Без струја денеска во периодот од 07:30 до 15:00 часот, ќе останат корисниците на блокот на згради од бул. „Партизански одреди бр.17 кон ул.„Максим Горки“ во општина Центар, соопшти РЦУК – Скопје. Од 07:45 до 15:30 часот, електрична енергија ќе немаат селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст, Викендици Држилово, Сателитски центар, Ново Брезница и објектот Рудпроект во општина Сопиште. ...

Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во учичишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки. – Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се ...

Поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм на улица „Франклин Рузвелт“ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, односно на потегот од улиците „Орце Николов“ до „Благој Давков“ во општина Центар. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности. Поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улица „Венијамин ...

Најголемиот предизвик за финансирањето на јавниот долг за следната година е сервисирањето или враќањето на обврзницата од 700 милиони евра. Тоа е она коешто најмногу му тежи на буџетот, порача денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Нагласи дека ќе се прави комбинација помеѓу странското и домашното задолжување, за, како што рече, да не ги оптоваруваме банките во земјава и да можат повеќе да го финансираат приватниот ...

Илон Маск и неговата компанија xAI ја претставија Грокипедија, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент на онлајн енциклопедијата Википедија. Википедија е создадена и уредувана од волонтери, а некои американски републиканци ја обвинуваат за политичка пристрасност и, заедно со Маск, тврдат дека е „премногу левичарска“. Името Грокипедија произлегува од четботот Грок на xAI, за кој Маск тврди дека „бара максимална вистина“. ...

Во рамки на втората Интердисциплинарна студентска конференција што се одржа во Охрид, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС, заедно со претставници од пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје, активно учествуваше во програмата на настанот со цел да ги поттикне младите на размислување за сопствената социјална и ...

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со кој се проектира стабилен економски раст и зголемени капитални инвестиции. Според проекциите, економскиот раст на земјава ќе изнесува 3,8%, додека инфлацијата се очекува да се задржи на ниво од 2,5%. Буџетскиот дефицит е предвиден на 3,5% од бруто-домашниот производ (БДП). Вкупните приходи се проценети на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи на 413,9 милијарди денари. Посебен ...

Денеска (28.10.2025) СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. (38) и А.С. (55) до Основното јавно обвинителство Скопје поради сомненија за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, С.Р. како в.д. директор, а А.С. како управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата ...

Денеска, од 10:00 до 11:30 часот, се одржа собир на раскрсницата пред ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. Персоналот од ова државно претпријатие бара надоместок на септемвриската плата, надоместок на К-15, јубилеен надоместок, новогодишен додаток, надомест за работници со преостанато работно време и надоместок за помош за починат член во семејството. Демонстрации, според Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ – Скопје, ќе има и утре, од ...

Портфолиото на фармацевтската компанија „Реплек“ и оваа година предизвикува голем интерес на CPHI саемот за фармација, кој од 28-ми до 30-ти октомври се одржува во Франкфурт, Германија, под мотото „Ја обликуваме иднината на фармацијата“. CPHI саемот е собир на глобалните лидери во фармацијата и во неговите рамки се презентираат иновациите во индустријата. „Реплек“ го презентира своето производно портфолио – фармацевтски производи и козметика, ...

35 претставници од различни организациски сектори на компанијата го сочинуваат алкалоидовиот тим на овогодишното 36. издание на CPhl, кој за време на три интензивни саемски денови во својата агенда има повеќе од 400 деловни средби со постојни партнери, добавувачи и со нови потенцијални соработници „Алкалоид“ годинава го забележа своето 22. учество на најреномираниот светски собир во областа на фармацијата – CPhI (Convention of Pharmaceutical ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев се обрати на јавната дискусија на тема „Имплементација на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници“, организирана од страна на Министерството за јавна администрација во рамки на проектот „Поддршка за воспоставување на Академија за стручно усовршување и обука на административните службеници“, кој се реализира во партнерство со Центарот за управување со промени (ЦУП) ...

Со свечено отворање во арената „Борис Трајковски“, вчера започна четиридневната саемска манифестација „Енерго-Технома 2025“ под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Настанот се одржува под мотото „Вклучи одржливи навики“ и годинава ги става одржливоста, иновациите и младинската енергија во прв план. Отворањето се одржа во присуство на претставници од стопанството и академската заедница, меѓу кои и ...

Во време кога радиото сè почесто се потценува како медиум, Урбан ФМ радио покажува дека токму етерот може да биде најживата сцена на современата македонска музика. Со својот препознатлив слоган „Зрачиме македонски“, радиото ја продолжува својата мисија – да ја внесе македонската музика во градскиот пулс на Скопје и да ја направи составен дел од секојдневниот урбан ритам. Оваа есен, Урбан ФМ ја зацврсти својата позиција како поддржувач на ...

Народната банка, во соработка со Централната банка на Холандија, денеска во Охрид, ја отвори Шеснаесеттата конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, што оваа година се одржува под наслов „Преповрзување на плаќањата во дигиталната ера“. Настанот ги обединува претставниците на меѓународните институции, европските тела, централните банки, деловните банки, небанкарските даватели на платежни услуги, финтек-компаниите и други ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонската премиерка Санае Такаичи потпишаа рамковен договор за обезбедување резерви на ретки минерали, соопшти денес Белата куќа. Спогодбата беше ратификувана за време на престојот на Трамп во Јапонија, дел од неговата азиска турнеја, со цел да се зајакнат синџирите на снабдување со материјали од суштинско значење за обновливата енергија, електрониката и автомобилската индустрија. Според ...

Секој дом има своја приказна – но со Samsung SmartThings, таа станува интерактивна. Тоа е свет во кој технологијата не само што ви помага, туку ве разбира, ве следи во вашиот ритам и се прилагодува на вашите потреби. Благодарение на интелигентната поврзаност помеѓу уредите, домот станува жив организам – ефикасен, интуитивен и секогаш подготвен да направи повеќе за вас. Фрижидер што комуницира со вас Во срцето на кујната се наоѓа Samsung SBS ...

Од денес, Скопје добива воздушна врска со Мадрид преку директна авионска линија, овозможена од нискотарифната авиокомпанија „Виз ер“. Инаугуративниот лет е закажан за попладнево во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје. На аеродромот, по тој повод, прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија Рафаел Сориано Ортиз и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Авионите од Скопје до Мадрид ...

Велика Британија се согласи да ѝ продаде 20 борбени авиони „Тајфун“ на Турција во договор вреден до осум милијарди фунти (10,7 милијарди долари). Британскиот премиер Кир Стармер го потпиша договорот за време на посетата на Анкара вчера, опишувајќи го како „победа за британските работници, победа за нашата одбранбена индустрија и победа за безбедноста на НАТО“. Договорот е најголемиот договор за продажба на борбени авиони во речиси 20 години ...

Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е под санкции од страна на САД заради мнозински руски капитал, засега не даде коментар за наводната блокирана пратка на околу милион барели казахстанска нафта, наменета за компанијата, а која беше доставена во Омишаљ, Хрватска. Српските медиуми објавија, пренесувајќи информација од агенцијата Ројтерс, дека танкер со казахстанска сирова нафта пристигнал во Омишаљ на 9-ти октомври, но товарот не бил ...

Од денеска, Скопје е домаќин на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), под наслов „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“. Настанот е организиран од страна на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), во соработка со Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и петте регионални комисии на ОН (UNECE, UNESCSP, UNECLAC, UNECA и ESCWA). ...

Од 28 до 30 октомври во Скопје ќе се одржува 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), под наслов „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија / From Goals to Action: Powering the Future with Sustainable Energy“. Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на настанот има над 1000 пријавени учесници од повеќе од 70 земји – меѓу кои високи претставници на ...

Народната банка на Република Северна Македонија и Централната банка на Холандија денеска и утре во Охрид ќе ја организираат 16-тата Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на заедничко разгледување на можностите и предизвиците во областа на платежните услуги. На годинашната конференција, која се одржува под мотото „Преповрзување на плаќањата за дигиталната ера – приклучувањето кон СЕПА: ...

Министерството за јавна администрација спроведува јавна дебата за примената на Законот за професионално надоградување и едукација на административните работници, под слоганот „Инвестиција во знаење – пат кон поефикасна администрација“. Според информацијата од Министерството, воведни говори на настанот ќе одржат министерот за јавна администрација, Горан Минчев, францускиот амбасадор во државата, Кристоф Ле Риголер, и извршната директорка на ...

Европската Унија и нејзините 27 земји членки во 2024 година од јавните средства издвоиле 31,7 милијарди евра за поддршка на земјите во развој за намалување на емисиите на стакленички гасови и за прилагодување на влијанијата од климатските промени. За истите цели, ЕУ дополнително мобилизирала и 11 милијарди евра од приватни извори. Овие податоци се наведени во соопштение објавено од Советот на ЕУ во пресрет на Конференцијата на ОН за ...

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан од Рим изјави дека мировниот процес е активен и напредува, и покрај обидите на Брисел да ја маргинализира Унгарија и да ја исклучи од клучните европски одлуки. Во опширно интервју за „abouthungary“, Орбан ја нагласи централната улога на Унгарија во меѓународната дипломатија и ја потврди цврстата посветеност на земјата на мирот, суверенитетот и енергетската безбедност. Орбан зборуваше за својата прва средба ...

Руската нафтена групација „Лукоил“ вчера соопшти дека има намера да ги продаде своите меѓународни активи, како резултат на „воведувањето рестриктивни мерки против компанијата и нејзините подружници од страна на некои држави“. Соопштението е објавено на веб-страницата на концернот. Компанијата дополнува дека веќе е започнато разгледување на понудите од потенцијални купувачи. Продажбата на имотот се спроведува во согласност со лиценцата за ...

САД и Мексико се согласија да ги продолжат преговорите за трговските царини за уште неколку недели, соопшти вчера мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум по телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Разговорите се однесуваат на барањето на Вашингтон за укинување на 54 трговски бариери што влијаат на американскиот извоз кон Мексико. Во јули, двете држави се договорија да го продолжат постојниот тарифен режим и да го ...

Вториот уапсен во полициската акција против Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е Аки Саити, раководител од Сарај. Тој беше приведен заедно со директорот Сабахудин Рустеми поради сомневања за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик, кое се однесува на загрозување на животната средина и природата со отпад. Според Телма, Саити е раководител на секторот за управување со отпад во претпријатието. Истрагата започна поради ...

Општина Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава во реално време, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Според него, јавната набавка е завршена, а веднаш по изборите ќе бидат поставени 30 мерни единици на различни локации. „Заврши јавната набавка, чекаме да поминат изборите за да ги поставиме мерните единици – првично 30. Преку мобилна апликација, секој граѓанин ќе може да провери каква е ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
998
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
69%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
4.12
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.29
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
999
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
66%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
1000
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
86%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
91%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
55%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.09

Цинк

3.29

Сребро

2733.78

Паладиум

55781.55

Иридиум

221848.72

Злато

157561.16

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Бакар

12.12

Родиум

339994.14

Калај

48.78

Кобалт

64.04