Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.12.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ...

Проектите на Пивара Скопје и ЕВН Македонија се најдоа помеѓу 8-те најдобри проекти во Источна и Југоисточна Европа кои градат доверба помеѓу бизнисот и локалните заедници. Две членки на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) – Пивара Скопје и ЕВН Македонија, се избрани меѓу 8-те финалисти во “Иницијативата за Промовирање на Доверба во Бизнисот” која е поттикната од мрежата на АмЧамс во Европа и Центарот за ...

Телеком Србија, државната српска комуникациска компанија најави дека за една недела стартува со деловни активности на македонскиот пазар. Плановите им се догодина да почнат и со телефонски услуги во Македонија. -На 16-ти ноември ја отвораме првото претставништво во Северна Македонија. Почнуваме со сателитска телевизија. Во март или во април наредната година планираме да почнеме и со мобилна телефонија. Телеком благодарение на партнерството со ...

Скопје, 26.11.2021 – А1 Македонија ја започнува празничната новогодишна еуфорија и со задоволство ја најавува новата атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2022 година со неограничена комуникација, многу содржини и ТВ уреди по најповолни цени. Како компанија која нуди конвергентни услуги, А1 Македонија ја збогати својата A1 Combo понуда со која корисниците можат да ги поврзат мобилните и фиксните ...

Претседателот Стево Пендаровски вечерва во интервју на ТВ21 откри дека пред околу една година неколку институции во државата, меѓу кои и две банки, биле цел на хакерски напади. Тој изјави дека имало истрага со форезничари и било откриено од каде доаѓаат нападите, но не било откриено дали тие групи биле спонзорирани од држави. – Две најголеми банки и 2-3 други државни институции беа соборени. Имаше истрага од Обвинителството со форезничари ...

Заклучувањето, кое ќе стапи на сила во Австрија од понеделник, ќе ја чини австриската економија една милијарда евра неделно, проценуваат економистите. Гастрономијата и трговијата особено се во неволја. Поучен од искуството на заклучување од ноември минатата година, експертот на Економскиот институт Вифо, Јозеф Баумгартнер, посочува дека БДП овој месец ќе биде помал за 800 милиони евра. Во првите две недели од декември ефектот на заклучување ќе ...

Што треба да направи Европа? Таа мора да разбере дека побарувачката за рециклирани суровини расте Петнаесет години пред предвиденото, Италија, во рециклирањето хартија, ги постигна своите планови. Италија постигна амбициозен план за рециклирање хартија 15 години пред предвиденото. Тие рециклираат 85% од хартијата. Формирана е мрежа на мали и средни компании кои вработуваат 20.000 работници и заработуваат 4 милијарди евра годишно од отпадна ...

Цената на биткоинот денеска падна, заедно со другите средства во петокот, достигнувајќи шестнеделен минимум, и официјално влезе на територијата на мечкиниот пазар. Според податоците на Coin Metrics, најголемата криптовалута во светот падна за 8 отсто во последните 24 часа, на 54.177 долари, најниско ниво од почетокот на октомври. Биткоинот, пак, е намален за 20 отсто од рекордно високото ниво од околу 69.000 долари претходно овој месец. ...

На 9 ноември 2021 година, се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека тековното ниво на основната каматна стапка е соодветно на макроекономските и финансиски услови, при што беше одлучено таа да ...

Владата на Северна Македонија даде согласност на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) да го активира со работа ТЕЦ Неготино за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза. Владата даде согласност да се склучи договор за деловно-техничка соработка меѓу АД „ЕСМ“ и АД ТЕЦ „Неготино” за набавка на мазут и за производство на електрична енергија, во периодот декември 2021 – ...

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 121 седница темелно и сеопфатно ги разгледа предложените мерки и препораки на Комисијата за заразни болести за интензивирање на КОВИД-19 вакцинацијата и за зголемување на бројот на вакцинирани граѓани во Северна Македонија. Тргнувајќи од неприкосновениот факт дека масовната вакцинација е најефикасен одговор за заштита од последиците и за спречување на ширењето на пандемијата со ...

Оваа година греењето на пелети драстично поскапе, ако минатата година вреќа од 15 килограми можеше да се по цена од 160 до 200 денари, сега тие на бензинските станици се продаваат по 300 денари по парче, додека во малопродажниот ланец најевтините се околу 260 денари за парче. Ако едно семејство затоплува дом од 50-60 квадрати, за десетина часа би потрошил една вреќа пелети, така според пресметките месечно ова семејство би потрошило 9.000 денари ...

Од денеска започнува исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. За оние пензионери кои немаат платежни картички, исплатата ќе почне од денес и тоа за пензиите во висина до 11 илјади денари, во понеделник, во банките ќе може да се подигне пензија од 11 илјади до 14 илјади денари, во вторник од 14 илјади до 18 илјади денари, а во среда пензии над 18 ...

Македонски Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата на целата територија на Македонија. Во тек е интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство. Од август до сега, покриени се 11 градови во централниот и западниот дел на државата, а до крајот на годината ќе се покријат уште 2 во јужниот дел: ...

Северна Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати (MW). Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија. Соларниот парк „Стипион“ ќе се гради во текот на следната 2022 година на локацијата која беше предвидена за карго аеродромот во Штип. Поради движењата на ветровите ...

27.11.2021, Скопје – До крајот на годината, во рамките на проектот GREENOVET, ќе биде отворен регионален Центар за стручно образование и обука за зелени иновации што ќе биде единствен од ваков вид во регионот, а кој се формира со тесна соработка меѓу бизнис секторот, истражувачите од универзитетските институции и центри, како и стручните училиштата. Паралелно со центарот во Скопје се отвораат и центри во регионите: Штаерска – ...

Деновиве социјалните мрежи се преполни со реклами од познати македонски компании кои решија да се вклучат во големиот празник на купувањето познат како “Црн Петок”. Додека црниот петок во САД е вистинска атракција, а граѓаните можат да пазаруваат по несекојдневни цени, кај нас црниот петок како маркетиншки трик почна уште од пред една недела. Голем број на компании поставија натписи со намалување на цените кои важат цела недела, но ...