Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Во Собранието на Република Северна Македонија, денеска, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Собранието и Бреинстер Некст, со кој се утврдува рамка за заеднички активности насочени кон унапредување на образовното искуство и поттикнување на размена на знаења и добри практики. Меморандумот го потпишаа претседателот на Собранието, Африм Гаши, и директорот на Бреинстер Некст, Петар Ниноски. Соработката предвидува активности кои ќе ...
Собранието денеска ќе ја одржи 83-та пленарна седница, на чиј дневен ред се новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) и изборот на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), Дополнетиот предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова–КфВ по Договорот за заем за ...
Собранието на денешната 83. седница, со 83 гласови „за“ го избра Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху. Во продолжение на седницата за членови на Комисијата и заштита од дискриминација пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Ахмед. Претседателот на ...
Со донесувањето на Предлог-законот за отворени податоци и нивна повторна употреба од јавниот сектор, Македонија го усогласува своето законодавство со релевантните директиви и политики на Европската Унија. Оваа регулатива ги опфаќа податоците создадени од институциите во рамките на нивните законски надлежности, како и информациите од истражувањата финансирани од државниот буџет. Овој чекор претставува значаен напредок, со цел знаењето ...
Македонија2025 објави отворен повик за проектот ЛИДЕР, кој по 18. пат ќе се одржи од 14 до 27 април 2026 година во Скопје. Проектот се реализира во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат оваа програма уште од 1991 година. Програмата претставува десетдневна MBA (Master of Business Administration) обука, која ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развиваат локални бизнис-решенија што ...
Со години истакнуваме дека Западен Балкан е составен дел од Европа и сега е вистинскиот момент да го потврдиме тоа и конечно да ги отвориме портите за прием на земјите од регионот, порача заменичката-министерка за европски прашања на Кипар, Марилена Рауна. Таа ги презентираше приоритетите на кипарското претседателство со Советот на Европската Унија пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. „Актери кои не ги споделуваат ...
Шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, го повика основачот и извршен директор на „Спејс икс“ (SpaceX), Илон Маск, да ја спречи Русија да ги користи сателитите „Старлинк“ (Starlink) за напади врз Украина. „Еј, голем човеку @elonmusk, зошто не ги спречиш Русите да го користат „Старлинк“ за напади врз украинските градови?“, напиша Сикорски на социјалната мрежа X, објави денес „Укринформ“. Тој го предупреди Маск дека профитирањето од ...
Раководителот на Центарот за регионална соработка од Српската стопанска комора, Александар Радовановиќ, изјави дека колку подолги се блокадите поради новиот систем за влез и излез од ЕУ, но и несоодветната реакција на ЕК и земјите од шенген-зоната во однос на третманот на професионалните возачи и ограничувањето на нивниот престој на шенген-територијата, последиците ќе бидат сè потешки. Во изјава за РТС тој нагласи дека според податоците на ...
Уставниот суд на денешната седница ќе дискутира и одлучува по 11 иницијативи за оценување на уставност и законитост на акти, едно барање за заштита на слободи и права на граѓанин и усвојување на една конечна одлука и девет нацрт-решенија. На дневен ред се оспорени одредби од Законот за општата управна постапка, Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за судовите, Законот за судскиот буџет, Законот за облигационите односи, ...
Товарниот сообраќај и натаму останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Западен Балкан кои од завчера поставија камиони на граничните премини кон шенген зоната барајќи од ЕУ да се измени правилото за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена. Првичните проценки на коморите се дека штетите од блокадите дневно изнесуваат 100 милиони евра за регионот од кој во протестот се ...
Бугарскиот функционер Спас Ташев вели дека македонските камионџии треба да станат бугарски државјани за да ги избегнат проблемите и блокадите. Изјавата негова предизвика бурни реакции во јавноста. Коментарот доаѓа во период на засилени тензии и незадоволство кај македонските превозници, кои со денови се соочуваат со застои, административни пречки и блокади на граничните премини. Македонските камионџии реагираат дека ваквите изјави се ...
Во Собранието денеска ќе бидат промовирани два истражувачки труда – „Анализа на јавното мислење за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија (2014–2025)“ и „Нови глобални неизвесности, стари европски обврски: Јавното мислење за пристапувањето во ЕУ во 2025 година“, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и фондацијата „Конрад Аденауер“. Како што соопштија од Институтот за демократија, ...
После 5,5 години од носењето на Еуростандард банка во стечај на социјалните мрежи се огласи Трифун Костовски. Тој обвинува дека убиството на Еуростандард банка се случило за време на владеењето на СДСМ и ДУИ. Целото негово соопштение подолу: „Почитувани читатели, изминаа полни 5,5 години од носењето на Еуростандард банка во стечај. Неправедниот и неморален чин свесно беше направен од криминогените структури во земјава. Егзекутор беше ...
Цената на златото се искачи на 5.260 долари за унца, што претставува едно од највисоките нивоа во историјата. Растот доаѓа во услови на зголемена глобална неизвесност, геополитички тензии и засилен интерес на инвеститорите за т.н. „сигурни засолништа“. Аналитичарите посочуваат дека ваквото движење е резултат на комбинација од инфлациски притисоци, монетарни политики на централните банки и зголемени купувања на злато од државните резерви. ...
„450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија, ЕУ треба да покаже вистински како седи зад своите партнери и да ја повлече одлуката, за што е оптимист“, порача премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ21. „Ние како влада уште од септември ја отвораме оваа тема во Брисел, разговараме, исто како што разговараме за квотите за челикот, исто како за укинување на телефонскиот роаминг, и за други теми, и ќе ...
