„Tesla“ конечно започна со производство на нов модел, при што првата единица излезе од производствената линија во фабриката на компанијата во Тексас. Тоа е „Cybercab“, која ќе се склопува во истата фабрика, а засега од производствената линија излегуваат само претпроизводствени единици. Сериското производство на новиот модел е планирано да започне во април 2026-та година, а Остин (Тексас, САД) ќе биде првиот град што ќе ја лансира роботската ...

Додека повеќето „Android“ вируси се шират преку сомнителни апликации, прилози во е-пошта или „APK“ датотеки од недоверливи веб-страници, најновото откритие покажува многу поопасен сценарио. Истражувачите на „Kaspersky“ идентификуваа „Android“ задна врата наречена „Keenadu“, која била вградена директно во системскиот фирмвер за време на процесот на производство на уредот. Ова значи дека некои телефони и таблети биле инфицирани пред дури и да ...

Македонското специјализирано кафуле од Скопје „The Dude Specialty Coffee“ по втор пат се најде на престижната светска листа „World’s 100 Best Coffee Shops“, оваа година рангирано на 85 место, објавена во рамки на интернационалниот настан Coffee Fest Madrid 2026. Избрано во конкуренција од повеќе од 15.000 кафетерии од целиот свет и поддржано од над 350.000 гласови, ова признание го позиционира The Dude меѓу најистакнатите specialty кафулиња ...

Обезностa е здравствен проблем со кој што се соочува околу 30–35% од возрасното население во Македонија. Дополнително, 30,4% од децата на возраст од 6 до 9 години живеат со вишок килограми, што е алармантен показател за прехрамбените навики во нашата земја. Овие бројки јасно ja укажуваат потребата од системски и долгорочни мерки за поттикнување на здрави прехрамбени навики и активен начин на живот уште од најрана возраст. Пристапот кон ...

„Nvidia“ соопшти дека потпишала повеќегодишен договор со „Meta Platforms“ за продажба на милиони од своите тековни и идни чипови за вештачка интелигенција, вклучувајќи процесори кои се натпреваруваат со производи од „Intel“ и од „Advanced Micro Devices“. „Nvidia“ не ја откри вредноста на договорот, но рече дека ги вклучува своите тековни „Blackwell“ чипови, како и своите претстојни „Rubin AI“ чипови. Договорот, исто така, вклучува самостојни ...

Оптимизмот за економските перспективи на Европа достигна рекордно високо ниво кај институционалните инвеститори, бидејќи очекувањата за фискална експанзија во Германија и зголемените трошоци за одбрана ја зголемуваат довербата во перспективите на континентот, објавува „Euronews“. Според анкетата на Банката на Америка (BofA) за европските менаџери на фондови за февруари, објавена во среда, 74% од испитаниците очекуваат економскиот раст во ...

Европската комисија пред десет дена усвои мерки за спречување на уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки. Целта е да се почитува концептот на „циркуларна економија“, односно да се поттикне рециклирањето и да се намали штетата врз животната средина. Се проценува дека секоја година во Европа се уништуваат четири до девет проценти од непродадената текстилна стока. Овој отпад завршува во печки за горење, генерирајќи околу 5,6 ...

Наближува Велигденскиот строг пост, период што за многумина не е само духовна дисциплина, туку и практично прашање – дали во следните неколку недели ќе се олесни или ќе се оптовари семејниот буџет? На прв поглед, логиката вели дека без месо, без млечни производи и без скапи деликатеси, трошоците би требало да паднат. Но реалноста, како и обично, е покомплицирана. Во маркетите веќе се чувствува суптилна промена. На рафтовите со грав, леќа, ...

Луѓето кои се изложени на повисоки нивоа на загадување на воздухот во текот на целиот живот имаат поголем ризик од развој на Алцхајмерова болест, според студијата на Американскиот универзитет во Емори. Загадувањето на воздухот влијае директно на мозокот и директно преку хронични болести како што се хипертензија, мозочен удар и депресија, кои се исто така фактори на ризик за деменција, откриле научниците. Најсилната поврзаност помеѓу ...

Британската полиција го потврди апсењето на маж во 60-тите години од Норфолк како дел од истрагата за наводи за злоупотреба на службената должност во јавната служба, во случај поврзан со најновите случувања околу таканаречените документи на Епштајн. Повеќе британски медиуми го идентификуваа уапсениот како Ендру Маунтбатен-Виндзор. Полицијата соопшти дека се извршени истовремени претреси на адреси во Беркшир и Норфолк, додека осомничениот ...

