Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Денес, грчките земјоделци повторно ќе ги блокираат граничните премини, при што се очекуваат застои во сообраќајот. Блокадите се предвидени од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време на преминот Евзони, кој го поврзува Грција со нашата земја. Сообраќајот ќе биде целосно прекинат, освен за камиони со грчки производи. Ширум Грција се поставени над 50 блокади, информира дописничката на МИА од Атина. На Евзони се собрани повеќе од 300 ...
Кинеските власти ја спроведоа смртната казна над Баи Тианхуи, поранешниот главен извршен директор на компанијата за управување со финансии „Чајна Хуаронг Интернешнал Холдингс Лтд.“, откако беше прогласен за виновен за примање поткуп во износ од 156 милиони американски долари. Процесот на егзекуција беше реализиран во севернокинескиот град Тјанџин, со согласност од Врховниот народен суд, како што информираа државните медиуми. Со судската ...
Во Музејот на македонската борба за независност, денес околу пладне, ќе бидат претставени две нови изданија: „Посланија и беседи“ од архиепископот Доситеј и „Таков архиереј ни требаше“ – зборник на студии посветени на архиепископот Доситеј. Свечените промоции ќе ги предводат архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Архиепископот Доситеј (роден на 7 декември 1906 година, починат на 20 мај ...
Денес и утре во Скопје се одржува Меѓународен форум под наслов „Глокализација 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина”. Оваа иницијатива е организирана од Регионалната мрежа за родово одговорно буџетирање (GBWN), која обединува над 100 граѓански организации од Западен Балкан и Молдавија. Според организаторот GBWN, настанот собира повеќе од 80 учесници од 20 различни земји. Меѓу нив има претставници на граѓанскиот сектор, владини институции и ...
Со серија взаемни обвинувања помеѓу пратениците од власта и опозицијата, како и критики во врска со економските политики, степенот на реализација на капиталните инвестиции и третманот на ранливите категории граѓани, денеска, во Собранието продолжи 73. седница на која се дебатира за Предлог-буџетот за 2026 година. Во своето излагање, пратеничката од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Сања Лукаревска, презентирајќи ги ...
Управниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе претстави нов софтвер, кој ќе обезбеди дигитална врска со сите јавни институции и со Вишиот управен суд. Оваа иновација претставува значаен чекор кон модернизација и поефикасно функционирање на судскиот систем. На настанот посветен на промоцијата на „Софтвер за дигитално поврзување на Управниот суд со јавните органи и Вишиот управен суд”, пред присутните ќе се обратат водечките луѓе на ...
Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е отворен Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година. Наградата има за цел да го поттикне развојот на научната мисла и изработката на квалитетни истражувачки трудови во овие области, како и да ги афирмира младите стручни кадри. Право на учество имаат државјаните на Република Северна Македонија до 35-годишна возраст. ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува сите жители да присуствуваат на буџетскиот форум за 2026 година, кој ќе се одржи денеска, 10 декември, во 19:00 часот, во ООУ „Димитар Миладинов“. Форумот претставува можност граѓаните директно да се запознаат со општинските политики, да предложат проекти и идеи што ќе придонесат за подобрување на условите за живеење и да бидат дел од оформувањето на буџетот за наредната ...
Министерството за дигитална трансформација инфрмира дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426. -Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди ...
Сојузници не интервенираат во внатрешните работи на другите, критиките се насочени погрешно, а Европа е способна сама да ја брани својата демократија – ова се дел од реакциите на европските лидери на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, дадени во интервју за бриселскиот портал „Политико“. Во споменатото интервју, Трамп меѓу другото посочи дека Европа е „заедница на нации во опаѓање“, предводена од „немоќни личности“, дека ...
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија – Гевгелија и граничен премин Богородица. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Судењето за трагичниот пожар во угостителскиот објект „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во истражниот затвор во Идризово. На претходната седница, правните застапници на дел од лицата против кои е покрената постапка, изразија сомнеж во исправноста на обвинителниот акт, укажувајќи на неговата некомплексност и отсуство на конкретни докази за сечиј индивидуален придонес кон настанот. Денешната расправа, која ќе започне во 09:30 часот, ќе биде ...
