Саат-кулата на Централната станица во Сиднеј, Австралија, е обоена во боите на Македониаза да им оддадеме почит на загинатите во пожарот во Кочани и да ја покажеме нашата солидарност со нашата австралиско-македонска заедница, соопшти, Chris Minns премиерот на New South Wales. Пораката на официјаланата страница на премирот Chris Minns е напишана на англиски и македонски јазик. -Им оддаваме почит на оние што ги имаа животите и се ...

Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во сабота (12.04.2025 г.), со почеток во 19:00 часот во Спортската сала „ Боро Чурлевски “ во Битола, ќе го одигра квалификацискиот бараж натпревар во рамки на Women’s World Championship 2025 – Qualification Europe Phase 2 против селекцијата на Полска. Продажбата на влезници за натпреварот започнува во петок на 04.04.2025 година во 12:00 ...

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 27:32 (15:16) Ракометарите на Еурофарм Пелистер отпатуваа од Битола во Кавадарци како фаворите против Тиквеш на стартот на плеј-офот и се вратија со првите плеј-оф бодови, откако победија со 27:32, полувреме 15:16. Еурофарм Пелистер подобро играше на стартот на натпреварот, а само по 10 минути игра Египќанецот Мамдух заработи директен црвен картон. Но и после тоа Еурофарм Пелистер играш добро и на одмор замина со ...

“АБЦ Дојчиновски“ од Битола компанија која е етаблирана и реномирана за продажба на пелети започнува со продажба на пелети рати. На потрошувачите “АБЦ Дојчиновски“ им нуди голем избор, десетина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1. Пелтите се со висок квалитет и прифатливи цени, секако со бесплатно чување до идната грејна сезона и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ веќе работи за идната грејна сезона, а ...

Денес, петок, 4 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 15 степени. Утре, сабота, 5 прил, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната ...

-“Да ги оживееме боите на уметноста“ настан кој во живо ги донесе најпознатите уметнички дела во Офицерски дом – Битола, Настан организиран од Општинскиот Совет за превенција од детско престапништво и “Сложувалка срце“ центар за поддршка на деца и лица со попреченост, и со поддршка на КИЦ Битола и Општина Битола.„Мона Лиза“, „Фрида Кало“, „Девојката со бисерна обетка“, „Врисок“, Автопортретите на Ван Гог, „Девојката со чадор“, „Девојчето со ...

Книгата „Битола низ стари разгледници“ (ISBN 978-608-4754-01-5) од авторот Димче Најдов, содржи 668 разгледници, групирани по временски период и истата претставува непроценливо културно-историско сведоштво. Оваа публикација не само што овозможува визуелен преглед на еволуцијата на Битола низ минатите два века, туку и открива важни информации за општествените, економските и културните прилики низ одредени историски етапи. Преку ...

Вардар Жени 2019 – Пелистер Волеј 0:3 (23:25; 19:25; 17:25) Пелистер Волеј на три кола до крајот ја оствари најзначајната гостинска победа оваа сезона над екипата на Вардар од Скопје, со што и математички стана недостижен до крајот на сезоната. Денес екипата предводена од најискусните, капитенот Најдановска (15) и Белокозовска (14) одигра одличен натпревар на кој нашите девојки покажаа решителност во остварување на целта за оваа сезона. ...

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола денес ги уплати парите собрани од влезници кои се продадоа на хуманитарниот натпревар кој се одигра во саботата во Битола, вечното дерби на македонскиот фудбал, Пелистер – Вардар. Вкупниот износ на собрани средства е во вредност од 360.000 денари, а во сумата влегуваат и парите кои се собрани од навивачката група “Чкембари“ кои реализира индивидуална акција независно од натпреварот. -Нашиот град и нашиот ...

Во текот на денешниот ден, пет објекти беа предмет на инспекциски надзор од страна на градежниот инспектор во Општина Битола, соопштија од Општина Битола. Во соопштението на Општина Битола се вели: -При извршената контрола, валидна документација е утврдена само кај Ресторан „Шатор“, додека кај ресторанот „Шумски фенери“, надзорот не беше извршен, затоа што објектот е затворен веќе неколку дена. Кај правниот субјект „ЅИУ ДООЕЛ увоз – извоз“ ...

Вчера пригодното беше отворена ликовната изложба на дела на младата сликарка од Битола, Билана Толевска – Наумовска, во НУ Дом на културата “Григор Причев“ в0 Охрид.-Ликовната поставка Билана Толевска – Наумовска содржи 30 дела од нејзиното поново творештво. Тоа се дела изработени во техника на акварел и на лавиран туш. Нејзината суптилна игра со акварелот како и прецизните потези со кистот и перото, потоа нијансите и водата нанесени на ...

Пред стартот на плеј-офот екипата кој екипата на Еурофарм Пелистер од Битола стартува од првата позиција на табелата, за она што го очекува тимот и амбициите, во најинтересниот дел од борбата за титула, Бојан Стерјев вели: -Ни претстои најинтересниот плеј-оф досега, спремни сме и мотивирани да бидеме шампиони и оваа година. Нашата цел оваа сезона е секако дуплата круна, која во Битола се очекува од 2005 година. Еурофарм Пелистер е можеби ...

Денеска полициски службеници од СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст од Битола, Територијалната противпожарна единица Битола како и екипа на Итна медицинска помош Битола во основното училиште “Стив Наумов“ во Битола, за учениците од ова училиште спроведоа симулациска вежба на тема: “Начин на однесување во кризни ситуации“.Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на ...

Кога финтекот не само што менува правила, но и поставува нови стандарди. Кога зборуваме за финтек, често првата асоцијација е брза, динамична индустрија предводена од математички прецизни алгоритми и високо-технолошки иновации. Но, финтекот денес не е само за бројки, туку и за луѓе. И ако постои компанија што го редефинира начинот на кој оваа индустрија се гради, тоа е MINT Fintech Group – каде жените не само што се дел од процесот, туку го ...

Дали знаевте дека во нашиот дијагностички центар се изведуваат специјалистички ОРЛ прегледи, консултации, дијагностицирање и третман на ОРЛ состојби? Закажете го вашиот специјалистички ОРЛ преглед -ОРЛ преглед + тимпанометрија (3.500,00 денари) -ОРЛ преглед + аудиометрија (3.500,00 денари) -ОРЛ преглед + тимпанометрија + аудиометрија (4.500,00 денари) Дознајте повеќе за сите оториноларинголошки дијагностички услуги од нашиот тим: +389 70 408 ...

Сколиоза е медицинска состојба каде се забележува искривување на р’бетот од една страна. Ако е сложена деформација на рентгенските снимки, од задна страна сколиозата може да изгледа како буквите “S“ или “C“, отколку на правилната форма на р’бетот. Најчесто сколиоза се појавува кај деца при развој и неправилно развивање на р’бетниот столб (пршлени). Истражувањата покажуваат дека отприлика 20 милиони луѓе годишно се дијагностицирани со овој ...

Денес, четврток, 3 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 13 степени. Утре, петок, 4 април, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до ...

Со интенција секогаш да биде во чекор со современите музички случувања, здружението на пијанисти и музички педагози “Пијано“ од Битола го креираше првиот “Виена Гала Фест“. Ова е уникатен музички настан дизајниран да ги едуцира и инспирира музичарите од целиот свет, помагајќи им да го откријат својот музички потенцијал.Селектирајќи ги најдобрите млади таленти на сите инструменти и од сите земји ширум светот преку он-лајн натпревар, на ...

Во културниот центар ЛАБОРАТОРИУМ, се одржа промоцијата на книгата „Напластување“ од авторката Јасмина Атанасова – ново име во современата македонска книжевност. Промотор беше поетот, писател и преведувач Тихомир Јанчовски, со силен и автентичен осврт на книгата, додека професорката Татјана Алексиќ испрати писмо, прочитано на самиот настан. Во него, книгата беше опишана како „проза напластена од галони љубов“, во која „се слушаат Бочели, ...

Како и беше најавено вечерва во 18 часот пред Општина Битола се одржа третиот по ред мирен протест на битолчани кои се залагаат за дислокација на Региноналната депонија, односно да не биде во рудникот “Суводол“, во Општина Новаци.Протестите битолчани ги започнаа на 15 март 2025 година, кога и го одржаа првиот протест.Протестите започнаа по најавите дека новата регионална депонија ќе се гради за депонирање смет од 18 општини од Југозападниот ...

