Белград
5ᴼ /
4ᴼ
Цената на гасот во Европа падна денеска на отворањето на тргувањето под 1.250 долари за 1.000 кубни метри, беше објавено на лондонската берза ICE. На берзата ТТФ во Холандија, априлските испораки на гас беа договорени по цена од 1.245 долари за илјада кубни метри, или 110,25 евра за мегават час по актуелниот курс на еврото во однос на доларот, пренесува Тас с. Цената на гасот падна за повеќе од 15,5 отсто во однос на затворањето на берзата во ...
Американското Министерство за трговија објави листа на американски луксузни производи кои се забранети за извоз во Русија и Белорусија, поради настаните во Украина. Списокот од речиси 600 производи вклучува алкохолни пијалоци, козметика, облека и обувки кои чинат најмалку илјада долари, крзно, корали, чанти и куфери, теписи, антиквитети, тутунски производи, накит, моторни санки, опрема за нуркање, поморски мотори, мотоцикли и патнички возила. ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува длабока рецесија во Русија поради санкциите што Западот ги воведе кон таа земја, изјави денеска директорката на ММФ Кристалина Георгиева. Санкциите доста остро влијаат на руската економија. Да очекуваме длабока рецесија во Русија. Можам да кажам дека тоа што Русија не ги исполнува своите обврски веќе не се смета за неверојатен настан. Таа земја има пари да го сервисира долгот, но нема пристап до него ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на 14.03.2022 година, одржа седница на која донесе Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со која одлучи малопродажните цени на нафтените деривати да не се променуваат, односно да останат на исто ниво како што се утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените ...
Цените на нафтата на светските берзи минатата недела паднаа за околу пет отсто, по големите осцилации, бидејќи малку се намалија стравувањата на трговците од прекин на испораките на таа енергија од Русија поради војната во Украина и западните санкции против Москва. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 4,8 отсто на 112,67 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 5,7 отсто на 109,33 долари. Откако во ...
Можеме ли утре да очекуваме поевтинување на горивата, откако цената на нафтата од типот брент се стабилизира на околу 110 долари во моментов. Претходните цени на горивата беа конфигурирани откако цената на барел нафта скокнаа и до 130 долари за барел. Во моментов нафтата од типот Брент се продава по 110 долари, додека американската WTI по 106 долари за барел. Утре Регулаторната Комисија за Енергетика би требало да ја оддржи својата редовна ...
Ситуацијата со Украина доведе до непредвидени последици за светската економија. По воведувањето санкции против Русија и контрасанкциите од руска страна, сите цени вртоглаво пораснаа. Тоа прво се почувствува на енергетскиот пазар, што директно се одрази на цените на горивата на бензинските пумпи, но и на цените на струјата и парното. Во Германија и Австрија цените на струјата и парното скокнаа за една недела за 60%, а потоа следеа сите останати ...
На светските пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна минатата недела, втор пат по ред, бидејќи се очекува наскоро да се зголемат каматните стапки на американската централна банка, додека европските валути остануваат под притисок поради војната во Украина. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, минатата недела зајакна за 0,5 отсто, на 99,11 поени ...
Тој се залага за максимални санкции против Русија, но смета дека „треба да се вратиме на преговарачка маса и да разговараме“ Херберт Дис, првиот човек на Фолксваген, рече дека војната во Украина може драстично да влијае на германската и европската економија. Особено ако продолжат воените акции и санкции, без разлика што Европа не воведе санкции за увозот на руска нафта. Со оглед на тоа дека Европа зависи од руската нафта и гас, во ...
Поради поскапувањето на струјата во Германија, фабриката за челик Лех-Сталверке во баварскиот град Мајтинген го прекина производството, пишува Deutsche Wirtschafts Nahrichten. Компанијата соопшти дека е „економски неизводливо“ да се работи сега. Исто така, германскиот концерн за челик ThyssenKrup AG пријави повеќекратно зголемување на трошоците за електрична енергија. Концернот ThyssenKrup AG објави дека во последните шест месеци ...
