ОЛИВЕР АНДОНОВ Не сакам да пишувам за актуелните политички случувања во Македонија иако за само две недели од завршувањето на локалните избори се случија неколку настани кои во нормални и демократски развиени држави несомнено ќе предизвикаа паѓање на владата. Сакам да пишувам за идеолошко-филозофскиот пристап кон македонската идеја и нејзината живост. Нешто за што најпрво би требало да стане збор во МАНУ и во рамки на универзитетската ...

Италија истражува наводи дека „воени туристи“ им плаќале на српските сили да убиваат Босанци „за забава“ – а неколку се обвинети за пукање во деца. Богати странци плаќале десетици илјади фунти за да станат „викенд снајперисти“ и да пукаат во цивили за време на опсадата на Сараево, според наводите што ги истражуваат италијанските власти, објави Телеграф. Покрената е истрага за тврдењата дека ентузијасти за оружје и крајно десничарски ...

Во последните недели Северна Македонија повторно се соочи со сериозна дебата за судскиот систем. Додека власта истакнува дека се спроведуваат реформи и дека институциите се стабилни, меѓународните извештаи укажуваат на системски слабости што го загрозуваат кредибилитетот на правосудството. Европската комисија во својот „Rule of Law Report 2025“ ја истакнува потребата од подобрување на независноста на судството, предупредувајќи дека ...

Украина соопшти дека започнала масовно производство на своите нови домашно развиени дронови-пресретнувачи за зајакнување на воздушната одбрана, објави Гардијан. Првите три производители започнале со производство, а уште 11 се подготвуваат да постават производствени линии, соопшти Министерството за одбрана во петок. Дроновите ќе бидат базирани на домашно развиена технологија наречена „Октопод“ за пресретнување на дронови „Шахед“. Таа е ...

САД планираат долгорочна поделба на Газа на „зелена зона“ под израелска и меѓународна воена контрола, каде што би започнала реконструкцијата, и „црвена зона“ што би останала во урнатини. Странските сили првично ќе се распоредат заедно со израелските војници во источниот дел на Газа, оставајќи го опустошениот појас поделен со сегашната „жолта линија“ контролирана од Израел, според документите за планирање на американската војска што ги виде ...

Азербејџанското министерство за надворешни работи денеска го повикало рускиот амбасадор во Баку за да му врачи „силен протест“, откако руска ракета тип Искандер паднала во близина на зградата на азербејџанската амбасада во Кијив, јавува Kyiv Independent. Експлозијата предизвикала материјална штета на објектот и на службените возила, но меѓу персоналот нема загинати или повредени. Инцидентот се случил за време на масовниот руски ракетен и ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повторно се појави на страниците на македонсите медиуми задолжени за ширење на руските пропагандни наративи во македонскиот информативен простор. Според третманот што го има и фреквенцијата на пренесување на изјавите на Песков во дел од македонските медиуми, се добива впечаток дека или портпаролот на Кремљ истовремено е и портпарол на владата на Северна Македонија, или Северна Македонија е полуавтономен ...

По Бугарија, и Романија започнаа да спроведуваат мерки за преземање контрола врз локалниата подружница на руски Лукоил со цел да го заштити својот национален енергетски систем и да се усогласи со санкциите на САД. Лукоил управува со 320 бензински пумпи во Романија, управува со рафинеријата Петротел (која снабдува околу една четвртина од пазарот на гориво во земјата) и има права за истражување во дел од Црното Море. Романскиот министер за ...

Град Скопје ги усвои најновите мерки за управување со отпадот, со цел подобрување на јавната чистота и спречување на неправилно фрлање ѓубре. Според новата одлука, граѓаните ќе можат да го изнесуваат отпадот само од 06:00 до 22:00 часот. За непочитување на ова ограничување се предвидени казни, со цел да се поттикне одговорно однесување и почитување на јавните простори. Од Градот најавуваат и засилена контрола на јавните површини и ...

Родителите на жртвите во пожарот во дискотека „Пулс“ денеска повикаа на протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје. Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје. Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме од вас милост, бараме да ни се придружите во ...

Поранешниот министер за правда и партиски функционер од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, денеска соопшти дека по подолг период на анализа се повлекува од партискиот живот и од сите функции во партијата. Лога одлуката ја објави преку својот официјален профил на Фејсбук, посочувајќи дека изминатата деценија ја поминал во политичка работа со целосна посветеност и ангажман. – Ова не е лесна одлука за мене, затоа што во текот на ...

