Покрај зајакнувањето на коските и забите, калциумот е важен за функционирањето на мускулите, срцето и нервниот систем, па затоа неговиот недостаток може да предизвика бројни заболувања што луѓето често ги игнорираат. Калциумот е еден од клучните минерали што му овозможуваат на телото нормално да функционира. Неговата важност не е ограничена само на зачувување на силни коски и здрави заби, туку влијае и на работата на мускулите, правилниот ...

Пилешкото и оризот се омилен оброк за многумина бидејќи се лесни за подготовка, достапни и практични. Редовната консумација може да го забрза метаболизмот и да помогне во зачувувањето на мускулната маса. Сепак, потпирањето исклучиво на овие две состојки секој ден, без доволно влакна, зеленчук и здрави масти, може да доведе до нутритивни недостатоци, пишува „Health.com“. Како пилешкото и оризот го забрзуваат метаболизмот Пилешкото е комплетен ...

Рокот на амбалажата за многу луѓе е конечна пресуда: ако датумот поминал, производот завршува во канта. Но, токму тука се прави една од најчестите грешки во домаќинствата. Не секој истечен рок значи расипана или опасна храна, како што не значи ни дека секоја намирница по датумот смее без размислување да се јаде. Разликата е во малите зборови пред бројките, а тие често никој не ги чита. Најголемата забуна почнува токму тука. Потрошувачот гледа ...

Медот долго време се смета за народен лек и поздрава алтернатива на белиот шеќер, но научните студии сè повеќе потврдуваат дека неговата улога во исхраната оди подалеку од онаа на едноставен засладувач. Иако е претежно шеќери, фруктоза и гликоза, неговата комплексна структура, која вклучува органски киселини, ензими, витамини, минерали и бројни биоактивни супстанции, го става во посебна категорија. Најновите истражувања откриваат дека ...

Д-р Филип Овадија, ветеран кардиохирург, тврди дека популарната храна што повеќето луѓе ја јадат секој ден предизвикува срцев удар. Тој предупредува дека вистинските виновници не се заситените масти, туку група храна што многумина ја сметаат за безопасна. Кардиохирург кој извршил повеќе од три илјади операции на отворено срце, издаде остро предупредување за популарната храна за која тврди дека „ги уништува срцата на луѓето“ и ги носи на ...

Јадењето за утеха е добро познат феномен, но ново истражување покажува дека среќните емоции можат да предизвикаат и прејадување. Студија на Универзитетот во Лидс откри дека чувствата како што се возбуда или прослава можат да влијаат и на навиките во исхраната и да го отежнат губењето тежина, пишува „Express“. Анализата на податоците од повеќе од 3.800 учесници во програма за слабеење покажа дека оние кои изгубиле најмногу тежина имале пониски ...

Ако сакате да го заштитите срцевиот мускул од влошување и да ја подобрите крвната слика, не ви треба скап лосос или додатоци во исхраната. Најдобрата храна за срцето е скриена во храна што Македонците често ја потценуваат, додека Јапонците ја сметаат за вистинско богатство од морето. Тајната на нивната долговечност и најниската стапка на срцеви удари на планетата лежи токму во сардините. Оваа специфична риба нуди импресивни здравствени ...

Кога станува збор за навики што можат да го намалат ризикот од рак, онколозите нагласуваат дека не станува збор само за избегнување на цигари, туку и за секојдневни избори како што е исхраната. „Исхраната е клучна за целокупното здравје, вклучително и намалувањето на ризикот од рак“, вели онкологот д-р Крушанги Пател за Параде. Таа додава дека исхраната влијае на воспалението, нивото на шеќер во крвта и способноста на клетките сами да се ...

Чајот од липа е еден од најстарите природни пијалоци што се користи во европската и азиската народна медицина со генерации. Се добива од суви цветови, лисја или кора од дрво од родот Tilia и е препознатлив по својот специфичен мирис и благ вкус. Современите истражувања сè повеќе го анализираат хемискиот состав на ова растение за да ја потврдат неговата ефикасност. Иако традиционално се користи за смирување на нервниот систем и подобрување на ...

Иако многумина сметаат дека 10.000 чекори дневно се златен стандард за здравје и фитнес, новото истражување покажува дека помалку чекори може да бидат доволни, особено за одржување на тежината. Според научниците, околу 8.500 чекори дневно можат да помогнат во спречувањето на зголемување на телесната тежина, објавува LADbible. Новата цел е 8.500 чекори Истражувањето, презентирано на Европскиот конгрес за дебелина во Истанбул и објавено во ...

