Приштина е најевтината престолнина во Европа според трошоците за живот, кириите, цените на храната и во рестораните, покажуваат податоците на онлајн-платформата „Нумбео“ (Numbeo), една од најголемите светски бази на податоци за стандарди на живот“, пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ). Истовремено, куповната моќ во градот е меѓу најниските во Европа. По неа на оваа листа следат: Атина, Скопје, Белград, Лисабон, Киев, Кишињев и Тирана. Според ...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави нов финансиски пакет во вредност од 100 милијарди турски лири (1,95 милијарда евра) за поткрепа на производствениот сектор на Турција, информира веб-порталот „Хаберлер“. „Би сакал да споделам позитивни вести кои ќе ги ублажат предизвиците со кои се соочуваат нашите производствени претпријатија при обезбедување финансиски средства. Стартуваме пакет за финансирање од 100 милијарди лири со поволни ...

Значаен успех на „Реплек“ во пробивањето на портфолиото на компанијата на строгите странски пазари. Со регистрацијата на Реконазол, производ за третман на дерматолошки состојби во Обединетото Кралство, „Реплек“ го направи својот прв важен чекор за пласман на британскиот пазар. Одобрението за Реконазол (ketoconazole) 2% шампон е издадено од британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), регулаторно тело на Обединетото Кралство ...

Во рамки на работната посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово беше говорник на панел-дискусијата насловена „Следниот логистички поредок: Што мора да се промени“, што се одржа во рамки на Светскиот самит за влади, соопштија од МНРиНТ. -Во денешниот глобален политички пејзаж, единственото што е предвидливо е непредвидливоста. Тоа е реалност со која мора да се ...

Со одлука на Владата, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, објави на фФејсбук скопскиот градоначланик Орце Ѓпрѓиевски. – Почитувани скопјани, кај мене дадениот збор е обврска, а не само формалност пред избори. Затоа, со огромна одговорност, ви ја соопштувам веста што значи нов почеток за нашиот град. Како што истакна ...

Формализацијата на сивата економија е една од највисоките стратешки определби на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, зашто директно влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година во земјава имало околу 694 илјади вработени, од кои приближно 85 илјади биле неформално ангажирани. Тоа е сериозен предизвик кој бара ...

Следниот месец, Скопје ќе биде домаќин на првата регионална tattoo конвенција „Artist Republic 2026“, која ќе се одржи на 14 и 15 март во хотел „Александар Палас“. Претходните две години се одржуваа настани со сличен концепт, но годинава настанот го надминува локалниот формат и ќе ги обедини најталентираните уметници од целиот свет, промовирајќи ја тату културата како вистинска уметност и начин на индивидуално изразување. На конвенцијата ќе ...

Американскиот технолошки милијардер Илон Маск вчера соопшти дека ја споил својата вселенска компанија „Спејс-Икс“ (SpaceX) со друга своја компанија – развивачот на вештачка интелигенција (ВИ) – „Икс-АИ“ (xAI), јави ДПА. Споените фирми треба да изградат центри за податоци во Вселената, како што најави Маск во својата блог-објава, додавајќи дека очекува ова да стане најевтиниот начин за генерирање моќ занапојување ВИ за компјутерска обработка. ...

Малцинската влада на францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска преживеа нови две гласања за недоверба, со што заврши повеќемесечниот спор околу буџетот за 2026 година. Во двете гласања само 260, односно 135 од 577 пратеници во Националното собрание гласаа против централно-левичарскиот кабинет на Лекорни, јави ДПА. Неуспехот на предлозите за недоверба значи дека буџетот за 2026 година е официјално одобрен. Гласањето недоверба ги побараа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе воспостават стратешки резерви на ретки земни елементи и други критични минерали во вредност од 12 милијарди долари, со цел да се намали зависноста од Кина, која контролира голем дел од преработката на овие метали. Резервите, како што рече Трамп синоќа во Белата куќа, се наменети да спречи недостиг во снабдувањето за американските компании. Најголемиот дел од финансирањето, 10 ...

– Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави трговски договор со Индија според кој Вашингтон ќе ги намали дополнителните царини за индиските стоки од 25 проценти на 18 проценти откако индискиот премиер Нарендра Моди ветил дека Њу Делхи ќе престане да купува руска сурова нафта, објавија светските агенции. Одлуката беше објавена по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Моди. Според американскиот претседател, Њу Делхи, исто така, се обврзал ...

– Унгарската влада денеска поднесе тужба до Судот на правдата на Европската Унија, барајќи поништување на регулативата RePower на ЕУ, која има за цел постепено да го укине увозот на руски гас, изјави шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. Сијарто тврди дека ЕУ ги пречекорила своите овластувања со усвојувањето на регулативата, бидејќи одлуката погрешно била претставена како мерка на трговска политика, а не како санкција, додека ...

Министри од шесте држави од Западен Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе реализираат состанок во онлајн формат, насочен кон предизвиците со кои се соочуваат транспортните оператори од регионот при патување и престој во Шенген зоната. На овој собир, според најавите, ќе учествуваат министрите за внатрешни работи, транспорт и европски прашања од државите од Западен Балкан. Исто така, ќе бидат присутни и претставници од ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 60 метри поради магла има на патниот има на правец Гевгелија – граничен премин Богородица. -Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија. АМСМ ...

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, во гостување на емисијата „Став на регионот“ на регионалната телевизија Нјузмакс Балканс (Newsmax Balkans) јасно порача дека Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски одржливи решенија. – Како Влада остануваме ...

Буџетските средства за одбрана предвидени за 2026 година ја надминуваат границата од 2% од бруто домашниот производ, што претставува исполнување на заедничкиот стандард поставен од НАТО за земјите-членки. Ова го соопшти албанскиот премиер Еди Рама во рамките на неговиот подкаст „Фласим“ (Разговараме). Според изјавата на Рама, ова не е само статистички податок над пропишаниот минимум, туку сведочи за однапред смислен ангажман на државата кон ...

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денеска, во своето обраќање пред Парламентот на Данска, изрази загриженост дека Вашингтон продолжува да има намера да воспостави доминација врз Гренланд, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за употреба на воена сила. „Ставот на Трамп во однос на Гренланд и неговите жители останува непроменет – Гренланд треба да биде припоен кон САД, а управувањето со Гренланд ...

Синдикатот на УПОЗ потврди дека во четврток во 16:45 часот ќе се одржи средба со претставници на Владата, на која ќе се разговара за барањата на Синдикатот за финансиско подобрување на вработените во јавната администрација и правосудниот сектор. Од Синдикатот на УПОЗ истакнуваат дека Владата, според нивното мислење, веднаш по протестот организиран на 28 јануари, им предложила “понуда” за зголемување на платите за работниците во управата и ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 68, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67 денари ...

Вработените во јавниот превоз низ Германија денеска организираа протест со штрајк, настојувајќи да обезбедат подобри работни услови. Ова предизвика значителни пречки за патниците, кои се соочија со замрзнати патишта. Еднодневниот индустриски прекин, инициран од синдикатот Верди, резултираше со прекин на сообраќајот на автобуси, трамваи и метро уште од три часот наутро. Овој прекин зафати речиси сите 16 федерални покраини во Германија, ...

Во наредните месец – два ќе се знае како ќе се реализира проектот Чебрен и Галиште – дали ќе биде целосно државна инвестиција или ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство. Министерката за енергетика Сања Божиновска се согласува со тоа дека најдобро е да биде домашна инвестиција, но вели се работи за голема инвестиција и треба реално да се видат финансиските можности во Буџетот. – Се согласувам дека најдобро е проектот да биде наш, но ...