Новообјавените документи од таканаречените Епштајнови досиеја, кои вклучуваат повеќе од три милиони страници, повторно ја разбрануваа јавноста. Меѓу многуте теми што се појавија е необична преписка за метод што наводно може да „избрише краткорочна меморија“, објавува LadBible. Необична преписка Во центарот на вниманието дојде размената на е-пошта помеѓу милијардерот педофил и Јоичи Ито, тогашен висок функционер во Технолошкиот институт во ...

Најактуелната тема во јавноста во последниот месец е растот или борбата за раст на минималната плата, а со тоа и на останатите плати. Со своја анализа за стандардот на граѓаните излезе и Институтот за економски прашања Finance Think кој го поддржува порастот на минималната плата се со цел да се подобри животот на граѓаните, особено на оние кои месечно ја добиваат најниската законски одредена сума. Но, од Институтот велат дека клучното прашање ...

Иако американскиот претседател Доналд Трамп не учествуваше на 62-та Минхенска безбедносна конференција(MSC), тој беше нејзината централна фигура. Неговата политичка доктрина, која аналитичарите на MSC ја нарекоа „политика на топка што се уништува“, доминираше на секоја тркалезна маса и го обликуваше тонот на дискусиите повеќе од кој било говор одржан во салите на Баварскиот хотел. Во главниот град на Баварија, повеќе се зборуваше за Трамп ...

Минатата година, пријавувањето заврши за само неколку часа!!!, а интересот и оваа година е на високо ниво, и се очекува местата за учество да се пополнат за екстремно краток временски период. За таа цел, организаторот на кампот, за сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од истиот, го најавува стартот на пријавувањето, кое е предвидено за 22.02.2026 година (понеделник) од 12 часот. Под мотото „Седум дена ракомет – повеќе тренинг, повеќе ...

Кога пред десетина години автобусите од Македонија тргнуваа кон Германија, се тргнуваше со идеја дека таму „цветаат рози“. Работни договори, стабилни плати, уреден систем, сигурна иднина за децата. Денес, приказната е посложена. И повеќе не се раскажува со истата леснотија. Печалбарите што заминаа во последниот бран, по 2015 година, веќе не зборуваат со онаа еуфорија што се чувствуваше на почетокот. „Тешко е, ама барем се плаќа редовно“, ...

Повремениот пост, популарен метод за слабеење што го промовираат бројни познати личности, е помалку ефикасен кај дебели лица и лица со прекумерна тежина отколку што се сметаше досега, покажува нова обемна студија. Иако многумина се потпираат на овој начин на исхрана, научниците предупредуваат дека постигнатите резултати немаат клиничко значење. Оваа стратегија обично подразбира јадење во строго одреден временски период, на пример помеѓу 11 и ...

Премиерата на новиот модел на „Dacia“ не може а да не предизвика голем интерес, бидејќи Романците сè повеќе им штетат на своите конкуренти во компактниот сегмент. „Bigster“, лансиран пред околу една година, се покажува многу успешно, а наскоро ќе му се придружи уште еден нов автомобил од брендот, познат по кодното име „C-Neo“. Фотографии од тест прототипови редовно се објавуваат во автомобилските публикации во Европа, а претставници на ...

„Sony“ ќе го одложи лансирањето на својата најнова конзола „PlayStation“ поради недостаток на мемориски чипови предизвикан од порастот на вештачката интелигенција (AI), објавува „Telegraph“. Лансирањето на новиот „PlayStation 6“ би можело да се одложи до 2028-ма или дури и до 2029-та година, бидејќи јапонската компанија се бори да ги набави виталните компоненти потребни за хардверот поради зголемената побарувачка за полупроводници за центри ...

ЕВН Македонија официјално ја предаде во употреба реконструираната и целосно опремена просторија наменета за безбедно чување на личната заштитна опрема на учениците кои следат дуално електротехничко образование во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје. Раководителот на Одделот за човечки ресурси и организација во ЕВН Македонија, г-дин Фисник Осеку, ја формализираше донацијата со потпишување на договорот и учествуваше во ...

„Commerzbank“ планира да започне нова програма за откуп на акции во вредност од 540 милиони евра откако годишната добивка ги надмина проценките на аналитичарите. Програмата за откуп ќе започне оваа недела и ќе биде дополнување на дивидендата од 1,10 евра по акција што заемодавателот со седиште во Франкфурт планира да им ја понуди на акционерите, според соопштението во вторник. Аналитичарите очекуваа 1 евро по акција. Нето добивката за целата ...