Сега научниците ја утврдија количината на кафе што може да помогне во намалувањето на стресот. Големата студија, објавена во Journal of Affective Disorders, анализирала податоци за внес на кафе и медицински картони на 460.000 луѓе во период од приближно 13 години. По тој период, резултатите покажале дека луѓето кои секојдневно пиеле кафе, поточно две до три шолји, имале помал ризик од развој на нарушувања на расположението (како што се голема ...

Кето диетата стана исклучително популарна во последниве години меѓу луѓето кои сакаат брзо да ослабат. Тоа е диета со многу малку јаглехидрати и висока содржина на масти, што предизвикува телото да влезе во состојба на кетоза и да почне да добива енергија од масти наместо од јаглехидрати, пишува Дејли експрес. Сепак, кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупредува дека многу луѓе ја прават истата грешка – ја прават кето диетата предолго. ...

Билните млека се популарни со години меѓу луѓето кои сакаат полесна и хранливо побогата замена за класичното млеко, а во последно време таканареченото црно млеко привлекува сè поголемо внимание. Овој темен, кремаст пијалок е направен од црн сусам, урми и вода, а љубителите на здрава храна го сакаат поради неговиот богат вкус, природна сладост и импресивен нутритивен профил. На прв поглед, изгледа како современ велнес лате пијалок од ...

Високиот крвен притисок може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, а исхраната игра голема улога во ова. Додека некои намирници можат да помогнат во здравјето на вашето срце, лекарите и диететичарите предупредуваат дека одредени преработени намирници можат тајно да го зголемат крвниот притисок. Тие конкретно ги издвојуваат производите богати со натриум, шеќер и нездрави масти. Според нутриционистите, ова се намирниците ...

Во повеќето случаи, анемијата се јавува постепено, бидејќи симптомите првично се отсутни или многу дискретни. Откако ќе се дијагностицира, со суплементација со железо симптомите постепено се смируваат, а еве ја храната што помага. Ако јадете месо, говедското месо е добар извор на железо. Околу 170 г печено говедско месо содржи околу 3,2 мг железо. Погодноста на користењето говедско месо е тоа што во производите од животинско потекло, железото ...

Новото истражување откри голем број претходно непознати здравствени придобивки од лубеницата, омиленото летно овошје. Неколку студии, објавени во научното списание „Nutrients“, покажаа дека луѓето кои редовно јадат лубеница имаат поквалитетна исхрана, побогата со витамини и антиоксиданси, а посиромашна со додадени шеќери и заситени масти. Позитивен ефект врз срцето и крвните садови Една од студиите, спроведена на Државниот универзитет во ...

Како дел од работата на меѓународен истражувачки тим, научници од Државниот универзитет Јужен Урал (SUSU) развија и тестираа нови платински соединенија кои можат успешно да го лекуваат ракот на дојка. Според авторите на истражувањето, синтетизираните соединенија покажаа висока ефикасност и намалена токсичност од вообичаено достапните комерцијални лекови. И покрај напредокот во третманот на ракот на дојка, кој е еден од најчестите во светот, ...

Гумите се единствената врска меѓу автомобилот и асфалтот. Сè друго може да е ново, скапо, моќно, но ако гумата е истрошена, приказната завршува на првата кривина. И токму затоа, прашањето колку траат не е само финансиско, туку и безбедносно. Одговорот не е едноставен. Некои возачи ќе поминат 60.000 километри со ист сет, други едвај ќе стигнат до 30.000. Разликата не е случајна. Во просек, летните гуми траат од три до пет сезони, додека ...

Автомобилската карта на Европа повторно се црта, но овојпат моливот не е само во рацете на Германците, Французите или Италијанците. Се појавија нови играчи, со кинески капитал, со електрични модели, со поинаква логика на производство и со една јасна цел: да бидат поблиску до европскиот купувач, поблиску до европските фабрики и подалеку од царинските бариери. А кога фабриките се преместуваат, кога старите погони бараат нова намена, кога ...

Новиот електричен модел „AUDI E7X“ пристигна на кинескиот пазар и веднаш привлече внимание со својата комбинација од големи димензии, напредна технологија и многу конкурентна цена. Овој теренец е поголем од „Audi Q7“, а основната верзија во Кина чини помалку од „Audi Q3“. Имено, почетната цена на моделот „AUDI E7X“ на кинескиот пазар е околу 42.600 долари. Основниот модел користи батерија од 100 kWh и електрична архитектура од 900 волти, со ...