Трошоците на живот во земјава продолжуваат постепено да растат. Според најновите податоци, индексот на трошоци на живот за ноември бележи пораст од 0,5% во однос на претходниот месец. Анализите покажуваат дека најголемо влијание врз месечниот раст имаат поскапувањата кај одделни прехранбени производи, зголемените трошоци поврзани со домувањето, како и дел од услугите кои подлежат на сезонски корекции. На годишно ниво, односно во споредба со ...
Британскиот премиер Кир Стармер го известил својот кабинет дека „влоговите остануваат високи“, но дека Велика Британија продолжува да работи со „сите свои партнери“ за да обезбеди мир во Украина, во момент кога Доналд Трамп го критикуваше неуспехот на европските лидери да стават крај на војната. Ова доаѓа откако Стармер беше домаќин на кризни разговори со европските сојузници за иднината на земјата, кои Трамп ги нарече „слаби“ лидери на ...
Микро, малите и средните компании се столбот на македонската економија и со соодветна поддршка можат да генерираат раст од пет до седум проценти, оцени претседателот на Агро бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Горан Ѓорѓиевски на денешниот настан по повод одбележувањето на Денот на коморите под мотото „Економија и проекти – сегашност и иднина“. Ѓорѓиевски нагласи дека инфлацијата останува на ниво од околу ...
Почесниот претседател на Унијата на работодавачи на Србија, Небојша Атанацковиќ, за РТС изјави дека дел од горивото во државата ќе доаѓа од Северна Македонија, а другиот, најверојатно, поголем дел ќе биде првенствено од Унгарија, каде има голема рафинерија. „Факторот – посложена испорака, веројатно ќе влијае на зголемувањето на цената, но не треба да се очекува дека бензинот или дизелот купен од друга рафинерија веднаш ќе бидат поскапи од ...
Граѓаните и компаниите по основ на даноци и такси должат кон Град Скопје над 36 милиони евра, информира денеска градската администрација. Оттаму ги повикуваат сите даночни и такси обврзници кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират обврските во најкраток временски рок. Увид во долгот и електронска уплата може да се изврши преку електронската платформа на Град ...
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay, со што корисниците на банката можат да ги користат своите дебитни и кредитни Mastercard картички преку уредите на Apple. Плаќањето може да се изведе со iPhone, Apple Watch, iPad или Mac, без носење физичка картичка и без внесување податоци при секоја трансакција. Apple Pay функционира како дигитален паричник во кој се додава картичката од Халкбанк. При плаќање, уредот се доближува до POS терминал, а ...
Редовниот железнички сообраќај на релација Битола-Скопје и обратно ќе има една рестрикција, но не и целосно запирање во периодот на најавената реконструкција на пругата Скопје-Зелениково. Од битолската Железничка станица за МИА потврдија дека секојдневно и без пречки од Битола за Скопје ќе се поаѓа во 03.10 часот наутро и во 18.22 часот попладне, додека од Скопје за Битола, патничкиот воз ќе поаѓа во 06.50 часот наутро и во 20.05 часот ...
Гаранција за исплаќање на обесштетувањата; воведување специјална пензија од 1.700 евра месечно, отпишување на долговите кон државата, како и целосна здравствена покриеност, предвидуваат мерките на грчката Влада за поддршка на семејствата на жртвите и на повредените од, како што соопштија од Министерството за национална економија и финансии на Грција, „двете трагедии што ја потресоа земјата: пожарот во Мати во јули 2018 година и поплавата во ...
Од ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш информираат дека заврши административната постапка за припојување на рударско-геолошкиот комплекс Боров Дол кон Бучим, со што двата рударски комплекси официјално продолжуваат да функционираат како еден правен субјект. Со ова се зацврстува единствениот оперативен и управувачки модел, што ќе придонесе за уште поголема ефикасност и транспарентност во работењето на компанијата во целост. Присоединувањето претставува ...