Француското национално собрание гласаше за забрана на користењето на социјалните медиуми за деца под 15 години, јави ДПА. Пратениците во Париз доцна синоќа го усвоија нацрт-законот. Законот предвидува дека пристапот до онлајн услуга за социјално вмрежување обезбедена од онлајн платформа ќе биде забранет за малолетници под 15 години. Текстот сè уште треба да биде одобрен од Сенатот, Горниот дом на францускиот Парламент, пренесе германската ...
Европската комисија денес обелодени пакет-поддршка од 171 милион евра за стимулирање на развојот на инфраструктурата и напредокот на приватниот сектор во земјите од Западен Балкан. Средствата се наменети, меѓу другото, и за унапредување на системот за пренос на електрична енергија и за изградба на енергетски ефикасни образовни објекти во земјава. Новиот пакет за поддршка, како што информира ЕК, опфаќа инвестиции од различни извори на ЕУ за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повторно ја истакна својата цел Украина да стане членка на Европската Унија до 2027 година, и покрај скепсата на дел од владите на земјите членки на ЕУ во однос на толку забрзана временска рамка. „Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции, не само за нас, туку и за цела Европа“, напиша Зеленски на Телеграм. „Колективната сила на Европа е можна, ...
Вечерва претседателот на Владата, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, каде што беше запрашан за средбите на Светскиот економски форум во Давос, како и за најавите за инвестиции во енергетиката и вештачката интелигенција, како и за можноста за конечна изградба на ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“. Тој посочи дека постои можност и дека ќе ги имаме, дури и на маса го имаме и проектот „Бошков Мост“. Исто така тука треба да ...
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 говорејќи за барањата на синдикатите за повисоки плати откри дека по истиот принцип како што од самиот почеток на оваа Влада се потпишаа колективни договори со синдикатот во образованието и во здравството, се зголемија платите во МВР, Одбрана и се интервенираше во примањата на вработените во центрите за социјални работи, се водеа и преговори и за зголемување на платите ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостување на „Клик Плус“ на ТВ21, истакна дека македонските граѓани треба да ја знаат вистината, затоа што СДСМ и ДУИ и врзаа јамка на државата, а сега мудруваат, односно дека заради нивните долгови, оваа влада треба следните 3 години да врати претходни долгови во вредности од еден државен буџет од околу 6 милијарди евра. Премиерот Мицкоски потенцираше дека само оваа година треба да вратиме 2 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се случуваат многу добри работи во разговорите за ставање крај на руската инвазија на Украина. Трамп ја даде оптимистичката проценка пред новинарите додека ја напушташе Белата куќа за посета на Ајова, но не даде дополнителни детали. Преговарачите од Русија и Украина се состанаа минатиот викенд во Абу Даби на разговори посредувани од американски претставници. Американскиот ...
– Земјите членки на ЕУ имаат право да го оспорат пред суд секој законодавен акт и кога ќе се случи такво нешто Европската комисија има право да ја брани својата позиција, изјави денеска портпаролката на ЕК за енергија Ана-Кајза Итконен на коментар на најавите на Унгарија и Словачка за покренување на постапка пред Европскиот суд на правдата против Регулативата за постепена забрана за увоз на руски гас, што беше усвоена вчера. – Кога некоја од ...
Левичарската Влада на Шпанија започна постапка за легализација на престојот на околу 500,000 имигранти, откако кабинетот донесе одлука за тоа, соопшти денеска владината портпаролка Елма Саиз на телевизиска прес-конференција. – Го зајакнуваме миграцискиот модел заснован на човекови права, изјави Саиз, која воедно е и министерка за социјални прашања и миграција. Шпанија со оваа одлука зазема поинаков пристап од многу други западни земји, ...
Норвешкиот парламент одобри план за нарачка на артилериски системи со долг дострел во вредност од два милијарда долари за да се зајакне нејзината моќ за одвраќање од Русија на Арктикот. Европските земји ги зголемуваат своите трошоци за одбрана под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп. „Ова оружје може да погоди цели далеку зад непријателските линии. Ова е клучно во современите начини на водење војна“, изјави пред законодавното ...
Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи. Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и ...
Обилните врнежи во струмичко засега не предизвикуваат поголеми проблеми, а единствено е забележано поплавување на дел од земјоделски површини и неколку дворови во селата Муртино и Сачево, информираа утрово од Регионалниот Центар за управување со кризи во Струмица. Според информацијата оттаму, нивото на водите во реките се стабилизира, посебно на реката Тркања кој вчера преливаше пред влезот во Струмица, а екипи на ЈП „Плаваја“ од Радовиш ...
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) соопшти дека членовите на анонимните жири-комисии кои решаваат за добитниците на петте традиционални годишни награди од пристигнатите дела на конкурсот, ги избрале насловите што влегуваат во полуфиналниот круг. Од 17 дела во трка за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело објавено во 2025 година, избрани се осум наслови: „Ќе помине и моќта“ од Ирена Јурчева („Три“); „Каде леташ, Јулија?“ од ...
Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, нагласи дека директната штета од блокадите на премините и извозот од целиот Западен Балкан изнесува околу 100 милиони евра дневно. Тој утрово го посети граничниот премин Батровци, каде што повеќе од 50 камиони го блокираат товарниот сообраќај. „Срамно е кога станува збор за извоз на стока. Треба да се додаде дека секоја производствена компанија има казни и пенали за неиспорачана ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави: „Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно ...