Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Халкбанк АД Скопје продолжува да ја збогатува својата понуда на инвестициски услуги, овозможувајќи им на клиентите директен пристап до Истанбулската берза – една од најдинамичните и најбрзорастечки берзи во светот. Со оваа нова можност, клиентите на Банката добиваат пристап до пазар кој претставува мост меѓу Европа и Азија и кој нуди широк спектар на инвестициски можности, од акции на водечки компании и удели во ЕТФ фондови, до други ...
Без разлика дали живеете во Германија, Швајцарија, Италија, Австрија или некоја друга европска земја, eдна работа останува иста, а тоа е врската со домот. За многумина од нашата дијаспора, редовното испраќање средства до семејството, штедењето за идни планови во Македонија или едноставното управување со личните финансии од далечина е дел од секојдневието. Токму затоа, изборот на банка која нуди сигурни, едноставни и современи услуги станува ...
Комерцијална банка АД Скопје објави оглас за вработување на позицијата Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата во Тетово. Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се стреми кон стабилност, ефикасност и ...
Комерцијална банка и оваа година ја потврдува својата поддршка за културата и музичката сцена во земјава, застанувајќи зад 17-тото издание на Гитарскиот фестивал во Крушево. Фестивалот ќе се одржи од 19 до 21 јуни, во организација на друштвото за култура и уметност АРТ-КУЛ Крушево, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со целовечерни концерти и музички настапи. Гитарскиот фестивал традиционално ги обединува ...
Стопанска банка го проширува стратешкото партнерство со Мастеркард со цел остварување натамошен развој на своите услуги за плаќање и воведување нови производи за картички за физички и деловни клиенти. Проширената соработка е дел од стратегијата на банката за развој на својата инфраструктура за плаќање и подобрување на дигиталното искуство за своите клиенти. „Соработката на Стопанска банка со Мастеркард почна во 2009 година и оттогаш банката ...
„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација на Народната банка, Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската комора во Северна Македонија. На ...
Шпаркасе Банка АД Скопје соопшти дека Благоја Устијаноски официјално ја презел функцијата член на Управниот одбор на Банката. Со неговото назначување, Управниот одбор ќе работи во проширен состав од пет члена, со цел дополнително зајакнување на капацитетите за спроведување на стратешките приоритети и понатамошен развој на институцијата. Во рамки на новата функција, Устијаноски ќе биде одговорен за работењето на Дирекцијата за корпоративни ...
Крајот на учебната година донесе поинаков, возбудлив и едукативен ден за децата поддржани од СОС Детско село. Во рамките на долгогодишното стратешко партнерство, финансиското друштво Flex Credit организираше специјален едукативен час на отворено во Зоолошката градина во Скопје. Училницата под отворено небо беше поставена токму до новата, неодамна изградена куќичка за желки – проект кој Flex Credit самостојно го финансираше и изгради за ...
Комерцијална банка и оваа година со задоволство ги награди најуспешните млади читатели – учениците победници на натпреварот во раскажување книги, организиран од Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“. Шест ученици кои се издвоија со својата љубов кон книгата, посветеност и исклучителна вештина да го пренесат прочитаното, добија вредни награди што ги поттикнуваат да продолжат по истиот пат. Првонаградените ученици добија штедни книшки „Верверичка“ со ...
Корисниците на Mastercard картичките издадени од Стопанска банка добиваат можност да освојат парични награди преку новата наградна игра „Мастерплан“, чија главна награда изнесува еден милион денари. Од банката информираат дека секоја трансакција направена со Mastercard картичка автоматски претставува учество во извлекувањето за главната награда, како и за повеќе месечни парични награди во износ од 30.000, 50.000, 100.000, 300.000 и 500.000 ...
Најголемата светска берза за криптовалути Binance би можела од следниот месец да остане без дозвола за работа во Европската Унија, откако нејзиното барање за лиценца во Грција најверојатно ќе биде одбиено, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со случајот. Според новите европски правила познати како MiCA, крипто-компаниите до крајот на јуни треба да обезбедат лиценца за да можат да продолжат да им нудат услуги на клиентите низ ...
Членот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бојан Стојаноски, учествуваше на панел-дискусијата „Производство со висока додадена вредност за извозните пазари“, одржана во рамки на конференцијата „IFC Day in North Macedonia“, организирана од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка. Во своето обраќање, Стојаноски истакна дека производствените компании се меѓу главните двигатели на економскиот раст, ...
НЛБ Групацијата ја објави својата намера дополнително да ја зголеми цената во својата доброволна јавна понуда за преземање на Адико Банка АГ на 37 евра по акција, со цел стекнување контролен пакет во австриската банка. Со новата понуда, НЛБ нуди цена која е за 10,50 евра по акција повисока цена во однос на конкурентската понуда. Од банката истакнуваат дека ова претставува значителна премија за акционерите на Адико Банка. Според пресметките на ...
Цените на нафтата на светските пазари забележаа пад од повеќе од пет проценти и се спуштија под границата од 80 долари за барел, откако се појавија сигнали дека САД и Иран би можеле уште оваа недела да постигнат договор за непречен транспорт на нафта низ Ормутскиот Теснец. Според податоците на пазарите, референтната нафта Брент се тргуваше по цена од околу 78,5 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI се движеше околу 75,5 ...
Цената на златото во текот на денот се движеше без поголеми промени, задржувајќи се во близина на неодамнешните нивоа по претходниот раст. Според аналитичарите, благородниот метал моментално прави пауза додека се обидува да создаде нов позитивен импулс за продолжување на нагорниот тренд. Техничката слика и натаму останува позитивна, бидејќи краткорочниот корективен растечки тренд сè уште доминира на пазарот. Дополнителна поддршка за цената ...
Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови ...
НЛБ Групацијата објави дека има намера дополнително да ја зголеми цената во својата доброволна јавна понуда за преземање на контролен пакет акции во Адико Банка АГ, нудејќи 37 евра по акција. Со новата понуда, НЛБ ќе понуди за 10,50 евра повисока цена по акција во однос на конкурентската понуда. Од банката истакнуваат дека ова претставува значителна премија за акционерите на Адико Банка. Според пресметките на НЛБ, новата цена е за 41,4 ...
Министерството за финансии на Северна Македонија на аукција одржана во вторникот продаде едногодишни државни записи во вредност од 543,8 милиони денари, односно околу 8,8 милиони евра, што е помалку од првично понудениот износ. Според податоците на Министерството, на аукцијата биле понудени државни записи во вкупна вредност од 615 милиони денари, но инвеститорите доставиле понуди во износ од 543,77 милиони денари, колку што на крајот и биле ...
Северна Македонија следната недела ќе го добие својот прв Центар за вештачка интелигенција, проект поддржан од Европската Унија чија цел е развој на екосистеми за вештачка интелигенција и проширување на пристапот до суперкомпјутерски ресурси оптимизирани за оваа технологија. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, соопшти дека проектот „Везилка“ е вреден 6,5 милиони евра. Од нив, 2,5 милиони евра се обезбедени од Северна ...
Повеќе од 130 вработени во НЛБ Банка, вклучувајќи ги и членовите на Управниот одбор, учествуваа во еколошка акција за чистење на Водно, со цел придонес кон зачувување на животната средина и подобрување на јавните простори. Акцијата се одржа под мотото „За почисто Водно“, а волонтерите собираа отпад од зелените површини и рекреативните патеки на планината, која претставува едно од најпосетуваните природни подрачја во Скопје. Од Банката ...
АЛТА Банка објави оглас за вработување на позицијата референт за работа со благајна во својата експозитура во Прилеп. Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат искуство во банкарското работење, развиени комуникациски вештини и желба да работат во динамична средина ориентирана кон клиентите, да се пријават на огласот. Кандидатите треба да достават биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со ...
Стопанска банка АД Скопје продолжува со поддршка на проекти насочени кон поттикнување на здрави животни навики кај најмладите. Во рамки на кампањата „#ВозиПравоВозиЗдраво“, банката донираше нов детски велодром во Кочани, кој беше свечено пуштен во употреба и ќе им овозможи на децата безбедно да ги направат своите први велосипедски кругови. Новиот велодром ќе им овозможи на децата безбедно да ги направат своите први велосипедски кругови и да ...
Халкбанк АД Скопје ја промовира можноста за целосно дигитално аплицирање за кредит преку своето електронско банкарство, насочувајќи ја кампањата кон граѓаните кои планираат летни патувања и други лични проекти. Под мотото „За патувањето што долго го чекаш, а летово конечно доаѓа на ред“, од банката истакнуваат дека онлајн кредитот овозможува брза и едноставна апликација без посета на експозитура, со што плановите на клиентите можат побрзо да ...
Народната банка во соработка со Светската банка одржаа работилница за банките и другите даватели на платежни услуги и релевантните државни институции во земјава посветена на воведувањето на инстант плаќањата засновани на платформата на клонот на ТИПС. Работилницата е дел од постојаните активности на Народната банка за подготовка на целата платежна заедница во земјава за воспоставување на националниот систем за инстант плаќања и за ...
Под мотото „За почисто Водно“, повеќе од 130 вработени – еко волонтери, вклучувајќи ги и сите членови на Управниот одбор на НЛБ Банка, ја поддржаа акцијата на Банката за расчистување на отпадот од зелените површини и рекреативните патеки на Водно, како дел од континуираните општествено одговорни активности што НЛБ Банка ги спроведува во рамки на својата ESG стратегија. Оваа иницијатива претставува потврда за посветеноста на Банката кон ...
Цената на златото забележа умерен пад во текот на последното тргување, откако дел од инвеститорите ги реализираа добивките остварени во претходните сесии. Корекцијата доаѓа и во услови на намалување на прекупеноста на пазарот, при што техничките индикатори сигнализираат краткорочно слабеење на нагорниот импулс. И покрај ова повлекување, техничката слика за благородниот метал останува позитивна. Златото продолжува да се движи над 50-дневниот ...
Вештачката интелигенција не го трансформира глобалниот пазар на труд само преку автоматизација, туку сè повеќе ја зголемува вредноста на човечките вештини како што се расудувањето, креативноста, лидерството и приспособливоста, покажува најновото истражување „AI Jobs Barometer 2026“ на PwC. Истражувањето, кое анализирало повеќе од милијарда огласи за работа на шест континенти, покажува дека вештачката интелигенција создава пазар на труд кој се ...
Цените на нафтата забележаа благ пад во вторникот, откако претходно пораснаа во текот на ноќта, додека инвеститорите очекуваат повеќе детали за договорот меѓу САД и Иран кој треба да стави крај на конфликтот на Блискиот Исток. Северноморската нафта Брент се тргуваше по цена од 82,74 долари за барел, што претставува пад од 0,53 проценти, додека американската WTI нафта за испорака во јули се намали за 0,41 проценти на 80,44 долари за барел. ...
Американските берзански индекси забележаа значителен раст на почетокот на скратената трговска недела, поттикнати од силниот скок на акциите на SpaceX и најавите за мировен договор меѓу САД и Иран. Индексот Dow Jones порасна за 468,77 поени или 0,92 проценти и тргувањето го заврши на рекордни 51.671,03 поени. Во текот на денот индексот достигна и нов историски максимум. S&P 500 се зголеми за 1,65 проценти на 7.554,29 поени, додека ...
Македонска берза ги објави резултатите од редовната полугодишна ревизија на своите индекси, при што од 30 јуни ќе има промени во составот на индексот МБИ10 и на индексот на обврзници ОМБ. Најзначајната новина е вклучувањето на обичната акција на УНИ банка во составот на МБИ10, со што таа ќе ја замени акцијата на Македонијатурист. Според одлуката на Комисијата за берзански индекс, во составот на МБИ10 ќе останат акциите на Комерцијална банка, ...