Украина ги истрела првите американски ракети АТАКМС на територија на Русија, тврди Москва. Руското министерство за одбрана соопшти дека Украина истрелала шест американски балистички ракети врз руската област Брјанск, која се наоѓа 400 километри јужно од Москва. Рускиот ракетен систем „Панцир“ ноќеска соборил пет ракети, а една била оштетена. Делови од ракетата паднале на подрачјето на воен објект. Засега нема потврда од Украина. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...

Пазарот на обновливи извори на енергија во Македонија бележи значителен раст во изминатите години. Според годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 2023 година, процентот на произведена електрична енергија од обновливи извори е во пораст благодарение на зголемените вложувања во соларни капацитети. Во овој момент инсталирана моќност на електроцентралите од обновливи извори на енергија учествуваат со 50% од вкупниот ...

Под слоганот „Вкуси го моментот, искуси ја авантурата“, изминатот викенд во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци се одржа петнаесетото издание на Фествалот на младо вино – еден од најпрестижните настани во регионот, посветени на виното и винската култура со кој оваа година го прославуваме секој момент на уживање и авантури кои ги раскажува виното и ги доживуваат оние кои го уживаат. И годинава, на настанот за кој цела година се зборува и со ...

Радмила Шекеринска, поранешен функционер на опозициската СДСМ, која беше министерка за одбрана, кога Македонија стана членка на НАТО е избрана за заменик генерален секретар на Алијансата. Таа е и поранешна вицепремиерка за европски интегреции. Информацијата дека Шекеринска ќе му биде заменик на новиот генералниот секретар, Марк Руте, ја соопштија од НАТО. -Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален ...

Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, Пламенка Трајковска – гудачки квартет, ќе одржи концерт со наслов „Балканско патување“. Концертот ќе се реализира на 21 ноември (четврток) со почеток во 20.00 часот во Музеј на македонската борба. Во гудачкиот квартет ќе учествуваат следните музичарки: Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. ...

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Групацијата Телеком Србија, успешно го заврши процесот на аквизиција на Lyca Mobile, што означува значаен момент во посветеност на компанијата за проширување на своите услуги и збогатување на искуствата на корисниците во Македонија. „Особено сме задоволни што можеме да објавиме дека преговорите и сите административни постапки за преземање на телекомуникацискиот оператор Lyca mobile се успешно завршени ...

Во новата кампања за есен –зима на популарниот бренд за облека Бершка едно од заштитните лица е и нашиот интернационален модел Татјана – Тати Јанушева. „Целата кампања се работеше на улиците на Лондон каде сакаа да ја прикажат динамичноста и урбаноста на младите луѓе. Во тој период нашата убавица престојуваше во Лондон, веднаш потоа замина за Мадрид каде работи на други модни проекти. Јанушева одлично се вклопи во светската модна сцена каде веќе ...

Ништо ново конкретно нема во случајот за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, кои во Македонија се осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро во април 2012 година. Македонија неколку пати досега бараше нивна екстрадиција, тие и беа уапсени во Косово пред неколку години, но беа пуштени. Прашан за нивната екстрадиција, косовскиот премиер Албин Курти, на вчерашната прес-конференција со неговиот ...

Топ тема во светот е дозволата на американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, Украина да го користи ракетниот систем Армиски тактички ракетен систем (АТАКМС) и на руска територија, што може да предизвика ескалација на војната во Украина, но и нејзино проширување. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ САД ѝ дозволи на Украина да ја гаѓа Русија со американско оружје со долг дострел, се очекува ескалација на војната Официјална Русија соопшти дека доколку тоа се ...

Од синоќа на полноќ нема промена на цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V), а се намалува цената на Мазутот М-1 НС, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 76 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 78 денари за литар, а дизелот за 70,50 денари за литар. Ценатата на Мазутот се намалува за 0,136 ...

Од Македонската берза информираа дека вчера Берзата извршила бришење на Пелистерка АД Скопје од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што Друштвото ги отстранило недостатоците во исполнувањето на обврските согласно Правилата за котација . -Издавачот Пелистерка АД Скопје беше внесен на Листата на набљудување на 22.12.2024 година, согласно член 57 од Правилата за котација, поради посериозно непостапување од ...

Поранешниот директор на ЈЗУ Општа болница Кичево, Станко Трпески вели дека тој не го присвоил ехо апаратот на болницата, за што вчера Министерството за внатрешни работи му поднесе кривична пријава. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Поранешен директор си присвоил ехо апарат од болницата во Кичево Тој за телевизијата 24 вели дека е потресен од информацијата и дека не очекувал вакво нешто. „Многу сум потресен и не знам зошто ми го прават ова. Јас на примопредавањето ...

Очекувано, косовскиот премиер Албин Курти на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Христијан Мицкоски, во Приштина, Косово, доби и прашање за употребата на албанскиот јазик во Македонија, чија употреба според опозициската ДУИ бил загрозена. „Во Косово, иако Албанци се 93 отсто, а четири отсто е српско население, српскиот јазик е службен јазик. Но, во Северна Македонија не може да се каже дека албанскиот јазик е службен официјален ...

Синоќа на железничката линија Скопје-Велес, локомотива од товарен воз се излизгала од шините, а сообраќајот беше стопиран. Истата е вратена, а сообраќајот денеска е нормализиран, информираа од Македонски железници – Транспорт. Од таму велат дека штетата била незначителна, а локомотивата по техничката проверка била вратена во сообраќај. За патниците бил организиран автобуски превоз на релација од Велес до Скопје и обратно. Инцидентот се случил ...

Поранешен директорот на ЈЗУ Општа болница Кичево присвоил ехо апарат од болницата, а кичевската полиција му поднесе кривична пријава. Станува збор за С.Т. (49) од Кичево, а кривичната е поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. -Тој, во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024 година, во својство на директор на ЈЗУ Општа болница Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено ...

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кривична за јавниот обвинител Хајрулахи за малтретирање и негова суспензија од функцијата Жалбата на Хајрулахи е одбиена како неоснована, а одлуката Советот ја донесе со седум гласа „за“, и еден „против“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков имот пријавил Мустафа Хајрулахи, кој заработи кривична за малтретирање на ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и речиси цела македонска Влада денеска се во Приштина, Косово, каде двете владии имаа заедничка седница. Тие беа пречекани од косовскиот премиер Албин Курти со највисоки почести. Двете влади потпишаа протоколи и меморандуми за соработка во три области. Со првиот меморандум се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни ...

Ако Украина ја нападне Русија со американски проектили, Москва тоа ќе го смета за напад од САД, стои во реакцијата на Кремељ, откако американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, и дозволи на Украина да користи американско оружје со долг дострел на територија на Русија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ САД ѝ дозволи на Украина да ја гаѓа Русија со американско оружје со долг дострел, се очекува ескалација на војната „Русија и Владимир Путин јасно ги кажаа ...

Зелениот Картон (ЗК) е се уште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Молдавија . Тој е во функција и е неизвесно кога и дали воопшто ќе има промени околу неговото користење. Според Националното биро за осигурување прашањето за спојување на ЗК и вклучување на премијата од ЗК во полисата за осигурување од Автомобилска Одговорност е доста комплексно и ...

Од 25- 29 ноември Кинотеката на Македонија ги отвори својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди не ...

Македонски Телеком ги отвора вратите на својот прв продажен простор од овој вид, со целосно нов и освежен концепт за корисничко искуство, поставувајќи нови стандарди во односите со своите корисници, ин формираат од таму. Со новиот малопродажен концепт применет во продавницата во Капитол мол во Скопје, Телеком воведува отворен и пријатен амбиент без физички бариери помеѓу продажните агенти и корисниците, создавајќи простор за непосредна ...

Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет го најавува спектаклот кој ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“ на 14 март 2025 година. Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми музички награди, Пласидо Доминго, за првпат доаѓа во Скопје со премиерен и ексклузивен концерт на 14 март, 2025 година во арена „Борис Трајковски“. Да се присуствува на оваа музичка магија не е само ...

Трансфер на напредно знаење и практични искуства за најновите Меѓународни стандарди за финансиско известување (МФСИ) заради нивна ефикасна примена во нашата земја, беше главната цел на стручната работилница, која од 12 до 15 ноември 2024 се одржа во Скопје, во организација на Центарот за реформа на финансиско известување на Групацијата на Светска Банка и Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС). Работилницата беше ...

Со ова, бројката на настрадани се искачи на 15, меѓу кои беше и Македонец кој работеше како научник во Србија. Во меѓувреме, во тек е истрага за несреќата, а секојдневно се одржуваат протести, на кои граѓаните бараат одговорност за несреќниот случај, кој според нив, мириса на корупција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Објавени вознемирувачки снимки од моментот на несреќата во Нови Сад Саздовски кој загина во Нови Сад, како врвен научник работел и на ...

Макстил АД Скопје пред Македонската берза информира дека на 13. ноември 2024 година е настаната промена во сопственоста на акциите со право на глас. -Имено, Duferco Skop SA, како мнозински акционер ја зголеми сопственоста и на наведениот датум се стекна со 2.941 акции, со што во моментов поседува вкупно 83,57% од главнината на акции со право на глас на Макстил, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Duferco Skop SA купи нови акции на Макстил Макстил со ...

Нов вандализам во скопски Капиштец. Група малолетници завчера обиле багер, се возеле со него и удриле во автомобил, а оштетиле и систем за наводнување. За два месеци оваа е нов чин на вандализам во Општина Центар. Претходно беше обиен и ограбен и комуналниот пункт на Општината. Исто така пред неколку месеци група тинејџери уништија дел од опремата во детско игралиште во Капиштец. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дивеење, сообраќаен хаос, гласна музика: Зголемено ...

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден ѝ дозволи на Украина да ја гаѓа Русија со американско оружје со долг дострел. Најверојатно станува збор за користење на ракетите од Армиски тактички ракетни системи (АТАЦМС), кои имаат домет од околу 300 километри. Досега Украина имаше дозвола од САД да користи американско оружје за цели во Русија, но само за одбрана од руската офанзива во источниот украински град Харков. За таму Бајден одобри ...

Македонија го освои 16. место на детската Евровизија од вкупно 17 учесници. Нашата земја ја преставуваа Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски, со песната „Маратон“, кои имаа одличен настап. Детската Евровизија се одржа во саботата во Мадрид, Шпанија, а победи Андреа Путкарадзе од Грузија со песната „To My Mom“ (За мојата мајка). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Слушнете ја „Маратон“: Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски ќе ја претставуваат Македонија на ...

Скопјанецот Раде Трајковски Штекли (40) и неговиот трет неуспешен обид за ликивадиција остануваат во фокусот на медиумите и јавноста. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Снимка од моментот на експлозијата на бомбата во дворот на Раде Трајковски Штекли Објавена е и снимка од моментот на експлозијата на бомбата во дворот од неговата семејна куќа во Ќерамидница, а порталот 4news.mk неофицијално објави дека преку упад во системот за камери напаѓачите/напаѓачот, ...

Во Министерството за финансии денеска се одржа состанок со Македонската банкарска асоцијација, на која се разговарало околу средствата коишто се дел од заемот од Унгарската Влада. „Би го поделил состанокот во три дела. Првиот дел е оној дел којшто се однесуваше во делот на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проектот и третиот дел е поврзан со каматната стапка. Во делот на желбата дека сакаат да учествуваат ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.0
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1032
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.7
81%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
99%
1028
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
0.89
87%
1030
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1030
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
0.89
96%
1027
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1030
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Сребро

2128.87

Родиум

258009.74

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.90

Бакар

10.93

Калај

42.35

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Паладиум

52470.02

Платина

61733.50

Злато

139470.53

Цинк

3.03