Цената на биткоинот рано утринава падна под 35.000 долари откако рускиот претседател Владимир Путин започна воена операција против Украина. Според CoinMarketCap, биткоинот вредел 34.969 долари рано наутро, што е за 8% помалку од претходниот ден. Највредната криптовалута во светот падна под 40.000 долари во текот на викендот и продолжи да се намалува како што се интензивираше украинската криза. Биткоинот изгуби речиси половина од својата ...

Европската комисија донесе одлука со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со високите стандарди на Европската Унија. Со Одлуката се потврдува дека банкарската регулатива кај нас, како и начинот на вршење на супервизија на банките е еквивалента на онаа којашто се спроведува во ЕУ. Со ова нашата земја се вклучува на листата од само 26 земји во светот, меѓу кои САД, Канада, ...

На пазарите на капитал завладеа паника поради руската воена акција во Украина, која иницираше општа продажба на акциите, додека цените на доларите, златото и нафтата пораснаа. Најширокиот азиско-пацифички берзански индекс на MSCI, без јапонскиот, падна за повеќе од 3,2 отсто, при што австралиските акции паднаа за повеќе од 3,0 отсто, а најликвидните кинески компании за 1,3 отсто. Токискиот Nikei индекс потона за 2,4 отсто. Се чини дека падот ...

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција оддржана во вторникот најави дека за една недела ќе дојде до промена на правилникот со кој домаќинствата и индустриските капацитети ќе може да му продаваат вишоци електрична енергија на универзалниот снабдувач. Во случајов ЕВН Хоме ќе биде должен да ги купува вишоците од соларните панели по цената на регулираниот пазар, односно по истата која ја купува од АД ЕСМ. – Електрична ...

Од утре, 24 февруари, започнува етапната исплата на февруарските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19, информираат денеска од Министерството за труд и социјална политика. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на ...

Со 90 гласа „за“ Собранието на Република Северна Македонија едногласно ги усвои измените на Законот за минимална плата со кои минималната плата ќе се покачи од 15 на 18 илјади денари. Со законските измени, се очекува околу 80 илјади работници да земат покачена плата веќе од април. Во првата година државата ќе ја покрива разликата помеѓу досегашниот и новиот износ на придонеси, за што од Буџетот ќе се издвојат околу 16 милиони ...

Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка (НБ) и домашните банки, како резултат на ДДоС напад. Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање, информираат од НБ. Ова беше надминато во најкус рок ...

Компанијата ОКТА и Фондацијата „Чекор по Чекор“ се добитници на наградата за филантропија за 2021 година, за нивното партнерство во проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Наградата ја доделува здружението „Хорус“, кое работи на поттикнување на поголема филантропија, општествена одговорност, култура на донирање, граѓански активизам и социјално претприемништво. Во 2021 година, како резултат на ...

Владата на денешната седница ја усвои информацијата според која февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари 2022 година до 01 март 2022 година, а средствата за пензиите преку банкомати и трговска мрежа да бидат достапни од 24 февруари 2022 година. Готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе во четири групи (во 4 денови) во сите отворени филијали и експозитури на ...

Владата на Република Северна Македонија на денешната 16-та седница ја донесе Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со која се замрзнуваат цените на дополнителни продукти како што се овошјето, зеленчукот и пченицата и се определува највисоката трговска маржа за да се елиминираат можностите за раст на цените по други основи. Со оваа одлука се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со следните ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен лани во декември изнесувала 29.943 денари што е зголемување за 5,8 отсто во однос на декември 2020 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето, пред сѐ, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,1 отсто, Градежништво за 12,6 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на ...

Цените на нафтата денеска, на почетокот на трговијата на лондонскиот пазар по признавањето од страна на Русија на двата проруски региони во источна Украина, надминаа 99 долари. На почетокот на тргувањето во Лондон, цената на барелот скокна за 3,71 долари во однос на претходното затворање, на 99,1 долари. На американскиот пазар со барел во е-трговија се тргуваше по 4,41 долари повисока цена, 95,72 долари. Русија во понеделникот ги призна ...

Никогаш досега немало толку голема разлика во цената на горивото меѓу Германија и Полска. Затоа германските возачи сè почесто одат по гориво преку границата. И затоа германските бензински пумпи бараат помош од државата, пишува „Дојче веле“. Горивото на германските бензински пумпи е по рекордни цени. Возачите мора да користат апликации што покажуваат каде е најевтино за да најдат бензин под 1,80 евро за литар или дизел под ...

Украинската влада минатата недела го усвои законот за официјално легализирање на биткоин и други криптовалути. Според новиот закон, виртуелните средства се 100% легални. Луѓето во Украина можат да управуваат со криптовалутите и да имаат јасно дефинирани права, со конкретно дефинирани должности за сите кои работат на крипто пазарот. Овој закон доаѓа во време кога САД и други европски земји предупредуваат на закана од Русија да навлезе во ...

Од денеска дел од цигарите поскапеа за 10 денари. Станува збор за повеќе брендови и видови на цигари кои добија нови цени. Ако сакате да купите кутија некои брендови ќе платите 10 денари повеќе. Бран поскапување на цигарите имаше и минатата недела кога дел од брендовите добија нови цени, исто така за 10 денари повеќе. Поскапувањето на цигарите беше најавено уште минатиот месец, иако никој од производителите и увозниците на цигари во ...

Никогаш немало самозапалување слично како Meta Platforms, матичната компанија на Фејсбук, објави весникот „Њујорк Магазин“. Компанијата за социјални мрежи на Марк Закерберг загуби повеќе од половина трилион долари во пазарна вредност од нејзиниот пик во август – околу половина од таа вредност „испари“ во еден ден, најголем пад досега – во услови кога почнува да слабее од постојаната опсада на конкурентите и ...

Вкупните депозити во јануари, на годишна основа, се зголемени за 7,4 проценти, како резултат на растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот домаќинства, информираа од Народната банка. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 8,4 отсто, како резултат на растот на кредитите на двата сектора, кој е малку поизразен кај корпоративниот сектор. Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,56 % во однос на Одлуката од 14.2.2022 година. Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 0,508%, кај дизелот за 0,092% , кај екстра лесното масло има намалување за 0,337% и кај мазутот зголемување за 0,389% . ...

Во понеделник, Регулаторната Комисија за Енергетика, се очекува да ги соопшти новите цени на горивата во Македонија. Горивата поради секојдневните поскапувања на светските берзи речиси секоја недела поскапуваат. Во моментов ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по цена од 82 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 82 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС се продава по цена од 74 денари за 1 литар. Ова се цените на горивата во Европа ДРЖАВА ...

„Итно се бара возач за работа во производствена компанија. Потребна е дозвола од Б категорија, за возење комбиња и пикапи. Заработка од 75.000 динари, регистрација и два слободни дена неделно. Работно време од 08:00 до 16:00 часот. Ова е само една од огласите кои го преплавија интернетот во последните месеци. Има многу деловни понуди кои бараат возачи, но и покрај тоа што платата може да достигне и до 120.000 динари месечно (околу 1.000 ...

Започна дијалогот за новата методологија која ќе обезбеди одржлив и континуиран раст на пензиите. Низ отворен дијалог ќе се дојде до решение во интерес на сите страни кое ќе овозможи раст на пензиите но и дополнителен финансиски пакет од кој придобивка ќе имаат околу 330.000 пензионери. – Создаваме систем со кој пензионерите ќе имаат сигурност и извесност, а покачувањето на пензиите никогаш повеќе нема да зависи од нечија политичка ...

Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви минатата година се зголемени, додека банкарскиот систем, исто така, е стабилен. Домашната побарувачка е главен фактор на економскиот раст, во услови кога курсот на монетарната политика сѐ уште е олабавен, заради обезбедување доволно простор за постојано економско закрепнување. Ова се накусо заклучоците за монетарниот дел на реномираната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, ...

GM955 и GM414 RS на „Грин Машинс“ од Велес се дел од разновидната програма на брендот што за првпат се испорачуваат во Египет. „По успешното пуштање во употреба на овие машини, очекуваме и нарачки со зголемени количини. Од техничките спецификации на GM955 највпечатлив е неговиот капацитет од 6 кубни метри. Ова возило работи на механички принцип за собирање отпад, комбиниран со вакуум. Максимално е ефикасен за градска ...

Прекините во снабдувањето однесоа дел од економскиот раст на еврозоната минатата година и може да продолжат во 2023 година поради пандемијата, што претставува тест за Европската централна банка, предупреди Меѓународниот монетарен фонд. „Изгледите за долгорочни проблеми со понудата претставуваат предизвици за креаторите на монетарната политика“, се вели во извештајот на заемодавачот со седиште во Вашингтон. „Одржувањето на ...

Вечната дилема на секое семејство е – дали да го исклучувате или да го оставите бојлерот постојано да работи, на кој начин ќе потроши помалку струја? Иако повеќето сметаат дека подобро е бојлерот да се остава да работи постојано, бидејќи при секое вклучување троши струја за повторно загревање, одговорот е целосно поинаков. Стручњаците препорачуваат зависно од тоа на што ја трошите топлата вода и колку често, бојлерот сепак да се гаси на ...

Работниците во Белгија наскоро ќе можат да изберат четиридневна работна недела како дел од серијата реформи на пазарот на трудот објавени во вторник. Реформскиот пакет договорен од повеќепартиската коалициска влада во земјата, исто така, ќе им даде право на работниците да ја исклучуваат работната опрема и да ги игнорираат пораките за работа по часови без страв од одмазда. – Имавме две тешки години. Со овој договор го поставивме ...

Од нив, 257.876 се продадени надвор од САД, што го прави БМВ најголемиот извозник на автомобили во САД осма година по ред. Ефектот од 2021 година значи дека американската фабрика на баварскиот производител извезла речиси 60 отсто од сите автомобили што ги произведувала во Спартанбург. Фабриката во Јужна Каролина произведува X3, X4, X5, X6 и X7, а овие возила потоа стигнуваат до клиентите во 120 земји во светот, главно преку пристаништето ...

Heineken, вториот по големина производител на пиво во светот и производител на најпродавано пиво во Европа, ги зголемува цените, јавува Би-Би-Си. Извршниот директор Долф ван ден Бринк истакнува дека зголемувањето на цените на суровините и енергијата е без преседан „и toa ја принудува компанијата да ги зголеми цените#. Сè уште не е јасно колку ќе чини пивото. На почетокот на овој месец, Carlsberg, исто така, објави дека ќе ги ...

Минатата година израелската економија имаше најбрз раст во последните 21 година, објави Централното биро за статистика на оваа земја. Посочено е дека потрошувачката, извозот и инвестициите во 2021 година пораснале двоцифрено, што претставува закрепнување за време на пандемијата на коронавирус. Економскиот раст беше 8,1 отсто, што е значително над претходната проценка на Централната банка на Израел дека растот ќе биде 6,5 отсто. Заводот за ...

Владата и Министерството за земјоделство, шумасртво и водостопанство, се подготвени да ја продолжат дополнителната мерка од 3 денари за произведена и предадена оризова арпа, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Министерот Николовски посочи дека во моментов Државниот инспекторат за земјоделство ги спроведува потребните контроли на терен за да се утврди точната количина на оризова арпа што не ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
93%
1001
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
78%
1000
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
89%
1001
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.16
97%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1001
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
78%
1003
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1002
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
95%
1000
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
69%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159231.39

Алуминиум

3.03

Родиум

336779.07

Бакар

11.69

Цинк

3.25

Иридиум

221848.72

Калај

46.91

Рутениум

45750.51

Сребро

2460.50

Платина

67162.91

Паладиум

546.56

Кобалт

64.04