може да се изградат и инсталираат 81 лифт наменети за 81 влез во 31 зграда. -Најавувам дека почнуваме капитален проект ...
Кога ќе се споменат интернет-пребарувачи, повеќето луѓе веднаш помислуваат на „Хром“, „Фајрфокс“, „Сафари“ или „Мајкрософт еџ“. Но, зад нив всушност стојат механизми што одредуваат како ќе работи еден прелистувач, што може да прикаже и како ќе изгледаат веб-страниците. Денес постојат само три главни: „Блинк“ на „Гугл“, „Вебкит“ на „Епл“ и „Геко“ на „Мозила“, како и неколку помали, меѓу кои „Гоана“. Од неодамна на оваа листа се приклучи и ...
Доживуваме криза со домувањето на Земјата, а традиционалната градба е бавна, скапа и со висока емисија на јаглерод. Поради оваа причина, градежниот сектор полека се свртува кон нови градежни технологии со користење на 3Д печатење. Австралиската компанија Crest Robotics, во соработка со Earthbuilt Technology, разви градежен робот со системи за екструзија и набивање, лесен и целосно автономен, како пајак, кој обезбедува евтино и ...
Еден знак влегува во период кога универзумот буквално го преплавува секој аспект од нивниот живот со подароци – можностите и наградите пристигнуваат во бранови што сè менуваат! Рибите конечно се наградени за години трпение, жртва и внатрешни борби. Бизнисот што долго време стагнирал експлодира со успех, неочекувани можности за пари и признание се појавуваат одеднаш, а секоја акција сега носи повеќекратни резултати. Среќата буквално ги следи ...
Добро е познато дека бакнувањето и другите форми на близок контакт можат да пренесат инфекции како што се обичната настинка, мононуклеозата и херпесот, но според нова студија спроведена во Иран, депресијата и анксиозноста може да се шират и преку бакнување. Депресијата и анксиозноста предизвикуваат ослободување на хормонот на стрес кортизол, кој може да ја наруши деликатната рамнотежа на бактериите во устата. Партнерите можат да ги пренесат ...
Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 77.017.392 денари (околу 1.250.000 евра) на своите играчи на ВЛТ терминалите ширум Македонија во септември. Овие бројки не се само статистика – тие претставуваат илјадници нови среќни приказни! Среќни бројки во септември: Доверба изградена со години Видеолотарија Касинос Австрија веќе повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во одговор на новинарско прашање, упати силна порака за потребата од дисциплина, систематска работа и лична посветеност како предуслов за вистински промени во општината. Тој предупреди дека Чаир се соочува со опасност од целосен колапс на основните функции на животот, доколку продолжи досегашното неработење и отсуството на визија, се наведува во соопштението од кандидатот за ...
Како се појави генерациската поделба Некогаш генерациите беа поделени со војни, револуции или големи миграции – сега се чини дека се поделени со мемиња, апликации и ставови кон работата од девет до пет. Современите генерациски поделби како бејби бумери, генерација икс, милениумци и генерација зед станаа дел од секојдневниот говор, но ретко се прашуваме од каде всушност доаѓаат овие етикети и за што служат. Дали тие се одраз на вистински ...
По оставката на францускиот премиер Себастијан Ле Корнеј, можноста за распуштање на парламентот е сè поизвесна, што би довело до распишување парламентарни избори во наредните недели, објавија денес француските медиуми. Ле Корнеј, францускиот премиер со најдолг стаж без влада, е исто така и премиер со најкраток стаж. Оставката на Ле Корнеј до претседателот Емануел Макрон, кој ја прифати, ја одразува политичката криза низ која Франција минува ...