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Пред една недела се стави потпис на договорот со кој се дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на тунелот на идната пруга Скопје – Софија. Потписот го ставија вицепремиерите и министри за транспорт на двете земји – Александар Николоски и Гроздан Караџов во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, САД, ЕИБ. ЕБОР и на Светска банка, а на церемонијата присуствуваше и амбасадорката на САД, ...

ВОЈО МАНЕВСКИ Парламентот е слика на изборната волја на граѓаните. Смешни се изјавите дека нивото на парламентот е битно намален. Овде ќе треба да се објасни дали се мисли на образовно или интелектуално ниво. А се намали ли тоа ниво и кај граѓаните? Штом сѐ ова нивните претставници во највисоките органи на државно и локално ниво тогаш вистината е дека и тие не се многу повисоко од тоа ниво. Успешноста на секоја влада се оцртува во стандардот ...

Високиот комесаријат на ОН за човекови права го осуди зголемениот број напади од страна на радикални израелски доселеници врз Палестинците во окупираниот Западен Брег. Портпаролот на Агенцијата за човекови права во Женева изјави дека само во октомври се регистрирани повеќе од 260 напади, што е најголем број во еден месец од 2006 година. Израелските власти уриваат домови, конфискуваат имот и сè повеќе го ограничуваат движењето на Палестинците, ...

САД одобрија продажба на воени авиони и делови за Тајван во вредност од 330 милиони долари, соопшти Пентагон. – Предложената продажба ќе ја подобри способноста на примателот да се справи со сегашните и идните закани со одржување на оперативната подготвеност на флотата на авиони F-16, C-130 и други авиони, се наведува во соопштението на Пентагон. Тоа е прва таква трансакција откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата ...

Нова заедничка анализа на The Guardian и Carbon Brief открива дека значителен дел од глобалното климатско финансирање – средства кои треба да им помогнат на ранливите држави да се справат со климатската криза – завршуваат кај економски моќни земји, меѓу кои Кина, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Анализата ги разгледува поднесоците до ООН и податоците на ОЕЦД за повеќе од 20.000 проекти реализирани во 2021 и 2022 година. ...

Околу 100 демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува Конференцијата на ОН за климата (КОП30) во амазонскиот град Белем во Бразил. Армијата ги спречи демонстрантите да влезат во зградата, но немаше судири. Делегатите на КОП30 беа пренасочени и се придружија на настанот преку друг влез. Демонстрантите беа облечени како домородци. Демонстрантите вторпат во четири дена протестираат и покрај тоа што организаторите истакнаа ...

оваа сабота на (15.11.2025) со почеток од 12:05 часот, повикува на 30-от протестен марш – „Марш за ангелите“ кој започнува од плоштадот Пред Собрание и Кривичен суд се предвидени неколку говори и обраќања, додека на самиот почеток на маршот пред плоштад сѐ предвидени две централни изјави од иницијативата „Кој е Следен?“ заедно со „Здружение на граѓани 16ти Март 2025“ од Кочани. Здружението организира и бесплатен превоз од Кочани (9:45 ...

ЦИВИЛ – Центар за слобода одржа средба со граѓаните во Куманово, во рамките на проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното Министерство за надворешни работи на Германија. Главната тема на средбата беше: „Од локални гласови до заедничка иднина: Демократски навигатор во Куманово – Локални гласови, заеднички вредности“. Преку презентација и интерактивна дискусија, учесниците разговараа за предизвиците со кои се соочува демократијата, ...

Вјачеслав Слава Калинин, основач на московското списание „Ветерански вести“ и член на регионалниот парламент во Русија, бил приведен на 7 ноември во белградскиот хотел „Москва“. Потоа му е издадено решение од полицијата за странци на ПУ за град Белград, со кое му се откажува краткорочниот престој во Србија и му се забранува влез во земјата пет години. Калинин веќе неколку пати бил во Србија, а непосредно пред апсењето присуствувал на ...

Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина остро ги осуди сите форми на говор на омраза и поделби. Ваквите изјави, вклучително и неодамнешните исламофобични изјави на поранешниот претседател на РС Милорад Додик за време на митингот во Источно Сараево, покрај тоа што потенцијално можат да бидат предмет на кривично гонење, ја продлабочуваат недовербата, поттикнуваат нетолеранција и ја загрозуваат суштината на соживотот што Босна и Херцеговина ...