При инспекциски надзор од страна на одделението за градежна инспекција при Општина Битола, за три објекти утврдени се неправилности и преземени се соодветни мерки. Два од објектите се наоѓаат на патот за Ниже поле, а еден кај населбата Довлеџик. Кај последниот објект констатирани се работни активности за монтажа на настрешница – челична конструкција, без претходно обезбедено одобрение за монтажа од Општина Битола. Изготвен е записник за ...

Бидете дел од новата програма за лојалност на Евротип, преку која ќе имате можност да користите ексклузивни поволности, привилегии и понуди. Со секоја уплата на тикет, користете ја вашата Евротип клуб картичка, собирајте поени и одберете вредни производи од КС маркетот. Вашата лојалност и доверба заслужуваат награда. Со Евротип добивате секогаш повеќе. Сите потребни информации околу програмата за лојалност ќе ги пронајдете на следниов линк ...

Синоќа по повод 80-години “Остен“ и Денот на шегата, на 1-ви април 2025 во галерија “Остен“ беше отворена изложба на карикатури и хумористично-сатирични текстови на карикатуристи и текстописци од редакцијата на “Остен“ и долгогодишни соработници со наслов “Еден за сите, сите за никаде!“ На изложбата ќе бидат изложени карикатури и текстови на голем број автори, великани на на македонската карикатура, а меѓу нив беше и битолчанецот Блаже ...

Денес, среда, 2 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 14 степени. Утре, четврток, 3 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните делови ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки ...

Од почетокот на годината во болница “Плодност“ во Битола се изведени голем број на интервенции: VNOTES – отстранување на матка преку вагината, без надворешни резови Сакроколпопексија – решавање на спуштена вагина после хистеректомија (vault prolapse) Пектофиксација – лапароскопско подигнување на матка кај младa пациентка со пролапс Отстранување на матки со големина до папок Лапароскопски серклаж кај бремени пациентки Парааортокавална ...

Актерот Димитрија Доксевски на денешното свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) е избран за нов директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Според статутот на ДФРМ, мандатот на Димитрија Доксевски важи за следните две изданија на фестивалот. Димитрија Доксевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален ...

Предмет на јавниот повик е доделување на финансиски средства на младински организации и организации за млади за спроведување на проекти и активности за младите од Општина Битола за 2025 година. Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Битола согласно Програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општина Битола за 2025 година во висина од 550.000,00 денари (петстотини и педесет илјади) се врши преку грантови за ...

Пелистер -Шкупи 7:0 (4:0) Пионерите на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола први се чекираа во полуфиналето од купот на Македонија, предводени од тренерот Ганчев одиграа доминантен натпревар и со убедлива победа од 7:0 против своите врсници од екипата на Шкупи се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија. Пинерите од почетокот на натпреварот на “Ќумурното“ игралиште во Битола играа со високо темпо. Победникот беше решен уште во првото ...

Денес, вторник, во Битола, во старата битолска чаршија, битолското муфтиство од Исламската верска заедница од Битола и годинава ја продолжи својата традиција по повод верскиот празник Рамазан Бајрам, а како и секоа години гостин беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.Тие пред присториите на Муфтиството во чест на празникот Рамазан Бајрам со парче баклава ги почастија своите комшии, дуќанџиите од Старата чаршија во Битола, ...

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола (УКЛО) и оваа година успешно ги презентираше своите студиски програми на Саемот за образование 2025, кој се одржа во City Mall, Скопје. Саемот беше одлична можност потенцијалните студенти да се информираат за најновите образовни понуди, стипендии, можности за кариера и студентски живот, како и да научат повеќе за услугите на Центрот за кариера, алумни и доживотно учење, со цел да се информираат за ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.61
75%
1019
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
2.68
61%
1017
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
3.22
80%
1019
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.86
69%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.73
78%
1018
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
2.8
82%
1023
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
3.13
39%
1015
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.58
66%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.67
67%
1018
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.24
46%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.34
61%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 22ᴼ
5.14
77%
1017
Currency

61.645

Currency

53.73

Currency

71.4348

Currency

37.6517

Currency

37.8978

Currency

66.5171

Currency

7.93737

Currency

0.7351

Currency

0.33273

Currency

0.52564

Currency

1.1566

Currency

0.56948

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Платина

53756.05

Бакар

12.75

Родиум

257205.97

Злато

134937.98

Алуминиум

3.39

Калај

53.40

Сребро

2121.92

Паладиум

40284.89

Кобалт

45.39