Рускиот енергетски гигант Газпром продолжи со редовни испораки на гас во транзит во Европа преку територијата на Украина, изјави денеска претставникот на компанијата Сергеј Купријанов. Купријанов изјави дека Гаспром редовно испорачува гас преку територијата на Украина и во согласност со барањата на европските потрошувачи. Европа во последно време ги зголеми барањата за снабдување со гас, а набавката на овој енергенс од Русија е значително ...
Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ги предупреди поединците да не инвестираат во биткоин, освен ако нивните имиња не се на листата на Форбс за најбогати поединци. Тој укажа на високата нестабилност и децентрализираниот систем на криптовалути, велејќи дека вредноста на биткоинот може да влијае на нешто едноставно како твит на сопственикот на Tesla и извршен директор на SpaceX, Илон Маск. „Илон има тони пари и е многу софистициран, па не ...
Илјадници Албанци излегоа на улиците на главниот град на Тирана поради неодамнешните зголемувања на цените, додека владата на Еди Рама им порача да возат помалку. Албанските власти ја обвинуваат војната во Украина за скокот на цените, а демонстрантите се собраа на главниот плоштад Скендербег, пред да стигнат до канцеларијата на премиерот Рама, носејќи антивладини транспаренти. Албанците четврти ден протестираат со намера да се борат за ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што се изврши усогласување со измените од Законот за акцизи и измените од Законот за данок на додадена вредност. Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45% во однос на одлуката од 10.03.2022 година. Малопродажните цени на ...
Имајќи ги во предвид усложнетите економски движења на глобално ниво, што воедно предизвикува и драстично зголемување на цените на нафтените деривати, во услови на несоодветната методологија за пресметка која се применува во Северна Македонија, компаниите членки на Комората од редот на трговците со нафта и нафтени деривати, апелираат за наоѓање на заедничко решение со Регулаторната комисија за енергетика, бидејќи тие во овој момент работат со ...
Аркан Керим е нов претседател на Туристичко-угостителска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание на Комората. Керим е долгогодишен туристички работник, сопственик на туристичка агенција и на хотел и истакнат амбасадор на македонскиот туризам ширум светот. Во своето излагање пред присутните на Собранието Керим потенцираше дека неговите активности како претседател на Комората ќе бидат насочени ...
Извршниот директор на Tesla, Илон Маск повторно направи хаос со својот твит. Имено, тој сподели фотографија на која „покажува“ кој стои зад името на Сатоши Накамото – псевдонимот на креаторот на биткоинот. Така, хумористичната теорија на Маск сугерира дека името Сатоши Накамото е всушност комбинација од слогови од имињата на четири технолошки компании: Samsung, Toshiba, Nakamichi и Motorola. pic.twitter.com/e3kFCmREaC — ...
Министерство за труд и социјална политика во време на светска економска криза, силно е посветено на грижата за сите граѓани, особено на ранливите категории. Со новиот пакет 26 мерки, Владата понуди издржани решенија со цел ублажување на последиците. За поддршка на граѓаните и компаниите Владата од буџетот одвои 400 милиони евра, велат од МТСП. Пакетот мерки кои се однесуваат на заштитата на животниот стандард на граѓаните, економската стабилност ...
Стапи во сила регулативата за ограничување на цените на нафтените деривати Еуродизел и Еуропремиум БМБ 95 во Србија. Уредбата ќе трае 30 дена, до 11 април, а во случај на ограничување на цените на дериватите, се однесува на горивата еуродизел и еуропремиум БМБ 95, со кои се утврдува максималната малопродажна цена. Во суштина, на трговците ќе им биде ограничена маржата на шест динари, а ќе се укинат и царините за увоз. Како што е најавено, ...
Следниот приказ ја одразува медиумската присутност на 10-те Акционерски Друштва кои се дел од МБИ10 индексот на Македонската Берза. Мониторингот на ПИКАСА АНАЛИТИКС презентира резултати од 400 мониторирани дигитални медиуми, кои вкупно во текот на Февруари објавиле над 300.000 вести (политика, економија, спорт, култура, технологија, хроника итн). Еден дел од тие вести се однесуваат на активностите на најголемите и најуспешните акционерски ...