Русија започна голем воздушен напад врз Кијив во текот на ноќта на 13 и 14 ноември, напаѓајќи го главниот град со стотици беспилотни летала и повеќекратни ракети, пренесува Кијив Индипендент. Најмалку четири лица беа убиени во нападот, а најмалку 25 се повредени, објавија официјални лица. Девет од повредените жртви – вклучувајќи една бремена жена – се хоспитализирани. Две деца, на возраст од 7 и 10 години, се меѓу повредените. „Злобен напад“, ...

Трендовите на Изборната комисија напладне во источната индиска држава Бихар покажуваат дека Партијата Бхаратија Џаната (БЏП) на премиерот Нарендра Моди и нејзиниот партнер во алијансата се упатуваат кон убедлива победа, пренесува Би-би-си. Броењето на гласовите започна во 08:00 часот по локално време [02:30 GMT] и ќе трае неколку часа пред да бидат објавени резултатите. Изборите беа одржани на 6 и 11 ноември, а државата забележа рекордна ...

Најмалку четири лица беа убиени, а најмалку 25 се повредени во масивниот руски воздушен напад во текот на ноќта на 13 и 14 ноември, врз Кијив со стотици беспилотни летала и повеќекратни ракети. Девет од повредените жртви – вклучувајќи една бремена жена – се хоспитализирани. Две деца, на возраст од 7 и 10 години. За ова, на Х се огласи украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на ...

На Cop30 во Белем, Бразил, меѓународна група активисти упати апели за итен договор за постепено укинување на фосилните горива, со цел да се запре климатската криза. Иницијативата за „Договор за фосилни горива“ веќе ја поддржуваат 17 земји, а активистите нагласуваат дека потребни се конкретни мерки против главната причина за климатските промени. „Ако продолжиме да извлекуваме јаглеводороди од Земјата, ќе се уништиме сами,“ изјави Оливија Биса, ...

Самитот на Г20, кој првпат ќе се одржи на африканскиот континент, се одвива во сенка на политички тензии по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да го бојкотира настанот. Американската администрација најави дека ниту еден владин претставник нема да присуствува на собирот во Јоханесбург, закажан за 22 и 23 ноември. Трамп ја оправда одлуката со тврдења дека јужноафриканската влада води политика на дискриминација против белата ...

АДМИР ЛИСИЦА Исламофобијата не е нова појава во Европа, па затоа со години наназад сме навикнати да слушаме и читаме расистички тези насочени кон дехуманизација на муслиманите на овие простори. Она што загрижува е брзината со која расте исламофобијата и нејзините последици врз секојдневниот живот. Во контекст на Босна и Херцеговина, јасно е дека меѓу најголемите исламофоби со години наназад спаѓа Милорад Додик, кој настојува да биде мегафон ...

На рускиот рапер Моргенштерн му е забранет влез во Литванија 10 години откако владата го сметаше за потенцијална „закана за националната безбедност“. Моргенштерн требаше да настапи во Вилнус, главниот град на земјата, подоцна овој месец. Градоначалникот на Вилнус, Валдас Бенкунскас, ја поздрави забраната за влез на раперот, изјавувајќи за Кијив Индипендент на 13 ноември дека неговиот град „не е гостилница за верници на Путин“. „Навистина ја ...

Поранешниот претседател на Европската комисија, Романо Проди, поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус, коментаторот на FT, Мартин Волф, поранешниот уредник на The Economist, Бил Емот, и директорката за трговија на OECD, Марион Јансен, се главни претставници на низа истакнати лидери во финансиите, политиката, медиумите, бизнисот и технологијата, кои ќе зборуваат на инаугуративното издание на Глобалниот форум во Лугано (LGF). Настанот се ...

Втората по големина нафтена компанија во Русија која управува со широка меѓународна мрежа што опфаќа нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи, беше ставена под санкции од САД и Велика Британија минатиот месец, со краток рок – до 21 ноември – за прекин на сите постојни деловни односи со компанијата, пренесува Блумберг Адриа. До минатата недела изгледаше дека постои едноставно решение: трговската енергетска компанија „Гунвор“ (Gunvor Group) ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
44%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
6.17
56%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
44%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
54%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
5.15
78%
1018
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
51%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.66
62%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
22%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
31%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
70%
1018
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
44%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
100%
1012
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Рутениум

56199.51

Сребро

2179.44

Злато

144593.23

Кобалт

3.86

Родиум

353658.21

Паладиум

44753.84

Иридиум

258288.78

Калај

43.91

Алуминиум

3.19