Ситно се брои до големиот настан што на 11 декември (четврток) во 17 часот го организира водечката светска берза за размена на криптовалути Binance во хотел Мериот во Скопје. Останати се мал број слободни места за сите крипто-ентузијасти кои на Community Meetup настанот ќе имаат уникатна можност да се сретнат со тимот на Binance, да ги разберат глобалните трендови во крипто-индустријата и да научат како да заработуваат безбедно преку Binance ...
Во Собранието денеска започна дебата по Дополнетиот предлог буџет, со кој, според надлежната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, се одржува макроекономската стабилност и фискалната консолидација, се овозможува економски раст, како и средства за сервисирање на сите обврски, вклучувајќи ја и исплатата на еврообврзницата. Растот на бруто домашниот производ (БДП) во 2026 година е предвиден на 3,8 проценти, додека инфлацијата е проектирана на ...
Општина Центар стави на располагање електронски Анкетен прашалник преку кој граѓаните директно може да се вклучат во процесот на креирање на Буџетот за 2026 година. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува жителите активно да ги доставуваат своите предлози и да укажат на потребите во своите маала. „Ги повикувам сите граѓани да ја искористат алатката Анкетен прашалник и сериозно да се вклучат во креирање на буџетот за следната 2026 ...
Еурофарм, еден од најпрепознатливите фармацевтски брендови во државата, оваа година одбележува значаен јубилеј – 25 години од започнувањето на развојниот пат од една аптека до национална мрежа која ја сочинуваат 123 современи аптеки, и препознатлива улога во македонскиот фармацевтски сектор и заедницата. Целата приказна за досегашниот развој на Еурофарм е преставена во ова ВИДЕО. Основана во 2000 година како семеен бизнис, компанијата денес ...
Binance, најголемата светска берза за криптовалути според обемот на тргување и корисниците, денес објави значајно регулаторно достигнување: Регулаторното тело за финансиски услуги (FSRA) на ADGM, меѓународниот финансиски центар на Абу Даби, главниот град на ОАЕ, формално го одобри овластувањето на глобалната платформа на Binance, Binance.com, според сеопфатна регулаторна рамка. Ова прво глобално одобрување е голем чекор во мисијата на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека, под одредени услови, го одобрил извозот на некои чипови од компанијата „Енвидиа“ (Nvidia) за Кина, откако разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој исто така го одобрил чекорот. Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ напиша дека „Енвидиа“ на американската држава ќе ѝ префрли 25 отсто од прометот од продажбата на овие графички процесори (GPU), кои се многу барани за ...
Европската комисија покрена истрага за заштита на конкуренцијата против американскиот технолошки гигант „Гугл“. Истрагата се однесува на користењето онлајн содржини за генерирање резултати од пребарување преку вештачка интелигенција (ВИ), како и за употреба на видеата поставени на платформата „Јутјуб“ за тренирање на ВИ модели, јави ДПА. Истрагата треба да утврди дали Гугл земал туѓи текстови, вести и содржини од интернет (кои не се негови) ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја нарече „непријатна“ казната што Европската Унија ѝ ја наложи на социјалната мрежа „Икс“ (X) на Илон Маск и додаде дека не разбира како може да се оправда таква мерка. Компанијата „Икс“ на Маск минатата недела беше казнета со 120 милиони евра (140 милиони долари) од европските технолошки регулатори за прекршување на правилата за онлајн содржина. – Европа се движи во многу лоша насока, им рече ...
Сојузот на стопански комори на Македонија денеска го организира настанот „Денот на коморите“ под мотото: „Економија и проекти – сегашност и иднина”. Од ССКМ информираат дека во период на динамични промени, продолжуваме напред со нова визија што ги обединува стратешките цели, тековните иницијативи и проектите насочени кон поконкурентна и одржлива иднина за сите. -Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), како водечка независна деловна ...