Европската Комисија постигна договор со германската развојна банка KfW за обезбедување гаранции во вредност до 135 милиони евра. Овој аранжман ќе овозможи пристап до финансиски средства преку алтернативни канали за микро, мали и средни претпријатија од Западен Балкан, Источното соседство, Северна Африка, Блискиот Исток и Турција. Гаранцијата, поткрепена од Европскиот фонд за одржлив развој плус (EFSD+), ќе биде наменета пред сè за оние ...

Европската комисија планира да го поддржи поморскиот сектор во ЕУ за набавка или надградување на помеѓу 7.000 и 10.000 „одржливи и дигитализирани“ бродови до 2035 година. Ова се наведува во предлог документот на идната Индустриска поморска стратегија на Европската комисија, кој сè уште е во изработка. Во документот се нагласува и потребата од зајакнување на воените морнарици на земјите членки на ЕУ, како одраз на актуелните геополитички ...

Овој викенд во срцето на Скопје, во креативниот простор Public Room, се одржа настан што ме потсети зошто вреди да се верува во автентичниот туризам. Саемот за Агро-Екотуризам собра на едно место локални производители, туристички ентузијасти, бизниси и посетители – сите обединети околу една идеја: да се покаже вистинската душа на Македонија. Настанот не беше само презентација на органски производи, традиционални ракотворби или туристички ...

Владата го објави годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година кој започнува масивни инвестиции од над 5,7 милијарди евра во производство и складирање на електрична енергија. Министерката Сања Божиновска, денеска на прес-конференција појасни дека планот вклучува реализација на 67 нови енергетски објекти за производство на електрична енергија со моќност од најмалку 1 мегават, со вкупна инсталирана моќност од 4.416,8 ...

Србија зема заем од Франција за развој на компјутер со високи перформанси – суперкомпјутер и вештачка интелигенција. Како што е наведено во Предлог-законот поврзан со тој проект, државата ќе се задолжи за 42,5 милиони евра. Комисијата на српскиот парламент за финансии, републичкиот буџет и контрола на трошењето на јавните средства го одобри усвојувањето на законот за потврдување на договорот меѓу владите на Србија и Франција за заемот. Тој ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите. Како што соопштија од нејзиниот кабинет, претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој. -Сиљановска-Давкова ...

Документарниот филм за првата дама на САД, Меланија Трамп, е на добар пат да оствари приход од осум милиони долари првиот викенд по почетокот на прикажувањето, што е највисока заработка во тој поглед, за документарец во САД по повеќе од 10 години. Светската премиера на филмот „Меланија“ се случи во петокот, а меѓу гледачите преовладуваа жени и лица над 55 години, кои му донесоа 70 отсто од приходите на филмот. Според „Холивуд репортер“, ...

Првиот воз во Велика Британија што работи целосно на батерии и може да се полни супербрзо ќе започне со превоз на патници овој викенд, објави Guardian. Возот ќе сообраќа на рутата долга пет километри помеѓу West Ealing и Greenford, во западен Лондон, со вкупно четири постојки и капацитет до 273 патници. Батеријата се полни за само три и пол минути на станицата West Ealing, меѓу две возења, преку полнач со моќност од 2.000 kW. Системот се ...

На 1 февруари 2026 година, Бугарија се разбуди правно и практично без бугарскиот лев (BGN) како легално средство за плаќање, по 145 години од неговото воведување во 1881 година. Од денес, еврото (€) е единствената официјална валута што може да се користи за плаќање на добра и услуги во земјата. На 31 јануари 2026 година заврши периодот на двојна употреба на лев и евро што траеше еден месец од воведувањето на евото како законско средство на 1 ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.13
81%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
2.06
83%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.06
88%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
63%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
86%
1015
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
91%
1015
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9559

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Злато

152465.86

Бакар

12.46

Паладиум

49351.40

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Калај

52.70

Кобалт

45.39

Платина

66744.95

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89