Во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за здравство Арбен Таравари најави можно спојување на четирите партии од коалицијата „Вреди“ во една партија после локалните избори во октомври годинава. „Во повеќето општини, каде што мнозинство, односно има шанси и Албанците да победат, повеќе се Албанци, размислуваме за потенцијални кандидати. Меѓутоа, се надевам, кон крајот на март ќе излеземе и со предлози кои би биле нашите кандидати во ...

На денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон ЕУ, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека македонскиот пат кон ЕУ започна многу пред да започне евроинтегративниот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но за нас системот на заслуги е бајка. „За нас бајката стана подвижна мета. Ние сме жртви на билатеризација или да бидам попрецизен, нашето придвижување кон ЕУ е многу комплексна. ...

На 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ...

Родителите од Кавадарци, како и тие од Демир Капија, утре (17 февруари) ќе имаат можност да разговараат за проблемот со врсничкото насилство. Работилницата, организирана од „Макпетрол“, ќе се одржи со почеток од 18 часот во Домот на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци. Активноста е дел од „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија. Психологот Деспина Стојановска од стручен аспект ќе зборува за проблемот, ...

Вчеравечер избил пожар во магацин за производство на полиестер во селото Неготино, во Општина Врапчиште кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот магацин е делумно изгорен, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гостивар од 00:45 часот интервенирала со 9 пожарникари и 3 противпожарни возила, а помош добиле и од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир. Постапка е поведена и за уште две лица за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело, затоа што по настанот сокриле два пиштоли, помагајќи на дел од осомничените да не бидат ...

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција.Мицкоски говореше за новите предизвици кои се исправаат пред НАТО, за плановите на Македонија во областа на енергетиката, како и за идните односи во Европа. Тој посочи дека воопшто не е изненаден од говорите на Минхенската безбедносна конференција и одредени промени на „ветриштата кои дуваат”. „Кога ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, оствари средба со својот колега, бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, информираше МНР. „На средбата се разговараше за поголем број теми, вклучувајќи ги билатералните разлики, блокадата на европскиот пат на државата од страна на Бугарија, како и за положбата на македонското малцинство во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Минхенската безбедносна конференција, повика на создавање на вооружени сили на Европа, за континентот да биде самостоен во услови на постојана закана од Русија, бидејќи се создава „нова реалност“. Зеленски потенцираше дека се понеизвесна е поддршката од САД, и истакна дека Украина и Европа мора да бидат вклучени во какви било преговори, стравувајќи на договор помеѓу САД и Русија без да бидат ...

Пред повеќе стотици подржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на надоаѓачките музички бендови и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио „Стереолаб“ во КЦ Лабораториум. Синоќа радиото го означи стартот, со концертни настапи на осум македонски музички автори од поновата генерација Глигор Кондовски, Алембик, Јоана, Стој После!, Вагина Корпорејшн, Огнен Златанов, Светлост и Лепи Џони и диџеј ...

Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на работниот престој во Минхен, Сојузна Република Германија денеска оствари средба со претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген. На средбата се разговарало за актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот, како и за можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста. Мицкоски ја истакнал заложбата за унапредување на ...

Македонски државјанин бил учесник во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Албанија, во близина на граничниот премин Ќафасан, нешто по полноќ. Во судирот учествувале патничко возило „Мерцедес“ и камион со скопски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин. Како последица на несреќата, животот го загубила сопатничката од автомобилот, а 34 годишниот возач е тешко повреден. Според првичните информации, причина за несреќата е ...

Oбвинителството од Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144, Насилство врз дете од член 201-а, како и Предизвикување општа опасност според член 288 од Кривичниот законик. Делата ги извршила последователно така што најпрво на 10.02 при вршење семејно насилство му се заканила на сопствениот татко дека ќе го убие. Влегла во неговиот дом ...

Управата за извршување на санкиции алармираше за нередовност на здравственото осигурување на издржување на казна затвор, лицата кои се наоѓаат во притвор (ако не се осигурани по друга основа), како и малолетните лица кои се наоѓаат на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом, односно установа и за членовите на нивното семејство, кои не се осигурани по друг основ. Приближната бројка на засегнати лица е околу 1.200. ...

Од Халк Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека согласно Решение на гувернерката на Народна Банка издадена е претходна согласност за реименување на Беркан Имери и на Александар Иљов, за извршни директори и членови на Управниот одбор на Халк Банка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Беркан Имери и Александар Иљов именувани за извршни директори и членови на УО на Халк Банка Турхан Адеми не е повеќе извршен директор во Халк Банка Кој е Билал ...

Повторно се одложи судењето за родилката од Дебар Јилдиз Веапоска, во Основниот суд во Струга, постапка која е започната пред три години. Се очекува супервештачење од Медицинскиот факултет од Скопје, кое треба да покаже кој го направил пропустот во оперативниот зафат, Одбраната на тројцата обвинети лекари и Обвинителството понудија сосема различни вештачења за тоа како Веапоска, по породувањето со царски рез во 2020 остана, без три органи, ...