Тимот на @adventure.mk и @mtel_mk пред две недели стартуваа заедничка патување низ Македонија, Msat TV Авантура, посетувајќи различни локации. Фотографиите и видеата од чудесно убавите пејзажи, планини прекриени во зимска идила, но и можноста да се ужива во одлична телевизија го привлекоа вниманието на нивните следбеници на социјалните мрежи. Авантурата тргна од секогаш прекрасното Крушево. Ана и Мане од Adventure Macedonia се одлучија за ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) потврди дека денеска нема да има промена на цената на нафтените деривати бидејќи не се исполнети условите за тоа. Во однос на предложените законски измени кои се во собраниска процедура, од РКЕ велат дека ќе имаат седница веднаш штом се изгласаат измените на Законот за акциза во Собранието и се објават во Службен весник. На оваа седница најавуваат дека ќе биде донесена одлука за највисоки малопродажни ...
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја образложи одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар и граѓаните, заедно со Трајан Димковски, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „На предлог на Министерството за економија и на барање на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на седницата одржана вчера донесе одлука за ...
Зејтинот во Косово достигна цена од 3,5 евра, а граѓаните ги празнат полиците, јавуваат тамошните медиуми. Косовските власти најавуваат ригорозни контроли на маркетите, и тоа уште од вечерва. Во соопштението на Министерството за индустрија, трговија и претприемништво се вели дека некои трговци прво ги испразниле полиците за да се создаде впечаток на недостиг на производи. Владата во Приштина пред само еден ден им се закани на трговците кои ги ...
Инфлацијата во САД во февруари порасна за 7,9 отсто на годишно ниво, објави денеска Заводот за статистика на Бирото за статистика. Ова е најголемото забрзување на стапката на раст на потрошувачките цени од јануари 1982 година, кога американската економија се соочи со двојна закана од пораст на инфлацијата и опаѓање на економскиот раст, пренесува CNBC. На месечно ниво, растот на потрошувачките цени во февруари изнесува 0,8 отсто. Економистите ...
На фјучерсиот пазар во Европа цената на гасот денеска е околу 1.800 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE. На отворањето на тргувањето рано утринава цената на гасот падна под 1.600 долари за илјада кубни метри, а потоа тргна по нагорна линија, достигнувајќи го нивото од 1.792 долари за 1.000 кубни метри во холандскиот центар ТТФ или 157 евра за MWh. Од почетокот на денешното тргување цената е зголемена за ...
Руската економија ќе има пад од околу 15 отсто во 2022 година под влијание на острите санкции воведени поради нејзиниот напад врз Украина, се наведува во анализата на Институтот за меѓународни финансии (IIF). Институтот ја намали својата прогноза за растот на бруто домашниот производ (БДП) на Русија за 2022 година за 18 процентни поени во однос на претходната проценка за раст од 3,0 отсто. Пред војната, IIF предвидуваше дека економијата на ...
Српската влада донесе одлука за привремена забрана за извоз на основните земјоделски прехранбени производи – пченица, пченично брашно, пченка и сончогледово масло. Дополнително, на неодамна завршената седница беше донесена и уредбата за ограничување на цените на нафтените деривати, која се однесува на „евродизел“ и на „европремиум БМБ 95“, која ќе стапи во сила од утре и ќе важи во наредните 30 дена, до 11 април. ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека се исполнети предусловите за корекција на цената на поголем дел од нафтените деривати поради тоа што продолжува трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи и во исто време курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 0,49%. Во споредба со претходната пресметка се бележи зголемување кај следните нафтен деривати и тоа во просек : кај ...
Нов начин на пресметка, регулаторот ќе ја менува цената на горивата на дневна основа само доколку одреден дериват на светските берзи поевтини или поскапи за два долари. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека цената на горивата за бензинските пумпи се одредува во однос на цените кои биле на берзите во последните пет дена. Синоќа горивата скокнаа на рекордно ниво. Бензинот поскапи за 3,5 денари, нафтата за 8,5 денари. Вечерва се ...