„Brabus“ го претстави еден од најекстремните автомобили на годината – „Bodo“, луксузен „Hyper-GT“. Моделот е посветен на основачот на компанијата Бодо Бушман, а ќе бидат произведени само 77 примероци. Автомобилот е базиран на „Aston Martin Vanquish“, но „Brabus“ целосно го промени нејзиниот изглед. Каросеријата е изработена од јаглеродни влакна, додека агресивниот дизајн и огромните тркала дополнително ја нагласуваат ексклузивноста на ...

Новиот теренец од кинескиот гигант „BYD“ – „Denza B8“, доби иновативна активна суспензија, благодарение на која може да се движи на три тркала и да менува гума без потреба од дигалка. Моделот ги демонстрираше своите неверојатни можности на посебен теренски полигон на производителот на автомобили. „Plug-in“ хибридот беше во можност целосно да го крене едното тркало во воздух и да продолжи да се движи така со брзина до 15 км/ч. За време на ...

Повеќе од две децении по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок состав Архангел официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Звукот и лириката на „Дни оловни“ носат специфична тежина и ...

Младиот пијанист Андреј Цековски, ученик во V одделение во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, под менторство на професорката по пијано Марија Диманин-Богоевска, ја освои Првата награда на престижниот меѓународен натпревар International Youth Music Competitions, во категоријата „USA Classical Hobbyist“, кој се одржа во март годинава. Со својот впечатлив настап, Андреј се издвои меѓу учесници од повеќе земји ширум светот, демонстрирајќи исклучителна ...

Човек од американската држава Њу Џерси станал милионер буквално во последен момент откако пронашол заборавен добитен тикет за лотарија во вредност од 5,9 милиони долари – само осум дена пред рокот за подигнување на наградата. Неверојатната приказна започнала во мај минатата година, кога купил билет за играта Pick-6 на бензинската пумпа Exxon во Роузленд. По купувањето, ливчето завршило заборавенажо меѓу стара облека, а човекот целосно ...

Американската вселенска агенција НАСА успешно го тестираше својот нов суперсоничен авион, достигнувајќи брзина малку под границата на звукот. Моделот, наречен X-59, се развива со цел да се реши проблемот со моќниот „звучен бум“, кој со децении е главна пречка за комерцијални суперсонични летови над населени места. Тест летот се одржа на 14 април над пустината Мохаве во Калифорнија, а деталите дури сега станаа достапни за јавноста. Авионот ...

Вештачката интелигенција го освои светот, но резултатите се слаби! Интеграцијата е клучна, но недостасуваат вештини, велат менаџерите. Дали вештачката интелигенција ќе донесе вистинска деловна вредност или ќе остане само мртва буква на хартија. Вештачката интелигенција е широко прифатена во организациите денес, но нејзиното опипливо влијание е сè уште нееднакво. Неодамнешно истражување на 1.500 врвни менаџери покажува дека сите организации ...

Иако се сметаше дека Gemini Intelligence прво ќе пристигне на Pixel, се чини дека Google сепак му го препушта тоа на Samsung. Google го претстави Gemini Intelligence, нов пакет функции за вештачка интелигенција, најавен дека ќе биде достапен на уредите од серијата Galaxy S26 и Pixel 10 ова лето. Сепак, според нов извештај од Јужна Кореја, Gemini Intelligence би можел прво да дебитира на претстојните преклопни уреди на Samsung, Galaxy Z Fold ...

Компанијата „Varda Space“ го лансира првиот вистински комерцијален бизнис за производство на лекови во вселената. Тие потпишаа договор со „United Therapeutics“ за истражување на производство на лекови во орбитата. Проектот би можел засекогаш да го промени начинот на кој се развиваат клучните терапии за пациентите. Зошто бестежинската состојба е важна за новите лекови Во микрогравитација, хемиските супстанции се однесуваат поинаку отколку на ...

Поротата на федералниот суд во Оукленд пресуди во корист на Сем Алтман и OpenAI во еден од најзначајните технолошки спорови во последните години, со што заврши долгогодишната правна битка меѓу шефот на OpenAI и Илон Маск. Судот пресуди дека Алтман, претседателот на OpenAI, Грег Брокман, и самата компанија не се одговорни за обвинувањата дека го прекршиле договорот склучен со Маск кога компанијата била основана или дека нелегално се збогатиле. ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.61
42%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
1.34
51%
1011
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.12
53%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.79
38%
1011
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.66
43%
1010
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
0.89
56%
1014
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
2.24
48%
1009
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.09
52%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.38
50%
1011
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
3.13
50%
1009
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
1.79
57%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
3.98
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Калај

56.77

Алуминиум

3.27

Иридиум

252383.36

Злато

137126.15

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Сребро

2005.37

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Паладиум

43435.66

Бакар

13.54

Платина

55652.94