Шведска постигна историски успех со тоа што стана официјално првата земја во светот без чад од тутун. Швеѓаните ја постигнаа оваа цел 16 години пред планираниот рок на Европската унија, додека повеќето други земји-членки имаат потешкотии да ја постигнат таа цел, велат експертите. Според официјалните здравствени податоци од шведската агенција за јавно здравје, само 4,5% од возрасните родени во Шведска пушат, што е значително под глобално ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола, постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција (УФП), поведе постапка против седум лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4, како и три лица за – Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот законик, информираа од таму. Дополнително, врз основа на согледувањата на јавниот обвинител, постапката веднаш е проширена и за едно ...

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50. седница на Владата, презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот, информираат од таму. „Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски ...

Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, планирал додека избега во Турција, од таму да замине за за Минск, Белорусија и за Москва, Русија, наведоа од Основното јавно обвинителство Скопје на денешното рочиште. На истото беа изведени и неколку докази вклучувајќи и предмети собрани од местото на настаните, како и извештаи од техничката ...

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, денеска информираа дека не се разговарало за промена на македонската химна, ниту дека за тоа ќе се разговара во иднина. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Да се решеле прво етничките, па потоа економските прашања, вели Таравари Касами е за промена на државниот грб и на химната Коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, од коалицијата Вреди, пак јавно побараа ако се менува државниот грб, да се смени и химната, а за нив тоа дури и ...

Првообвинетиот за убистиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски Палчо и денеска побара изземање на обвинителите кои го застапуваат предметот, Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска, но и на шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски. Палевски претходно освен на обвинителката Крстевска-Јосифовска, бараше изземање и на целото ...

За министерот за здравство, Арбен Таравари, кадар на владејачката коалиција Вреди е поважно прво да се решеле етничките, па потоа економските прашања. Тој денеска прашан за промената на државниот грб, рече дека од неговата коалиција биле подготвени за се да разговараат и во пакет да се решеле сите заостанати прашања од минатото. -Вреди е подготвена да разговара за се. За жал, во минатиот период повеќе осетливи теми се ставаат под тепих. Ние ...

Интензивирање на соработка во вршењето на законските надлежности од својот делокруг, како и размена на податоци и искуства меѓy двете институции заради натамошен развој на капацитетите на ревизорската и сметководствената професија во нашата земја, е главната цел која треба да се постигне со Меморандумот за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС), што денеска го ...

Денеска германскиот град Минхен е во фокусот на светската јавност. Започнува Минхенската безбедносна конференција, на која се очекува да биде преставен американскиот мировен план за војната во Украина. И Македонија има своја делагација, која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски. Во истата се министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ...

Маж на возраст од 30 години од Македонија, кој бил шеф на мафија, која оперира низ Европа, на 29. јануари бил уапсен на аеродромот во Женева, Швајцарија, објавија германските медиуми, без да биде откриено неговото име. Тој се барал по потерница од 2022 година, од страна Европската Унија, а и истиот е веќе екстрадиран во Австрија, објави германскиот портал Блик.цх. Мажот според Јавното обвинителство во Линц, Австрија, меѓудругото се сомничи ...

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. На последното рочиште конечно сведочеше Гоце Трајковски, еден од клучните сведоци. Сите обвинети, Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, се изјаснија дека не се виновни. Ѓорчевска и Жежовски, кои беа ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација, која од денеска и во наредните три дена ќе биде во Минхен, Германија, на Минхенската безбедносна конференција. Главната тема на Конференцијата е секако војната во Украина, а на истата е можно и преставување на американскиот мировен план. Мицкоски, како што најавија од Владата, на Конференцијата ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето ...

Промената на државниот грб на Македонија е во фокусот на јавноста и медиумите, а веќе почнаа лицитациите „за„ и „против„, а некои од партиите дадоа и нивни предлози како да изгледа новиот. Претседателот на Беса, која е дел од владејачката Вреди, Биљал Касами, денеска изјави дека поддржува секакви промени на Уставот, со кои ќе се менуваат државните симболи поврзани со “минатиот општествено-политички систем“. – Ние сме подготвени да разговараме ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против неколку вработени во РЕК Битола, информираа од таму. Кривични се поднесени против П.М., во својство на директор на акционерското друштво ЕСМ, во државна сопственост Скопје, подружница РЕК Битола, Новаци, Д.П., во својство на службено лице во ЕСМ, подружница РЕК Битола, Б.Ѓ., во својство на службено лице во ЕСМ, подружница РЕК Битола, Т.А., ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.57
65%
1018
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
62%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
58%
1018
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.89
94%
1019
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
79%
1020
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.68
75%
1013
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1014
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
62%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
76%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.34
55%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Кобалт

66.14

Паладиум

45911.27

Бакар

10.68

Цинк

3.07

Алуминиум

3.18

Платина

60154.05

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Калај

43.90

Злато

166450.52

Родиум

350443.14

Сребро

2840.84