Рускиот бизнис претрпе рекордни загуби во 2025-та година поради строгите санкции воведени заради војната во Украина, високите каматни стапки на кредитите и зголемените трошоци, објавува рускиот весник „Известија“, повикувајќи се на официјална статистика и јавно достапни податоци. Според нив, во периодот јануари-ноември 2025-та година, 29%, или над 18 илјади, од компаниите во земјата регистрирале загуби, чиј вкупен износ достигнал 7,5 трилиони ...

Индија очекува да привлече над 200 милијарди долари инвестиции поврзани со вештачка интелигенција (AI) во рок од две години, изјави владин претставник, нагласувајќи ги растечките амбиции на најнаселената земја во светот во новата технологија. Администрацијата на премиерот Нарендра Моди разви рамка од пет слоеви што вклучува апликации, модели на AI, компјутерски капацитет, центри за податоци и мрежна инфраструктура и енергија, за ...

Дождот во Скопје не е само временска појава. Тој е тест за нервите, за инфраструктурата и, на крајот, за елементарната култура во сообраќајот. Кога ќе се наполнат улиците со вирчиња, калта и водата стануваат замка за секој што пешачи по тротоарот. И речиси по правило, наместо возачите да забават, пешаците се тие што рефлексно скокаат на страна, како да се виновни што воопшто се нашле таму. Но од правен аспект, работите стојат поинаку. Според ...

Јапонскиот автомобилски гигант „Toyota“ најави четири нови целосно електрични автомобили, со што јасно сигнализира проширување на својата ЕВ-стратегија, и покрај претходните резерви околу доминацијата на електричните возила. Претседателот на компанијата, Акио Тојода, во изминатите години отворено изразуваше скептицизам кон брзата транзиција кон возила на батерии. Уште во 2024-та година тој изјави дека електричните автомобили би можеле да ...

Телефоните на „Huawei“ и „Honor“ сè повеќе вршат притисок врз „Apple“ во трката за продажба, а најновите податоци сугерираат дека моделите на „iPhone 17“ ќе се соочат со сериозна конкуренција од кинеските производители за прв пат во 2026-та година. Според извештајот од доверлив советник, оваа „нова фаза од војната со паметни телефони“ веќе има конкретни бројки што ја поткрепуваат. Добро познатиот извор „SmartChipInsider“ објави листа од пет ...

Свадба во Скопје веќе одамна не е само семејна радост и музика до зори, туку и сериозна финансиска операција. Од пролетва, како што потврдуваат сопственици на ресторани со кои разговаравме, речиси и да нема свадбена порција поевтина од 2.000 денари. Тоа е стартната позиција. Сè под тоа, велат, припаѓа на минатото. „Со старите цени не можеше да се издржи“, објаснува еден угостител од главниот град. Трошоците за набавка на месо, зеленчук, ...

Бизнис-клубот „Европа“, како советодавно тело на Стопанската комора на Македонија, во Виница го организираше форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“. На панелот насловен „Единствениот пазар на ЕУ: колку е подготвена македонската економија?“ учествуваше и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. Посочувајќи ја фармацијата како една од најрегулираните индустрии во светот, во која ...

Февруари е. Тезгите се покриени со портокали, мандарини, јаболка од ладилник и по некоја увезена јагода што повеќе служи за украс отколку за вистински вкус. Домашни праски, кајсии, цреши, лубеници сè уште нема. И токму затоа прашањето дали летово ќе јадеме скапо или евтино овошје сега звучи како шпекулација, но всушност е навремена економска тема. Аналитичарите објаснуваат дека цената на летното овошје се „гради“ уште во зима. Производителите ...

Крвната група (А, Б, АБ или 0) не е единствената информација што е важна при трансфузии – некои истражувања сугерираат дека таа може да биде поврзана и со веројатноста за развој на одредени здравствени проблеми. Секако, не можеме да ја промениме крвната група, но познавањето на можните ризици може да биде добар поттик за посериозно сфаќање на превентивните прегледи, здравите навики и раното препознавање на симптомите. Подолу е даден преглед ...

Меѓународниот ден на жената, 8 Март, е можност компаниите да покажат благодарност и почит кон жените во својот тим. Во деловното опкружување, сè повеќе се цени подарокот што е практичен, ненаметлив и им остава простор на вработените сами да одберат што им е навистина потребно. Токму затоа, dm подарок ваучерите претставуваат едноставно и сигурно решение за овој празник. Подарок ваучерите од dm се достапни во вредност од 500 и 1.000 денари и се ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
45%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
87%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.8
57%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
3.6
63%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
52%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
41%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
60%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0223

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

152465.86

Цинк

0.00

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Калај

52.70

Платина

66744.95

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.53